[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Енаф ис енаф. Само уште да знам кога енаф ис енаф. И кога веќе еднаш ќе почнам да се понашам ко што доликува за моите години |( Ужасно е што секогаш вината во себе ја барам но... мојот избор бил мој. Така да...не можам никој друг да обвинам за него. А камо да можев. Не знам што повеќе ми треба. Хоби, уште некоја книга или пак дете за конечно да прекинам да се умарам со глупости !? Но ако добро памтам -децата не се ни занимација, ни хоби, ниту пак треба некој да ги користи како причина за да се смени.... Само не сваќам зошто јас сеуште не велам НЕ на некои работи кои знам дека сеуште не се созреани за да бидат остварени.....
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Хир ај ем пипл. :rofl:

    Еве се сместивме, испазарувавме, моментално се прави ручекот, ол гуд.
    Студентски живот рулз :D

    Само да ве поздравам, :hai: :*
     
    На Dog-lover и Barbie20 им се допаѓа ова.
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.256
    Пол:
    Женски
    Тука сум.
    Конечно да ви пишам нешто во оваја тема.
    Жива, здрава, ненаспана како и секогаш, патам од неспиеност, то е мојот проблем.
    Денес ојдов 1 ден на факултет џоа предавања ќе има ама не, си ги завршив сите обврски шо ми следваја таму, документи едно друго, сега уште ми треба да се запишам и да почнам да си учам, ова година мислам да учам многу поќе од лани, оти сега веќе скоро се ми е познато, нема трте мрте, многу сум сериозна. :D
    Многу полиња во животот ме оставаат без зборови :|
    На домашна страна ми е добро, солидно е, баш то шо го сакав најмногу мислам дека конечно успеавме да се соземиме од кризата, и то многу ме радува, коцките полека полека ќе се доместат, само сите да сме живи и здрави и сите на место, да владеј барем хармонија во куќата.
    Ах, на тема љубов јас дефинитивно незнам поќе шо сакам.
    Не сум нормална мислам дека почнувам да се заљубвам и во друга личност.
    Денес се сретнав со детето шо го сакам многу како другар, шо многу се дружиме, и многу ми значи, после 3 месеци, ме погледна со еден преубав сјај во очите, ме гушна досега немам добиено таква гушка, ме баци неколку пати на лице, и едноставно мене цел свет ми се истури и бев :o
    Не знам шо се дешава, ништо поќе не знам, само знам дека сум изгубена, и то многу.
    Не очекувам ништо поќе од животот ако треба да ми се отворат Вратите на доброто, нека се отворат, ги чекам.
    АХ мории Ади, заљубена во 2-ца, а од ниеден љубовта невратена.
    Живот.......
     
    На bittersweet и Someonespecial им се допаѓа ова.
  4. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Се радувам затоа што положив уште еден испит, но истовремено не ми е сеедно.. Па за што ја испишав јас цела тетратка?? За факинг 6ка :fubar:
    Не сум таква личност што се оптоварува со оцените, побитно ми е знаењето ама оцениве ми го уништуваат пред очите на другите луѓе! :doh:
     
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Ај сите што биле тазе невести од форумов нека ми пишат или лајкнат (и онака не се брои, да не ме сфатите погрешно де :D ), сакам да ги прашам нешто :) Не бев активна многу во последно време па не знам кои сте се омажиле
     
  6. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    :rock: :bow: :bow:
    [​IMG]
     
    На Angel-Wings и Anonymous996 им се допаѓа ова.
  7. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Сдк:Почна сезоната на: Не оди бос ќе настинеш! :D
     
    На Someonespecial, Anonymous996, Elennaa и 6 други им се допаѓа ова.
  8. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Уште еден месец и синчето ке ми наполни годинка еееееееее кога бев бремена кога го родив времето лета :D
     
    На Ketrin.Moon, I.want.to.sleep и DigY им се допаѓа ова.
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Хеј хоу ха :hai: ете ме и мене по подолго време да чкртнам нешто :) . Ве читкам чат пат и мило ми е што има многу убави вести кај вас.
    Јас здрава,жива,весела и Тренди-третата варијанта во постот е сигурна ,од искуство кажувам :D .Де ќе ти вели не јадиш доволно,де ај за да ми правиш друштво,па ај да јадиме тост... и така или си качи 3 килца плус па сега домче пак ги симнувам :D
    Со него цело лето заедно едноставно уживавме па сега ми фали ко си сум домче,но и моите сакам да си ги видам барем уште малку до свадбата :). Ако пред една година не знаев што и како ќе биде,ако бев разочарана од се сега полека коцките си се редат(ту т у да не се подречам дека тоа знае да трае малку кај мене). Ќе ми се оствари желбичката да запишам постдипломски студии :geek:а истовремено можно е многу други животни прашања да се решатза кои што не ни помислував дека ќе бидат баш така.Не за џабе рекле кога решава една глава е тешко,а кога се две е тогаш е многу лесно. Знаете,го барам во сонот да го прегрнам,толку се навикнав на него и се приврзавме еден со друг.Ахх деновите кога доцна во ноќта прегрнати шеткаме и се слуша само лаењето на нашата Буба се незаменливи.
    Ух следува бурен период и за двајцата,но само нека има убавини секаде.Зна мдека нема да знаме кај тераме,но ќе се снајдеме ние сигурна сум :) .
    Чувајќи го заедно внучето размислував и увидов дека ќе биде прекрасен татко,да сигурна сум во тоа и со душа чекам да дојде денот кога ќе му го соопштам тоа.
    Знам дека со него се ќе биде во ред каде и да сме заедно ќе успееме во се.Ве поздравувам сите и ви посакувам се се најдобро :*
     
    На NoellePage, Mrs.Bass, Adi888 и 14 други им се допаѓа ова.
  10. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    [СДК]...сите машкиве се идиоти :@ ги мразам сите. :devil:
     
  11. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК гет јусд ту. :D само уште да научиме кој до кој степен е идиот. :D сори што се смеам и мојов ме нервира, ама јас не знам ниедна здрава врска во која машкото не е идиот и во која женското не вели дека нејзиниот дечко знае да е идиот.
     
    На Spell и nikiiii им се допаѓа ова.
  12. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Почна сезоната на тажно гледање низ прозорецот, облачно време...Колку и да се трудам, не можам да уживам во есента...Сакам да дојде зима...
    Зошто по ѓаволите ми се менува расположението според сезоната?
    Зоштоо по ѓаволите нема ниту најмал простор на небото кој не е покриен со облаци...?..Или сепак има?
    Па дури и да има,тоа нема да направи да се чувствувам подобро...Одамна не сум барала некоја причина за тепање некого...
    Есента не е тетка во златен фустан која ни носи овошје...туку само едно кутро, тажно, гнило, мрачно годишно време, време во кое многу нешта умираат...
    Колку би сакала да го напишам ова во тетратката по македонски јазик наместо составот за есента полн со лаги...лаги во кои ни дете од прво одделение не би поверувало...Облачно е...
     
    На psychic му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Зошто нема врска како оние на филмот..хаха? :worried:
     
  14. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.740
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е до пмс-от или стварно сите околу мене ме нервираат.. :(
     
  15. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    не можам повеќе...ни ова училиште ни општество. Па што ако сум различна? :@ не, не ме интересира солзичката на Мајли и како се раслекла во спотот...Што ако знам повеќе? Од одма ме прогласувате за луда :fubar: ? Не ми е гајле...
    А, ти, зошто не кажеш веќе. Пушти го стравот...знам дека ме сакаш, што комплицираме? Знам, и јас сум крива, избрзав. Но, не секогаш емоциите се контролираат. Овие дена не можевме да разговараме на фејсбукот ко луѓе, се нешто не прекинува...тоа е, кога не можеме в лице...ми недостигаш...уште еднаш да те гушнам, уште еднаш да сум се осетам сигурна и сакана во животот...
    сеедно е. се врви. сите завршуваме исто
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Потполно те разбирам... :@ ;(
     
  17. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Nikiiiii да имаше такви врски немаше да постојат таквите филмови. Еве пример мојов вчера така ме посрами пред неговите и толку многу ме нервира што некогаш збори нешто што само колку да се каже дека збори нешто и кога му кажав дека се понашаше како тотален asshole сеуште не му беше јасно. Тек сабајле му светна :D И је*и га ! Никој не е совршен. Секој е идиот веруј, само секој на свој начин. Научи да игнорираш некои работи кои едноставно гледаш дека нема шанси да ги смениш (освен ако не се работи за нешто како изневерување) и то је то. И јас се нервирав прво кога почна да го снемува да ми се јавува после се навикнав. Сакам да го чујам? Му вртам. И то је то. Машко е. Не знам како друкше да кажам освен-машко е. :D
     
    На nikiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  18. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Треба да си среќна бидејќи си различна и единствена. Која е смислата на тоа се биде само уште една копија?... :)
     
    На Someonespecial и psychic им се допаѓа ова.
  19. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    То е то живот. Или си повреден или ќе повредиш. :x
     
  20. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Се осеќам вака:
    Љубов наспроти главоболка 24/7.
    Па аман веќе... Колку и да го сакам колку и да ми треба колку и да сум заљубена, не би ради него да жизнам од овие нервози.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.