[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.589
    Допаѓања:
    5.936
    Да бидам пластична макета од излогот,облечена според најнова мода и со скапи,брендирани парчиња на себе? Да го ставам најскапиот веш,кој повеќе отскрива,отколку што сокрива,за да не се заврти веќе по ниедна друга? Да му забранам да се гледа со другарите,да се опива до утро,пијан да ми пее серенади под балкон?Да ја офарбам косава во руса,само зашто блондинките му се слабост...
    Да ослабам некој килограм и да ги надујам градите со силикон или да отидам на потемнување за да потстетувам на Латиноамериканка? Да го бакнувам само отсечно и да прочитам кога тој тоа го сака? Да се согласам на неговите луди фетиши за да станам идеална девојка во секоја смисла на зборот? Или нему доволно му е и тоа што ме има?
    Ама сум будала :@
    Сигурна сум,дека човекот се вљубил во тоа што и која сум,а не во тоа што и која би сакала да бидам.Во денешнината е тешко да најдеш некој што ќе го прифати секој дел од тебе,спакуван со минатото,сегашноста и неизвесната иднина.
    Нека не е вреден,ни привлечен. Мене се што ми треба е еден миг насамо,да го прегрнам, а таа прегратка да прошепоти низ мојата телесност дали срцето го избришало,дали за душава не е вреден и дали на ова напатено тело не му е привлечен како порано. :worried:
     
    На Agawa, Someonespecial, Monna.Monna и 13 други им се допаѓа ова.
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Кога се одолговлекуваат некои вистини,кои треба да бидат кажани..станува уште потешко.
    Бидете храбри,и не ги одолговлекувајте работите.
     
    На Agawa, eliesaab, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Се' се враќа, се' се плаќа.....
     
    На Agawa, kala21, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  4. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    трпение спасение...
     
  5. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Да, наместо да си седам пред компјутерот, морав да отидам на училште :lol: ...
    Го мразам понеделник...
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.614
    ... Кога мајка ми започнува нова диета и суптилно ме буцка да и` правам друштво, би можел да биде насловот на една мини мала книжна одисеја.
    Тогаш таа го киднапира сето овошје од гранапчето и почнува да ја прави нејзината пилешка чорба што е толку добра, да посака човек да се вратат супите како дел од свадбеното мени.
    Го крие белиот шеќер, го вади на мегдан кафеавиот.
    И задолжително откопува парче облека, знаете од оние кои стојат подеднакво добро и кога си послаба и со некој килограм +. :lol:
    Облеката за успешно маскирање на салцето. :D
    Купува ново парче и свечено го носи како некоја руба за ритуалот кој ни претстои.
    Огнено те крштевам со ова ново парче облека и нека ти е среќна новата диета. :D
    Јас барем така го доживувам тоа.

    Па да се помисли човек кој ќе биде пазачот на килограми откако ќе си заминам од дома.
    Дали тоа ќе биде оставено на сопствено расудување (тешко мене :sweat: ) или пак можеби е срамно да гнетеш толку многу пред партнерот, па така ќе се симне некое килце?
    Или двајцата ќе се ставиме во мисија на полноќно празнење на фрижидерот и помфрит и пинџур во 2 по полноќ? :sweat:

    Поискусните нека споделат молам. :)
     
    На bittersweet, Sexybaby86, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  7. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Другар/ките се делат на:
    -неможам сега
    -чекај ме доаѓам :)
     
    На love93, something.nice и Ana122 им се допаѓа ова.
  8. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Поубаво нешто од тоа да седиш во својата соба и да го гледаш дождот низ прозорецот, има ? - Нема
    Поубаво чувство од тоа дека си на безбедно, дека си во својата најмила родна држава, има ? - Нема
    Да бев сега во Вурнлинген, Баден, Цирих или Берн на секои 45 секунди ќе се вртев назад дали има некој манијак што ми се приближува.
    Леле, Господ да ме земит, заборавив чоколадите да ви ги дадам.
    Повелете :*
     

    Прикачени фајлови:

    На kala21, Jule.Sk, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  9. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Ете ме и мене на форумот :)
     
  10. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    Добредојде :*
     
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Ете те, добре дојде, седи на една ракија
    http://www.youtube.com/watch?v=iCeikC18oUc

    :D
     
    На Someonespecial, Anonymous996, Nymeria и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Денес сум си во некое релаксирано издание. Си седам на фемина, близу до прозорецот, слушам како тивко си врни и одвреме навреме ги релаксирам очиве со глетката. Ајде уште малку, па да почнам да учам. Денов ми беше навистина убав, полека но сигурно се враќам на навиките за учење.
     
  13. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно се декларирам како метеоропат!Погледни го времето надвор и ќе знаеш како сум расположена.
     
  14. MoonshineAnne

    MoonshineAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    83
    :?: Станав многу порано од вообичаено поради дождот ми свртеа мојте алиштата да ги соберам ( ох мај гад ) ајде некако истрчав средив се, влегов и аронот мој се разбуди коа почна да ме влече да се играме ми скока в кревер гризе ајде станав се играв со него малце го изморив и двајцата заспавме, дождот полека си врнеше а јас абер од станување немам, ајде сеа сакам верва со либето да искочиме ах, незнам тоа колку ќе е можно ако врне.
     
  15. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Мојот прв факултетски ден.
    Мојата прва грешка.
    Факултетот е одличен,но не и луѓето во него,не и атмосферата.
    Во мене владее некое грдо чувство,нешто кога знаеш дека не припаѓаш таму.
    Едноставно не му припаѓаш на градот,и градот не ти припаѓа тебе.
    Криво мие за Скопје,за скопскиот фамозен студенски живот,кој јас одлучив да го прескокнам.
    А сонував дека ќе го осетам.
    Во ред е ....и понатаму се водам според клишето така требало да биди
     
    На Ketrin.Moon, Someonespecial, pamelche и 2 други им се допаѓа ова.
  16. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.576
    Допаѓања:
    175.053
    Не можам да се изначудам на луѓево кои ги имам на фб.....
    Значи,се е тоа убаво(донекаде),кој ставил слики од одмор,роденден-свој или на децата,свадби,матури....ама,кога ќе видам чинија со јадење во гро план...незнам дал да плачам или да се смејам....
    Како го толкувам тоа....простоќа,нешто како еј видете бев во Будимпешта,не гладував,еве јадевме со сопругот во KFC-а на сликата ...жал да те фати....
    Или гледаш гиро сликано од 10 см.Не треба да размислуваш кај бил фб пријателот на одмор....
    А имам и една школска,која, душичка,секој оброк кој го спрема го слика и постира на фб... :^)
    Што да кажам понатаму...
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  17. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Добре дојде во клубот на метеоропати :D ;)

    Симптоми на метеоропатијата се:
    психички: умор,нагли промени на расположение,смалена способност на концентрација,безволност,раздразливост,апатија/состојба во кај човекот што ништо не може да предизвика ни радост ни жал,и пореметување на сонот.
    физички: Главоболка,мигрена,мачнина,вртоглавица,ревматски болки,болки на места од стари повреди,болови во мускули.
    • влошување на срцето на пример срцебиење,покачен притисок итн.
    мојте спаѓаат во физички
     
    На alekce83 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Сакам да кажам дека ПМС би требало да биде именуван како тешка психичка состојба а не синдром.
    Синдром? Аха, важи!
    Ме разбудија ужасни болки во долниот дел од стомакот и грбот. Станав за да си ставам топло шише за да го стоплам местото и да престане да ме боли. Отворив фрижидер да земам апче и тука започнува мојата голгота.
    Ми се јаде кисело, благо, луто, солено. Мислам дека ваков апетит немаат ни сите трудници на форумот заедно.
    Смачкав половина тегла ајвар, паралелно со варени јајца и шопска салата. Грицки, чоколадо, млеко, брускети, сето ова се работи кои веќе ги нема во нашиот фрижидер затоа што морав добро да се наждерам.
    И уште ми е малку а гледам дека сестра ми ќе прави некои запечени лепчиња така да започнува вториот дел од денешниот маратон.
    И толку многу негативна еденргија имам во овие денови што се чувствувам целата накострешена како бесна мачка на која сите се плашат да и пријдат. Гледам ме заобиколува мајка ми цело утро, веројатно сфатила жената какво чудовиште чува денеска во куќа.
    И вака накурчена сега ќе ги замолам да направиме една генералка во куќава. Мрзи невидени станале. А и морам овој вишок енергија да го искористам на правилниот начин, знам дека во вакви денови нема многу да се бунат. И така...
    Ајмо, ред, рад и дисциплина.
    Проклет женски синдром! :devil:
     
    На julie77, Sexybaby86, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Разочарана сум! Исфрустирана, нервозна, а од друга страна ми доаѓа да плачам.
    Во моментов сакам да сум било каде освен тука. И да, би си ја лажирала смртта! Подбро никој да не ме знае, и јас да не знам за никој. Не сакам да сум овде. Тешко ми е.
     
  20. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Не го сакам принципот "Памти - па врати" ..тоа би ми го извалкало образот. Нема подобра победа од тоа да погледнеш во нечии очи и да не почувствуваш грижа на совеста.
     
    На love93, something.nice и Gordana10 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.