[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    340
    Ау, аууу незнаев дека ме сметале за толку опасен играч :lol:
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MoonshineAnne

    MoonshineAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    83
    Си седам, полека полека гние надежта во мене дека во набрзо време се ќе се смени и повторно ќе се насмеам мислев дека сум среќна дека имам се што посакав, но тмурното време и дождот ме освестија да сватам дека не е се толку розево :?: на проблемите им нема крај, незнам дали ТОЈ сака да биде со мене, а заминувам,заминувам за 1 недела. Тешко е пробај да ме сватиш, ми значиш премногу во животот не би сакала да те изгубам :sweat: Ах септември зошто мораше да дојдеш проклет септември. ;(
     
  3. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Ваков чуден ден не сум имала никогаш во животот, а богами и сон. :^)
    Сонот - како се двоумам помеѓу двајца додворувачи, од кои едниот е мој тип, мажиште-пастув, голем, висок со чуден хумор, ебачки поглед и страшна интелигенција, а другиот спротивен - мирен, романтичен, со наочари и кој ми се чуде на мојата хиперактивност и енергија. Чудното беше какво курвиче бев во сонот, кога преку ден шетам и водам љубов со вториот не мој тип на маж, а преку ноќ откако ќе ме испрати овој дома, се впуштам во дива акција со првиот. :tmi: Мислам дека ваквите перверзни сонови ќе ме дополудат, со оглед дека сексуалниот живот во моментов ми стагнира, со љубениов што сме на јаве, т.е со дечко ми - сме на различна бранша, па чекаме да помине овој мрднат период кој трае неколку дена и да си се вратиме на безгрижните љубени денови без напнатост и нормално - на добриот секс...ахххх :|
    А сега за денот. Денот беше чуден пошто бев како издрогирана...предозирана поточно. Станав со толку малку сила, тешка глава и недоотворени очи....Кучето да не се разбудеше со мене и да не ме лижеше за добро утро по лицето немаше воопшто да станам, но кога го видов саатот и дека сум спиела добри 10 часа...станав. Си реков да си направам кафе, ама не, немав сила, немав сила да се измијам, па само го земав лаптопот и уклучив серија. Епизодата не беше ни до пола, мене очите ми се затвараа...Таман да заспијам, кучето квиче за надвор да мочка(да да, толку ми е паметна мојата мала негрита, што само за 2 дена си научи да си врши нужда надвор, :clap: за неа). Станав со петни сили, ја почекав и ја пикнав пак внатре со мене. Таа сака да си игра, јас мижам и се губам. Ми студеше, се тресев... Како да знаеше како тешко ми падна, виде не виде, си легна до мене под ќебе. Отворив очи после неколку часа, и се јавив на мајка и на дечко ми, и повторно куфер се додека не се стемни повторно. Значи никогаш не сум се изгубила волку во живот, никогаш волку не сум спиела и не сум немала сила за ништо, нит ми се јадеше, нит ми се дишеше...
    Кога конечно станав во 18.30h, се побркав, се изнервирав и одма летнав кафе да си правам. За чудо бев за нијанса подобра, го мавнав кафето на две голтки, и си се истуширав и средив.
    И за денот да заврше бар добро, со дечко ми конечно заминавме на пиволенд, си мавнавме по една шарска, по две точени скопска, си потапкавме во калта и така премрзнати си дојдовме.

    Денес ми е роденден и полнам 22 години. Боже мој, како вчера да ми беше матурската, или кога се запишував на факултет...времето летаааааааааа!!!
    Не планирам да организирам ништо посебно, освен што ќе го изнесам дечко ми на вечера и пиво, читај пивА и секако очекувам еден добар секс ]:) што мора да ми го поклоне со оглед дека поклонот ми го даде пред недела дена.
     
    На Lepaaa, anichka94, Adi888 и 18 други им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.255
    Допаѓања:
    4.318
    СДК дека урбаните власти можеа да го зачуваат паркот спроти скопски Бристол и дрвото до Бристол, а новите згради да ги градат позади стара железничка. Ем волкот сит ем овците на број ќе беа!
     
  5. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    11.847
    Како бре без компромис?
    Не ми се верува,21 век а некој свет е уште убеден дека треба да му се наредува :o
    Епа тогаш трпи,и нека те бричат на нула :D
     
    На Anonymous996, Gordana10, sweet-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    ...ццц, значи ова со фешн мешн во Њујорк веќе сите граници ги поминува. Типов ги прашува посетителите за некој дизајнер, а они „аа супер, ми се свиѓа“, „многу добра колекција“ итн. Не глумете лудило бре, врска немате!

    Инаку „дизајнерите“ за кои ги прашува, не ни постојат. :emo:
    www.youtube.com/watch?v=Y1-4xJdCt5U
     
    На la-chicka, sweet-star, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Лошо ми почна денот...но, ќе се обидам да го направам остатокот од денот подобар... :)
     
  8. ohana

    ohana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    268
    Ме разбуди прекрасниот мирисот на пица од кујната. Ете, мајка ми станала рано да ни поготви пица. Едвај чекам да биде готова, па како и секоја недела, да седнеме целото семејство да јадеме. :)

    Незнам зашто некој ја мразат неделата. Јас отсекогаш сум ја сакала, целото семејство собрано на куп, сите одмараат, има некоја позитивна енергија. :)

    Имајте убав ден. :*
     
    На Barbie20, cheetah.girl, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    СДК дека кога ми се смее си ги отварам старите мислења од темата Смешни мислења и се смеам. Од оние новиве ни четвртина не можат да ме насмеат...
     
    На prettyliar, Lov3, richgirl998 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    340
    Да имаше барем една недела да се одмориш како човек, да ги наполниш батериите, само една недела ама и таа ја нема :(
     
    На Waka-waka и richgirl998 им се допаѓа ова.
  11. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Зошто требаше ова да се случи? Навистина не го очекував ова нешто од него. Сега сфаќам дека никому не треба да му веруваме. Очекува да му простам? Се трудам, но не можам ;( Не, не и не. Може сеедно ми е, но не знам дали би му простила. Ме јаде во душата тоа што така ми рече. Може нема уште еднаш да бидеме заедно. Може и ќе бидеме. Ма сеедно, што сака нека биде. Во секој случај тој е виновен за ова. Нека размисли и нека се среди. Тоа е тоа. Ова ми беше ужасен викенд поминат во учење, иако не знам дали воопшто нешто ми влезе во главата. Па, наместо да дремам овде најдобро ќе биде да ја фатам книгата :(

    Надвор е убаво и сончево, иако дува по некој ветер, но есен е нели? Па, искористете го времето за шетање. Нормално доколку сте слободни, зашто некој и не е ;(
     
    На Antoninaaa, Anonymous996, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    СДК [​IMG]
    ете тоа сакам да кажам :!:
     
    На richgirl998, Ketrin.Moon, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    4.036
    Пол:
    Женски
    толку .... :emo:
    [​IMG]
     
    На Anonymous996, julie77, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  14. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Депримирана сум утрово.
    Одамна не ми се случило така да изгубам контрола и да потрошам толку пари колку што потрошив вчера :( И душа ме боли.
    А воедно и разочарана сум од Пиволендов ептен, и револтирана од организација! И повеќе не идам дур не се опраат.
     
  15. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    ПОРАНО НА ФОРУМОВ ГИ ИСКАЖУВАВМЕ МИСЛИТЕ СО СВОИ ЗБОРОВИ,А НЕ СО СЛИКИЧКИ НОНСТОП ВО СДК!

    (И јас ко Nana19 се сторив,ама шо да прам,мора да си кажам)
     
    На eliesaab, bittersweet, LittlePinky и 4 други им се допаѓа ова.
  16. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Девојките кои велат “многу мажи трчаат по мене“, не смеат да заборават дека ниските цени секогаш привлекуваат многу муштерии...
     
    На love93, something.nice, ane.bella и 3 други им се допаѓа ова.
  17. cocoa28

    cocoa28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    91
    Братучетка моја, со која во животов сум се видела неколку пати, онака случајно кај роднини на гости и ја имам на фб се разбира, ми пишува прееска за прв пат во животов...Дознала кај работам и директно ми поставува прашање дали сум можела и неа таму да ја "пикнам" , барала добра работа некоја, а била иначе 3-та година на факс (на 28 год), но ќе завршела секако... |(
    Во оваа институција можам да ја "пикнам" секако, ама како хигиеничарка, да шета со џогер по ходници...Ми вика среди ми нешто молим те, и пари ќе ти дадам...Еххх златна, ниту имаш квалификации, ниту ништо, уште и пари нудиш на братучетка...И реков- какви пари бе, доволно е некогаш да се јавиш да прашаш како сме, што правиме...
    Што мислат бе ова луѓево?! Дека со три години средно, службенички чин можеш да добиеш? |( Дали не се информирани дека со дебели квалификации луѓе (доктори, магистри, архитекти...) седат дома или информирани се ама мутави се прават...
    И за крај да биде разговорот комплетен, типката ме прашува како сум успеала јас да "влезам" таму?
    - Хммм...Чекај да се сетам како влегов... :^) Аааа да да...Тоа беше пред 2 и нешто години на регуларен конкурс, објавен од компанијата, каде што при тоа аплицирав со диплома од државен универзитет и меѓународно признати сертификати за англиски и компјутери...Но тоа не беше доволно бидејки имаше уште 100 души пријавено и кога влегов во првите 10 на прашањето кое ми го постави менаџментот за тоа колку очекувам плата промрморев една приближно смешна сума...И тука им одговарав нормално...Иначе ако реално си кажев колку заслужувам, работата немаше никогаш да ја добијам... Кај нас е така за жал...И сега после 2 и нешто години, сум тука и секакви неправди и притисоци се оспособив да трпам...И писмени и полуписмени и неписмени да ги толерирам за секакви срања овде што гледам...! И дежурства скоро секој викенд...
    Луѓево кога ќе им кажам кај работам мислат дека плата земам 40 000+...И мислат дека овде јас се слушам кој да се вработи, а кој не...!
     
    На Sexybaby86, la-chicka, Elennaa и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Fridas

    Fridas Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    205
    знам се. Знам кога и како и колку жешко било.. Не заслужив.
    Се надевам дека е вредна за сите наши години.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Денес ќе одмарам.Ќе научам/напишам нешто малце што имам и потоа ќе уживам.Музика или книга и чајче,и така некако.
    Уживајте и вие. :hug:
     
    На cheetah.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.614
    ... непознати лица ме обвинуваат дека сум била исфрустрирана и песимистка, зашто сум хејтала и мрчела.
    Оф децо... ќе полнам 28 наскоро, а се чувствувам како 68 годишна уморна старица.
    Да му се накакаш на животот во кој скоро полни 15 години отплаќам станбен кредит со моите дома, а некои новопечени парови за половина рата не умеат да се снајдат, па ми кука, се тресе и ми се жали - ти не знаеш колку е тешко!!!
    Душо, знам колку е тешко. Многу веројатно е дека со овој уште неотплатен, јас ќе преминам на плаќање друг, целосно од почеток и овојпат сама, плус бонус 5 или 10 години.
    Кога ќе ме прашаат - како ти помина животот, јас ќе имам подготвен одговор - едно 40 години во отплата на станбени кредити.

    Но, добро, еве да ви откријам мала тајна... кога бев тинејџерка, па и подоцна некоја година подоцна може да се каже, од таа перспектива мене 28 години ми изгледаа прилично многу и прилично зрело.
    Мислев дека ќе имам толку голема плата, што нема да може да ја потрошам. :D
    Жени сериозни го мислев тоа. Мислев ќе завршам факултет, ќе се вработам, ќе напредувам и ќе тече се` така глатко и мазно, фер и праведно, според заслугата де.

    Арно ама, некаде после 23-тата почна да ми кликнува дека ништо нема фер, ништо не е праведно и барем тука - ништо не добиваш според заслугата.
    И да те обвинуваат дека си исфрустриран или песимист затоа што ја живееш и зборуваш реалноста, за мене е болно.
    Дали воопшто ја мирисате реалноста или пак не, или се преправате дека не ја чувствувате (ако е така, ви оди многу добро и сакам и јас да го знам иљачот како се живее без да те дрмне реалната струја едно 16 пати во денот)... споделете, навистина сакам да знам.

    Јас сум прва за тоа да е весело, да се радуваш од среќа, да се гледа чашката полуполна, да се бутка напред и кога си на дното, да се оди со позитивна мисла, да нема плачки пред народ, да стегнеш заби и да потрпиш... на крајот, затоа и си човек, нели?

    Ама ете така некои денови, кога ментално ќе се раздлабочам, навистина не ја сфаќам поентата на таа борба и ете тука ми е болната точка и ете тука се ФРУСТРИРАМ!
    Зошто? За кого?

    Бројот на сакани и блиски лица кои си заминуваат од оваа проклетија расте и кој ќе остане да ја изгаси сијалицата тука?
    Каде оди нашето скапано земјиче, каква пропаст преживуваме и како ќе биде тек за идните поколенија? И вреди ли да стискаш заби и да си пушташ крв од устата за некои лапачи, апаши, непрокопсани и полуписмени на ова парче земја?

    И вреди ли?
    И после си хејтал... море арно не земеш јажиња и да бесиш се` по ред.
     
    На Divinebutterfly, SexiLy, ludoto19 и 43 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.