[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Седам вчера во двор, пробувам да го прочитам неделниот весник кој е бре огромен, пробувам и кафенце да пијам без притоа да ми оди умот во цигарче, во скут ми седи малиот и тој ѓоамити чита, со нога го лулам бејбито и тој ѓоамити ќе спие, кревам главата и го гледам татко ми, стои и солзи му течат. ;(
    Поучена дека не може кај нас доброто да оди без лошото скокнав и чекам да ми каже сега којзнае што се случило а него го вратила глетката 30 и кусур години назад кога се враќал од работа и ја начекувал мајка ми во двор со брат ми во скут а јас во количка, читала весник со кафенце и дека личам ептен на нејзе се растажил човекот, а не е лесно да гледаш толкава карпетина од човек кај што плаче а да не се расплачеш што веројатно и ќе се случеше доколку не не насмеа нудистчето, се смее и вика на дедо му се дупнале очите и му течаат. :lol:
    Толку ни требаше, една смешка од малиот за да ги избришеме солзите и да се вратиме на повесели теми.

    Татко ми дојде да ми каже дека на братучед ми некој другар со девојката биле тука, да сме се виделе, место мене да ми се јават му се јавиле нему и му оставиле број кај да ги барам.
    Ај се јавив сакал дечкото као да го упатам околу некои работи тука и иако не сакам уште со малиот многу, многу да шетам за атер на братучедот го убедив и мм да се видиме на кафе.
    Отидовме на договореното место, чекавме преку саат време да се појават, да не зборам колку само го убедував мм дека ете, само што дошле сигурно уште не знаат да се снајдат, инаку тој беше спремен да си оди после 15 минути, ете ги двајцата, таа коконата не можела од дома да излезе без пеглана коса и цела ратна опрема во вид на шминка |( и 20 пати да се пресоблече пред да најде во што изгледа топ.:swear:
    Тоа дека сме излегле ние од дома со 3 недели бебе, дека дремеме и чекаме за нивна потреба, сме одвоиле дел од слободниот ден за нив, нема врска тоа, важно е косата на госпоѓицата да е пеглана, бреееее ништо да не се ценело. :fubar:
    И ајде место да прашуваат што, како е тука таа госпоѓицата му се нафрли со прашања на мм, каков телефон има, што вози, што работи, колку плата зема, и светнаа очињата кога кажа мм што вози, иако нему не му е јасно зошто го прашува такви работи ама мене ми се совршено јасни ]:) , му се залепи како фластер, ни срам, ни перде, ни дека со дечко е, ни дека мм е со мене и двете деца, не ми се веруваше на очите и на ушите :x
    Сум излегла од дома за да им помогнам нешто ако сум во можност, таа бре мажот сака да ми го заведува, е ај сега помагај да те видам. :doh: :

    Мм ми вика да не се женските од таа твоја фемина (му преведувам некои интересни мислења) ќе мислев дека сите женски од Македонија се расипани и уште еднаш ако ме натераш да седам во друштво на вакви луѓе ќе те оставам. :sweat:

    Што не ми идел паметот мене, не ми идел, вака под закана на развод можеби ќе сум се свестела да не помагам и на кој треба и на кој не треба, ќе си го слушам мажот, што да правам, не сакам да бидам самохрана мајка за туѓи ќеифови. :)
     
    На Doozy, ozbilnazena, anuskaNESTLE и 43 други им се допаѓа ова.
  2. Duchessa

    Duchessa Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    43
    Смешно е тоа како за личноста за која би примила куршум е всушност онаа која го држи пиштолот.... :x
     
    На Anonymous996, eliesaab, dejana2 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Периодов се осеќам најосамено од цел мој живот. Ми фали вистински пријател...

    Со другарките не е тоа што беше. Незнам зошто ама неможам да им се отворам и скроз искрена да бидам, појма си немаат што е анксиозност, и како кога најмалку очекуваш и мислиш дека си ги надминал доаѓа со поголем интензитет од предходно и полека те убива. Малку по малку се одалечуваме. Си фатија дечковци- мислам се е тоа супер, многу ми е мило за нив, навистина.

    Незнам што ми е деновиве, цело време си плачам. Дали е пред пмс синдром?! Или само си се тешам... Осеќам како се ми е собрано само проблеми, грижи... Што од финансиски аспект што моментално неможам дома никако да придонесам. И оваа проклета несоница. На 1 од 3 вечери асално спијам. Сонот ми стана луксуз. Толку ми е пореметен биоритамот што незнам зошто ми е толку тешко да заспијам?
    Како проаѓа времето се појасно се гледа дека престои тежок период, се иде на полошо.

    Незнаете летово колку cv-a имам испратено, и само разочарувања. Скоро секаде бараат со 2 годишно работно искуство најмалку. Од друга страна идеш на пракса во "робовладетелскиве фирми" :tmi: така ги викам бидејки немаат никаква почит спрема практикантите :tmi: колку толку да добиеш "искуство" а се правиш освен за тоа што си се пријавил-нешто да научиш од струката. Каде постарите вработени се осекаат загрозено боже сачувај да не им земеш од лебот. Случајно да не научиш нешто ново.
    Чест на исклучоци странскиве фирми, каде и влегов во потесен круг, но не и во финалниот бидејки само 1 човек бараа. Се што барам е како млад дипломиран студент да ми се даде само шанса да покажам што знам и спремна сум за понатамошни надградувања. На моменти ја мразам државава.Тука скоро 90% е партиски, нема фер игра, газот си го продаваат за пари. :swear:

    Порано ги осудував луѓето што зимаат Бугарски пасоши, ама како растам сфакам дека сум грешела. Толку многу сум избедирана од скапанава држава, која сама те тера на тој чекор.
    Само се инвестира во споменици, мостови, фонтани. Измислуваат плус давачки за град Скопје, секако мора од нечиј џеб да се плакаат одржувањата на спомениците, и таа струја што ги осветлува, мислиш во Лас Вегас се наоѓаш! :geek:

    Ајде доста мрчам, се одјавувам уштедна непроспиена вечер... :tmi:
     
    На Anonymous996, eliesaab, Hipster и 8 други им се допаѓа ова.
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Епа сакам да имам куќа, било колкава, но мора да има барем три соби. Истата куќа би било пожелно да се наоѓа на локација каде што јас би можела слободно да се ебам со дечко ми и тоа без никакви проследени мисли дека некој од комшиите би можел да ме гледа додека го правам тоа. ОК да ја оставиме таквата локација на страна, скапа е таа. Да си замислиме дека ќе имам услови барем мојата куќа да ја забарикадирам со средно големи дискретно светкави камења. Тоа би било нашата ограда. Да си замислам дека моите идни комшии нема да бидат како овие кои ги имам.

    И дел викаат дека нема ништо лошо доколку таа некоја се обидува пред ваши очи да го заведе вашиот партнер. Викаат се во животот е ризик. И дека таа не е виновната. Дека тој е. Чекај, тој е виновен што нејзе и се присакало нешто туѓо.
    Епа има ситуации кога тој се наоѓа на определено место поради мене, а ете некоја моја другарка му се пушта. И што треба тој да направи?! Кој е правилниот начин, да ја испцуе или културно да чека да заврши вечерта, бидејќи нели од почит кон тоа што ми е другарка?! Па видете сега, штознам. И после да ми каже дека несака во живот да ја види таа моја другарка која би требало да се помислам дали ми е другарка. И да ме советува дека не се што постои е добро наклонето кон мене и мојата среќа.
     
    На Kaley и bittersweet им се допаѓа ова.
  5. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Ќе биде виновен ако подлегне на тоа. Таа што си е гуска, покрај тоа па и другарка, тоа за неа си е, со здравје нека си го носи достоинството што го нема. Правилниот начин е секогаш културниот, достоинствениот. Ќе звучам ко семе синапово, ама, секакви личности и секакви ситуации ни носи животот, важно е ние како ќе се справиме со нив. Многу е подобро кога се одбегнува било каква драма, поболно е за другата страна кога гледа дека не допираат до тебе некои работи.
     
    На karenin и manja666 им се допаѓа ова.
  6. Duchessa

    Duchessa Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    43
    Мамо..Тато ве сакам...ве сакам повеќе од се..Ви благодарам што секогаш сте тука за мене...Најмили мои :inlove:
     
    На Someonespecial, Barbie20 и LittlePinky им се допаѓа ова.
  7. ohana

    ohana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    268
    Денес рано станав бидејќи сум втора смена во школо. Па и редно беше мислам. Веќе прва смена неможев да издржам. Ко вампир одев во школо. :D

    Дај боже, да престане дождов што поскоро.. Го сакам дождов, само кога сум дома и гледам како врне низ прозорецот, но кога треба да идам некаде, едноставно го мразам. Целата лом се правам, од глава до пети. Дали е до чадорот или јас незнам убаво да одам :^) :rofl:.

    Ајде нека ви тргне на убаво денов. :*
     
    На hermosa, tirkenbal, HollyWoodGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    623
    Пол:
    Женски
    Ете така од нигде негде решив! Денес е ден за гледање цртани! Ме спука некоја желба за Ариел,Принцезата лабед и Аладин! Отидов ја во светот на бајките,а вие бидете така! ;) :lol:
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    17.814
    Пол:
    Женски
    Шок, шок, шок...! :@
    Ми се срушија и тие малку надежи што ги имав. Несреќава има шанси уште да предизвикува несреќи тука освен ако Господ не и го дозволи тоа. Божје чудо ќе биде ако си отиде дотичната и да има некоја шанса за мене.
    Ќе испадне работава - "Она или ја", ако не испадне ништо, односно ако не се промени ништо, јас си одам.
    Ова ми беше ладен туш овој половина час откако дознав за истото.
    Дали навистина нема правда, или сепак има, нека се докаже тоа.
     
  10. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    13.489
    Ви имам ли кажувано за мојата стас за готвењето? :?: Изгледа не :D Да не се фалам ама феномен сум у кујна. :$ Ми прави голем мерак,можам со часови да поминам таму.Не е битно колку ќе сум стресна и изнервирана,таму си го наоѓам лекот,кујната е мојот спас,ме релаксира на неверојатен начин.Креативноста ми иде до максимум,се е така природно,ми иде од рака шо викаат :D
    А задоволството кога моите ќе направат „метла„ е непроценливо.Најголем предизвик и моја јака страна ми се тортите.Сонот еден ден да се бавам професионално со тоа е ГОЛЕМ.Само да се исполни се друго ќе баталам :D
    Малку ме зеза нередот у кујна после тоа,али манијакот за контролата и педантноста во мене ме греби и се се средува за ал минут :D
    Почна да миришка!Кој е за парче торта со мармалад и кафе,нека крене рака!
     
    На Someonespecial, Anonymous996, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  11. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Конечно втора смена во школо.Касно било за враќање..Па нека биде,бар не станувам во 6.
    Си поспав денес до кај 10,па сега викам да ве видам како сте,што праите :lol:
    Јас-супер.Да не се урочам,сега за сега-топ. :lol: Иииии,бидна нешто убаво. :wasntme: ^_^
    Како и да е,да не должам,отидов да најдам некое интересно филмче на тв,па после да се спремам за школо.
    Имајте убава работна недела. :hug:
     
    На The.Crab и tirkenbal им се допаѓа ова.
  12. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    384
    СДК.. хелоуу феминкии :*
    Имајте убава седмица. :)
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.446
    Допаѓања:
    127.359
    Едно запче помалку :^)
     
  14. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Еден од ретките понеделници кога едвај чекам да се облечам и да започнам со извршување на обврски, да парадирам со точкаскиот чадор низ места, да ја пафтам косава уз одење и да си повторувам во себе дека од денеска официјално сум на диета, и нема да го купам топлото лиснато со кашкавал од Вегера. Мај факинг 3Д линија лајкс дис!

    Не знам што ми е, у последно време јадам као трудна жена пред апокалипса.
    Вчера најдов замрзнати мекици у фрижидер, ги смотав одма со ајвар и сиренце, као термит. Не им кажувам дека сум ги изела, и така сум одговорна пример за пола кантичка крем изедена вчера вечерта, да не ми дојде многу. :sweat:

    Мајка ми добила унапредување, во саботата ми купи топли кикирики за да ме почастела.
    Кај ти текна жено кикирики, еве јас иам леблебија, па ќе искомбинираме.
    :D

    Не знам,предосеќам дека паралелно со есенва што следи,многу нешта ќе си дојдат на свое место, а јас конечно ќе се мрднам од мртва точка со килажава...
     
    На feminium, Vikica.cuci, Foreveryoungiwannabe и 16 други им се допаѓа ова.
  15. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    [​IMG]

    Понеделник.
    Нова седмица,
    нов ден,
    нов почеток,
    нов предизвик.
     
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    102.069
    Пол:
    Женски
    Живот ...чорба.Правење ајвар (иако не знам што хранливо останува во него ,после она силно матретирање на пипиперките),џемот од сливи на сталажа,слаткото од смокви се уште дреме замоткано во старо кебенце,од лозницата ми паѓаат презреани зрна грозје,со маж ми пак сум скарана.Еј,пак...по еден денар да ставав на страна од секое наше карање досега ќе бев некаде на Хаваите.Си држам предавања самата на себе дека другите не можам да ги сменам,а само себе можам ,а се трудам од петни жили.Не оди бре,зарѓавена сум...

    Ме мачат дилеми,немањето работа...а што нема нема брате,па ако сакаш и на трепки оди.А што е најважно сите те гледаат чудно као абе тебе ти поминал возот што сакаш .Има млади кои треба да работат...е има да,ама ние од мојата генерација ќе венееме и чекаме нешто ни самите не знаејќи што.И се разбира тоа ти го вели некој кој знам дека си го купил факултетот,зашто ете по некое чудо парите нему не му се проблем.Нешто као на трафика..
    -Добар ден,една диплома ве молам по....и 2 мастики за џвакање,ма дај три нека оди животот!!
    Преспиеш дома и утре си пуф новиот академски граѓанин на државава.Ова знаете за која категорија на луѓе го кажувам, не се однесува на сите.

    Клепајќи го постов се сетив на една приказна за еден човек ,кој вечно сонувал да се најде во земјата на Божјите дарови.Се обратил на Бога да му подари нешто од тие дарови зашто му било дојдено преку глава од изгубени надежи,лаги...а Бог му кажал дека нема готов производ туку дарува само семе на среќата,а од луѓето зависи дали тоа семе ќе даде род или не.
    Го сеам јас тоа семе,само некако многу се бори со коровот кој како за инает упорен е до бескрај.Сака да ми ја угуши билката ,ама не не ја давам,моја е .Во таа саксија е моето се,децава ,мажот иако сум скарана со него,мама,споменот на татко ми ...и животот ,кој одвреме навреме ме протресува да го погледнам в лице и да му се насмевнам.

    Да не должам ме чека шерпата за рибање,како само успеа да ми загори ?
     
    На Peppermint, la-chicka, Someonespecial и 28 други им се допаѓа ова.
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.993
    Отров горко кафе и топли балади на плеј листа.

    Сума сумарум, во фаза на замонашување сум. :lol:

    Немам сексуални деланија, 7ми ден сум на диета и режим кој подразбира дисциплина на духот,а не на телото, штедам пари и се лишувам од зјапање по излози и купување глупавки работи, читам многу, читам, читам и со наочари за читање на носот заспивам и кругот е тој. Чекам, па ме чекаат. Договарам, па ме договараат. Оговарам, па ме оговараат. И животот тече, а на свои 26 што сум направила?
    Не сум кредитоспособна, немам никакво финансиско ќоше на кое можам да се потпрам, освен платата секој месец, и ете помагањето дома, новиот фрижидер што го отплаќаме со сестра ми, сметка за интернет која јас ја покривам и евентуално тргнатите пари на страна за патувања. Не е малку, ама е едно големо во споредба со реалниот свет - Ништо.
    Срамно е и на моменти ужасно разочарувачки што во ваква шлајка од Универзумот сме паднале. И наместо да се кука, мора да се продолжи, нели.
    А баш вчера си најдов џамлија среде огромниот плочник кај Сити Мол. Мало стркалано зрнце вечност, паднато од нечиј џеб. Тоа ме најде мене, можеби.
    Којзнае уште во колку големи шлајки ќе бидеме голтнати или ние ќе голтнеме некоја метафора.
    Роденден на девици колку сакаш. Нека се живи и здрави. Ракии на екс не се добра идеја, никогаш. Се смешкам на социјалниве траги од егоизам и се прашувам постојано. Микро нешта за макро одговори.
    Нешто како дилер на информации.
    Па тоа е прекрасно.
    Во Нант се’ е зелено и човек може да си купи велосипедска карта ако не поседува лично точаче. И тоа е сјаен податок за еден град. Имаат 300 дождливи денови во годината. Близу е до океан. Се повеќе размислувам за дестинации на кои не сум била а едвај чекам да стапнам. И да се разочарам, сакам да ги отпатувам. Да го размрдам својот паланечки газ.
    Во саботата низ Чаршија владееше блуз атмосфера. Истите луѓе и истата шема. Нема што да барам друго. А зарем барав, си викам!?
    Старци во филм дека се воскреснат Џим Морисон, визуелно убави а внатрешно трули луѓе насекаде. Па си викаш, ок, ај ќе џапнам ракија. И добив бизарен комплимент од една пијана будала - "Имаш очи како Богородица".
    Sur-really?
    А најубавото допрва почнува...
    Долги ноќи, кратки денови, какао со вкус на далечина и нов проект со Милиана. Куклен театар за деца.
    Шилеа постојано нешто прави, а како ништо да не се дешава. Сте го имале тоа чувство? Јас, во тоа чувство живеам мислам дека!
    Ајде, да видиме, што ќе донесе есента.
     
    На EmGreen, Someonespecial, Anonymous996 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Понеделник. Се осеќам ко заспана убавица :^)
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.804
    Пол:
    Женски
    Синоќа праев муабет со една особа шо ја знам од средно и денес е газдарица.
    Женава ме шокира со тоа колку е способна да им наштети на вработените за да мисли дека им угодила на муштериите,

    И јас и` викам „Се` си е тоа убаво, убаво е и што ги држиш под дисциплина, нешто ако мразам тоа е мрзи кои само знаат да кукаат и се непристојни со клиентите пошо, еј поради нив треба да се мачат кутрите. Ама има едно ама. Кога си ја работат работата што си ја бараш бељата? Ако ти се разбегаат, ќе успееш ли сама на сите да им удоволиш, м? А Скопјево мало е. Село е ***те, исто како и земјава. За еден саат моеш да дознаеш информација за некој кој живее на другиот крај на државава ако сакаш. И така стално ќе ти бегаат вработените и мене би ми било шубе да ти се поверам како клиент у тој случај. Не се праи и поп и оџа коа не си у таа состојба. Третирај ги како работници, ама и како луѓе, пошо самата ќе се зезнеш. Ако од клиентите добиваш пари, не значи дека се повредни од вработените. Сепак тие вработени работат во услуга на тие клиенти.“
     
    На Someonespecial, ilipili, senza.parole и 4 други им се допаѓа ова.
  20. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    660
    Се разбудив пред 1 час.Поспана.Косата разбушавена.Нормално и стандарно...се движам кон кујната со затворени очи и мислам на мирисот на нескафето.Клавам во црвената чаша повеќе кафе и шеќер и млеко-вода...и го мешам... |-) сеуште ми се спие. Па како да не ми се спие, времево ме полудува. Ме полудува помислата што неможев да се расонам 30 мин. Потоа зедов и јадев бело грозје, онака тоа го имаше на маса.. и му пишав порака на срцето мое. Се договоривме за на кафе :?: а како ли ќе одам на кафе |( ми се спие, ладно ми е...аф ;( сакам да останам цел ден дома. Во топла соба. Сега размислувам што да носам а притоа да ми биди топло...и најверојатно ќе пијам чај. Поздрав до сите, убав ден ви посакувам
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.