[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Додека јас типкам на тастатурата,срцката ми лежи в скут,спика во кутија...
    Ја обожувам! :inlove:
    [​IMG]
     
    На Agawa, anabel-a, ohana и 22 други им се допаѓа ова.
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Вторник...ајде уште три дена и повторно викенд...
     
    На CharmedGirl и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    :( ;( Многу сум тужна бе секој ебан ден, за било што, не знам за што веќе не.
    Пред малку бев да си го видам роднината и што ќе видам, блед како крпа нема сила сам да јаде. Ебати животот, пред една година правев свадба, на свадба ми играше и сега не можам да го гледам ваков, млад е. Особено ме боли тоа што можности дека ќе биде како порано има многу малку, иако се надевам и се надевам на Божјо чудо, само тоа може да го спаси.
    Плачењето е ЛЕК, да навистина е, бидејќи ако не се исплачеш за да ти олесни барем малку товарот на душата, ќе се разболиш од преголема тага. Така доаѓаат болестите, ако немаш внатрешна сила немаш имунитет. Затоа си плачам скоро секој ден, некогаш помалку некогаш повеќе, одржувам баланс со тагата.
    Не ви се пофалив дека земав уверение за положен државен испит (средна струка), аххх не е за фалење кога после факултет полагаш државен испит за средно, ама тоа е, нека се полни биографијата и онака работа нема ни за едното ни за другото.
    И сега редот е да ве почастам.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    По се изгледа многу сум гладна :$
     
    На anuskaNESTLE, kravce, bittersweet и 35 други им се допаѓа ова.
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Залади човеци :doh:
    Не ми смета дождот, јас сум навикната сонце со месеци да не видам :o ама овоа студено бе! Си мислам од сабајле, стварно ли толку залади одеднаш или мене ме стега некоја бубалачка и проба да ме собори додека јас стискам душа и не се давам.
    Оставете пајаците, се жалам секој септември од нив, со сарказам - фала за понудата на пластични тепалки за муви, ни една ли не отиде на пазар во меѓувреме? :^) :D Муви. Осетија дека внатре е топлото, да не може човек врата да отвори, зуууум бззззз бзззз. Јас кога викам тепалка сакам, очајно :!: Сум се размавала дома со една крпа, мавам, без милост и по пајаци и муви и по шушки, се живо што ми се зацрнее ми мрда :D

    Јас опседната со инсекти. Маж ми е дефинитивно болен по фудбал. Додека од него не доаѓам на ред до телевизорот, па затоа дремам тука, туку и во секое време ќе да е опседнат. Во недела требаше да одиме до некаде, и он вози јас чкрапам по ради, не го пазам кај оди, и овој кочи и почна буквално да лази. Дигнав глава никој пред нас, погледнав назад, никој, му викам проблем ли е со колата? - Пенал! Да видам ќе даде ли гол. Се вртам лево, игралиште и деца не поголеми од 15 години играат фудбал. Овој буквално застана и чека, мислиш лига на шампиони е во прашање. Гооооол!
    Машки |(
     
    На tessie, kravce, bittersweet и 18 други им се допаѓа ова.
  5. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    21.159
    Ајмо ајмо позитивно.
    Да не дозволиме облачното време да не направи депресивни.
    Да не дозволиме туѓото пререкување да не намурти.
    Да не дозволиме зависта да не позелене.
    Да не дозволиме секојдневните сопки да не спружат на земјата.
    Па и да не спружат, да станеме да си ги протресиме алиштата и со глава горе да си продолжиме насмеани.
    Ајмо ајмо позиивно.
    И едно групно гушкање :hug: :hug:
     
    На Serafima, tessie, kravce и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Ме фатила некоја есенска мрза и пасивност, посебно насочена кон школските обврски.
    Мислам, убава е есента, и јас се топам кога ќе видам на тамблр сликички со жолти лисја, па топол чај, па плетени џемперчиња, убавини [​IMG] ... Ама уште да се минусираа обврските, и да се сведеше есента на седење дома на топличко и прошетки, убаво ќе беше. [​IMG]
    А времето понекогаш е стварно добро оправдување за мрзливоста. :D

    Го знаете оној гифот со дете што се чука по главата со книга за да му влезе нешто во глава?
    Е, нема слика што повеќе ме опишува овие денови. Може стварно треба да го пробам тој метод, м? :D
    Ај бе некој нека ме штипне, да поверувам дека повеќе од пола септември помина. :^)
    Така секоја година си викам, е сега Спешл ќе почнеш да учиш редовно, нема више кампањски... Ама не иде, не ми доаѓа памет. Мора бе барем 20 странички да се натрупаат за да седнам.
    И така, додека учебниците ми се смешкаат со ивл смајл, а јас не знам која тема на Фемина попрво да ја отворам и исчитам, која песна да си ја пуштам, или пак да си гледам сликички од Италија и да си летам со паметот... :wasntme:
    И да, не можам да разберам кога некој ќе рече дека учи со музика. Да можеш да учиш математика, физика на пример, со омилена музика во позадина и да ти остане концентрација?
    Па тоа е навреда за музиката според мене. :lol: Јас си слушав една песна пред да учам и ми влезе во глава, па не можам да се концентрирам. Ете, и друго оправдување си најдов. :D

    Иначе, некако цело време нешто ми фали... Во смисла на носталгија, веднаш да појаснам, да не помислите дека ќе мрчам нешто тука. :D
    Прво, ми фали ептен класот од прва и втора... Не велам дека сега класот ни е лош, интересно ни е, и не дека не се гледаме со старите сокласници секој ден во школо, ама некако не е тоа - тоа.
    А и пред некој ден ја сретнав наставничката по хемија, омилената наставничка од основно, и ми текна и на тие времиња... Ах бе, да видам сега некој цртан филм, ќе посакам во градинка да се вратам. :rofl:
    Али always look on the bright side нели... денеска барем не смеам да кажам дека стариот број во дневник ми фали, пошто со денешниот датум, да бев во стариот клас, прва ќе ме упуцаше физика. :rofl:
    Така да, да не се лигавам многу. :D

    Си изнакажав јас све и свашта, сега можам да идам малку да се подружам со ајварот и сиренцето. [​IMG]
    И да не заборавам да ве поздравам со песничката што ми се врти во глава. [​IMG]
    Ај ариведерчи. [​IMG]

    http://www.youtube.com/watch?v=K6vKfRdSDYk
     
    На kravce, Elennaa, Agawa и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.898
    Допаѓања:
    163.722
    Чисто да ве информирам некоја дотична Agalija преку некоја дотична феминка ви копа по профилите на фб. А нели рековме дека вакви случаи треба да се пријавуваат? Еве го пријавувам.
    И она е најпаметна,а требало некои од нас да бидат треснати од земја бидејќи сме мислеле дека сме најпаметни (?!) и си дозволи да навредува луѓе на физичка основа, затоа што капацитетот да биде конструктивна и реална до таму и е.

    Сакам да кажам, тешко ги поднела некои мислења тука за мајките кои постираат по 140242094 слики од своите деца,па оттаму почнала да реди илјадници фрустрации.
    Да не речам, пати да биде во центарот на вниманието,од скромните 2 мислења кои ги оставила ќе видите дека она толку мисли дека е значајна личност што дури и професорите од постдипломски ќе и се налутеле што ја немало зошто она побрзала да реализира свадба и бебе. Зошто професорите едноставно ја памтат, зошто никој друг не реди 10ки на постдипломски, туку само она! Циркуз!

    Да, да, има дури 2 мислења, а во соработка со друга мистериозна феминка веќе имала доволно време, енергија и пред се желба да го преора фб зошто нели она е реализирана,а ние другите фрустрирани и искомплексирани глупачи зошто сме критикувале.

    Јас не знам веќе со која психичка болест ќе се запознаеме практично на форумов.
     
    На mims-89, anuskaNESTLE, Trnche и 21 други им се допаѓа ова.
  8. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Сакав да сум моден дизајнер, па сакав форензичарка, па сакав детективка, па сакав хирург, па стоматолог,банкарка, козметичарка ,библиотекарка, ветеринарка....Па си реков ајдее средно одам Гимназија и крај, но ете пак ми се вратија овие луди идеи, рано е знам, ама пак оваа луда моја глава кузнае уште што ќе измисли за една година :lol:
     
    На lana.del-rey, Someonespecial и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  9. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.903
    Допаѓања:
    24.179
    Пол:
    Женски
    Пукна брука голема.
    Уф, ќе си апнам од г'*от значи. :devil:

    Домарот во зградата кај што живеам ме виде по гаќи. Бели. :worried: :x

    Ќе се отрујам. :headbang: :headbang:

    Е, ова си го добивам кога еднаш во животот ќе заборавам да заклучам врата. Еднаш бе, ејј !

    Ако, нека ми е наздравје ! :sweat: :fubar:
     
    На kravce, bittersweet, prettyliar и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Многу глупаво се чувствувам, започнува изгледа сезоната, или до времево е. Најверојатно е до времето, барем така најубаво можам да се тешам, дека сонцето е криво што го нема.

    И така мене ме мачи дуалноста, или ме убива не знам, имам 2 волци што се јадат меѓусебно, а јас во средина не знам што да правам, кој да го следам, кој да го хранам. И едниот и другиот подеднакво добар и подеднакво лош.
    И тоа глупаво чувство на полу-неодлучност, желбата за чекорење на сигурната страна пресретната од желбата да се гори додека пламенот е јак и не е сторен во едно мало кревко пепелче, балансирајќи на крајот од тротоарот каде една пеперутка може да направи да паднеш на било која од страните... Тешко ми е.

    Но, немаше да биде тешко да наидев на разбирање од неутралната, објективната страна. Ете токму неутралната страна ја има истата мака како мене, го мисли најдоброто за мене, го посакува најдоброто за мене, но не го искажува најдоброто за мене. Да преформулирам, не може да сфати дека за да го имам едното треба да се откажам од другото и обратно. Не може да почека да дојдат работите до тој ред да може да ракувам со двете истовремено и сигурно. И тоа напнување од навидум наутралната страна, да се имаат двете нешта одеднаш, што бара надчовечки сили и пред се нерви, тоа мене ми гази со копачки на кои има шилци по површината на мојот мозок.

    Можеби работите кои неутралната страна не ги знае ја спречуваат во здравото расудување, па од таму тој впечаток дека тежнеам кон една од страните наместо да жонглирам со двете...или пак, има работи кои јас не ги согледувам или не сакам да си ги признаам кои мене ме спречуваат во кристално согледување на работите и враќање на контролата под моја закрила.

    Си имам план, кој не мора да ми се оствари, не ни превземам нешто околу тоа туку ги оставам работите да течат со минимални корекции за еден ден да дојдат на вистинското место. Суптилно ги насочувам. Некој друг не го разбира тоа, и тоа ме нервира. Ако не го разбираш, не го коментирај, уште подобро, не давај глупави забелешки и не дофрлај досетки. Риалити чек и огледало како терапија, по 3 пати на ден минимум 6 месеци.

    И целото ова можеше да се каже со два три збора- И јаре и паре нема. Ама ете, нема смисла сега да го бришам.
     
    На kravce, ilipili, Kaley и 3 други им се допаѓа ова.
  11. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК бар си кажа што ти лежи на душа.
    дефинитивно времево надвор, пмс и презафатен дечко у комбинација-не идат !!!
    уствари ова не е веќе пмс. ми касни 1 ден...
     
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ало, ало :hai: земјата ги повикува вистинските луѓе да чекорат, танцуваат (и лебдат над) по неа.

    Мислам што се случува со некои од вас. Дали премалку проблеми имате во живо па се решавате и тука да се испокарате со секого.
    Кога ќе се завртиме ќе видиме дека има група на луѓе кои секогаш реплицираат и се мешаат каде што не би требало. И имаат право побогу, ова е такво место, форумот е за дискутирање.
    Но како бе не ви е досадно на секој можен пост вие да се дрзнете да солите памет?! Досадно е за самите вас со тоа да се занимавате, секогаш како намќор некој да докажувате дека мислењето на некоја женска не е точно. И дека вашето е најточно! И што се добива со тие глупи НАВРЕДЛИВИ лични пораки?



    Сонцето самошто ја осветли мојата дневна. Гледам серијал за едни луѓенца како си седат во шатори кои им се поставени врз снег. Мајке ми јакооо. Човече :D :D :D !
    Јас сум Дино Дрога Дрога... :rofl: :rofl: :rofl:
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    денес уште рано наутро-интервју
    џабе стокмена, дотерана,нашминкана кога ти од внатре си преморена од вчерашното трчање и уште спиеш :fubar: ама ај да бидам убава на око на кого му е гајле за мојата внатрешност а една болка што ме разбуди во десниот колк тоа е друга приказна едвај одев-свесна сум дека така ке биде од повредите е тоа а не како што ми велеше една жена после 30тата можеби ништо нема да сум чуствувала-сакав да и речам не ми кажувај бајки си знам јас што ме чека :worried:
    непрофесионалност-до даска-седнаа пред нас две вработени а ние 6 девојки и една по една кажувавме образование, работни искуства чудно не ми беше ни срам ни страв-најнормално се си кажав :) ги посетив од работниот клуб во Заводот за вработување-ми направија пред 2 месеци индивидуален план немале пак да ми прават-очегледно кажи прекажи не функционирало добро, се видов со личноста која контактирала со господинот Арап-му звонеле овој не се јавувал, најверојатно заминал за Јордан имале листа на девојки кои сме па кога ке се договореле кој ден и час ке ни кажеле-кај го најдоа Арапов и таа фирма не ми е јасно :x се видов со откаќената колешка-таа што ја заменував, и кога ми кажуваше што правела во младоста :o бев не ми личи сега на таква ама поминала низ тежок период така да најверојатно и олеснило-цигари, алкохол друштво, дискотеки, журки младост -лудост
    се изнасмеавме двете ко луди ја обожувам срценце е љочка :D кај ми текна незнам-на албански значи другарка, ми разјасни некои работи во врска со личноста од партија за која пишував на сајтов реферати во што би му кажале :fubar: божем јас не свакам,психолошка анализа му извршив :D ама ај да ја сослушам и го направивме тоа што таа ме советуваше-однесов две герданчиња што ги направив цени нормални па да видиме што ке биде :) дали ке успее експериметот, и дали вреди да се надевам-надежта умира последна тоа знам :!:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Најскапоцениот накит што една девојка би можела да го има околу нејзиниот врат се рацете на нејзиниот сакан...
     
    На Adi888, kala21, dream.queen и 10 други им се допаѓа ова.
  15. cocoa28

    cocoa28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    91
    Со текот на времето сфаќам дека единствената личност на која можеш да се потпреш вистински, си самиот ти -на самиот себе или евентуално родителот...Сфаќам дека кога ќе тонеш во бездна, баш оние за кои што со глава гарантираш - нема да ти ја подаддат раката...Сфаќам дека кога ќе стане густо, секој ќе гледа својот газ да си го извлече, дури во тие моменти нема око да му трепне ако ти го изедеш стапот, иако ти е пријател...Сфаќам дека луѓето многу брзо забораваат што си правел за нив и низ какви срања си поминувал ради нив...Сфаќам дека сите -апсолутно сите без исклучок, лажат(некој помалку, некој повеќе, некој за ситници, некој за големи работи...)...Сфаќам дека со моето мото- угодувај на сите, си бев во животот непријател самата на себе...Сфаќам дека превртливоста и дволичноста е карактеристика скоро на сите...Сфаќам дека треба да го рачунам ризикот пред да направам нешто...
    Сфаќам дека во центарот на мојот свет и на мојот живот треба да бидам исклучиво ЈАС...
    Сакам од ден на ден да бидам се подобра, макар и ситница да е - да ја вложам во себе, за да ми го направи уште поквалитетен животот...
     
  16. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    ,,Не затоа што е убав, туку затоа што е повеќе јас одошто сум самата. Од што и да се составени нашите души, неговата и мојата се исти.
    Кога се друго би исчезнало, а тој би останал, јас сеуште би постоела, а кога се друго би останало, а тој би бил уништен, светот би ми станал сосема туѓ. Не би ми се чинело дека сум дел од него. Мојата љубов спрема него прилега на вечните карпи под површината, извор за малку видлива радост, но неопходна.
    Јас сум тој, тој ми е секогаш, секогаш во умот, не како задоволство, токму како што и јас не сум секогаш задоволство самата на себеси...''
    ~ Оркански Височини - Емили Бронте ~
     
    На love93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам... ништо посебно, но ете - кога самиот ќе си разјасниш некои работи и ќе ти светне некој бисер во главата, работите се гледаат на многу поинаков начин.

    Онаа изреката "Никогаш не вели никогаш" секогаш сум ја разбирала, но не целосно.
    Сум ја прочитала 95234786321455225 милиони пати, сум се сложила, но на своја кожа не сум осетила.
    Па, затоа и не сум ја сфатила можеби како што треба, во вистинската смисла.
    Откако ми се случија некои работи, пример. ми се засвиѓала личност која сум мислела дека нема шанси, сум направила нешто што претходно сум се колнела дека јас такво нешто никад, или пак сум кажала некоја работа која сум мислела дека никогаш нема да излезе од моја уста - некако поинаку е се.

    Сега навистина ја разбирам поентата во изреката.
    На цел глас кажувам :
    Никогаш не вели никогаш, освен ако сакаш истото да ти се случи. :)
    Едноставно е. И никогаш не се знае!
     
    На sweet-cherry, Dog-lover, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    На тетка ми, пчели и го калемеле пиперот и и го направиле лут.
    Тоа е таа жичка у фамилијава.
    Ииии пооослееее, све е на свој ризик и мила душа. (Уште од сега кажувам.) :D
     
    На kravce, dream.queen, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Мх мх...иако сум болна и едвај дишам..ништо не опушта повеќе од мирисот на печена торта со цимет + чај.
    Едноставно уживам во тоа.
    Интересен е животот. Има нешта за кои што вреди да се живее :)
    Надеж? Тоа е она што те тера да се бориш и покрај тоа што знаеш дека можеш да изгубиш се'.
    Постои нешто за кое што вреди да живееш,не е се така црно-бело.
    Секогаш бараме се повеќе и повеќе...свесни дека на крајот тоа "повеќе" носи поголеми разочарувања.
     
    На Adi888 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  20. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    Од мајка ми и татко ми научив да го ценам животот,неговите убавини,да ги ценам парите.Кога бев мноогу помала,кога ништо не разбирав (или не сакав) се чудев зошто татко ми и мајка ми за некои работи трошат многу пари,за некои не ни трошат.Сфатив дека парите не пагаат од небо.Дека тие се заработуваат со работа.Мајка ми татко ми не се себични штом не ми даваат многу пари,можеби немам пари за облека,маникир,педикир,за на фризер,за најнов тел.,за најскапите патики но секогаш имаат пари за моето здравје и да ме нахранат.Кога било во прашање здравјето никогаш не штеделе пари ниту за мене ниту за брат ми.
    Какви и да се родителите,колку пари и да имаат,јас ги сакам такви какви што се бидејки се мои и бидејки ме пораснаа,бидејки ме одведоа на правиот пат.Се гордеам што ми се родители. :)
     
    На sweet-cherry, cheetah.girl, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.