1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Може јас...еве ти ги моиве до мене, дај ми ти некои тивки- ми галамат, потребно ми е барем пола саат тишина.
    Овие ќе ти се придружат на веселбата каква и да е :D
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.264
    Допаѓања:
    67.839
    Пол:
    Женски
    Си било еднаш едно момче и си имало убав точак кој многу си го сакал и си одел секаде со него. Една вечер, еден дргар му го побарал точакот да си оди дома со него, но момчето не му го дало, не сакало некој друг да му го вози точакот и некако да го оштети. И зошто да го дава на друг, па тоа е негова сопственост и ако не сака да го дели, нема да го дели, така е?
    И му рекол дека рано наутро ќе му треба точакот да оди некаде и не му го дал.
    Следниот ден, се спремило момчето за излегување, отишол да си го земе точакот, ама имал што да види. Точакот не бил таму. Некој му го украл.
    Наравоучение: Не бидете себични, помогнете ако можете. Или ќе ви се врати и ќе ве касне за г*зот.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Убава вечер.
    Надвор си врне,дома си седам со другарка,кафенце,муабети...Самошто ја испратив.
    Петок 13-ти,до сега добар.Ќе видиме во следниот саат. :D
     
    На axl-babe му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Иронија. Токму кога човек ќе помисли дека конечно се извлекол од една длабока црна дупка, таа се враќа по него и го повлекува со сета сила, директно во дното...
     
  5. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Дефинитивно најтешката битка во животот е онаа која ја водиме против самите себе...
     
    На kala21, vinozito1, dejana2 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.730
    Пол:
    Женски
    ја сакам есента, лисјата кои полека паѓаат на земјата,дождот. . Но, ете денес и не ми се погоди денот.
    Цел ден на училиште го поминав со затнат нос,црвени очи и секој дел од телото ме боли :doh: :yawn:
     
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    85 пати го почнав постов и го избришав. Не можев никако да склопам се што сакам да кажам ама ај 86иов пат може е среќен. :lol:

    Луѓето викаат во животот вистински се сакало само еднаш. Што тоа треба да значи? Дека за мене и сличните на мене нема да има веќе љубов? Една личност ми рече ама мече земи си го, каков таков си го познаваш и имате нешто... како бре да си го земам? Ќе го грабнам, ќе му ги врзам очите, ќе го однесам во матично и ќе го присилам да кима со главата кога ќе го прашаат ја земаш ли мече мечката за жена. Секако дека нема да го сторам тоа... не дека ми е мака да го киднапирам, ама кога мене матичарот сега би ме прашал го земаш ли за маж дотичниот јас ќе речам не. НЕ со капс лок. Зошто би земала некој што веќе не го сакам како порано? Зошто да се задоволам со трошки? Затоа што еднаш во животот се сака?

    Тој ми е најголема, најсилна, најдолга љубов но сигурна сум дека ќе сакам и после него. Дотичниот секогаш бил, е и ќе биде голем дел од мене, моето срце, душа, од мојот живот. Но, дали вреди да се мачиме да ја вратиме љубовта кога едноставно ја нема? Порано го сакав повеќе од животот, бев спремна на се, ќе потрчав во било кое време за него, се ќе сторев бре, премногу го сакав... веќе не. Многу е возможно и сама да се лажам и само успешно да сум ги закопала сите чувства негде длабоко ама поубаво ми е. Сега, добро, ќе излажам ако кажам дека не ми е убаво кога ќе се видиме затоа што убаво ми е. Се гледаме ете во просек еднаш на две недели и се криеме како деца. Се криеме по моја желба, ако знае некој ќе очекуваат да се смириме а јас не го сакам тоа. Значи сеуште ми е убаво кога ми ја мириса косата, кога поминува со прстите низ косата, кога ми го гали грбот, кога несмасно ме масира, кога ме смее, кога сме заедно убаво си поминуваме ама едноставно не е тоа она што беше, не знам како да ви објаснам, го немаме веќе ИКС факторот. Се помалку до мене допираат неговите зборови, се помалку ми е гајле, некако се е во духот на она што некогаш го имавме.

    Последниот пат кога се видовме како да ме опседна некој демон се му изнакажав без воопшто да одбирам нежни зборови, ама бев преморена, тажна и катастрофално нерасположена, цел ден по лекари, факултети, со другарки, и тој на крајот кога се видовме почна со неговите глупости и ја отворив устата. Се му изнакажав, многу ми беше жал затоа што видов колку го повредив ама некој мораше да му ја каже вистината, доволно молчев. А се што тој рече беше: сакаш ли да ме уништиш? ... И јас само го погледнав со поглед, да знаеш баш тоа го сакам смотан еден, да те уништам. Таа вечер немаше kiss for goodnight, немаше последно гушкање за вечерта, имаше awkward silence што скоро никогаш меѓу нас ја немало... од тогаш ме нема побарано и во ред е, јас секако нема да го побарам.

    Муабетот ми беше јас нема да се откажам од љубов. Не сакам филмска љубов, сакам искрена и силна љубов, љубов полна со разбирање... да го сакаш и да си сакана, да не те гуши а да е малку љубоморен доволно за да знаеш дека има бар трошка страв да не те изгуби, да те гушне од позади додека му готвиш, да не се срами од тебе, да ти ја сака секоја мана, да не се обидува да те промени, онака да ти е најбезбедно во неговите раце, да си му секси и во пижами, абе да те фати за рака и да мислиш дека можеш до Австралија кај Битерсвит да отидеш на кафе ПЕШКИ :D

    Во животот ништо не знаеме со сигурност, можеби некогаш повторно неговите раце ќе ми бидат најбезбедни, можеби нечиви други... како и да е јас сум спремна и не сакам да земам некој само за да не сум сама па ќе градиме живот врз темели од она што некогаш било или можело да биде. Свашта.

    Јас си сакам љубов но не сакам моментално. Сега си се посветувам на моите дома, на себе, на факултетот, здравјето, изгледот, на тоа да си го зацврстам карактерот и психата, и тешко е навистина но некако оди. Да не лажам претешко е. Знаете, тешко е затоа што луѓето се злобни.. ама навистина се злобни. На пример стоите во банка и двајца дечковци се смеат а гледате дека едниот покажува на вас со прстот(ми се чини во забавиште не учеа дека не треба да се покажува со прсти ама ете), си викате што е работава да не имам нешто, но немате ништо ви се смеат затоа што според нив сте свиња дебела(изразов е копирајт нивен). И додека порано ова ми сметаше и ќе дојдев дома и ќе плачев два три дена сега за инает ги погледнав и им се насмеав па прекинаа со дрдорење. Се поткрши нешто во мене ама толку убаво се почувствував па не можам ни да ви објаснам, каооо јес ај ем стронг, ај ем уомееееееееееееееееен.
    Втор пример на факултет мене ми се смеат за физичкиот изглед позади грб, а не ни знаат дека се што се збори се пренесува наоколу. Тоа се од сите само две три личности на кои ете јас (па и другите) слободно можам да им се изнасмеам затоа што не знаат да сврзат една реченица како што треба ниту да презентираат еден стручен труд како што доликува ама не го правам тоа, не ме воспитале така а и не сакам така. Плус, реално, не сум толку страшна Боже мој луѓето ќе направат да се чувствува човек како нилски коњ. Верувајте ми, има тука личности можат да потврдат дека сум убава бе :D Ама кога човек си немал мака од тој тип навистина не може да разбере ниту да ја сфати тежината на тој проблем и неговата длабочина како и емоциите што ги носи па затоа не им земам за зло, подобро е никогаш и да не дознаат.

    Инаку ај на повесели теми, секогаш си викам на кратко ќе шкртнам нешто и буквално секогаш се заборавам од пишување ама па одамна ништо не сум ви кажала.

    Јас кревам рачиња дека ја сакам есента, и зимата, секогаш сум ја сакала и секогаш ќе ја сакам, мразам лето... го сакам само кога сум на одмор или дома под клима. Е сега моментално се нервирам што кога спијам не врне а кога ќе станам сабајле и кога треба да одам на факултет, во банки, пошти, амбуланти, маркети почнува да истура, и таман ќе дојдам дома пак ќе прекине. Не ми смета, си се шлапкам по вирчиња, си уживкам со чадорчето и денес балетнаките ми се удавија буквално, значи од толку вода, трчкање наоколу и пешачење пустите се распарталија ама се сум завршила, и заверки на факултет и уписи, и потписи и пријави на секој професор, абе се. Онака за со убаво да се заврши сесијата падна едно 9че во индекс, абе пресреќна бев, пустиот мој индекс најсакан не видел 9ка од прва година хааах ми идеше да го гушнам професорот кога видов, иако по логика јас треба сама да си се гушнам, јас си ја заслужив. Колку се радувам за оцената ќе си речете гревно дете хахахаа. Инаку и брат ми официјално е академски граѓанин оваа година, ај ем а прауд систер. Струките ни се слични, веќе почнуваме планови за бизниси ова она ваму таму се договараме а мајка ми и татко ми само не слушаат и сигурно си мислат леле што створивме :D

    Периодите кога немате многу обврски, знаете досада ќе го фати човек, па почнав по дома глупави финти да им правам од типот: тато мама те вика, мамо тато рече да му се јавиш одма, мамо баба рече да и купиш кило пиперки, бабо дедо те бара, и цело време паѓаат на форите, не знам како не научија до сега дека ги лажам. Знам дека имаат желба понекогаш да ми ја искубат косата ама не можат, премногу ме сакаат :P Сигурно е дека семејството секогаш ќе биде покрај тебе ... сега паднав во приватна квота ради глупи хемиишта но моите не ми направија никаков проблем, апсолутно никаков, битно било да се трудам, да го завршам полека да имам убава иднина. И новиот пс на татко ми да ви го кажам: немој да мислиш дека нема да одиш на магистерски... сериозно тато? ама ти тоа сериозно ли? И да не е сериозно иако јас се занесувам сега ќе сакам да одам на магистерски, ама многу рано почнаа тие муабети да ми ги вртат мислам јас ајнштајн бев во претходниот живот. Ццц.

    Другарките си ојдоа во соседната земја, додека беа тука уживавме шетавме, си се навраќавме во детството, се смеевме, и секако ми недостигаат ептен. Дури и навлеговме со едната во фудбалските води, на стадион почнавме постојано да одиме, сите правила ги знаеме бре, ок, и сите фудбалери. :D

    Есента почна, обврски више немет, нови серии симнати, старите почнуваат, кебенцето меко извадено, генералка есенска завршена, деееем ит ај ем он фајр. Следува периодот на тотална релаксација. :emo: Море пу пу да не се урочам не памтам од кога не сум била тажна или од кога не ме фатил депресивен период. Се наоѓа тук таму по некој ден така бош ама поминува, не е како порано, сменета сум премногу и не сакам да размислувам за промените затоа што страв ќе ме фати...нека си оди животов вака како што тргнал затоа што убаво ми е. :f:

    И така, бидете добри, умни, убави, јас доволно дрдорев, ве гушкам и ви посакувам добра ноќ.
    :hug:

    Ако издржавте да читате до крај еве и да се посмеете малку :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=EO-pN_-y5YA
    http://www.youtube.com/watch?v=w8FuewcBo0s
     
    На Divinebutterfly, ozbilnazena, bittersweet и 36 други им се допаѓа ова.
  8. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    Знам што ми треба во моментов. Црвено вино. Да ме стопли на студеново време и да го стопли ова студено однесување на оние околу мене.
    Тажно е тоа до каде стигнавме...
     
  9. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    пишува домашна за синус косинус.. еее школо школо :rock:
     
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    И после дечко ми ќе ме лаже дека никој не ми го заприметува тоа нешто.
    Кога ќе го фатам има да го клоцнам до паркот на авиончето. Ќе си трчка таму.
    Љубовта е слепа. Јап.

    Дечко ми ме навлече на неколку сериозни пороци - нес кафето и цигарите (и кремот). За цигарите не до толку, ете сеуште се држам, ама за кафето ихи, го пијам и тоа ептен ми е вкусно.
    Ете и по толку време поминато заедно ние имаме баајги несогласувања во однос на вкусот за музика и филмови. Ок некогаш си сакаме исти нешта и двајцата. Ама почесто тој сака комедии, а јас трилери и аа_акција. Тој си слуша таму некои си хип-хопови, некои заз (и јас овие ги сакам) :) и дрн дрн, јас рокче, северинче, андреа...
    Што знам како функционираме. Јас сакам да му филозофирам, а тој сака да гледа онакви емисии кадешто има купи продај. Кој ги знае како се викаат тие со бетинг.
    Јас сакам да шетаме од утро до мрак, а тој вика е да бе како скитници некои. Чк! Нема разбирачка.
    Срце ми се стега :D што неможам да се качувам со него до Крстот.

    http://www.youtube.com/watch?v=yMazI2ROJXM
     
    На Sexybaby86, richgirl998, senza.parole и 4 други им се допаѓа ова.
  11. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    И денес не отидов на Пиволенд и жал ми е, јез да многу супер Пиволенд си организиравме у маало. :)
    Затоа утре ќе мора да отидам макар земјотрес се десил... :)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Многу сум среќна! Конечно се случи нешто со тој што го меркав веќе подолго време. И за прв пат! Сега сфаќам дека Господ навистина ги слуша молитвите и ги исполнува кога најмалку очекуваш. СРЕЌНА СУМ! :D
     
    На Name, Someonespecial, richgirl998 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Зошто о, зошто неможам да заспијам?
    Сакам да спијам! Мил ми е сонот! :doh:
     
    На dejana2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.349
    Допаѓања:
    13.106
    Пол:
    Женски
    Понекогаш навистина не знам како тој ме трпи. Не за хирови од моја страна, туку моето работно време, тоа што е уморен, затоа што работел 13 часа, ама ме чека да ме однесе дома, да не си одам со автобуси во ниедно време. И притоа не бара ништо за возврат.
    На разделба го добивам најискрениот бакнеж.
    И како да не го сакам, да не ми е се?
     
    На Elennaa, Someonespecial, marama и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Денешниов простотилук зазема високо ниво.

    Некои си небитни личности со високото ниво на простотилук во себе, си дозвлуваат да бидат вулгарни. Не знам дали тоа е затоа што речникот им е слаб и затоа не знаат да напишат нешто пристојно, па единствено оружје им се вулгарните зборови и простите констатации.

    Греота е само што истите личности се родители и воспитуваат деца. А бидејќи децата се огледало на родителите, жалосно е што таквите погоре наведени личности, ќе ги има во поголем број.

    Поздрав до една членка од постарата генерација, што ме инспирираше да го напишам ова мислење. :hai:
    Жалосно е со какви се’ луѓе го делиме воздухот.
     
    На SparkyAngel, Gordana10, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    После ситуацијата што ја видов пред некој ден никако сон не ме фаќа :(

    Колку е сурово општеството, колку се непрокопсани сопствениците на фирми денес тоа е чудо. Вработен во нашата фирма, кој 20 години придонесувал за фирмата, и поради која го изгуби сопственото здравје, баш сега кога најмногу му требаат пари беше буквално избркан на улица со зборовите ‘‘Ти веќе не си ни потребен‘‘ :(

    Луѓе мои, јас погрозна сцена во животот немам видено. Се пресече човекот. Истиот пред некое време имаше срцев удар, ни да размисли тој волот дека може да му се повтори пак. Значи човекот од нервози од фирмата слаб беше со здравјето. Плус му се случија многу неубави работи во семејството, останаа без кука, болести еден куп, малер некој страшен. И така седиме на состанок се кажува кој што работи, што не, стигнуваат до него и ни кавга ни расправија ни ништо, газдата мртов ладен му вика ‘‘За тебе не би зборел многу решивме дека веќе не си ни потребен дека имаш проблеми со здравјето. Ако сакаш доседи до крај на состанокот ама не гледам причина зошто би останал‘‘ :o :o

    Цел персонал вакви останавме :o ;( :o :x :o

    Сите сакаат да помогнат ама немоќни се. Сите сме неми. Немаме коментар за ситуацијата. Другиот ден на работа жените плачат ко небаре умрел човекот. А знам дека секој во себе си вели и мене еден ден така ке ме шитнат. Јас сум нова, ама ги слушам вработените што се постари сите велат, после тој состанок веке ништо нема да биде исто во фирмата.

    И си викам, бегај Кикирикче дур си млада, кусо нека е и јака плата и убава работа.
     
    На SparkyAngel, Sexybaby86, anggell и 6 други им се допаѓа ова.
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
     
    На kala21, Ketrin.Moon, Inna5 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Премногу се нервирам за така наречените роднини. Правев се за нив... им удоловував се ама баш'!
    Секогаш прва ги викав за да се видиме макар на едно кафе и како ми враќаат тие? :@

    Од толку блиски, а сега толку далечни... Не треба во животов да си добар и да им одиш по газот, пак лошо ќе зборат.

    И едно не можам да сфатам... се омажија на 19 години и ми велат животот си го средиле. Оф лелее оди покријај се. Па уште ми велат што демек сум учела факултет пак повеќе ќе постигнеле.. Господе прости им не знаат што зборуваат од што се прости. Собраа некоја паричка од свадбата чиниш вредно тие ја заработиле. Цццц :( |(

    Епа вака: Јас додека вложувам илјадници евра за мојот факултет, додека шетам низ државиве и имам широк круг на пријатели вие златни ќе седите дома и бебе ќе чувате. |(
    Немате ни пола од мојот живот проживеано! Од вашиот град не сте мрднати, од Мк исто, дечкото односно мажот ви забранува да се дружите со секаков вид на луѓе и за кај сте??? НЕСАМОСТОЈНИ ЕДНИ!

    И не не не сакам да ми велите да се мажам на 21 само ако вие сте се омажиле на 19, а ќе родите на 20.
    Имам дечко уште пред вие да си фатите кој цел живот ми ја дава слободата, и плус сакаме да се изградиме во независни луѓе, самостојни. Не сакаме да чекаме на мама и тато!!! :@ :x


    Добро утро на сите, :)
    Јас одам на фризер.
     
    На SparkyAngel, Agawa и richgirl998 им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Интересна тема начна.
    Јас пак го сметам тоа за индивидуално.
    Постојат и познавам сингл луѓе, образовани, вложуваат во себе, ама бре кои не знаат да живеат.

    Познавам и од спротивниве случаи - луѓе кои се омажиле пред да наполнат 20, ама бре знаат да си го живеат животот, не солат памет никому и се со многу поисполнет живот од овие првиве. Баш едната од нив е веќе 11 години во брак, има две дечиња, потпораснати сега и си шетаат со мажот, со пријатели, со неговите (многу сложни семејства и од негова и од нејзина страна што е реткост, можеби делумно се откажала од таквиот живот додека децата биле помали, ама затоа сега си има се` и буквално си го средила животот).

    Познавам луѓе као нашетани по Америки и сл. ама кои за тоа шетање платиле со макотрпна работа (најчесто две), чистеле по хотели, работеле по ресторани и сл. како што познавам и млади мажени жени кои мажите си ги шетаат каде што ќе посакаат (според можности, нормално) без да мораат да слугуваат ни ним ни на кој било друг.

    Познавам и такви како што ги спомена ти, неизживеани, млади мажени, со несредени животи и сакаат сечиј друг да средуваат, како што и меѓу немажените и образованите познавам такви кои знаат да си го живеат животот.

    Jaс сум се омажила во раните дваесетти и тоа во никој случај не ме попречило во моите планови за градење на самата себе. Само добив уште една личност која ме поддржува во тоа.

    Со други зборови сакам да кажам дека генерализација тука би била небаре смешна. Се` зависи од тоа како ти се наредат коцките и дали доволно се познаваш себеси па врз основа на тоа сознание да донесуваш вакви животни одлуки. Ако тоа е случај, во која било од овие две ситуации можеш да имаш исполнет и среќен живот.

    И искрено, јас да имам роднина/пријателка која би носела негативни заклучоци за мене само затоа што сум се омажила млада (што не ме попречило ни во образование, ни во ништо) би ја избегнувала. А ги имав и некои се`уште ги имам и не сакам да им се докажувам ни па да ги гледам. Тоа што вредело, останало покрај мене и ме разбирало во животот. Мал круг на луѓе кои вредат повеќе од 1.000.0000 површни другарки

    Баш затоа што сме образовани и (некој помалку, некој повеќе) изживеани, треба да имаме пошироки видици за овие работи.

    ____________________________________________________________________________________________

    Боже сачувај! Да се најде да му врати некој, да го извиси кога му е најпотребен на газдата со изговорот „Ааа си остварив јас стаж за пензија, веќе твојата фирма и твоето деспотство не ми се потребни“, па нека се чеша до утре сабајле у 6.

    Како викаат „Во младоста го фрлаш здравјето за да заработиш, а после цела старост трошиш заработени пари за да го вратиш здравјето.“ Затоа јас сум бегала од такви стресни работни средини. Со скромни очекувања и плата најарно. Затоа што тука ако се погоди да имаш убава работа, со идеално раб.време, па згора на тоа и јака плата, те рачунаат за државен непријател бр.1 и ѕрцките ќе ти ги извадат за многу помалку од 20 години. Тек па ако е државна институција...пошо сеа и брат ќе продадат за у државно... :x

    Затоа викам „не мора да истура, нека капе.“
     
    На SparkyAngel, Daydream, kikikikirika и 4 други им се допаѓа ова.
  20. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Сакам да вдомам кученцеееее! :inlove:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.