[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Последната недела од 2011.
    Само бледа светлината од прозорецот и прилично тивка музика.
    Дамки од снег замачкани по прозорецот.Ми ги солзат очите..!
    толку те чекав бе снегче,толку ти се радував за што..на крај да не можам да те почуствувам?
    Леле бе..место да ја гмечам белета покривка под моите нови чизмички,јас седев до прозорецот завиткана во ќебенцето со топломер во уста( just kidding) и Фервекс во рака..
    Басуз сум бе
    Ама нели сакав базент на 21 декември :fubar:
    Битно си се фотнав јас во бикини..А бикини и сенг не одат заедно нели?
    Е,па после базент си ја зголемв и колекцијата од накит(битно да се напомене) а малку фалеше и да се качам на ледот..нели figure skateing :fubar:
    Фино фино..
    Ама пак од друга старна ми беше убаво да ме разгалуваат и пазат како мало детенце :wasntme:
    Татенце дури и отсуствуваше од работа за да ме види и да ми донесе од они портокаловки овошја со магичен мирис.
    Го сакам :*
    Бабичка ми меси кроаснаки само за мене.. ^_^
    Сакам кога луѓето кои ми значат се грижат за мене.


    Викендот иако поминат дома,не беше лош.
    Е сега немаше вотка,нит пак лудување по подиумот ама врело чајче,неколку коцки милка и пар божиќни филмови ме вратијА во живот.
    Sanday late..Бриџит Џонс ,нели излгедан едно 3 пати ама пак интересен.

    [​IMG]

    Гледам сите ве фатила божиќната еуфорија,мило ми е.Јас ги сакам празниците.
    Сакам кога ги гледам луѓето среќни,како уживаат во нив и си шкртнуваат колку била добра оваа 2011.
    Со надеж за подобра нова 2012! :)

    Туку сакав да ви кажам,утре почнува пак мрача работнА недела,со црни облачиња..
    Али,ајт убав ни е викендот,утре ќе мислиме за понатаму.

    Овај,неделава морам да ја мавнам онаа 4 физика,што ми го руши просекот од 5.00 :tmi:
    Wish me luck..

    and..Merry Chtistmas на стие што си го слават денес. :party:


    hOnestly,your
    smilly :f:
     
    На crazyinlove19, teddybear, Theodora и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    Ме фатила еуфоријава до немајкаде. Еден куп идеи за новогодишни украси, елки, лампиони, венци и икебани ми се мотаат во главава, се имам само време немам. Ама ќе стуткам нешто кога ќе си одам дома, колку за адет :P

    Инаку, ме радуваат празнициве, многу ги сакам. Ме навраќаат на детството и на убавите мигови.
    Ех, што се убави, уште само да беа придружени со снег.

    На Нова Година одлучив да одам. Не ми се одеше некако на почетокот, сакав дома да останам, но сега како што се наближува дочекот се повеќе и повеќе ми се оди и ме фаќа уште поголема еуфорија како да одам прв пат. Само се надевам дека нема да се разочарам од резултатот, зашто секогаш тоа што долго го очекувам и имам некое убаво чувство за него или доаѓа подзаебано или крајно ме разочарува или воопшто не се исполнува.
    Планирам да носам црвено за НГ, не поради верувањата за црвената облека, туку дека е моја боја. Само уште да најдам нешто по мој вкус во оваа боја.


    Среќен Божик на сите што слават денес, за многу години да ви е празников!
     
    На Theodora и drugarka им се допаѓа ова.
  3. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Сакам да кажам дека, денеска сум во некое фотографско расположение. Далеку од тоа дека се филмам дека сум фотограф ко секоја втора средношколка со убав апарат, јас од тоа немам ни апарат, ни „талент“ ни па желба за истиот. Сакам да се сликувам, да имам шарени фотографии. И тоа со оние старите фотоапарати, со филм. Сакав да си апдејтирам слика на еден профил, и кога видов, не ни имам некоја понова слика. Ко да заборавивме дека треба да се овековечат спомените, никој не ни носи веќе апарат на собири, манифестации како и да се нарекуваат. Се некој има некаков скап апарат па му е страв да не го уништи, друг е у филм зошто јас да бидам тој што ќе носи, трет не е ни заинтересиран, а мене ме прават ненормална кога инсистирам на сликување со телефон. Па сакам да се сликувам бе па, после некое време тие слики ми се причина за смеа, споредба колку сум напреднала од тогаш.
    Баш пред неколку дена со другарка ми гледавме слики и си се чудевме на паметите, догодина ова време ќе немам на што да се чудам бе ало! Од кога опадна рејтингов на фејсбук, не се носи апарат веќе на обично излегување на кафе, а богами ни на нешто поважно. А баш ми беше интересно порано.

    Исто сакам да кажам, некако ми дојде некоја желба за шминкање. Нема да излегувам никаде, а дома ако се шминкам, женските членови од моето семејство одма бунт и револт ќе кренат, не се трошат шминки за глупости! :lol: А имам нови шминки, абе плачат да бидат тестирани. Плус и ќе си се дотерам, за да биде комплетно, абе мераци...и ќе се вратам после на фемина, дотерана :lol: Уште да удрам една фотосесија самослик и да ми бидат двеве желби исполнети :D

    Ах беее, како не ми доаѓа желба да седнам и се да научам :)
    Поздрав феминки, енд мери крисмас
    [​IMG]
     
    На Grunge, Theodora и MandyLane им се допаѓа ова.
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Елката на плоштадот во мојот град е мизерија и има лампиони со натпис- “Внимание висок напон!“ :puke: Не дека ги симпатизирам СДСМ ама најискрено на цел свет најубава елка имаат секоја година. Фак ју ВМРО градоначалник! :rock:
    п.с. Срекен Божиќ на сите католици, да е за многу години и се најубаво. :*
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Сдк некако ко да е поопуштено како за пред нова година сакам цело време да е така бреее ама ај :doh:
    + како си се наспав ко детенце малецко и сега ми е убавко и сум порасположена освен ако не заЈебеш ти :)
    Имајте убава вечер СВИ ! :*
     
  6. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Случајно го најдов и ептен ми се бендиса :inlove:
     
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Колку треба да се плати, за да биде, денес вчера?
    Зашто вчера не си научив се, и денес да си гледам филмчиња? ХА! Виц, на годината.
    http://www.youtube.com/watch?v=55pbQM_Y_to
     
  8. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Црешичке, вие барем имате некаква градска елка, а ние стружанчиња никаква немаме. Освен домашна, нормално!

    СДК дека не знам што ми е, но во мене ја нема онаа еуфорија која ја има пред патување!
    Ми се јавува најголемиот проблем: што да земам?
    Сакам ова и она и тоа, ама нема ни место ни време за се...
    И пак си велам, утре ќе се спакувам и толку! Ќе седнам во автобус, ќе се дрндам 12 саати, ќе стигнам таму... И после?
    Ниту помислата дека после 13 години повторно ќе бидам таму, дека ќе одам на шопинг каков што сакам, ниту дека ќе присуствувам на една поинаква новогодишна пролсава, ништо не ми предизвикува еуфорија!
    Да, знам јас точно што ќе ми предизвика возбуда, ама тоа е нешто што не можам да го побарам.
    И кога би побарала нема да ми биде остварено!
    Сеедно, ќе чекам 28ми, ќе седнам на своето седиште и ќе се обидам да не очекувам премногу.
    Бидејки, колку помалку очекуваш, толку помалку се разочаруваш!
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк играње до 4 сабајле не е на арно.

    Сега гледам последици,ми фали спиење, ме болат ноженцата, очите не знам кај ми се позади на глава или горе на чело, косава од пеглана станала витлер :rofl:

    А и синоќе дојдов до заклучок.
    Нема машки во Штип !
    чкл чкл немааа.

    Или има али од оние без култура и манири.
    Ќе те гледа со непристојни погледи и на крај ќе ти пријде со сељачки изрази за запознавања.Ма на некултурноста велам НЕ !


    И да сакав да кажам ми се смачи од притисокот околу мене, сите запнале фати дечко та фати дечко.
    Луѓее кога ќе најдам личност со која ќе мислам дека ќе ми биде удобно, тогаш!

    Ај со здравје.
     
  10. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Нека им е среќен божиќот на католиците ! :)
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    СДК ми се пријаде сладолед :D
    СДК си спиев до ниедно време и сега имам еден куп работи да завршам, а мислев дека ќе биде тоа обична попладневна деремка... Колку го мразам недела како ден :doh:
    СДК дека во последно време сонувам некои чудни и неповрзани соништа. Замислете го ова: Беше тоа жестока караница заради несогласување во некоја истрага и толку сум се спречкала со некојси
    "Прв главен криминалистички комесар" :o :D он ме гледа а јас по мое: Вештината на оној кој води сослушување не е само во поврзување на кажаното, дали е тоа вистина или лага, туку и во склопување на паузите, движењата, правците во кои се насочуваат очите... А блефот може е меч со две острици но вреди да се употреби кога се нема алтернатива, и вие знаете дека јас бев во право"... И такви некои неповрзани сцени и муабети кои не ги паметам :^) Ц ц ц (нема смајли шо може да ме опише) ама претпоставувам дека е ова заради книгата која ја читам :geek: Си викам аман бе оти не се сеќавам на целиот да видам какви ли ти биле тоа подвизи и "Шерлок Холмс стратегии" :geek: :D
     
  12. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК сакам некој зимски аватар, ајде девојки ставете некоја зимска девојка помогнете ми да одберам :)
     
  13. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Мислам дека ова ми е најдосадниот Божиќ до сега што сум го имала. Цел ми помина, за жал, во учење и средување по дома. Конечно да седнам и малку да одморам. Расположението сведено на нула, ништо убаво или интересно да се случи викендов. Плус грдово, ладно време ме докрајчи. Едвај чекам и оваа работна недела да помина, па да помине и таа новогодишна вечер и конечно да дојде новата година која се надевам дека ќе биде далеку подобра од оваа.
    П.с.
    Искрено се надевам дека хороскопов е во право. :)
     
  14. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    СДК ќе одам јас да си апнам слатко од смокви,да си се заблажам :inlove:

    Па повелете ако сакате :*
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    скд дека еве за една недела е нова година а мене не ми се оде ...осекјам дека ке биде shit и затоа би сакала да ја преседам дома мислам во кавадарци со кебето врз глава и да не се замарам таа вечер за ништо ама ете ке одам сепак чисто ради реда...ај само да помине оваа година ...не ми беше нешто најдобра
     
  16. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Е браво за новата вест на фемина - за колумни тоа што е.
    Патем, феминки, повеќето имате потенцијал и пријавете се! Нема да зажалите, по мое! ;)

    Штета што е за над 18 години, иначе ќе се пријавев. Не за друго, колку да си ја пробам среќата. :D

    Патем, морам да кажам дека беше тоа досаден ден. Цел ден учам, а пак мислам дека ништо не знам. Ништо не ми влезе во главата. Пих, дибова главо!
    Ама, стварно бе, пред Нова Година, а 15746 теста, писмени и испрашувања имаме. М
    Мислам, не е фер, стварно.
    Ступид тингс!

    Зашто никој не памети како му било тој кога бил дете бре? М?
    Толку брзо и лесно забораваат на детството возрасните?

    И да прашам некој - нема да одговори искрено.

    п.с. само сакав да кажам дека изборот за колумнист е преедобар! Браво за идејата!

    Ах, желна бев за оваа пауза, уште малце тука па пак се фрлам на учење! Ќе истраам уште тие два-три дена, после распуст.
     
  17. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Се тешам со тоа дека треба само уште денес и утре да поучам малку повеќе за да ги добијам посакуваните резултати. И ја мразам таа неправда што владее во училиштето. Јас да имам латински 2ка што знам и деклинации и текстови и се, а да има 2ка и другарка ми на која јас и кажав се на писмената. Другарка ми е знам, не треба да зборувам така, но таа не знае л од латински, а јас знам. Тоа ти е, неправда. Како што растам се повеќе сваќам колку е неправедно се. Секаде владее себичност, лицемерие, алчност.. Сакам да се вратам во годините кога не знаев што се тие поими и кога не знаев дека постои таква неправда. Се лутев само кога сестра ми ќе добиеше поубава барбика од мене, тоа за мене беше неправда..А тогаш сакав да пораснам .. Да знаев дека е толку тежок животот на возрасните, никогаш немаше да го посакам тоа.
    Како и да е, не сакам да ширам негативно влијание и овде на форумот (оти по дома цел ден тоа го правам :wasntme: ).
    Ајде уште малку ќе заврши оваа година, па можеби новата 2012 ќе ни донесе повеќе среќа, а помалку неправда. :!:
     
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    СДК
    Колку само не се познава денот по утрото :x
    Утрото почна прекрасно, сонце пука надвор, ниеден облак на небото, прав летен ден.
    Тргнавме од кај родителите на мм, за кај внук ми на роденден, не возев ни 15 минути кога се најдов сред невреме на столетието :sweat: , се состави небото и земјата, прст пред око не се гледа од дожд, мислев ветерот ќе не однесе, пат што обично го возам за 40-тина минути, траеше скоро 2,5 часа.
    Само што стигнавме кај татко ми, покиснати до гола кожа а само два чекори имавме до влезната врата, им се исполни желбата на моите сограѓани да доживеат White Christmas, град со величина на лимон го обели градот, како снег да паднал во сред лето.
    Кога престана да паѓа градот, кога си ја видов колата, да немаше полна куќа гости ќе си рикнев како магарица да си плачам, колата како низ воена зона да поминала, стаклата искршени, полна со вода и цела со дупки од градот ;(
    Осигурителните компании денес ќе бидаат преплавени со побарувачки, по вакво невреме тие ќе го извлечаат најдебелиот крај :lol:
    Не за џабе викаат дека Melbourne weather suffers from bipolar disorder :swear:

    Да не биде само жалопојки постов, првиот Божиќ со родителите на мм помина одлично, а роденденот на внук ми малку го расипа невремето, се исплашија децата од грмотевиците ама сепак беше супер, сонце теткино порасна и он а како вчера да беше кога се роди :inlove:

    И за крај во ниедно време се изнасмеав како луда на цел глас на постот на Трендафилка во последната направена глупост :rofl:
     
    На Trendafilka и Srekicka им се допаѓа ова.
  19. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.683
    Допаѓања:
    37.743
    Пол:
    Женски
    СДК утре ми е последниот колоквиум за овој семестар и ИЧ не ми се учи. Плус тоа, вторник заминувам Србија со мојата љубов. Леле I can`t wait. Куферот е спремен од сабајле сега само да посветам внимание на себе и заминувамееееее. Јессссссс!!!!!!
     
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Го читам горе за „Македонската Кери Бредшо“, и си се израдував некако. :)
    Милно ми дојде на душичката дека такво нешто постои.
    Дали ќе се пријавам, не знам. Дали имам потенцијал, па имам сигурно, верувам во тоа, но има луѓе кои го поседуваат тој потенцијал дупло повеќе од мене, али можеби ќе се пробам. Не губам ништо, знам.
    И онака се пријавувам и учестувувам во 92812092 наградни игри, праќам пораки, мејлови, и едноставно среќата што се тиче до мене, ме одбегнува, и не ме је*е ни 2 %, ни толку!

    Кога ќе дојде католичкиот Божиќ, знам дека доаѓа крај на годината.
    Ја ситниме и последната недела, но јас ни најмалку не чувствувам некое воодушевување околу тоа.
    Зашто да се радувам, зашто да бидам среќна дека доаѓа нов почеток, зашто?
    Тоа што едвај се трга крај со крај, тоа што проклетава зима е сурова и ладна, тоа што преку глава ми е од беспарица, и она ден за ден. Па џабе ми е позитивноста, џабе ми е оптимистот во мене, кога пред реалноста, сите розови очила паѓаат во вода. Се што потајно си се надевал, се губи, и се соочуваш со суровата реалност. Но ајде, пак да се утешам, и да верувам дека ќе биде подобро утре, наредната недела, месец, година, и дека ќе се мрдне од точкава која попушта и оди надоле.


    Пуууууууух. :doh:
    Губам надеж...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.