1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Јас сум оној тип на човек чие расположение зависи од времето надвор.
    Не знам, топлотни бранови и слични работи што ме тераат да се затворам дома со климата пуштена деноноќно - не се она што јас го сакам, а не сум ниту човек што би се сончал, бањал и сликал нога тако звана виршла на плажа, повеќе сум за крцкање есенски листови на асфалт, со џемперче, чизма, разреден воздух и лице што не светка од пот. Би рекла и чај у рака од некое ендемично растение, директно од тајгите во Северна Азија, али премногу мејнстрим ми делува, таа работа на Лајлица и ја оставам она има триљооон слики со шолји чај. Јас сум повеќе за тејк авеј кафе, не за друго, фенси чашки наоѓам. А тек па кога ќе ми се поклопат со аутфитот, одма влагам у опасен Кери Бредшо филм!
     
    На tweety26, Lemonade, Moira и 24 други им се допаѓа ова.
  2. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Зар го засакав? :?:
    Изгледа. :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Biggie, LittlePinky и Dobie им се допаѓа ова.
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Бидна работа. :drunk:
    Што да ви кажам, не ми е прв пат да пакувам куферчиња, да се влечам по автобусите, да се вселувам и отпакувам! Да сме живи и здрави *кршам%чаша* :rofl:

    Не, стварно, душава во моментов како да ми е резервоар и ми се полни со нови мисли, и тоа ми годи. Не е убаво кога на човек никогаш не му е доста и кога се` нешто му фали. Особено па во нашево државиче, во нашиве услови. Така ништо не бива. Само живците од нож си ги триеме. :)
    И што да ви кажам, аирлија нека е работава, се погоди, мммммммда! :rofl: Речиси се чувствувам комплетно, време е за нови бељи, ја мајката животецов, кај ли ќе ме вози? Сакам! ^_^ :wasntme:

    Можно ли е, си велам, си ги тријам очите што ми гледаат кон мислите, и пак се ѕверам, животот ми се тресе како кајсија, и ме буди се повеќе и повеќе, за миг како ништо да не се случило после урнебесно торнадо - и пак се е во ред, и пак одново и одново!
    А неможам да сум тажна за такво нешто, нека паѓаат зрели кајсијчиња, време му е. :wasntme:

    Е помина сезоната на кајсиите, ама јас имам и компот. Знам, од овие повеќе се дебелее човек, ама баланс, балааааааааансссс! :rofl:

    http://www.youtube.com/watch?v=KXKiK-c8xTg

    Welcome to my spaceship! :music: :sun:
     
    На tweety26, Lemonade, Moira и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    НЕ/ЗАВИСНОСТ - НЕ/ЗА/ЗАВИСНОСТА

    Понеделник со вкус на недела и неконтролиран наплив на разноразни емоции.
    Неможам да им влезам во траг,неможам да им го најдам потеклото.
    Се минирам себе си ,константно,отсекогаш,научена баш и кога е се О.К ипак имам - желба за повеќе .

    Понеделник со мирис на -
    Глад за живот .

    Боже нека биде добро ,немој пак искушение.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.878
    Допаѓања:
    163.598
    Има категорија на мои врснички што кога споделуваат нешто на фб го прават тоа придружено со коментар кој се содржи само од еден до два збора. На пример : Многу добро, јако, браво, одлично, супер, најдобро, предобро, супер! Па уште и кога ќе видам дека е нешто од врстата сподели-го-ќе-изгледаш-паметна или сподели-го-затоа-што-тоа-е-актуелно или пак нешто за кое делиме иста професија и е толку очигледно дека е глупост,ама она го споделила како да заслужува Нобелова награда и едно нејзино високоценето браво... ми оди да си направам и себе си фејспалм и неа!

    Јас си ги викам девојки- тетки, затоа што се исти како моите роднини од над 40 години кои споделуваат рецепти за гурабии, бајадери, народни лекови за чир, хемороиди, гастрит, рак и не знам веќе што проследени со истите тие коментари. Илиии евентуално коментари по слики и албуми.
    Истите овие девојки, иако ми се прават муда од лабуда, амбициозни велелепни професионалки, а уствари е само една депресирана желба да се такви, се истите тие кои ќе станат како погорните тетки и ќе му ги вријат гаќите на мажот у лонец или во модерна веризија поради патење од погоре споменатото мислење, ќе ги носат на хемиско зошто они се амбициозни и немаат време,а у суштина се припрости и глупи и читаат љубавни романи под биро.
    На крајот на краиштата сподели го без коментар побогу. Веќе кога го споделуваш очекувам дека ти се допаѓа по дифолд, ако не ти се допаѓа пројади бурек у коментар, ама одлично, супер, браво... тетка ми ми вика браво ден денес кога мајка ми ќе ме пофали дека перам на рака зошто сум цепидлака која тврди дека на центрифуга ми се упропастуваат алиштата (на што овие погоре спомнатите се смејат сигурно под брк пошто они не се домаќинка стајл).
    Епа така си е све у живота. Се бориме против генерализации за да светот го направиме попријатен за човечките комплекси и да ги опростиме и оправдаме секој од нив, ама реално... кога се работи за човечки карактеристики има само неколку матрици на однесување и ако не е едната, тогаш е другата, ама има една позастапена од било кои други и без исклучок е така...
    За некоја година очекувам дека ќе читаат статии од типот како да го подобрите брачниот живот, ама дали тие ќе ги споделуваат со браво, одлично, супер е прашањето...

    Еј и да, поусимпатичната страна на животот.
    Вчера го видов најубавото зајдисонце евр! ЕВР!!! И потоа најтегет цртанфилмско небо со месечинка и ѕвездичка токму над неа...Може до присуството на убава енергија и луѓе околу мене беше, еве не знам.
    А и љубовта која ја гаам со некои луѓе и мислам дека е љубов, ми се чини да отидам на психијатар ќе ни постави дијагноза и ќе ни рече дека тоа е нездрав однос и дека мораме да се разделиме и не смееме да бидеме во контакт зошто нешто и некако ни се афектира на некој друг дел од животот и е некој чуден начин на пополнување на некоја празнина во нашите личности. Ете толку ги сакам и сакам да ги ањњњњњњњ сакам!!!
     
    На bittersweet, Hipster, Johny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.222
    Пол:
    Женски
    Во неколку месеци полека, полека животот ни се менува. Се навикнуваме на некои нешта кои не баш ги сакаме, но мораме да ги прифатиме.
    Една од собите по дома, онаа на дедо ми, со неговиот орман од 70те за мене има посебно значење. Но, сега поради сплет на околности таа соба се празни, па со тоа и орманчето на дедо ќе се сели во гаража. Не ми се допаѓа тоа, не ми се допаѓа што дел од работите кои се во него ќе треба да се фрлат.
    Се празни не само таа соба, туку добар дел од куќата. Секое аголче се прегледува и се фрлаат работи. Почнавме од оние бебешките, па со сестра ми и мајка ми се подмочнувавме на муабети што било, како било и колку сме биле најубави бебенца за мајка ми. Па нормално де, нејзини сме.
    Го најдов шахот, кој ми врати преубави спомени од една убава топла зима. И "не лути се човече", кое ме потсети на едно убаво лето, распостелени во соба на под.
    И почнаа да се редат некои чевли, некои парчиња гардероба.
    Се срамам да кажам колку чевли имам кои стојат така по плакари, колку парчиња облека, а некои немаат што да облечат.
    Им се јавив на роднините да ги прашам што би носеле, а другото го спакувавме да го подариме некаде.
    Пред некое време мајка ми вреќа полна дала на некоја ромка. Ќеса со обувки закачена на порта израдувала некој од луѓето кои собираат ѓубре.
    А нас веќе наредниот ден новите чевли не не радуваат. Среќна сум што почнав да се радувам на туѓата насмевка, а не на парталчиња.
     
    На tweety26, Moira, kravce и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Е значи колку ми прави мерак времево... Многу го сакам. Си ја сакам есента, сакам да облечам мантилче, чизма, да ставам марама... Чизмите ми се омилени обувки, веќе си купив едни, а си нарачав денес уште едни :lol: Едвај чекам да им дојде времето!

    Ме мачи стомаков, ама среќа не сум на работа денес. Имало Господ и за мене :D До утре ќе биде подобро се надевам. Ќе голтнам сега еден ап и ќе бидам како нова :D

    Вчера прослава за тукушто родена мала госпоѓица :) И секако, по дифолт, меѓу сите се уште немажени и неженети на собиранката се разврзаа муабети за свадби |( На секоја свадба, на секоја повојница, на секој собир од таков тип е истото. Па кога планирате, па ајде што чекате... Јас и мојов сме први на удар секогаш, зошто најдолго од сите сме заедно (божем тоа е показател дека МОРА да се земеме наскоро) :^) Ама не се даваме ние така лесно, овој мојов за секунда ги замолче љубопитните :lol: Многу го сакам значи, умее со еден збор да го каже потребното. Секогаш!

    Добивам некои чудни пориви за благо. Во памет ми се вртат крофни, мафини со чоколадо и малини... Можеби ќе излезам да се прошетам, да ме фати воздух и да си купам нешто благо. И една Милка ќе заврши работа :D Е добро де, се додека влегувам во фармерки 36, неам гајле :lol:

    Убав ден, понеделник со карактеристики на недела. Ќе го искористам да изгледам некој филм и задолжителните серии, времево е само за тоа. Уживајте и одморете се како да нема утре :*
     
    На tweety26, Moira, kravce и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Кога ќе прочитам некои мислења во врска со денешниве, вчерашните и завчерашните случувања едноставно ми се сере. Кога ќе видам кој и како ги коментира што и да кажам е сувишно...

    Стока стокосана. Мисли зема пари од кирија и не работи по цел ден и само јаде гомна наоколу така ли се станува човек? Мрш...
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Не се сите за живот во зграда... |(
     
    На julie77, sweet-cherry, Hipster и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    1. Тогаш не знам зошто започнуваш нешто кога нема цел.
    2. Ако сакаш дискусија и ако сакаш нешто да постигнеш мораш да бидеш јасна ама тука се враќаме на точка 1.
    3. Епа зошто тогаш толку негативен став кон кошарката конкретно?
    4. Твоето нема ама баш никаква врска со искреноста.
    5. Точно, НИЕ мислиме дека се добри и тоа е тоа.

    Пишуваш негативни постови кои да, се и тоа како огорчени, а најмалку искрени, немаш никаква цел, не развиваш дискусија, не сакаш да бидеш сфатена, не ни помагаш да бидеш сфатена и тогаш зошто воопшто ме цитираше уште првиот пат? :^)
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Само тоа.Ништо повеќе.
     

    Прикачени фајлови:

    • large.jpg
      large.jpg
      Големина на фајлот:
      17,2 KB
      Прегледи:
      402
    На Agawa, Butterfly14, prettyliar и 5 други им се допаѓа ова.
  12. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Значи не ми е јасно зашо вие толку се буните против тоа школо.Па најубавите години од животот тамо поминуват,средношколски денови тамо се прават најголемите глупости ,смешки,заебанции,а вие упорно сте против тоа.Случајно да не по интересно да се седе на фб нон-стоп или со тоа ваше лето,лето кога е 50 степени да не можеш на раат да легнеш да заспиеш се една иста раота станеш идеш на базент,дојдеш па ан фб и излегнеш се е монотоно се е едно исто сфанете Школото си е школо најубавите години у живото се тамо поминуват некој ден сите ке го тражеме,али касно ке е после :)
     
    На love93, Sara123, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Еве, не победивме... ;( :@ :swear:
     
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк многу пати ме прашале која е најубавата девојка за тебе? јас одговорив таа што ја сакам :inlove:
     
    На Maeeeee, Agawa, Lepaaa и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    СДК нема зборови со кои ќе опишам колку многу ја сакам сестра ми.Мноооогу,мнооогу,најмногу!
    Ја сакааааам! :l:
     
    На Dog-lover, Barca-Gril, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  16. M-e-r-i

    M-e-r-i Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
    1. Не сакам ништо да постигнам.
    2. Нема врска дали сум јасна или не.
    3. Не ми боде во очи.
    4. Не сум огорчена личност,туку искрена.
    5. Едноставно,кратко и јасно.Во животот има мн поважни работи,а не се знае утре дали ке бидеме живи,затоа не треба да се троши залудно времето за рабоите кои вие мислите дека се добри.
    Од мене толку..[/quote]

    1. Тогаш не знам зошто започнуваш нешто кога нема цел.
    2. Ако сакаш дискусија и ако сакаш нешто да постигнеш мораш да бидеш јасна ама тука се враќаме на точка 1.
    3. Епа зошто тогаш толку негативен став кон кошарката конкретно?
    4. Твоето нема ама баш никаква врска со искреноста.
    5. Точно, НИЕ мислиме дека се добри и тоа е тоа.

    Пишуваш негативни постови кои да, се и тоа како огорчени, а најмалку искрени, немаш никаква цел, не развиваш дискусија, не сакаш да бидеш сфатена, не ни помагаш да бидеш сфатена и тогаш зошто воопшто ме цитираше уште првиот пат? :^)[/quote]

    Зарем ти,која што не си ми ништо,тебе ке ти објаснувам да ме сфатиш?
    А што ке правам е моја работа,ако сакам ке те цитирам,ако не не.
     
  17. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Храбрите мажи не се плашат од ризикот да сакат само една жена! ♥
     
    На love93 и L0ve им се допаѓа ова.
  18. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    [​IMG] Точно така.
     
    На Anonymous996, Biggie, Marjan007 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Снабдена сум со црно грозје и кисели зелени јаболка за едно цел месец. Никој несака вакви јаболкички па останува самата да си ги изгрицкам. :D Една јаболка ја грицкам пола саат, а јас таква црногорка сум што тоа ми е мачење. Ама не се откажувам.
    Викендов тоа ме израдува тоталка. Добро и питата која ми ја донесе. Мислам дека стомакот ми е скокнат до бесконечност.
    Оние пари кои ги добив за роденден( |( даах не си го сакам роденденот ичч) ги поебав за храна. Ашш готово! Беа прилично јака сума за мене, си ги чував ко бајаги за наочари. Али никако не можам да им одолеам на одредени хранливи продукти. Мислам сега да си порачам една торта од Канела, како капак на се.

    Прееска каков таратор сум јадела - нели кисело млеко, краставици и жива тиквичка исечкани на ситни коцкички, многу сол и тадам сенф. А потоа леќа :D.
    И сега како некој стрвен гз сакам уште да јадам. И така сега повторно размислувам за диета. Бидејќи ако ставам уште некоја лажичка крем во устево отидов.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Луѓето се изненадени,понекогаш и навредени ако ти се однесуваш кон нив како тие кон тебе!!!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.