[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Ни на крај памет не би ми паднало дека некогаш ќе бидам рамнодушна кон одредени личности. И дека ќе ми биде толку сеедно.
    Животот носи промени. Некогаш кон подобро, а некогаш кон полошо.
    Јас сум среќна, и се гордеам со самата себе бидејќи колку толку успеав да ја искоренам мојата најлоша особина. Наивноста...
    Неизмерното верувањето во секој и сешто.
    Некои заслужиле да им верувам, но повеќето не.
    Истите тие кои некогаш ме повредиле и на секаков начин покажале и докажале дека не ја заслужуваат мојата добрина, сега ми доаѓаат пред врата и ме молат за 5 минутно внимание. Зошто?!
    Зошто мислат дека ќе изигравам иста будала по 100-ти пат?
    Не можам веќе.
    Заради таквите, сега не можам целосно да им верувам на личности кои навистина го заслужуваат тоа.

    Не го очекував ова. Не мислев дека ќе се случи. Не ми беше реално. Иако, потсвесно секогаш го посакував ова и во главава имав изрежирано милион сценарија и дијалози.
    Иии желбата ми се исполни. :)
     
    На hermosa, Ketrin.Moon, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.075
    СДК ... ааа, Цукерберг е крив за се! ... :devil: , |(

    Во која насока не носи животов и технологијата ... не сака ни да знам. :worried:

    Еден Фб да е мерна единица за живот ?! :^)

    ... :D
     
    На bittersweet, kala21, hermosa и 5 други им се допаѓа ова.
  3. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    денес ако не ставиш кај си бил или што си правел на ФБ рамно е на тоа дека немаш живот... (или обратно) значи јас немам живот луѓе ајде плачете ме :lol:
     
  4. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Нема лутење ова е доба на компјутери.И мислам дека е дел од напредокот на човечката цивилизација.Исто како и откривањето на нуклеарната енергија зависи само од нас лугето дека треба да сфатиме се што е ново и корисно да го искористиме за позитивни работи.Фб би требало да ги зближи лугето што животот ги разделил.Има толку многу разнесени по светот и фб им е единствена комуникација. А не да ги раскарува, уценува, понижува...Ама ние лугето сме такви , понекогаш знаеме и најпозитивното да го претвориме во негативно.Еве јас само преку фб и скупе можам да комуницирам, бидејќи имам оштетен слух.Не можам да замислам како би го поминала денот а да не го споделам тоа со моите најблиски.Треба да се постават граници на човечкото однесување не само на фб, овде на форумот, туку најмногу од се во реалниот живот.Човекот знаел дури и првиот свој пронајдок да го сврти против себе но и истиот да го искористи за многу полезни работи.Затоа се е во нас самите.Сакаме да бидеме пофалени, да ни се восхитуваат...но фб нема даго стори тоа со слики и јавно покажување каков живот имаме, туку со нашето однесување во реалниот живот.Бидете трпеливи.Лугето и те како знаат кој како живее.ФБ е само албум од фотографии. Вистинскиот животот е во нашето срце.Фалете се колку што сакате со фотографии...ако одвнатре не сте среќни и исполенти.
    Искористе те го фб за да се забавувате, да научите нешто корисно , да споделете информации... а не за да бидете наметливи,досадни ...и сето тоа со една цел да си докажете себе дека вие сте посебни .
    Секој човек е посебен на свој сопствен начин, и секој заслужува лајк.
     
    На ozbilnazena, bittersweet, hermosa и 4 други им се допаѓа ова.
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Ајде да збориме за фејсбук и што не е во ред со него. Во живо сите ли сме совршени? Нема ли такви кои одат разголени, нема ли такви кои сакаат да зборуваат за животот и љубовта и што да е со реченици и поговорки како од семе синапово? Има и такви кои сметаат дека сликата од пријателот во купаќи на море е вулгарна или досадна или ставена само за фалење, а нашите се баш со усул, мерка, и на нашите слики никој очи не превртува... Имаш ли голем број на пријатели, знајни и незнајни, биди сигурна дека и тебе ти се потсмеваат/оговараат макар имала и само една слика. Ќе се најде некој што ќе најде мана на неа. Чаре? Селектирај, бриши, и остави ги луѓето кои знаеш дека сакаат да слушнат и видат од тебе што и да е, истите тие од чии слики и постови тебе не ти е никогаш доста.
    Ама не бива и така, сакаш да си во тек со сите, да знаеш кој, што и до каде е со животот? И тоа е ок, ама барем имај на ум дека секакви не има. Затоа што и во живо е исто, кој сака и има многу пријатели, тој не загледува на ситници, не оговара детали, широк ум, големо срце, разбирање за сите. А таквите како мене пример...едноставно бришат од пријатели :D
     
    На anuskaNESTLE, bittersweet, imelda и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    [​IMG] :|
     
    На kala21, Marjan007, Ketrin.Moon и 2 други им се допаѓа ова.
  7. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК белки ке се исплати тоа што 50 еу отидоа на БИЛНИ лекарства. :?: Од 600 миљони страни организираност. Мислам коа више толку се потрошив, може да си дозволам уште еден маникир и уште една книга :$
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Не. Не. Не се ко на Кили то билните лекарства? :lol: :lol: :lol: Ако не се, си заслужила и маникир и педикир иииииииииии книга, што да не :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Веќе подолго време се воздржувам од искажување ставови, баш поради синдром на вечно негодување и постојано користење на напад како лична одбрана. Немам против некој кој на културен и фин начин ќе сподели мислење сосема различно од моето, со приложено објаснување за истото. Од секој можеме да научиме нешто, пред се и за нас себе си, оти се тече се се менува, а и ние самите. Навреди, сарказам, ма излитено е тоа. Летс ари ту дисагри. И да се воси дебата и контрирање, кога е на ниво, дури и задоволен човек да се почувствува оти разменал мислења и проширил хоризонти. Баш и за тоа се сложувам со Кравче. Пријателите било на фб ма било каде сами си ги бираме. Кој како му воља нека прави, а јас не сум онаа персона која треба да суди за некој и нешто. Впрочем никој го нема тоа право.
    Еве и јас сум мајка, ама ете немам фб да ставам слики од малиот и не живеам за да ме/го фалат други. ПРијатели и роднини со кои сме во контакт постојано баррат слики од мали мој и да, им праќам, ама тоа не знаќи оти се фалам и претерувам. Кој како му милува така. Сега претерано е да се ставаат слики на нокшир, голо бебе и сл. Ама секој напредок на најмилите, макар и најмал и за некого безначаен, како на пример се научило да ракопеска, е дочекан со најголема милост и гордост од мама и тато, а и најблиските. Да се сподели со нив е сосема разбирливо. Затоа и на фб си има опции за Фамилија каде со нив е соодветно да се споделуваат интимни моменти. Особено ако си надвор од Мк, а тие одвај чекаат да ја чујат секоја новост за малецкото.

    Следно, кога некој јавно се изјаснува за некоја тематика, очигледно мора да е спремен да биде ставен на тапет. Позитивни и негативни критики и пофалби ќе фрчат на сите страни. И тоа е сосем Ок. Не гледам зошто толку прашина? Во ред е секој да има мислење макар и не било правилно. А кое мислење е правилно? Нема соодветен одговор. Тоа е различна перцепција и не можам ни јас ни било кој да го смени тоа кај човека, сем ако сам не го направи тоа.

    И кога ќе престанеме да плукаме едни по други, само да контрираме, судиме и расудуваме, да сме затворени за надворешни влијанија и различна перцепција? На место да се унапредуваме, воочуваме и поправаме, да бараме вистини и успеси, ние си тапкаме в место и тонеме во жив песок? Зато и нацијава тоне. Се прашувам до кај ќе стигнеме вака. Дури не се чукниме по овие главиве да се сплотиме еднаш за секогаш и да ги користиме главите место задниците кој ко нас, ама на никој да не му чуе. Сите уплашени и ушушкани под некоја суќња. Неколку мина ќе се осмелат ама од другиве што ни да им се чуе глас, се пропаѓа во вода или бездна како сакате. Чест на оние со муда. Овации до вас
    И ЉУБЕТЕ по Богу, што омраза и фрустрации бре човечиња? Чуму ви?
     
    На kravce, bittersweet, imelda и 7 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.264
    Допаѓања:
    67.841
    Пол:
    Женски
    Прво, не е дозволено публикување на лична кореспонденција на форумов.
    Второ, доколку имате да кажете нешто на таа тема слободно можете да го направите тоа каде што му е местото, во коментарите на колумната, објавен е и коментарот на членката и можете таму да реплицирате. :)
     
    На Gordana10 и DigY им се допаѓа ова.
  11. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    СДК официјално се чистам од негативни луѓе, од негативни мисли, ситуации, страни и све све што е негативно.
    Морам да чекорам напред ама само со позитивен став и све позитивно околу мене.
     
    На kravce, kala21, dream.queen и 12 други им се допаѓа ова.
  12. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Бидете она што сте,вам ви е добро и тоа ве прави среќни - така?... Да.
    Значи кому не му се допаѓаме тоа е негов проблем ....не е наш нели?.. Да.
    Секој кој сака да не понижи и обезвредни нас всушност тој сам себе се понижил затоа глава горе и биди она што си....игнорирај те негативци....
     
    На kala21, hermosa, Mrs.Bass и 8 други им се допаѓа ова.
  13. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    -Кој ќе jaде?
    -ЈА!
    -Кој ќе cпие?
    -ЈА !
    -Кој ке седи на фб
    -JA!
    -Кој ќе учи?
    -Е да бе се јаc!
     
    На Marjan007, love93, something.nice и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Кај нас имаше само помфрит од 10,20 и 30 денари. Тој од 10 ни беше највкусен затоа што чувавме пари и за сокче кое беше исто така 10 денари и за нешто благо :lol: Беа убави денови...
     
    На dream.queen, Ketrin.Moon и karenin им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Не знам... веќе одамна повеќе во ништо не сум сигурна.
    Само го молам Господ да ми ги поживее родителите и една личност која ми дава голема поддршка.
    Ништо повеќе не знам....
    Не знам... животов како што знае да ти ги одземе зборовите од уста, никој не знае.
    И си плачам... викаат олеснувало.
     
    На Trnche, kravce, kala21 и 19 други им се допаѓа ова.
  16. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    4.036
    Пол:
    Женски
    СДК.. Толку ли сум различна што една личност која што ме знае многу добро никако не може да ме прифати толку ли? :^)
    Реалист сум гледам на секоја ситуација реално и никако не сакам да живеам во фантазија, да чекам принц на бел коњ и други фантазии кои ги имаат другите. Единствена фантазија ми е подобра иднина да се школувам добро а другото само ќе си дојде.
    Заљубена сум до уши во личност која ми е школски и со кој секоја ден комуницирам најнормално ако во себе сакам да го гушнам силно и никофаш да не го пуштам, да го бакнам ... но знам дека нема! Шансите се дали 10% и живеам со тоа и крај. Не се надевам дека една ден ќе го имам него, а ако го имама знам дека нема тоа да биде во средношколските денови. Живеам со тоа и не се нервирам ни па фантазирам иднина со него бидејќи знам дека уште повеќе ќе се заљубувам во него. Но некои не се така се заљубуваат во некој и иако го имаат добиено тоа огромно НЕ! од машка страна сеуште се труде а при тоа ме брука мене. Ете во таква состојба дојдов, а кгоа сакам да укажам дека тој нејзин скаан што го нема ни видено во живо, нема да биде нејзин или ако биде ќе биде после 18 таа не. Толку ме изнервира... :devil: и на крајта за да се извади вели дека јас сум била заљубена во него :puke: :puke:
    По лигава личност која што не знае да се справи без тој што го сака и одма плаче на мама немам видено навистина!

    Зарем е лошо да се реалист? Да гледаш секогаш реално и да не се надеваш на невозможното, но да не се одкажуваш сепак. Јас сум таква, а таа да се надеваш и на невозможното и да си правиш на себе и на блиска личност лошо |(

    Кога кажувам дека сум релист не мислам на тоа ако видам дека не можам одма да се одкажам, како на пример за изучувањето на францускиот јазик. Првата година од изучувањето ми беше многу тешка многу, но не се одкажував и ете сега одлично го владеам овој јазик :)
    Се борев да го изучам бидејќи знаев дека можам јас да го научам и така бидна.
    Но има некој работи во животот за кои некогаш нема да бидат наши и затоа подобро да ја видеме таа ситуација реално одколку во фантазија :D
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Тежок ден :| Годината поминува, денот не.
     
    На tessie и Ana122 им се допаѓа ова.
  18. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    11.851
    Овој пат знам дека нема да е како претходните,кога се смеев,мислејќи колку беспотребно сум се нервирала.
    Ќе бидам добро,знам!
    Ама сега сум многу лута.
    До кога бре вака!Продавачи на топла вода,гзолижачи,препотентни самобендисани суштества!
    Побарајте помош и одете по ѓаволите,не туку замарате поштен народ која најголема цел му е мирно да спие.
    Лечете се, лечете!Барем денес има „скоро„ за се лек!
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Добро ви се случува и на вас или само на мене во некој момент да мислиш на некоја тема и отвараш фемина форум и да ја видиш дека некој само што искоментирал на таа тема??? :^)
     
  20. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    delete на негативното мислење.. позитивки и олуи од насмевки на лицата :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.