[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    Посакавам ова утро кога ќе се разбудам да има сонце.И би сонце.

    Деновиве се гушам.Неможам да дишам.Нерасположена сум.Сите ја искористуваа ситуацијата и ме искористуваат,ме повредуваат...Немам сила никому да му возвратам.

    Ако не друго сонцево ми ја врати за момент насмевката и ќе ми ја стопли душава.Си сварив чај од нане со малку мед,си седнав во двор.Ќе одмарам.
     
  2. loverangelx3

    loverangelx3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    40
    ИИзвинете не можев да ја најдам соодветната тема ама многу ми е итно.
    Знае ли некоја дали работи поштата денес? Колку пари е брза пратка,од тука до Битола? И за колку време би стигнала една слика???
    * Било каква информација е добредојдена и извинете уште еднаш.
     
  3. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Цела недела ненаспиено и малаксано ја поминав.Имав од оној стомачниот вирус ама сега сум подобро и можам да се пофалам дека симнав 2-3 килца.Имам испити а со ова расположение што го имам тешко дека ке запомнам нешто ама ке пробам колку-толку,се ке си дојде само по себе,ке се потрудам бидејки сега само трудот се исплатува.И денеска не се чувствувам добро,укочен ми е вратот..неможам да се завртам упм.

    Времево никакво такоџе,сабајле сонце а после врне и така цел ден променливо.Од понеделник нова седмица - нови сили..да се надевам дека ке ми тргне на добро. :)
     
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.843
    Пол:
    Женски
    Прво нека им е среќен роденденот на брачеда ми и другар ми, се што сакаат нека им се исполни, многу здравје, среќа, љубов и се најубово.
    Полека се наближува почетокот на новата година на факултет... па да ви кажам малку сум возбудена... Се надевам и со позитивни мисли сум дека оваа ќе ми биде поуспешна од првата. Се надевам дека сега, после расчистувањето на сите недоразбирања што ми се случија и согледувањето на неговиот вистински карактер ќе можам повеќе време да си посветувам на тоа што моментално мене ми е приоритет во животот. Нема поминат овие две три години, потоа следуваат најубавите моменти во животот :)
    Пред некоја вечер ги гледав старите албуми со фотографии кога јас и брат ми бевме малечки. Хаха, не сликала мајка ми како правите ќифли, оу мај гад :tmi: се нешто во кујна слики, покрај роденденски торти, вечери некакви... слончиња бевме :D ... но најмил спомен ми е градењето на куќи за живеење на нашите мечиња од кои кралот лав Симба беше главен. Значи си редевме столчиња едни врз други, а во секое столче внатре се наоѓаше книга со дебели корици и претставуваше спрат од куќата. На тој спрат со коцки им правевме кујни и спални соби. На приземје се разбира се наоѓа гаражата со најлуксузните автомобили хахаха и од спротивната страна фарма со животни и во близина зоолошка градина... Еееј каква фантазија, гледам зошто брат ми сакал архитект да биде :D :D :D :D
     
  5. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    Значи времево и јас никако да се усогласиме :x :x
    Кога јас излегувам од дома тоа се менува по сто пати :@ , вчера сакав да прошетам низ град ,ни бутици надвор почна да врне,дуваше силен ветер небаре е ноември :!: ,денес онака измрзната од синоќа си облеков блуза на долги ракави и излегов,не бре тоа кога огреа едно сонце небаре јули е,се сварив :envy:
    Па зарем секој ден да носам џемпер и мајца,аа и секако ташн доволно голема да го собере џемперот за кога на времево ќе му текне да биде сончево и топло-без никакво облче ;( ;(
     
    На Someonespecial и richgirl998 им се допаѓа ова.
  6. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Имам многу за учење :( Одам да го загревам столот :@
     
    На feminium и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  7. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Малечко зракче светлина ме разбуди ова утро.Нашло дупче на завесата и онака нежно ми го осветли лицето, не само што ме осветли туку почуствував и топлина, а ми студеше.
    Сакав да го фатам и да си го скријам.
    Aма утре ќе го чекам и задутре и сакам секогаш да биде тука, и секое утро да ме грее.
    Многу ли барам?
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Anouk, lunicka и 9 други им се допаѓа ова.
  8. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
  9. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Дали книга да читам, дали филм да гледам, дали новости да читам...дали да чистам, дали да диплам, дали да.... толку малку време а толку многу ствари за правење...и на крај? дремам на форум и се троумам :D
     
    На kala21, dejana2, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Пет минути не можам да се соземам од смеење. :D Моментот кога сфатив дека не се ЕЛТИНИ одреди туку се ЕЛИТНИ одреди (српска група). Си се смеам самата на себе, добро е што не се обрукав пред некого. :rofl:
     
  11. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    Може ли некој да ми помогне во врска со Германски јазик за две реченици? :wasntme: :wasntme: Некој?Во лп нека ми пиши плс :hai:
     
  12. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Не знам дали лиценците за обезбедување што си ги платиле одредени, содржат и дел каде што пишува дека се Богови, дека треба да се понашаат као задњи сељандури од Арачиново или Пустец, задолжително да шматаат со устите као преживари коа џвакаат мастики и да дофрлаат намрштено по рандом луѓе со ,,Еј шц ти - да,ти, сакаш у станица, затвор, притвор, Идризово, Шутка!? Што ти е проблемот, а,а?!''

    Одма знам дека као мали имале други желби коа ќе ги прашале што сакаат да бидат коа ќе пораснат, али ето ти судбина,глупа кучка...
     
    На sweet-star, prettyliar, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Никогаш не сум била во Амстердам.
    Ама имам една ветровка од таму, ми ја донесе бившиот зет, па сега ќе ја употребам. И гумените чизми исто.
    Амстердам влегува тивко во Скопје.
    Светнат точак од дожд, отворена сезона за носење негови џемпери, топло какао на прозорец, волнени чорапи навечер, прибрани саксии со цвеќиња внатре и мирис на есен.
    Нови нешта. Најмногу, сино небо што ветува.
    Сакав да кажам, дека денес имам чувство дека сум неразумна како кога рипаш од Канео, директ во Охридско и чувството е како во мајчина матка. Не се сеќаваш, ама некако е безбедно, мокро, удобно.
    Удобно се чувствувам денес.
    Ден за тестенини. Јуфки со малку Томатело. Ќе издржам. Направив и посни стапчиња од палента по некој рецепт на Рудолф, излегоа фини. Дремам и го гледам балконов како се осветлува од сонце.
    Европа сака да ни репне визен режим. Читам меѓу редови и прескокнувам пречки.
    Нештата мораат да добијат некој нов сјај, некоја нефатална грешка што ќе ги преобрази во, да се надеваме нешто подобро. Читав поезија вчера до доцна во ноќта и ме фати сафра. Спиев точно 11 часа. Којзнае од кога немам спиено толку долго! Хибернација mood on. Ни Бајрон ни Бодлер не можат да ми го опишат сонот. Го сонував Зоки Бејбе како барал да пружи чаршафи кај нас на тераса, ни бил комшија, па да не му врнеле зошто немал настрешница. Ојеа.
    Сакав вчера да си купам маичка од Омајгад! во Концепт 37, и истури, па удобноста од таму и почна. Кревет, волненото ќебе од баба, чај од нане и купишта книги. Се зачувувам себеси некогаш, и дозволувам да паднам во здодевност.
    А никогаш не сум била во Амстердам, кога ќе видиш...
     
    На Anonymous996, SparkyAngel и Someonespecial им се допаѓа ова.
  14. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ако сакате да ја направите мајка ви среќна пејте си детски песнички по дома.
    Еднаш тетка ми пошандрца од радост кога ме слушна како си потпевнувам, Николај се враќа пак во Русија, никој солзи не крие сами паѓаат :D .

    Животни патеки. Сите семејства не се исти. Секое семејство има различни маки, поминува низ различни убавини и тагувања. Само најубаво е кога семејството се држи цврсто. Никогаш не ми било јасно зашто некои се караат за имоти и такви ми ти бакрачи. Тажно!
     
  15. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Живееме во свет каде се е свртено кон богатството..кон парите..вистинско пријателсвто речиси и не постои... сите гледаат од корист...додека им требаш до тебе се 24/7,а кога веќе ќе добирај тоа што го сакаат и ќе немаат причина да се до тебе...веќе не те познаваат и кога ќе те видат на улица ни здраво не ти викаат...се познаваат таквите луѓе евтини..желни за малку внимание...тоа драги мои 21 век
     
    На love93, something.nice и vitomir им се допаѓа ова.
  16. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    Се смеев кога некој ке ми речеше-здравјето е најважно.
    Но сега сфатив дека е така.
    Имав,а и сеуште имам здраствени проблеми.Поточно проблеми со забите.
    Отидов на забар и таа ми рече за забиве нема спас,мора да се извадат,а тоа предните заби.
    Се разочарав од се.Најмногу од животот.
    Потоа отидов на приватен.Докторот предобар,таков доктор не постои.Тој ми направи еден заб за 3 мин,заб за кој една докторка цела година ме вртеше.
    Како да се преродив кога ми кажа дека може да се направат забите.
    Тој ми кажа дека сеуште има време и дека сеуште не е касно.
    Еднаш отидов и веднаш ми направи еден заб.
    Да,малку е скап,но парите не се важни во вакви ситуации.
    Се плашам од тие машинките што бучат,но кога е важно за здравјето сите болки ке ги претрпам.
    Ми останаа уште од неколку заби и за недела-две сите ке ги направам.
    Грижете се за вас и вашето здравје. :)
     
    На sweet-star, LittlePinky, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Јаоооооо,сабота.
    И сонце надвор.А јас станав во 10,ги испратив моите на работа,па начекав Хари Потер на тв,си направив чај и се испружив да гледам...И сеа станав.
    Ебате работа,ебате. :lol:
    И така ви викам.Има нешто фино се дешава meanwhile,ама ќе си ќутам.Ако бидне ко што треба,ќе кажам. :wasntme: :tmi:

    Како и да е,уживајте во сонцето и имајте убав викенд. :hug:

    http://www.youtube.com/watch?v=z0DAnu5Sq6k
     
    На cheetah.girl, Anonymous996 и Cataleya им се допаѓа ова.
  18. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    #happiness
    Среќа,најголема.
    Срце мало,бушаво,ама си го сакам.
    Ај ваљда ќе ви се пофалам за сигурно од понеделник :D
     
  19. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Како можат да постојат вакви личности незнам. Да уживаат додека ја гледат туѓата болка. :x
    Прекрасен сончев ден, решивме да го искористиме со другарка ми за шопинг. Но подобро воопшто да не излегував многу ме погодуваат вакви работи. Си одиме по патот и пресретнуваме двајца возрасни луѓе, пред нив одеше едно мало бело кученце. И само што поминаа одкај нас луѓето едниот му вели на другиот гледај бе и силно го шутна кучето, тоа почна да цивка и да бега. Морници ме полазија низ телото во моментот. Не издржав, се завртев и му велам што ви направи кученцето видете колку е мало нели ви беше жал и тој насилнички се подвраќа и ми вика бегај мори ти ќе ми кажеш. Другарка ми ме фати под рака и ме повлече напред, за да не ни направи нешто и на нас. Ми го расипа денот. Незнам зошто во нашата држава не се преземат мерки и животните да бидат под заштита.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  20. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.