[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Кога бев мала се замислував себеси седната на еден кров,со црна марама околу рамењата, пенкало ,црвена тетратка,ѕвезди, соништа ,испишани зборови.
    Сакав да бидам писателка.
    И никогаш не се запрашав дали ја имам таа моќ,само сакав да бидам.Сонував.
    Подоцна сакав да бидам стјуардеса.Некаде над се.Во облаците.Во досадна униформа.
    Строг став.И скоро никогаш дома.Замисла.
    Во еден момент се замислував во бел мантил,докторка-зарем,илизија,не би можела да бидам.
    Запишав сосема различени студии,и сигурна сум дека ова е она што го сакам.Таму се пронајдов.

    Јас на илјада начини.
     
    На ariela09, crazylady, Someonespecial и 24 други им се допаѓа ова.
  2. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Типична недела. Сончево утро со кафенце на тераса со мајка ми која уште од рано утре правеше планови од каде ке почнува со чистење. Јас како помлада добив задача да испазарам. Самиот чин на чистење не е убав но после тоа станот блескаше. Чисти прозори, чисти стакла, врати, паркет, изметено..цут.
    Куп книги, тетратки, забелешки, пенкала ме чекаа на бирото, а од другата страна компјутерот не ме пушташе. Тоше и Владо Јаневски со неговата Чаирска романтика ми го одбележаа денот.
    Цеееел ден.
    Кратка средба со другарките, стандард серија трач муабети некој саат време и сите по дома со подготовки за утрешниот Понеделник. Депилации, туш, креми и триста чуда како за на црвен тепих да се спремам , а не за обичен , типичен ден.Но кога мене ми е така убаво , така ке си правам.
    Секојдневно се соочувам со негативни коментари за него.
    Не е тој за тебе, не те заслужува..Па немојте така бе луѓе, убаво ми е мене. :( Задоволна сум и среќна со тоа што ми е повеќе од доволно. ;)

    http://www.youtube.com/watch?v=BVUzV8NF9Rs
     
    На Someonespecial, kala21, SparkyAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  3. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Кога се шетам низ град со пријатели, школски и онака разговараме, мразам кога наеднаш некој ќе ја сврте темата со коментарите за луѓето околу нас. Е види ја онаа каква коса има, види ја онаа каков дебел задник има, е онаа другата малце криви нозе има, оној дечкото па голема глава има...и такви разни глупости за секој по нешто. Е право ми се иде да им кажам погледни се ти во огледало совршена си ? Знам не си, па затоа така си лечиш комплекси. Ама ајде несакам да се карам па си премолчувам.
     
    На Someonespecial, Elennaa, LittlePinky и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Кога и да присуствувам на настан од било каков тип, посакувам и ТОЈ да е покрај мене.На пример, на дипломската, на родендени, матури, свадби...
    Не знам зошто. Но чувствувам некаква потреба од тоа. Мислам дека би се чувствувала подобро.
    Не дека семејството и пријателите не ми се доволни, но сакам и тој да е со мене во најубавите мигови.

    * * * * * * * * * * *

    Денов,како и сите претходни.Друштво, кафе, колачи и по некое филмче.
    Остатокот од денов го поминувам завиткана во ќебе и облечена во топли тренерчиња, со филџан кафе во рака.

    * * * * * * * * * * *

    За прв пат во животов се чувствувам толку смирено и исполнето.
    За прв пат, покрај себе имам човек на кој можам неизмерно да му верувам и да бидам спокојна, не плашејќи се дека нешто лошо ќе се случи.
    И само чекам.Чекам да се врати и да го изгушкам за цело време што не сум го видела :)
     
    На Someonespecial, ludoto19, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Љубов ми недостига, празна сум. Разочарување по разочарување следува. Веќе не ми сметаат, навика стана.
    Сакам некој да ме гушни, да се потруди околу мене, сакам некој да ме сака. Сивило, студенило, мрачност, до кога вака се прашувам. Кога и да се одлучам на некој да му дадам барем најмала можност да ми се доближи ме разочарува. Ми покажува дека не треба да му верувам. Зошто сме такви ние луѓето?
    И што ќе ми се сите тие успеси, сите тие дипломи и чуда, кога немам на кого да му се вратам. Кога немам кому да му верувам, кога немам кој да ме сака. И да се вратам во студентскава соба, ладна е и празна.
    Толку луѓе, а сепак сама.
    Ќе да до септември е, не е до мене :)
     
    На Dvolicen, Someonespecial, Monna.Monna и 10 други им се допаѓа ова.
  6. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Сакам почеток на учебна година. За мене годинава е академска ]:) Денес убаво си поминав и пиејќи си кафенце на тераса од куќа во село се запрашав : Како не ми текна порано ? Речиси 4 месеци потрошени така за џабе. Убаво беше летово само што некако живеев брз и младешки живот. Сега сфаќам дека ми фалела тишина , мир , медитирање. Почнувам нова страница од животот , а не ми е страв. Всушност , тоа и ме плаши. Сум заборавила какво е чувството страв од почеток.

    Од сабајле ќе си турнам шише со вода :D Се радувам секогаш на тоа. Посебно чувство ми е кога ќе го протуркам низ сите скали . Сакам да им посакам на сите бруцоши и студенти да имаат лесна академска година. Со среќа на сите :)
     
    На pamelche и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  7. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    755
    Една година има 31 500 секунди.
    Секундата 1 000 милисекунди.
    Милион микросекунди.
    Милијарда наносекунди.

    Константата што наносекундите ги поврзува со годината е променета.
    Вселената...
    од атомот до Галаксијата е во постојано превирање.
    Но, ние луѓето промени не сакаме.
    Им се опираме. Не` плашат.
    Затоа создаваме привид на мирување.
    Сакаме да веруваме во спокоен свет,
    во дадениот миг.
    Сепак, големиот парадокс останува ист.
    Штом ќе го зграпчиме тој миг,
    го нема веќе.
    Остануваат само слики од него.
    Слики, врежани во мозочните ќелии.

    Секоја наносекунда е поинаква.
    Времето не` тера да растеме.
    Да се прилагодиме.
    Затоа секогаш кога ќе трепнеме,
    светот се менува.
    Меѓу секоја наносекунда,
    светот се менува.
    Електорните се судираат,
    и реагираат.
    Луѓето се среќаваат,
    и на други им ги менуваат патиштата.

    Секоја промена не е лесна.
    И не само тоа.
    Најчесто е болна,
    и тешка.
    Но, можеби тоа е позитивно.
    Затоа што секоја промена не` прави силни.
    Помага да бидеме отпорни,
    и не` учи да се развиваме.
     
    На QueenElena, Antoninaaa, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Баш ми е жал што нема да можам следниве 2 недели почесто да ве посетувам и да ве читам :(
    2ра смена сум :worried:
    Ќе најдам слободно време да ве поздравам а вие немојте да ме заборавите ]:)
    Останете ми поздравени и во добро расположение до следно видување :* :hug:
     
    На Someonespecial, Gordana10 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Не ни треба се’, за се’ да имаме.
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Почнува да ми тече носот. Изгледа дека настинав.
     
  11. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    644
    Страшно ме нервираат оние кои се прават пијани, а всушност се пијани додека да им се јават родителите |(
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Се менуваат работите. До пред некое време јас шетав по преубави места, а сега другите. Е ако де.
    Нас само точачињата да ни се ОК и има да го превртиме цело Ск. Тоа сега ми е доволно.

    Каква жена:
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      12,8 KB
      Прегледи:
      445
  13. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    Само да знаеш колку ми недостигаш, колку сакам да те прегрнам и да останам така. Да се стопам од твојата прегратка, од твојот бакнеж. Да кажеш најмала моја и да добиеш бакнеж.
    На се се навикав, освен на тоа што тебе те нема меѓу нас. ;(
    ТЕ САКАМ ДЕДО!


    [​IMG]
     
    На green.eyes, Monna.Monna, Butterfly14 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Убав завршеток на вечерта ,јас и он арапско благо и чај од кактус,гушнати,заедно и премногу блиски. Цело време пак и пак се заљубувам во него. :)

    Си кроиме заедно планови, се бодриме. Се може да се направи кога сме така сплотени заедно.

    И уште нешто фамилијата е многу важна,гушнете си ги бабите и дедовците ,почитувајте ги и покажувајте им ја љубовта кон нив. За нив нема ништо помило од внучињата.А,јас многу сакам да ги гледам среќни. Не знам зошто,веројатно поради мудроста и блискиот контакт со моите баби и дедовци,ама јас порадо би си седела со баба и дедо него со деца од 1-13 години. на пример. :)

    Имајте убава вечер. :)
     
    На anuskaNESTLE, Someonespecial, Lemonade и 8 други им се допаѓа ова.
  15. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    така е тоа со правата љубов – има топло и ладно
    има далечина за повозбудлива да биде близнината потоа.
     
  16. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    18.000
    Ги сакам овие септемвриски ноќи.
    Си каснав ајварче пред спиење, тазе направено. Си испив една шолја топло млеко со несквик за да си ги згреам коските кои ми премрзнаа вечерва и како за десерт омилениот мачмалоу колач кој што само мајка ми знае да го направи така вкусен.
    Следуваат моите омилени месеци и работите кои што ми се случувале во нив ги сметам за едни од највредните спомени во животот. Ете затоа толку ми е драга есента и затоа едвај чекам да дојде октомрви. Да видиме што ќе донесе опвојпат...

    Денеска преку една организација овде во мојот град носевме стара облека на загрозените семејства. Сакам да помогнам ама уште еднаш се уверувам дека не сум јас за ваква работа. Толку болно го доживувам тоа што некој нема ни за облека, ни за да го прехрани семејството. :x Слушнавме неколку стории, тешки животни случки, видовме многу болка, страдање и очај во нивните очи. Сега знам дека на нив ќе мислам уште многу долго време и дека секојпат кога ќе си легнам ќе ми се врти низ глава тоа како јас спијам во топла постела а некој нема ни кревет, јас пијам млеко, сокови и чаеви а некој на своето дете може само да му преврие вода од бунарот зошто немаат средства да платат вода а камоли да им купуваат сокови.
    Жално е, неправедно!

    Сепак, животот продолжува, се надевам само дека има подобро утре за сите нас.
    Мања е сита, мачките се на број, серијата симната. Време е за уште една непроспиена ноќ.
     
    На Someonespecial, Monna.Monna, Hipster и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Agawa

    Agawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    280
    Да зборувам за љубовта-нема смисла, непресушна тема е, за некои е болна, за некои убава.
    Да зборувам за времето, не сум метеоролог, не сум ни таксист. :D
    Оваа вечер радо би зборувала за пријателството, зашто сите нели сме имале минимум една другарка која сакала да го пое*е нашиот живот, се мешала како зачин во јадење.
    Баш се присетив на една моја таква “другарка“ со која (за среќа) повеќе не сум во контакт. (и не би сакала.)
    Како можат да се однесуваат како да се на сцена? Си ја глумат улогата, се поклонуваат и пријатно.
    Моето искуство со таква личност беше ужасно и не би сакала да му се случи некому.
    Таа ми беше најдобра пријателка, ја чувствував како втора сестра, а таа си поигра со мене и моите чувства. :( Беше ужасно љубоморна на мене. Се обиде да ме скара со дечко ми, се обиде да ме оддалечи од сите, но повторно ќе речам среќа зашто насетивме што сака да ни направи. :devil:
    Ах, сега се присетив дека имам пишувано за ова во темата љубоморна другарка, али шта чеш, ми натежна на душава тој момент, морам да се исповедам некаде.
    Многу ми недостасуваше на почетокот, но сега сфатив дека околу мене имало дааалеку подобри личности од неа, личности кои знаат да ме почитуваат, ценат и сакаат.
    За сите што преживеале или преживуваат нешто слично, Ве молам издржете, не се предавајте толку лесно, не дозволувајте да ја забележат Вашата несреќа, одете цврсто, со став и дигната глава, со широка насмевка на лицето. Ќе помине со тек на време. ;)
    И имам една порака до сите Феминки: чувајте се од пријателите. :!:
     
    На Anonymous996, I.want.to.sleep, leighton23 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Абе дечки, искрено... многу сакам да куцнам нешто во темава, ама не знам што да куцнам. :D Ама пак ќе кажам, стварно многу сакам. :D

    Еве, ќе куцнам, дека конечно ми проработе микрофонот! :rofl: И го чекам моментот кога ќе нема никој дома, за да завладеам у некој замислен спот. :D Абе јас знаев дека немам некој глас, ама ја ептен сум немала глас, бе. :D Кога се слушам низ звучници, ми иде.... не знам што ми иде, ама ми иде нешто. :D Битно го сакам тој филинг, со микрофонот у рака. :rofl: Па као да сум у живо на некој фестивал, гајтанот си го плетам меѓу прсти... :D демек некоја рокерка, а уствари ја рикам: - Ови зидооооови, душе имајууу, више него тиии! Абе шта да ти причам, кад све знаш. :D

    Иначе напредувам. Да, да, одам нанапред. Решив дури 3 задачи математика, што беа за домашно. :bow: Абе знам дека 3, звучи ко: - Ееее, три. Големо чудо. [​IMG] Ама за мене 3, звучи ко: - ТРИИ! ТРИИ! ТРОЈКААА! ТРОЈКАА! Тројка за плус на тефетер, на Македонија! Тројкаа! [​IMG] Оти знаете зошто? Зошто не се само три... туку тие три имаат под а.) б.). в.).. ехее. [​IMG]

    Ајт, отидов да си ја продувам косава на фен. Да не биде после - АаааааааааааааПчу! Или не дај Боже: - ПчууууууууА! [​IMG] Елено, доста дрндлаш, иди шетај.
     
    На Sanniii, Someonespecial, Anonymous996 и 17 други им се допаѓа ова.
  19. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Има денови кога седиш дома и не знаеш што да правиш со себе си! Ама затоа има и денови кога на сите баш тогаш ќе им текне да те викнат да искочите...
    Е сега ако си емотивно суштество како мене и сериозно и одговорно си ги сфаќаш работите ќе гледаш на сите да им угодиш и никого да не навредиш,ама на крајот пак си крив и некој е незадоволен!!! Што да правам,се уште не сум ја достигнала уметноста да бидам на повеќе места во исто време! :?:
     
    На Anonymous996 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MoonshineAnne

    MoonshineAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    83
    Си го средив проблемот со либето и сум пресреќна ( иако качив притисок бре од нервоза ) аааа си го сакам најмногууууууууууууууууууууууууу добро не толку хахаха и да јадев ајвар :* :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.