[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.717
    Допаѓања:
    9.470
    Пол:
    Женски
    Jас мила мајко не сум на натпревар а најмалку со тебе,па жено божја каде се видело да ме напаѓаш кој маж ќе ме трпел ако не јадам месо ,фдххффф :talk: дффххггфг :^) .A за да ми преземаш патичиња балетанки и чизми -прва си.Mојата боја на која ти била најубава па и ми дигигираш што да правам и со неа,а и со себе.
    Tоа е ,но не ти замерувам ,една си на светот :l:
    Tежок беше овој ден,но за мои блиски луѓе уште потежок,само се да биде во ред :nod:
    Oд мене поздрав до сите ,лека ноќ :*
     
    На vinozito1, LittlePinky, sofijanoka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Сакам да кажам одамна ви немам пишано....
    Сакам да кажам сношти бев на свадба на колешка ,сите бевме поканети без партнери и одлична и била идејата на невестата,[морало да си со маж или жена] одлично си поминавме опуштени расположени од работа и трчање на време не си ни доволно познаваме,а сношти да не видиш тие ли сме чашка во рака подрипнување на маса, оро насмеани лица,мераци сакам свадби си се расположува човек ,наздравуваш и на се забораваш.Благодараност до невестата што ме покани ме издвои во најблиските и на нејзиниот најубав момент во животот бев присутна и јас.
     
    На SparkyAngel, sofijanoka и hermosa им се допаѓа ова.
  3. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    21.159
    Дали некоја од вас го знае рецептот за ова?

    :D :D :D :D

     

    Прикачени фајлови:

    • original.jpg
      original.jpg
      Големина на фајлот:
      65,1 KB
      Прегледи:
      477
    На Divinebutterfly и sofijanoka им се допаѓа ова.
  4. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Побарај на coolinarika.com :)
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    18.510
    Пол:
    Женски
    ;( ;( ;( ;( ;( :( :( :( :( :(
    Никогаш нема да си простам!
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    Зошто сум толкава плачка,зошто толку многу ме повредуваат туѓите несреќи????Ме боли секоја тажна фаца која ке ја видам,се потресувам на секоја несреќа.Зошто не сум она што сите го мислат за мене,себична,лоша,бесчуствителна....да бев барем дел од она што се правам дека сум...да бев малку посилна и бесчуствителна,да мислев малку повеќе на мене место на другите...се е беше полесно.
     
    На Izaabella, anggell, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Сакам да кажам дека се чувствувам ужасно. Морам да се променам. Човек без душа. Мислејќи дека јас сум безгрешна и совршена понижив некои важни особи во мојот живот. Ветувам дека повеќе нема ни збор да кажам. Веќе нема да навредувам и ќе ги почитувам како што ме почитуваат тие мене. Исто така сакам да кажам дека многу неправда има во светот. Немаштија, порази. Гладни и бездомни лица. Како успеваат да опстанат? Се прашувам дали воопшто постои Бог? Затоа што нели ако постоеше ќе немаше толку неправди во светот. Како и да е, сега за сега верувам во Бога. Вечерва размислувам околу овие теми, но не смеам да задлабочам бидејќи ако го направам тоа ќе имам многу прашања без одговор. Најдобра идеа е да си легнам во топлиот кревет и да не мислам многу околу тоа. Утре е нов ден, стартуваме повторно со работните обврски, па и доволен ни беше овој продолжен викенд, малце од малце ги наполнивме батериите.
    Имајте убав остаток од вечерта :*
     
    На Izaabella и Hipster им се допаѓа ова.
  8. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Најголема радост низ дома во Скопјево, ако се мери - победува мојата дома!
    Зошто?! - Пред два часа вдомив црна териерка и Господе пази ја ќе ја изедам од шо е слатка и прекрасна! ^_^ ^_^
    Ми велат преѓеска - ќе и требаат два-три дена да се навикни на вас...Молам?! :D Од рака не ја испуштив, па ја бркам низ овие 40м2, па низ двор, па со мачките ги седнувам заедно, ги гушкам сите, ги бркам, ги прскам со вода додека миев садеви, па они по мене трчат ме бркат, сум ослабела 1 кило - според дечко ми. :lol:

    Месец дена веќе сум манијак по спиење и гледање серии!
    Бев 4-5 дена во Гевгелија кај колешка(кои ми го размрдаа добро мојот пензионерски живот). Дури и стигнавме да одиме на Саша Матич и после неколку години да ми се мати во глава и да алкохолот ме совлада квалитетно, но сепак јас успеав да не паднам - за разлика од колешките ми. :lol: Калдрмата е крива, не алкохолот, нормално!
    Инаку, месец на серии, јадење, спиење и мазење!
    Септември е мој месец, 15ти мој ден, и секако, прекрасната есен е веќе на прагот, а тоа значи само едно...време за топла кришка леб со топло ајварче, во голем дуксер и високи мекани чорапи со шарен шорц, Шик енд класи и покрај пола тегла ајвар изедена ај донт рили ноу, ама маца дебелуца со полно меше :nod:

    :~:
     
    На LittleChili, Sexybaby86, Adi888 и 22 други им се допаѓа ова.
  9. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    755
    Сивило.
    И тоа во период кога само не започнала „златната“ есен.
    Црнила.
    Темнина.
    Мрак.
    Постанаа мој заштитен знак.

    И Небото не е тоа што беше.
    Целото некако тмурно, матно.
    Нема ниту една ѕвезда.
    Ниту една светла точка.

    Ама ако.
    Тоа е она што ме исполнува.
    Тоа е она што ме прави цела.

    Цела, без мојата подобра половина...
    Секогаш Тој беше подобриот.
    Посвесниот.
    Поразбирливиот.

    Јас бев таа што секогаш избрзуваше.
    Во било што.
    Но, не се каам.
    Тоа беа времиња.

    Минато. Било-поминало.
    Дел од него заминало.
    А, дел останало засекогаш да боли.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, fallenangel, Umbrella22 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Септември е за Prefab Sprout, засекогаш.
    Стопени квадрати мисла, прозорците низ маало се како мастилави делчиња од некој голем мозаик.
    Се прејадов шопска салата и гласно се смеев во Антика. Жениве знаеја дека нешто постигнав, низ смеење и добра ракија си кажавме многу нешта. Теми од гинекологија, сатен, свадбени китенки, лоши парови и вечни плачковци по некои изгубени бивши љубови.
    А претходно... Други стории.
    Во Laika седевме убави луѓе со полни души и едноставни прашања. Проектот е одобрен и зацртан, магијата на креативните аури и те како се поклопи. Ј. е откачена шаманска жена. А пак И. е со хумор кој одамна не ме пленил така брзо. Во два потега и ја прочитав стихозбирката - Најважната игра.
    Моќни жени, од кои можам многу работи да уловам.
    Добив искрени насмевки и соработка. Нови пријатели за возење точак и мачкољупци.
    Добив нови другарства и концептуални мислења за работа која добро ја чувствувам. Д. е обичен човек. Духовен и мирен. Народен, би рекла. Драго ми е што ги запознав во живо, сите тие виртуелни ликови кои добиваат човеколика опиплива форма. Несовршени се, ама тоа им дава шарм. Поезија и менаџмент, кој би рекол? И дека ќе седиме со бисквити мацнати во макијато смеејќи се за налудничавите пациенти по социјалниве мрежи. Коментираме иднина. Се жалиме секој за својата работа или неработа. За соништата по викендици, Нормандии, садници со лозје и вевчански приказни. Па добро. Што повеќе да ти донесе животот, се прашуваш?
    Крај на септември ќе биде бурно, се надевам само дека ќе имам време за се’. Не се занесувам. Напротив, сакам да се случи аман, како што треба сиот план. Без особен ред, ама барем да има конструкција. Еве, како авион, да речеме. Од хартија ама стабилен.
    Прв ден диета. Џабе, џапнав две ракии. И коњаци. Пловев низ просторот мислејќи на него кога ми дојде најубавото.
    Изгубивме кошарка, главоболка на работа и се’ во реверс. Не сме секогаш пријатен народ, тоа е факт.
    Но, има убави луѓе, со убави души надвор.
    Секој ден. Само треба да ги (пре)познаеш.
    А да, си добив француско македонски речник и кармин со срце во внатрешноста. Ме радуваат плочи од Чет Бејкер и Беси Смит. Есента ќе почне да го грицка календаров, а ние уште ќе се караме по улици и ѕидови.
    Ми е гајле за облаците.
    И онака небото гледа се’.
    Јас мижам и бројам до 100 ко на жмурки. Пу, барам!
    За да најдам. И така.
     
    На ana-girl, Moira, lunicka и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    3.742
    :hai:

    .. И за мене летото официјално заврши.
    Ова лето решив целосно да го посветам на нас двајца и убедливо е најдоброто што сум го имала досега. Едвај да се прибравме во Скопје, но сепак се здобивме со едно огромно искуство, си докажавме еден на друг колку си значиме и што се би направиле во добро и во лошо за другиот.

    ТОЈ ме сака, му се гледа во погледот, во допирите, во бакнежите... А јас?! Ни јас не сум ништо подобро. Ние сме ти нешто како...хм... две мали дечиња изгубени во светот на љубовта. И не, нема ништо подобро од утрата додека го гледам како спие, нема ништо подобро од неговите очи кои први ќе ме погледнат низ густите трепки, нема ништо подобро од неговите румени усни на моето чело и силните прегратки...
    Знаете многу сум вљубена, ама она ептен многу што понекогаш се плашам дека сонувам или дека наскоро ќе ја снема оваа моја среќа. Од толку љубов не сигнав ни да ги спремам доволно добро испитите кои ми останаа, но ни моите не се противеа само им реков Некој да ми дава дипломи од 10 различни факултети во замена за него - би ги одбила, не ја менувам оваа љубов и среќа за ништо на светов!! .. Нив, а и на мене (морам да признаам) ни се насолзија очите.. И, знаете што?!! Сепак ги положив!!!!!! Не знам на што се должи сето тоа, но Господ е голем и праведен!

    Коцкиве веќе ми се наредија и премногу сум среќна..
    Не знам што да додадам на ваков пост, некако сеуште сум под влијание на заедничките вечери и утра :lol: а еве ме сега сама. Полека треба да се освестам дека почнува нов семестар и дека овој пат мора навистина да го загреам столчето, за што имам целосна поддршка од него! ..

    Заврши факултет и сакам да ми бидеш жена, да живееме живот за кој и двајцата сонуваме!

    ... Аааааааааа и јас живеам за нас двајца, три дечиња и мирен и спокоен живот.

    *Останете ми поздравени :*
     
    На Adi888, LittleChili, thinkerbell и 25 други им се допаѓа ова.
  12. Martina1993

    Martina1993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    77
    феминки итно ми требит Флуросентни лепенки за на ѕид срциња и надпис те сакав ве молам некој нека ми кажит дали можам од скопје да нарачам и како да порачам help me please итно ми требит одговор
     
  13. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Сум приметила дека има многу бабури кај нас. Искривени до бесвест.
    За плачење е сето тоа. Не се ни гледаат од тоа колку се црвенки. Јас разбирам бабурче ама бабура онолкава.

    Си имам кажано дека ако човек вреди може да се фура и да е нескромен. Ако тоа би го исполнило нека.
    Хм, доволна е една вечер да се искочи во некој кафич за да се видат вивнати примадони кои се шлакнати ко со пегла и прчат усни пред секое богато мече. И се буни една кутра од нив дека мечето отишло во тоалет, а келнерот побарал пари од неа за шестата пијачка. Нели претходните неколку мечето и ги платило. :?:

    Лани есента имав на гости едни пријатели од Шведска. Кога ги прошетав со намера да го видат ноќниот живот кај нас останаа запрепастени. Чудни им беа штиклите кои ги носеа некои женски. Кажуваа дека кај нив такви штикли носат само определени жени (оние кои ја работат најстарата работа во светот). Па тоа е. Може ќе се сменат нештата.
    И на крај ги однесов на кугла. Е таму им се допадна :D. Одма се освежија. Швеѓанката кога го виде моето Нес со многу шлаг и чоко прелив веднаш си посака и таа такво. Првпат во животот проба такво нес и да ја видевте, се радуваше ко малечко дете.
    Многу сакам да гледам кај луѓето таква чиста радост.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Duchessa

    Duchessa Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    43
    Да да знам дека овој пат цврсто стојам на нозе!
    Како ли успевам? |(
    Не е важно,важно успевам!
    Не верував..дека оваа ситуација ке ме направи посилна..посамоуверена.....
    Но ете се случи... :)
    Чуда се случувале ејј... :wasntme:
     
    На richgirl998 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  15. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Ти си сонце што ме буди наутро.
    Ти си надеж за мојот живот.
    Ти си тема за моите бескрајни соништа.
    Ти си мојот живот.
    Ти си моето се.
     
    На leighton23 и fallenangel им се допаѓа ова.
  16. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Несоница + филџан кафе = уште една непроспиена ноќ
    Измешани мисли, страв, несигурност.
    Судбина..или пак не?
    Животов по 100ти пат ме става на иста патека која не знам како ќе ја поминам,плашејќи се повторно да не се сопнам на истите камења.
    Се плашам да не погрешам.
    Ќе го слушам срцето. Само така, се надевам ќе го направам вистинскиот избор. Иако, срцето многу пати направи будала од мене.Ама ако!
    Овој пат нешто ми вели дека морам да го слушам срцето.
    Не знам и јас што ми се случува, ама мислам дека веќе се заљубив :$
     
    На LittleChili, Victory15, leighton23 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.754
    СДК моментот кога тој спие а ти го гледаш и го слушаш како дише ~ НАЈ ПРЕКРАСНО НЕШТОО
     
    На dejana2, richgirl998, Kaley и 4 други им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.319
    Допаѓања:
    259.552
    Спомнавте ајвер? :^)
    Ама никој не спомна дека бремена жена не смее да ПРЕТЕРА со ајверот ]:) .
    Си најдов тазе варен ајвер, бремена сум па сите ми даваат, а добра е финтава, оваа година место да правам ајвер, да собирам тегли :D , па си седнавме со мажулето мое, јас бремена, он бремен (ме подржава у јадење :D ) и отиде теглава :tmi: .
    И сега неможам да дишам, буквално.
    Немојте жени, оние бремените одбегнувајте го ајверот, за ваше добро, или јадете умерено, ако успеете да се воздржете.
    Но ова не ми е најголемиот бисер со јадењето, пред еден месец прејадов од мед. Да, од мед, и тоа од боров. Ми се услади па мавнав пола тегла :tmi: . Пукнав, па два дена боледував :D .
    Од тогаш успешно го избегнувам медот, а ми се чини му дојде редот и на ајверот, барем додека да се породам.
    Се надевам завршија моите бисери со храната :wasntme: .

    Есен стиже дуњо моја, а јас си го очекувам најубавиот подарок да ми го даде есента.
    Ситно броиме, уште малку... :angel:
     
    На LittleChili, la-chicka, Agawa и 33 други им се допаѓа ова.
  19. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Не можете да градите среќа врз туѓата несреќа! Не особено ако таа несреќа е предизвикана од ВАС !

    Џабе се трудите! ;) Можеби за одреден период ќе ви успее, или вие ќе си мислите дека ви успеало...но :!: кога и да е, нешто или некој ќе ве врати во реалноста. Ама реалност каква што заслужувате!

    И така... се дувам ко паун! :wasntme:
     
    На LittleChili, Duchessa, Lepaaa и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.275
    Допаѓања:
    81.846
    Пол:
    Женски
    Несониците се лоша работа и затоа kids, don't try this at home. :!:
    Ми се спие ми се плаче, а сонот ко за инает не сака да ми дојде, а така убаво си се стокмив со новата постелнина, новата навлака и новата перница. :sweat:
    Ту нешто ми фали, ту нешто не ми е погодена положбата, па ми смета косата ... косата бе, косата!
    Деновиве сал фризури ми се мотаат низ мисли, дали дека се опседнав повторно со SATC-маратон не знам, но фризурата на Шарлот ми е перфектна, до таа мера што посакав да го исечам и моево тазе пораснато косиште. Па каква ѝ е сјајна и лелеава - да те фати мерак за кратка коса! Ма ми се иде уште утре да ѝ се тупнам на фризерката моја таму на столот и да ѝ кажам - сечи, сечи и не питај зашто. :rofl:
    И потоа, што!?
    Ништо.
    Секое чудо за три дена; ќе си се гледам така бледо во огледало ко изгубено германче, веќе наредниот ден ќе се проветрее мирисот од непознатиот спреј за коса со мирис на лубеница на кој никако да му го прочитам името зашто секогаш го фаќам во удобна положба за читање во пет до дванаесет и секогаш ми текнува да прашам за името откако ќе се најдам дома пред влезот, а веќе по два дена откако ќе ја измијам убавата исфенирана Шарлот-фризура ќе ми текне како едноставно не можам да го доведам во ред џбунот косиште кое останало и тоа е тоа - ќе си се колнам и прекорувам зошто сум ја реализирала таа глупава идеја до наредното одење на фризер. :|
    И си велам - ај друг пат, сега да ги шишнам само врвчињата. :?:
    Не сум јас таков тип на човече што лесно се решава на промени низ животов, мислам, имајте предвид дека јас не можам да се одлучам дали да кратам шишки или да ги оставам да пораснат заедно со косата, а да не стане збор за нешто друго ...
    ***
    А да, за некои типови несоница не помага ниту чај со многу мед, ниту млеко, ниту Дормео перница, ниту бутур.
    Со нови сили за ново сонче. Се надевам барем овој пат. ]:)
     
    На LittleChili, Monna.Monna, Sexybaby86 и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.