[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    ...ништо не прокоментирав за кошаркава, а и да си кажам искрено ја практикувам мислата: кога немаш нешто убаво за кажување, молчи. Штета. Само тоа ми доаѓа на умов. Прочитав изјава на Илиевски: „Оваа генерација требаше да се прости со аплауз, а не вака.“ Потполно се согласувам, ама шта је ту је.

    Туку муабетов ми беше за ајвар (и нешто пропратно). Еве трет ден за појадок си јадам кришки ајвар со сиренце. Милина. :inlove: :sun: И не можам да ги сфатам младите госпоѓици кои ради линијата не пробуваат ни едно залче. Членови сте во некоја секта или? :?: Во екот на зимници-правење да не каснеш ајварче..:fubar: Па после ќе цитирате глупости по социјалниве мрежи: „Уживајте во малите нешта, тие го прават животот“. А шо за тебе мало нешто е парфем од 30 мл наместо од 100 или?
    [​IMG]

    Да ви кажам право, до кое ниво е дојдено судењето на луѓето по физичкиот изглед.. се плашам. И преку глава ми е од жениве со напрчени усни, силикони ваму, силикони таму, коски и кожа на сите страни, исто колку и од маживе „билдери“ со поиздепилирана нога и посредена веѓа од мојава. Тежнееме кон некое совршенство, а конфекцискиот број XS или совршено мазното лице не е тоа. Не велам да не се средуваме или шо ти ја знам, ама во границите на нормалата. Не сме ни селебрити ни ништо што би можеле да „продаваме“. Дајте да си бидеме обични луѓенца, со големо срце и да правиме добро дело макар и за да „гледа народ“. Ве молам.
     
    На LittleChili, Buttterfly, Monna.Monna и 10 други им се допаѓа ова.
  2. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Толку ми е променет биоритамот што не можам ништо живо да се навикнам на ова рано станување, секојдневни обрвски до попладневните часови, учење и сите тие пропратни работи..
    Како што многу пати кажав поминав прекрасно лето.Запознав многу личности, шетав премногу, имав и кратка врска, и лудував до 3 по полноќ и спиев до ниедно време, се соочив и со тежок проблем со здравјето ,бев на одмор со друштво и ред други работи, па сега оваа промена тешко ми падна.
    Секојдневното станување во 6 часот, звукот на алармот, чекањето на постојка со рандом особи, слушањето на секогаш досадните први лекции и гледајки бело во професорот незнаејки каде тераш, ми е нешто што не би сакала да ми се случува. Но како се кажува се ќе помине, а јас ке се навикнам.
    Знам т.с сигурна сум дека веќе другата недела јас ке сум онаа старата од лани ова време ( добро, видно ослабена) навикната на старите навики, наспана и расположена уште од 6 часот наутро, и легната во 23 часот пред полноќ . Секако, полна позитивна енергија и спремна за учење. :lol:
    Тоа е тоа. Денот е преполн обврски, купување тетратки за кои потрошив некои добри 500 600 денари уште не започнати асолно на училиште, па копирање, малку учење, вежбање...Реков јас ке се вратам на старите навики. :lol: Ама прво ке си легнам добар саат време да одморам. :yawn:

    Убав ден :*
     
    На Elichka, Someonespecial и richgirl998 им се допаѓа ова.
  3. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    СДк многу работи и незнам од каде да почнам во главава ми минат неповрзани мисли .
    Септември е месец во кој најмногу ја чувствувам осаменоста .Секогаш кога ќе останам сама размислувам за себе си и за животов мој се прашувам во што е проблемов .Сега ја разбирам поговорката дека текот на реката не се менува .Некои работи се надвор од наша контрола неможеме никого да задржиме во своите животи ,некогаш колку и да се трудиме неможеме да го постигнеме и да го добиеме тоа што го поскауваме иако нашата желба е поголема од се и веруваме во чуда.
    Мојата животна сложувалка не е целосна има еден дел кој недостига и моите очи се сега токму во тој дел вперени .Се залажував себе си дека успехот ќе ми ја пополни празнината во срцето но не ја потполни туку разбрав што значи џабе стоиш на врвот кога си сам ,кога немаш со кого да се радуваш затоа што си постигнал .Им се восхитувам на оние кои уживаат во животот ,кои се среќни,насмеани и имаат се што посакуваат посебно затоа што имаат љубов и пријатели ,ви се восхитувам и вас феминки на постови што ги пишувате за убавите денови .
    Имајте убав ден заминав на прошетка да искрадам малку зраци од сонцево ,за да ми се стопли душава :sun:
     
    На Barbie20 и richgirl998 им се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Зошто Te.Ic мора самата на себе да биде контрадикторна, зошто во врска со нејзе кажува многу работи кои кога ќе ги поврзеш, немаат ама баш никаква смисла, кога се зачленила во 2012 година пишала дека има само 12 години, како сега во 2013 наеднаш има 23 години и дури 4 секс партнери Како еднаш има 3 годишна врска и живее заедно во ист стан со него, а сега била 4 месеци во тајна врска со дечкото на нејзината другарка
    Според мене подобро нека пишува помалку мислења со вистинита содржина отколку да пишува мислења кои немаат никаква смисла и содржат безброј лаги и невистини.
    И онака секој на овој форум е анонимен, па затоа нема потреба да се лажеме меѓусебно. :!:


    Се надевам дека никој нема да ме осуди за ова што го напишав во врска со Te.Ic, ама најискрено се нервирам вака кога ќе сретнам некој профил со контрадикторна содржина. :@
     
    На Maeeeee, Sara123 и ohana им се допаѓа ова.
  5. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Се извинувам премногу знам дека темата не е соодветна, но морав да прашам. Го поставив ова во две теми се со цел за повеќе одговори и побрзо да ми кажете нешто. Денес некако ,,ме боли'' лицето. Не буквално да ме боли, него ме чеша и мрсно ми е многу. Дури и грозно ми е така. Вчера се депилирав со ленти на лице, во домашни услови сама. Откако се издепилирав ставив крема Dove и потоа бебешка пудра Бекутан. Исто така купив сапунче за лице Dove од зелениот со вкус на краставица. Утрово се измив и одма ставив крем Dove. Од тогаш лицето цел ден ме чеша, црвено ми е. Не знам што да направам за да го смирам. Дали да одам да купам маска за лице или...? Ве молам одговорете ми побрзо доколку знаете, зашто ненормално ме чеша и не можам ваква мрсна во лицето да се поднесам :(
     
  7. Victory15

    Victory15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    161
    СДК дека денес се чувствувам ужасно.
    Само што се вратив од погреб на мојот 26 годишен чичко а воедно и сосед и се чувствувам тооолку потиштено. Загина во сообраќајка во четвртокот во Хрватска. Најблиските немаа веќе сили да офнат и да плачат. Многу ни беше тешко сите... посебно мене затоа што практично заедно израснавме. Секогаш кога ќе поминеше по улица ми свирнуваше и прашуваше дали има некој дечко шо му фали шамар. И кога ќе помислам дека веќе го нема... Дека ПАФ и за миг исчезнуваш од земјата... претешко ми паѓа...
    А мајка ми ме учи дека надвор од дома треба да се остане позитивен и да не се покажува болката и маката пред другите... И тешко е :(
    Плачам веќе пет дена... Шестиов ден пресушив...
    СДК: Почитувајте се и сакајте се. Доволно е само еден миг невнимание и да исчезнеме од овој свет. Доволен е само еден миг да сфатиме колку некој ни е важен и битен.

    П.С. WE ALL MISS YOU ZOKI! R.I.P ;(
     
    На Viki15 и Barbie20 им се допаѓа ова.
  8. Rosie.Alice

    Rosie.Alice Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    81
    Тешко. Претешко. Ме е*е психата. Ме мачи и исцрпува до крај. Не ми дозволува да се концентрирам. Не ми дозволува да мислам позитивно. Единствено добро, ма какво добро е тоа постојано да си ја замислуваш на смртта? НИКАКВО!!! Ќе речев барем е креативна. Крај. Ова повеќе не се издржува. Неможам ни за момент да бидам позитивна. А тоа ме убива. Преку глава ми е од овие мисли. Преку глава ми е веќе да си правам сцени од мојта смрт, смрт на мои блиски. Толку сум негативна, мирна и повлечена. Ништо не ме интересира. Се чувствувам како се да ми оди во надолна линија. Како се да паѓа во вода, дека во ништо веќе не сум добра како што бев порано. А желба за борба воопшто немам.
    Неможам повеќе да ги издржам овие тешки ноќи. Ќе зајде сонцето, ќе останам сама и тие мисли ќе почнат да ме напаѓаат. Не ме оставаат. Не ме оставаат и понекогаш кога скроз ќе се исклучам и тргнам настрана од сите. Се чувствувам како да ги губам саканите. Си замина брат ми. Замина летово. Останаа спомените. За миг помина. И страв ми е. Си мислам цел живот така ќе ми помине. Дека утре ме чека смртта. И страв ми е. И тој си замина, отиде далеку. Го гледам, напреднува, си го остварува сонот. Мило ми е. Премило ми е. Не ме заслужи. Со ништо не заслужи вакво однесување од моја страна. Сега можам само во мислите да го имам. И тешко. Барем добри другари да останевме. Ама неможам. Посилно е од мене. Од внатре ми доаѓа. А никој да ме сфати. Страв ми е дека се ќе помине набрзина. Дека ќе изгубам некој близок. Дека ќе умрам и оние кои ги сакам ќе патат поради тоа. Тешко е. Претешко е. Немам мотивација за ништо. Среќата во храната си ја пронаоѓам. Аман веќе! АМАН!!! :@
     
  9. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    3 год. поминаа од операцијава и сеуште ме боли кога времето се менува. Имам болки,неможам да седам,стоам,да се виткам. Си офкам си топфкам.
    Сите преку ден се по куси ракави,по фустанчиња јас со термо чорапи,тренерки,горна тренерка и плус чај. Боли бре,боли.
    Ме мрзи да почнам да се спремам,веќе во недела заминувам а од понеделник ке сме почнеле.Завржува летото за сите...

    Кошаркару,успеа! Ми влезе во срцето.Искрена сум. Целата треперам кога ке те видам.
     
    На Barca-Gril му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    На kala21, Barbie20, Dobie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ohana

    ohana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    268
    :?: [​IMG]
     
    На kala21, Barbie20, mims-89 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    препорачани ми се од психијатар-ако и тој е нормаален :D се шегувам
    какви не пациенти доагаат кај него-секоја чест богами
    неколку пати сум се напила ама вчера две наеднаш ги испив и претерав-станав нокеска за во тоелат ми се вртеше во главата а за чај од валеријана сум чула да ама далеку е билна аптека :worried:
    кога го прочитав упатството на новиот анти депресив Елицеа се вика бев :o прво да се внимава ако сте болни од епилепсија да не се добијат грчеви и ме фати паника и пишав на неврологот не ми врати и звонам не ми се јавува-ке се обидам подоцна пак страв ми е да ги пијам искрено
    тешко ми беше прееска и :'( ме издадоа ко мало детенце-периодов ми е премногу тежок за да го издржам лугето со кои можам да споделам се на глава им се качив веке и страв ми е да не направам некоја глупост -обид за самоубиство иако од анти депресивите пишува дека може да се појават додека организмот да се навикне или да отидам во манастир па решив дека е крајно време за да сменам некои работи-почнувајки од ф.б. профилот каде што тој ми е пријател да го ставам во мирување-да си креирам нов, старите пријатели да си ги префрлам и политичката определба што е премногу форсирана во околинава да се оддалечам од нив или да преминам во друг месен комитет или малку да паузирам од политикава оти веке :x чуствувам дека премногу обрачот се стега околу мене, не се издржува веке :doh:
     
  13. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.237
    Допаѓања:
    48.560
    Пол:
    Женски
    Валеријаната ја има и во обични аптеки, а сум ја гледала и по маркети, ако не валеријана маточина гарант има, исто дејство има, ја има ама баш во секој поголем маркет. Полека со дијазепамите, не се земаат туку така, само кога навистина имаш потреба :!:
     
  14. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Изгледа доаѓаат оние дождливи денови.
    Марамите и џемперчињата си го добија првиот ред во орманот.
    Зимница направена.Одморите завршени.Луѓето зборуваат каква зима не чека. :)
    Во мене тлее некоја празнина.
    Запишав јазик -плус,да си го исполнам времето.
    Ми фалат залихи на чај. Изгледа ја брзам есента.
    А толку малку треба за среќа.
    И сивата има убави нијанси.
    Среќа- верувам во неа.
     
    На kala21, LittleChili, la-chicka и 16 други им се допаѓа ова.
  15. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Што е потребно на нервозна жена па -SEX,а што треба за sex стап кој ке го чука мажот како орев за да ми текне дека жена му има потреба од кршење ореви! :$
     
  16. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    123
    СДК дека некои луѓе во животот не ги сакам не сакам да знам ништо за нив не ме интересираат и едноставно не постојат за мене за среќа малкумина се а знате зошто ? -затоа што нивниот голем нос го пикаат таму кај не треба и се невоспитани од мама и тато и немаат човечко во нив , тече отровна крв во нив шират негативна енергија и се неподносливи ко пијавици се мушкаат и се грозни одвратни уфф идиоитско племе :devil: не знаете што ве чека :D
    СДК дека некои членови си измислуваат приказни а не дека имаат некаков проблем или сл. Погледнете само во нивните поранешни постови и сами ќе се уверите како со го менуваат полот, возраста па се во брак па во врска па уште им е рано и ред други глупости
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Читам низ темите и никако да добијам желба да напишам некое мислење... Како да немам инспирација овие денови, ете така се чувствувам...
    Минуваат и овие денови, последни од т.н. одмор после сесија :tmi: Од Понеделник на факултет, но со посилна мотивација за учење и успех од таа што ја имав порано, т.е. што ја немав. Потешките положени испити навистина влеваат надеж и мотив дека може и другите да се положат во другата сесија. Епа Јануари те чекам јас со нетрпение :inlove: омилен мој месецу
    Многу ме интересира каква реклама ќе смислат овие од Кока Кола за оваа година, таа пред две години им беше феноменална :D
     
    На Marjan007, richgirl998 и pamelche им се допаѓа ова.
  18. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Ова со рекламата ме бендиса, и јас одвај чекам зима...декември, јануари :inlove:
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Ако денес е лош ден, тоа не значи дека и животот е лош.
    Нов ден - нова надеж.
    Едностано сите имаме падови во животот, тешки денови, сопки, пролеани солзи, неправди...сето тоа е само дел од животот. Мора да поминеме низ тоа, за да се научиме да ги цениме убавините.
    Па и не е се така црно...
     
    На Barbie20 и mili4ka123 им се допаѓа ова.
  20. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    [​IMG] :(
     
    На kala21, richgirl998 и femina90 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.