[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Их колку ми се смешни овие новогодишните попусти во сите супер-маркети. Ќе се испотепат кој поголем процент на попуст да даде. А, попуст на што? На средства за чистење на купатило, под. Ало луѓее НГ се ближе, ставите попуст асален на месо, не на салами и паштети, на алкохол и други пијалоци, а не на смоки и грицки.
    Бог да чува, жити попустот.
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Немавме печена мисирика на трпезата, ниту пак вино и божиќен пудинг но имавме полен сад пуканќи, убав домашен колач, чоколатца, сокови...
    Не игравме пантоними но игравме бинго,па некои игри со сеншко,ѓи врзувавме очите со марама и се обидувавме да му го ставиме носот на Дедо Мраз.Мора да се пофалам дека и покрај тоа што ме завртиа неколку круга во место не изгубив рамнотежа ниту пак памет и со малку размислување прецизно му го ставив носот :rock: :D
    Не разменувавме којзнае какви поклони но ние им подаривме скромен поклон и честитка од срце а тие нас чоколадни дедомрази на одење.
    Полен стан деца со насмевка до уши.Сите си побаравме по нешто од Дедо Мраз за нова година а нашата драга волонтерка од Америка посака кога ќе се разбуди утрото да знае да зборува македонски без проблем.Колку слата желба па и да видете станот им е изналепен со ливчиња на секое шкафче,ѕид на кои пишува како се нарекуваат предметите на македонски.Уште во ходникот има залепено лист на кој пишува чевли,палто,шал... :angel:
    Убаво е да разменуваат искуства и знаења посебно помегу луѓе кои скоро живеат на различни краеви од светот.Далеку е Колорадо!Инаку нештото што ме фасцинира е тоа што волонтерот кој дојде пред крајот (сепак тоа беше женско друштво) ни покажа на карта како тоа поминал 3000 киломенти со велосипед.Да, да не сум грешка токму 3000, од Лос Анџелес што е на источната страна на Северна Америка до западната страна :o

    Во нивна чест оваа недела не одржавме редовен час во училницата туку се забавувавме во нивниот дом.Сепак мислам дека честа е и наша!
    Сега на ред е нашиот Божиќ па да го прославиме на наш начин :)
     
    На Chocoholic, Doozy и starbucks им се допаѓа ова.
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  4. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.671
    Пол:
    Женски
    Што е љубовта? Дали е кога некој ќе ти нацрта црвено срце и ќе ти го подаде тајно? Тетка ми вели -Не е! Јас си го сакам мојот човек и без да ми црта срце. Баба ми за нив велеше дека во очите им се гледа љубовта. Често ги загледував и неможев да ја видам.. Тие се смееја.. -Не е таму, тука е.. покажуваше тетка ми на градите.Тука ме гори, се потиш, лицето ти сјае, намигнуваше таа. Сега често се гледам во огледало, чинам ја видов!
    Не е реалноста скржава.. ние луѓето сме најголемите скржавци. Само зборуваме за љубов, ја препознаваме во другите, ја гледаме само од далеку. Љубов има во сите нас,само ние се плашиме да ја дадеме..а понекогаш и да ја земеме,па макар ни била пред нос. Скржави сме.
     
    На Divinebutterfly, TeddyGrey, BeYourself и 2 други им се допаѓа ова.
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Колку е само чидно да му речеш на некој докажи ми дека ме сакаш, знаеш дека сакаш да ти докаже ама едноставно нема некој посебен начин да го направи тоа...., а како се докажува со јавување по 100 пати на ден, со романтични вечери, со постојано повторување на тие два збора??? :worried: има ли некој начин за сигрно да се верува во тие два збора? Убаво е да ги слушнеш, но дали се вистински некој те сака или не можеш само да почувствуваш, а да докажеш мене некако ми изгледа чудно. И сепак пак ќе прашам има ли некој посебен начин... :worried:
     
  6. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Многу работи му кажав сношти, ама мислам дека и уште имам да му кажувам. Сакам време, растегнато долго, денот да трае два, да се наситам од животов, од него, од љубов, од радост, ама не.. денот си трае 24 часа, а овој ден се осеќам немоќна за да истраам. Очајно ми треба одмор. Порано сакав да патувам затоа што едноставно ми се патуваше, а сега само за да избегам од овие тажни мисли исполнети со спомени и планови. А ова ми се случува дека сум добра и бидејќи сум премногу позитивна. Кој парадокс во овој сив свет? Да си бев песимист барем немаше да се разочарам. Немаше да талкам ни прашања и потпрашања, ќе си предбидував работи.. глупости, глупости! Тешко ми е, а треба да спремам 2 колоквиуми. Плачевме, се гушкавме. Од каде тој осврт? Мразам несигурност. А колку само мислев дека тоа го добив. Ме моли, ми вика прости ми. А јас имам грутка во грлото. Не си крив, велам, чувствата не можиш да ги раководиш. Ми вика, дај ми време. Да ми се расчистат мислите. А јас го гледам и ми се премотуваат минатите 3 месеци, ме гушка, смирува. Се живо и диво ми се меша: погледи, допири, зборови, песни. Те молам остани позитивна, вели, остани весела, не сакам да те изгубам, премногу ми значиш... Контрадикторности. Не е в ред, си мислам. Нешто му фалит. А јас губам сила. Ви велам ова не е крај. Не е ни пауза. Не е ни пријателство. Збунета сум. Не сум се нашла во ваква позиција, не знам како да реагирам, грутките се редат во грлото, материјалот некако ми се складира во мозокот... Ме прашува како си? Велам, променливо облачно, со повремени дождови, мраз, ветар, студ...
    Ќе му дадам време. Ќе продолжам да учам. Празници се ближат.
     
    На Butterfly15 и Nymeria им се допаѓа ова.
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... одлетав со паметот. :doh: Енергијата некој или нешто ми ја исцица ... сега сум ко мапет кукла. Хах колку интересно, периодиве ми се варијабилни често. Барам константа ... ама не знам дали ја има? :?:
    Ќе чекам ... тоа ми останува не променливо. :tmi:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
  9. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.280
    Допаѓања:
    6.775
    Си ја сакам јас неделата... Иако вчера цел ден бев излезена мене уште ми се шета , ама некако не е толку интересно кога се е затворено.Пак може да се видат среќни парови по улиците и раката од девојката е во џебот од дечкото , а тој има поглед како да го освоил светот.Пак може да се видат мајки и татковци што се шетаат со топли костени и одат дома да се радуваат на елката.

    Јас пак, од радост и на кучето му врзав ѕвончиња , па и тоа нека ја почувствува еуфоријата . :wasntme:
    Ја украсив цела соба со балони , светилки, в детска си наместив 3 ламби ( зелена црвена и жолта ) како диско ми е направена. Си залепив и постери за да ме потсетуваат на времиња кога бев основец и секоја недела чекав да излези Наш Свет и Тин Шема за да залепам некој нов . Дури и на старите места си ги залепив за поточно да можам да го доловам чувството . Дури ги гледав во устата имав од оној прашок што пецка во устата,експлозија :rofl:

    Блузата од мојата прва промотерска работа си ја закачив над креветот како да е фудбалски дрес од Барса , долго ќе остане таму . :wasntme:
     
    На Divinebutterfly и M.a.r.i.l.y.n им се допаѓа ова.
  10. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Ајдее уште малкуу. Ајде уште утре! Ќе помине сеее!
    Оф леле тежок живот Орцешки. Господ да ми даде сила уште овие 1-2 дена да ги издржам and I am the happiest girl on this planet!
    Распусту никогаш не сум те чекала со волку ентузијазам. Мислев дека основно е тешко ама средно е :swear: .
    Ај се ќе помине, го можам јас тоа. ;)
     
  11. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Што е со тоа дека љубовта не се кажува, љубовта се докажува?
    Постојано барам од него да ми докаже, да сакам доказ! Не џабе сакам да станам детектив. :wasntme: Па ми требаат докази бе човече, толку ти е тешко?
    Знам дека ние женските сме проблематични суштества, но што со тоа? Проблематични сме да, затоа што сакаме искрена љубов, внимавај, ИСКРЕНА, внимание .. Толку им е тешко на машките да покажуваат секој ден колку не сакаат(ако не сакаат). Епа не, не можам и не сакам да сватам. Пишувам тука наместо да одам во очи да му кажам се што мислам. Но што ако отидам, кога ќе го видам ќе останам ваква :x .
    Значи ако се жалам често од некого, не сум задоволна од истата личност. Нема без причина да се жалам нели? :^) Па додуша и ништо не е без причина.
    :talk: Бла бла .. многу зборувам, да зборувам затоа што сакам да ја немам оваа грутка на душата. Се надевам дека зборувајќи ќе ми се исчисти грутката, но некако тешко оди ..

    Имајте убава вечер, а јас ќе продолжам да си зборувам сама со себе. :hai:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.095
    Допаѓања:
    1.142
    Пол:
    Машки
    [​IMG]

    СДК,.. се има свој крај.!!
     
    На Marilyn-Monroe, glow, julie77 и 14 други им се допаѓа ова.
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    На Bright, Beauchamp, Lepaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Убаво утро, убав ден... Шуте да имаше 1 метар снег и се ќе беше совршено... И да не беше колоквиумска де...
    Не ми е многу добро, се чувствувам преморено психички. Планирај, мисли, спремај... што да носам на НГ, каква фризура, шминка, чевли, нокти(тоа одлучив де, кај тие девојкиве со темата). Ама сепак се тоа грижи, огромни...

    Ај сега, бек ту риалити... На НГ не ни помислувам, чекам да видам прво дали ќе ја преживеам оваа недела.
    Најубавата новогодишна честитка, колоквиумската недела... Го следев Дедо Мраз синоќа. Како не му е срам да не дојде во Македонија (http://www.noradsanta.org/en/)
    Инаку, да, кога видов дека девојките нудат цртање нокти за само 150 денари, решив да ви понудам и јас едно цртање. Повелете утре ќе цртам логички кола цел ден, и тоа гратис... Ај останете ми подравени... Јава ме чека :(
     
  15. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=13Ks4UIxM7M

    Цел ден денеска ја слушам песнава и се ежам целата значи, солзите сами ми течат. ;( Толку потресни приказни секој ден, а јас се замарам со глупости. Слушајчи ја песнава сфатив колку сум само будала и колку не уживам во животот :!: Колку сум само незадоволна од тоа што ми се пружа секој ден и не наситно барам уште и уште! Добро бе, до кога?! :^)
    Од денес, мора, значи мора :!: да научам да сум благодарна на секој нов ден, да бидам посреќна, зошто треба да бидам! А не, да ме мачи цело време една книга. кој може да се научи во една недела, фустанот, кој треба да се скрати, ме мачи зошто не било црно, туку било бело... Се‘ само нервози и тоа без потребни, банални, глупи и уште какви не, нервози!
    Како што умее мама да ми каже, јас сега треба да се грижам само за себе, ами еден ден ко ќе имам своја фамилија, деца тогаш да не треба и во лудница да ме носат... Ах будала бе, будала....
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Славете ја оваа Нова Година како да е последна!

    Поздрав,
    Маите

    [​IMG]
     
    На angel92, Gordana10 и Nymeria им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Едно нешто заклучив денеска. |(

    Ако некогаш, некаде и некој ме заебе асално во животот, се ќе биде заради мојата добрина. Многу грда особина, да си претерано добар и да ти е гајле за другите. Па ќе те исцедат како лимон. Поубаво си минат тие кои ништо не мислат, за ништо не им е гајле и живеат од денес за утре. Терај баче, тоа е тоа, животот е за тебе. А ти Дузи, наоѓај им се на сите и на секој, мисли да стасаш се навреме, биди одговорна и може некој ќе ти рече фала. Ама може, а може и не.

    Ај ууууууу.... Свирипичино. :envy:
     
    На L-enna, Divinebutterfly, la-chicka и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Гостите пристигнаа. Музиката тивка. Тој облечен, насмеан, веќе на своето место, ја чека да му постане вечна. А таа, во долг бел фустан до земја, поубава од се. Стои пред огледалото и се гледа. Почнуваат да ја довикуваат. Таа вели доаѓам, ја брише солзата и тивко си шепнува: Ова е за тебе битанго, денес принцезата си го најде својот принц, и иако нема љубов во мене, барем нема да плачам како со тебе...



    да потенцирам дека ова не е мое, нити се пронаоѓам, случајно го прочитав и морав да го споделам, се наежив колку е добро.
     
    На Neytiri, Divinebutterfly, Hopeful и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Здравје. Не се цени додека се има!
    Е тек кога го нема, животот и секојдневието махинално се вртат околу таа пукнатина. Недостатокот добива своја форма и штрчи ко наелектризирани влакна. Јавајќи го твојот сон или твојата јаловост, те затекува со документи на сеќавање или моментално дејствување, оставајќи ги мислите недопишани и неискажани!

    Колку е само типично за човекот да помисли на своето здравје кога го нападнала болеста. Колку е само врежано во нашето битие да се мисли на она што веќе се нема! Смешно програмирани цицачи!

    Луѓе се учат да живеат со својата болест! Полжавот со својата черупка. Завиткана ко змија околу телото и душата, тие чекорат со неа, напнувајќи се да заборават на тоа зло, да бидат како другите. Желба за живот, едно длабоко вдишување на задоволство повеќе од оние кои пукаат за здравје, а венеат!

    Здравје! Знаеме што е кога ќе биде утре!
     
    На zhap4e, Hopeful, Miss-Independent и 10 други им се допаѓа ова.
  20. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    Среќа што има асални модератори што одлично си ја вршат работата иначе отиде форумов :x
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.