[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.008
    Пол:
    Женски
    Се сеќавате на мојот пост за тоа дека татко ми го зафатиле midlife crisis, па решил да стане копаничар?
    Од пред некој ден има ново хоби - столарија.
    Купил материјали и секаков алат, па почнал да прави столчиња. Завчера нé седна сите три на тераса и ни ги презентираше различните модели, објаснувајќи го дизајнот наспроти цврстината. И од тие модели, требаше да одбереме еден најдобар, за сите да ги направи во тој стил.
    Следен проект - сандаче за ставање дрва кое ќе стоело во викендичката. Ем практично, ем ќе го направел во склад со амбиентот на дневната. Гарант ќе фати да го резба, ама го бива бре, си има прецизност и креативност. Денес го гледам седнал да ги фарба столчињава, а кутрево само се мота околу него и пафта со опашката, па му пушта влакна врз лакот и го нервира :lol:

    Туку, како да не се доволни сите предрасуди и стереотипи на денешницава, па мајка ми пред некој ден додаде уште еден на листата. Си правам чај од камилица, а таа ми приоѓа со љубопитен
    можеш-да-ми-се-довериш поглед и ми вика: Дете, да не имaш некоја мака?
    Damn it woman! Ете, ми текна за промена да си направам чај од камилица, не мора мака да имам :wasntme:

    И еве ќе го завршам мојот денешен СДК пост со една изрека од Audrey Hepburn:
    "What the world needs is a return to sweetness and decency in the souls of it’s young men and women".
    Па сега, кој како сака нека ја сфати :)
     
    На tweety26, LittleChili, Hipster и 20 други им се допаѓа ова.
  2. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    123
    СДК секј заслужува СЕ најубаво во животот, да не набројувам што се се подразбира под убавина :)
    Но, дефнитивно на психите деликвентите и оние крвопјци што се пикаат онаму кај шти не треба и правејќи и однесувајќи се лошо спрема другите не заслужуваат апсолутно ништо и тоа што го добиле во животот го добиле лажејќи и крадејќи. ГОСПОД ТАКВИТЕ ЌЕ ГИ КАЗНИ КАКО ШТО СЕ РЕКЛО ГОСПОД МОЖЕБИ Е БАВЕН НО НИКОГАШ НЕ ЗАБОРАВА НИКОГАШ УБЕДЕНА СУМ ВО ТОА ЈАС НЕ СУДАМ ГОСПОД НАЈДОБРО ЌЕ ПРЕСУДИ.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Денеска ги зедовме книгите и конечно јас сфатив дека всушност веќе две недели одам на училиште и дека треба работата сериозно да си ја сфатам.Никако неможам да се навикнам, незнам како претходната година си легнував во 22/23 часот а сега седам до 1/2.Претходната цела недела си се тешев дека од утре ќе биде подобро.Ама денес сум решена рано да си легнам па макар и да не ми се спие, мора некако да стекнам навика. Книгите се тука, тетратките купени, It's time to study.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Witch-h-h

    Witch-h-h Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Знам дека ова не е најсоодветната тема, но незнам каде да го напишам ова.
    Дали има некоја која има искуство со самоповредување ? Или некоја ако е слободна за разговор да ми пише во ЛП. Ве молам, многу ми требате.
     
  5. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Јас: Ме мачат наглите промени на расположението :| некој лек за тоа :?:
    кога прашав за лек мислев дека ќе ми препорача некој чај, шируп, апчиња..
    А мојот доктор ми вели: Само секс :o :rofl:
    [​IMG]
     
    На Adi888, kala21, la-chicka и 4 други им се допаѓа ова.
  6. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    сакам да кажам дека денес најбрзо ми мина денов.......
     
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Ех луѓенца, знам дека никогаш во животот нема да достигнам да ја имам таа сила и снага на таа баба таму горе во селото. Да се качеше до врв на ридот ни срцето немаше да и забрза, а мене душа ми излегува низ нос, бревтам како некоја кобила :tmi: Или дедичкото што по три пати на ден ги носи козите на пасење, гајле немаат бре, гајле немаат. По 90години подвижни, работат, животни чуваат, бавча садат. Ние овде ни силата ни животниот век нема да им го имаме. Па си поправивме муабет, се потсетивме на старото село, а нејзе и се плачеше, убаво си беше порано, ама тоа е бабе, ти пак си во планина, ние пак чад дишеме.

    И луѓенца, да ви кажам, горе се гледа небо, такво чисто и јасно небо, со милиони ѕвезди, чиниш собрани на едно место сите. И млечниот пат се гледа луѓенца, и јас сум кратковида, ама тоа небо изгледа толку блиску и ниедна дамка нема да му пркоси. Убавина. Неверојатна убавина. И ладно беше, и мразулци чинам фатив, ама дишеш, го дишеш студот, животот и знаеш дека таму нема шанса да се разболиш. Па си уживаш и во ладното и во топлото. Дишеш живот со полни гради додека можеш. Чувствуваш дека ти струи низ телото и мириса на... убавина? Бладам, тропкам, ама преубаво е.

    И не фатив ниедна риба :wasntme: (освен што го заплеткав конецот на една трска :tmi: ) ама се вратив поисончана и од море :D Дајте ми две недели, знам дека ќе се рехабилитирам, земете си и вие. Јас знам дека никогаш нема да се воодушевувам на облакодери.

    Ми фалат ѓаволчињата од горе, да не ја имав мојава мецана, ќе си ги донесев дома. Ама не ги дава ни баба. Ние не сме ние, ако не собереме некое куче со нас :D
     
    На tweety26, LittleChili, Hipster и 21 други им се допаѓа ова.
  8. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    123
    СДК овде има многу момци мамини мази што не се однесуваат како право машко него се однесуваат на еден лигав начин и после немале среќа во љубовта епа и никогаш ќе немате, да разбереме до 23 години преку сила значи преку сила за оние несозреани дембели прости едноставно прости :)
     
  9. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Денес не го почуствував денот како пројде....ама искрено ми помина совршено добро ,ееееее дај боже секој ден да ми е ваков....велат за да си среќен треба да посакуваш срека и за друѓите за да не бидеш одминет и ти ;)
    Па мили мои феминки ви посакувам да сте среќни,здрави,живи,весели!!!! :* :* :*
     
    На Barbie20, imelda, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ех докторе докторе :D

    се чуствувам подобро
    малку музика малку смешки и сум подобра
    и патем размислив кој ке биде на другиот профил пријател а кој не-сите штетници има да ги нема срце да не се викам ако не направам така
    а оној ако ми излезе некогаш пред очи или ме боцне-кога тогаш ке се случи тоа си знам јас ке му речам кој си па сега ти :^) :lol: ти не постоиш бе море :!: :fubar: :lol:
     
    На Barbie20, Espadrila, Umbrella22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Ова беше прекрасен ден,баш како што замислував дека ќе биде :rofl: ;)
     
  12. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    755
    Не требаше да биде вака.
    Како би било всушност?
    Родена сум во пекол.
    Не знам што е рај.
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.808
    Допаѓања:
    142.182
    Не е далеку докторот од вистината :) Сум пробала, знам :)

    Иначе, сакам да кажам дека у теретана не се оди со танга, оти газот рана ке ти стане. Хемороидите се на чекор.
    Сакам да кажам и дека си патиме од жени у ПМС. Малце ми е што патам од моето, морам да патам и од туѓото.
    Сакам да кажам и дека ке почнам да одам на италијански :) Многу сум радосна :)
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.881
    Допаѓања:
    163.602
    Сакам кога јас се чувствувам како дете, за промена...

    http://www.youtube.com/watch?v=mUDQZ0vD_Lw

    Каков ден...
    И какви луѓе ја носат државава, не сакате да знаете. Ако набројам институции и што сакам да им направам со тон барут, ќе ми подметнат марихуана и ќе ме уапсат. Значи... изборот ти е да се симнеш на нивно ниво и да ги отераш каде што треба. Ми се гади веќе од разговори од типот - Знаеш ли кој сум јас? Ми се гади од помочани огромни ега!
    Не можам ни да си поверувам се уште дека постојат навистина такви луѓе, такви некултурни, безобразни кои мислат дека секоја реченица, секоја можност, секоја разлика е атак на нивната личност.
    Ауф секаде кажав, ама толку имам желба тука да ја напишам приказната, еве се јадам...
    И ве молам лишете не од вашите приказни создадени од вчера, убави, паметни и успешни и заради тоа ве мразат, зошто... стварно е клише и може да заклучиме дека секој просек го мисли тоа за себе?

    И отвараш социјални мрежи гледаш или го спасуваат Кили или го спасуваат егото на Лешоски! Аман! Па уште и тие што збореле против Лешоски биле малограѓани... зошто оние од Њу Јорк тајмс кога пишуваат критика за некое дело се сељачишта? И Илина Букбокс исто така кога критикува? Шовиенавасбе? Па и кога вакви муабети од тн слободари, борци за демократија... ама не, тоа така за да се лае нешто,а инаку што е до нив, еден ден на власт истото ќе го прават, ќе се наметнуваат себе си, роднините и другарите!
    Ако не сака да го чепкаат нека си отвори споменар и нека пишува,аман више! А околу делата, нема да зборувам околу тоа, фрагилен е дечкото.
     
    На Hipster, mims-89 и anabel-a им се допаѓа ова.
  15. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    21.159
    KoКА кола со рекламите навистина не потсетуваат на празници. Прекрасни идилични моменти.Новогодишни сијалички, елки накитени, дедо мраз, камин, оганче...милина.
    Ама толку се скржави....шпен игла не им влегува.
    Во цел свет прават наградни игри со главни награди не знам какви се Вранглер џипови,егзотичние патувања и сл., а кај нас неворојатни мечиња со уште поневеројатни имиња... (им ги заборавив како беа точно имињата на мечињата)....why????
     
  16. ohana

    ohana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    268
    Уф камо сите денови да беа вакви. :sun:
    Си поминав прекрасен ден со целото мое семејство + братучетка ми од Србија. Многу ми фалеше. Си се изнапричавме :D. Одвај чекам да ја видам пак. Се надевам ќе биде за брзо време. :)

    Инаку, утре предосеќам ќе биде убав ден. Во школо имам лесни часови и после на кафица со другарките од основно. Ах, и тие многу ми фалеа. :)
    Толку од мене. Имајте убава вечер! :*
     
  17. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.754
    Хахаа ете тоа е љубов идеш у продавница по сончоглед здогледуваш пена за бричење ја мирисаш мириса прекрасно и си ја купуваш на дечкото :lol: :lol:
     
  18. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    ем ај д онли ван или и на вас дечкото ви пишува приказни од кои побудалувате? :wasntme: :tmi: :tmi:
     
  19. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Сега пуштив фудбал, гледам така занесена и сконцентрирана на играта кога има што да видам- натпис FREE KILI од нигде никаде, поставен на долниот дел на една од трибините.
    Таква смеа ми дојде, не ви кажувам, мора да го видите и сами за да го доловите ефектот.
    Јас одма на ова помислив
    [​IMG]
    Ептен верни поддржувачи, нема што- човек да не знае од каде може да му излезе Free Kili :D .
     
    На Primrose.x, Hipster, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.