[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Убаво е кога ти се остваруваат соништата и кога си среќен...но не е се розево...понекогаш животот не гази и полека..парче по парче уништува...во тие тешко периоди најважно од се е да се остане исправен и да бидеме исполнети со верба дека ќе биде подобро...бидејки вербата е она што го носи човекот напред...има убави моменти,но има и тажни монемнти кога единсвено нешто што посакуваме е да се затвориме во соба и да фантазираме бидејки само таму го наоѓаме мирот...она што ни дава сила дека се ќе биде подобро...
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, cheetah.girl, vinozito1 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Почнав да јадам лимони за да ми помине оваа проклета настинка...
     
  3. Loly77

    Loly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    113
    Твоето тело е направено од истите елементи од кои се направени и најсилните ѕверки. 2/3 од нас е истата онаа вода што карпите ги распрснува на парчиња, ги носи камењата со себе. Твојата ДНК се разложува на истите 20 аминокиселини што ги има и еден волк. Кога се гледаш во огледалото и се чувствуваш слаб запамети дека кислородот што го дишиш овозможува најсилните огнови да уништат се пред себе. Деновите кога се чувствуваш грдо запамети дека и дијамантите се само јаглерод...ТИ СИ МНОГУ ПОВЕЌЕ :)
     
    На Libera, Barbie20, M.a.r.i.l.y.n и 4 други им се допаѓа ова.
  4. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Уморно, глупаво, поспано, мрзливо - токму вака се чувствувам :( Пола септември помина, а јас сеуште не сум свесна очигледно :yawn: Учам, а дали влегува нешто во црпкава? :@
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Недостасува...празнина...И во душата и во просторот..неубаво е чувството кога ти фали нешто...и кога недостасувањето и физички го чувствуваш...
    Секојдневието е мозаик од повеќе делчиња....кога некое делче фали,мозаикот е празен.
    Мојот е нецелосен...фали еден дел, значаен....го нема веќе три години...Недостасуваат заедничките моменти..смеењето,песните,грижата која толку ЛЕФТЕРНО(како што милуваше тој да каже)ја покажуваше а толку сериозно ја чувствуваше,љутките,благите прекори:-Ах бе татко...
    Сега ми исчезна уште едно делче од мозаикот...Никогаш повеќе секојдневието нема да биде исто.Недостасуваат неговите брзи лесни чекори..цупкање како балеринка..го немам повеќе повикот со глава кон фрижидерот,..секое легнување на кревет ми фали едно свиткано грбче,кое обавезно мораше да лежи допрено до мене,фали дишењето и долгата воздишка кога нешто не му е по ќеиф..фали досадното лаење за прошетка..
    И да со него немавме којзнае каков мир дома,ама ја немаше и оваа грозна празнина која е присутна сега.
    УФФФФ....
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.614
    ... убаво ми е денес. :) Успеав да завршам тон работа и покрај нечие убедување дека хибернирам и не го кревам газот од столче. ;) Навистина не го кревам, признавам. Едно 10 часа се мачам и траскам по тастатурата додека не ми потечат и очи и прсти, не ме здоболи кичма и не си го заработам заслуженото.
    Никакви „случајни“ минувачки по социјалните мрежи не можат да врнат на мојата парада. Можат само добро да ме насмеат. Фала. :hai:
    И така вчера во ниедно време ви велам, се пулам уште во монитор, се оправам со „високо образовани кариеристки“ со „спастрено дете и маж“ (спастрено е добар збор, шала на страна :?: ) како слепец за стап во битка од која - нема победник. Зашто е малоумна скроз.
    Ја бре ни би да се тепам со ветерници. Ни со мајки, а ни со шајки.

    И уште трескам така ко малоумна малтене, оти играш според противникот, нАли, додека мојот проќелав дечко ме чека да си легнеме и да ме гушне. :inlove:
    Па си легнав и си го гушнав. Ќелав е, не проќелав, :!: ама е вистински и мој.
    И јас сум вистинка и своја.
    И ура за сите вистински.
    А Уа за сите безнадежни.
    Многу се на број.
    :)
     
    На Shelea, tessie, Sweetheart87 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Баш интересен ден.Навидум толку обичен но една прекрасна вест ме направи да одам по улица и да се смеам сама со себе, и да потскокнувам од среќа.Конечно и тоа го дочека, многу ми е мило и посакувам премногу среќа и само радости. Тесакам. :*
    Како и да е . Тоа беше тоа што ме расположи, но под таа насмевка цел ден се криеше очајна желба за еден мал психофизички одмор од сите соученици и професори, и една желба да легнам и да спијам многу долго време за да станам свежа, одморена и полна енергија.Планирав да си одам дома да си се завиткам во топло кебенце и да си легнам, да одморам и да се опуштам барем на саат време.Но всушност враќајки се назад во реалноста согледав дека ме чекаат куп книги , дека е Вторник, месец Септември , надвор е ладно, тмурно и врнежливо , дека јас треба да учам , и дека ке се предозирам со кафе за да ги завршам обврските.
    Се чувтвувам стварно многу изморено, одвај чекам викенд да се изнаспијам за цела недела.

    Синоќа сонував еден многу интересен , краток сон , кој нормално заврши на најинтересното кога требање да го добијам одговорот , да ми каже што понатаму..Тогаш најде да звони аларамот. |( Станав насмеана бидејки очекував позитивен одговор, но и изнервирана поради фактот што не дочека. :lol:

    Дожд, класична музика, топол чај и бисквити ми ја одбележуваат оваа ладна септемвриска ноќ . Јас легнувам да се одморам , и мислам дека вечерашниве 8 часа сон ке ме одморат барем малку, бидејки не би сакала повторно да заспијам на последниот час и да се засрамувам пред класот. :|
     

    Прикачени фајлови:

    • large (1).jpg
      large (1).jpg
      Големина на фајлот:
      27,1 KB
      Прегледи:
      358
    На richgirl998 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.820
    Допаѓања:
    142.257
    СДК дека сум среќна ама ми е страв да кажам гласно, да не се расипе се. Има се што сум сакала порано. Го живеам мојот сон и полн здив.
    Веќе не сонувам за повеќе, сонувам засекогаш да го имам ова што го имам.
    СДК и дека ми е мило што одам пак на пат и ке го полнам куферот повторно утре.
    СДК и дека задоволството го најдов во ситните работи кои не се гледаат од надвор, туку се доживуваат, и дека мајка ми ми вика дека никогаш во мојот живот ме нема видево поубава и посреќна. Дека сега сум она што сонувала она дека нејзиното дете ќе биде - среќно и задоволно од себе.
    И СДК дека дождов е прекрасен а небото денес правеше такви убави бои...Не ми се веруваше дека го живеев денов.
    Баш би сакала сите да имате вакви денови ко мојот. Куп.
     
    На Barbie20, Agawa, dream.queen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Сакам да им кажам нешто и на момциве и девојкиве што деновиве лафат по ова темиве "Дали мислите дека сите машки се исти? " , " Останаа ли машки во Скопјево? " и другите слични на овие, а тоа е...

    Aбе имам ја у Kукуш џез клуб али неќам да инсистирам да не речат овај сака да ќари нешто а и башка вие сте клошари бе !!! :lol: :angel:
    [​IMG]
     
    На cheetah.girl и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  10. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Денов ми почна многу мрзливо, поспано и грдо. Очекував да ми биди најглупавиот ден во целава година. Но сепак кога најмалку очекуваш се случуваат убави работи.
    Нели јас таман дојдена во Скопјево, ете ти ја по мене и братучеда ми(бремената). Ми ѕвони телефонот и ми вика: "Ајде со мене на ултра звук". Јас целата срејчна, се скапав рипање, автоматски се преоблеков и патот под нога. Леле девојки шо да ви кажувам. Јас бев повозбудена од неа :inlove:
    А бебушо, мал, убав, си заплакав од среќа. Дознаве дека машко ќе биди, мене додуша не ми е важно шо е, најважно бебушка е, ама пак се израдував, конечно едно машко внуче че си имам, има фраерче да го напрам :D
    И така, бебушот дефинитивно ми го разубави денот, на сите само за тоа им зборував денеска.
    Имајте убава вечер девојки :*
     
    На sweet-cherry, kravce, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  11. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    ...и утре сум повторно на училиште...и повторно ќе слушам нечии „ангелски гласови“ , ќе го гледам низ прозорецот темното, заоблачено небо со надеж дека утре можеби ќе биде сончево...Не, ова не „синдром на осмоодделенска заљубеност“, туку „фобија од мрачни денови“...И се ќе тече како и секогаш. Ќе се вратам од училиште, ќе дремам овде на форумот,...итн. Колку е само досадна есента...
     
    На psychic му/ѝ се допаѓа ова.
  12. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    животот е тежок и комлициран...на кого како му е пишано, така
     
  13. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    Ке станам порано за да учам.Утре пред школо планирам да одам до Шутка и да си купам нешто со заштедените пари.Сега имам 550 ден.Ке си купам две блузи по 250 ден.После за наредната недела и овие останати денови израчунав ке соберам 400 ден. и баба плус ке ми даде 100 па после ке имам уште 500.
    Инаку,денес е роденден на мојата (идна) свекрва.На тел и го честитав роденденот.Ни оди муабетот иако некогаш навистина ме нервира со нејзните драми.Сепак не е толку лоша свекрва.Донекаде ја сфакам.Таа се најдобро мисли за нејзниот син и се грижи за него.
     
    На eliesaab и LittlePinky им се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Читам, слушам и не ми се верува,ама озбилно не ми се верува.
    Жените ние сме биле намачени, затоа што се што сме правеле сме правеле за мажите.
    Тоа озбилно или ме зафркавате мене?
    Се шминкала за да фати дечко или да го задржи постојаниот, вежбала за истатата причина и за истите веќе наведени причини се средувала или дотерувала. Добро бре да не беа маживе ќе испаднеше немаше да се бањаме ебаго, ќе си смрткавме заувјек. Не знам од кај им паѓаат на памет овие работи.
    Добро бе, не ли и е на секоја жена/девојка мерак да биде секогаш средена и убава за себе и за никој друг, лично за своја садисфакција без да има потреба некој да заведува, задржува или не знам што.
    Абре абре за ќотек сме за ќотек ако има уште вакви мислења а има, верувајте ми!

    Туку уште на време осигурајте се дали вашиот забар има згоден син кој планира утре да го замени.
    Се излигавив за сите пари, исполупав 300 бисери, предвреме го гризнав тоа синото за пломбите, и што се не ми се деси, ама кој не би на мое место да ти поправа заби ептен згоден дечко. Среќа не се засркнав. Какви мисли ми доаѓаа на памет, да не кажувам има деца читаат, белосветска брука :tmi:

    Шаљачот ми се врати порано, кој знае зашто, другарка ми се смее дека ми го пратила порано како поклон да не сум и барала сега ништо друг поклон од Њујорк, а јас си спремам место на полицата за сувенири за една мини статуа на слободата, не ме залуже она само со симпатијата ај ај... Па уште како поранет поклон за роденден НЕ!

    И не сакам да пораснам бре луѓе не сакам, плус и смачено ми е да ме прашуваат дали ќе славам роденден, има да ги викам дома на соленки и сок како на роденден на 13годишњачка. Па да ги видам дали ќе ме прашаат пак. Не ми е роденден бре, жими се ќе славам хепи анбрдеј у октомври, се само да не е роденден. Петар Пан бурек да ми носи.
     
    На anuskaNESTLE, Peppermint, Butterfly14 и 20 други им се допаѓа ова.
  15. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.524
    Ајвар маниа, дај ми доручек, ручек, вечера, секој ден ќе јадам.. па уште и со сиренце?! : мх, мх, мх..!
    Што би зеле на пуст остров?
    -ајвар;
    (шала на стpaна, за пуст остров малце ќе се подразмислиме :rofl: )

    Абе има ли нешто поубаво од ајварот на мама?! :lol:
    абре момче, македонче, и твојата македонска кујна. какви пици-мици, кинески бакрачи и други, оваааа....
    Горда што сум македонка :D
    ајвар му е мајката,

    iVar RULES! :rock: :dance:
     
    На Someonespecial, Dog-lover, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк само ова немојте да трошите позитивна енергија на негативни луѓе.Не вреди :)
     
    На machhe, QueenElena, Antoninaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  17. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Да го забележам во вечните архиви на поштована госпоџица Фемина почетокот на денешниов ден :emo: ккхххххххххххххМ! Одиме накај факултет со човеков, и нешто ме глочка напред во патиката ем прслукот ме стега. И си одам и си мислам - нека глочка, ме одвлекува од стегањето на прслуков. И пуста интуиција, маме и јебем, ја соблекувам патиката - ларва луѓе, ларвичка во патиката, ми паднала ларва во патиката, се посрав. Ако видовте некоја ретардована со патика пет метри фрлена од нејзе како стои на една нога фрапирана (со кремаст чорап, да се разбереме), јас бев.
    И така ме истега стравот дека некоја друга ларва случајно ми паднала, ми идеше да се соблечам гола и да пиштам - зошто мене?! :| .. и така, решила пустата пеперутка да ми се роди во патиката, ми се згади животов сто посто, цела куќа ја исчистивме кога се вративме, се испобањав се испотрив, од стравои пусти и трауми. |-)

    Чекаме денес на студентски прашања, и од таму не упатија кај погрешна личност - а таа па како мртво тело да и донесовме се раскока демек апокалипса. |(
    Скопје, мамата ќе ми е*еШ! Вчера имав изодено 15 километри пеш, јас 15 - либето 20, денес може исто 2-3 километри повеќе изоде од мене, сто пати го пратив до контејнерот. :rofl:

    Постов го редам и прередувам, незнам од кај да почнам. Се ми е познато, та дури и ларвиве - еве сега ми текна каде ми има паднато. ]:) Не сум којзнае колку узбуџена демек студент сум па настрана, се ми е добро познато, овој пат сум само бескрајно среќна.
    Знам на кого имам да се потпрам.

    И тој сака да купиме рибичка и да ја крстиме Миливој.

    :drunk:

    П.С. Никој неќе да биде Јанкуловска, ама ко си министерка, ќе си ги сакаш бркчињата - министерка си, ќе те шминкаат и ќе пеат. You know what I mean?
     
    На kravce, Barbie20, LittlePinky и 10 други им се допаѓа ова.
  18. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Ах лекари. Дали да ги жалам, дали да ги колнам, тоа е прашањето. Кога ќе видиш залепено на неколку листа 'Ве молиме доаѓајте на преглед со одржана лична хигиена' јасно ти е дека имало причина да се залепи нешто такво.

    Таблети, имаме. Режим на исхрана, имаме. Гураме напред, гураме. Со мачката не мрзи да стануваме сабајле, само што за разлика од мене, она решава бледо да ме погледне, да ми сврти грб и да продолжи да спие. Најсериозно. Книга немам прочитано од одмор, ако не се смета материјал за полагање. Утре храбро одам да запишам семестар и се прашувам колку ќе ме одерат. Апсолвент, бре. Да ви кажам, мило ми и страв ми. На момент се осеќам како некој да ме држи на врв на карпа и се мисли дали да ме фрли. Доле, реалниот свет. Ама вака па да висиш постојано, не иде.

    Времево е максимално забегано, а и да ви кажам му се може. Сабајле сака ладно, за до попладне да ти биде пеколно и да посакаш да си излезеш од кожа. Во последниве два дена заклучив три работи: немам соодветни чевли за врнежливо време (одбивам да извадам чизми, побогу луѓе септември е), страв ми е кога луѓе пишуваат се со големи букви (со должно извинување кон оние на кои им е заглавено ЦТРЛ копчето) и долната десна рингла најбрзо ми се загрева на шпоретот (кој го имаме минимум 3 години, ама се се открива во свое време). Доволно е.
     
    На AnaKarenina, kravce и Hipster им се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Добро бе, што е со мене денес?
    Значи 2 пати паднав, и тоа убаво. Онака да ме гледаш, и да ми се изнасмееш. Пред купишта луѓе. Оти не е интересно да паднеш, а никој да не те види, нели? Тапа е тоа. И тоа се' поради тие глупи, некастрени врвки на патиките, што само се одврзуваат. Јас клекни-трас со задните образи, наглавачки доле. Да, многу ми беше интересно. После во автобус... бев седната во „4ка“, наназачки се возев. И баш јас кога станав, да се спремам за излез, баш тогаш шоферот нашол да сврти. И јас како што бев назачки свртена... Идев напред-назад, напред-назад. (баш ко у лична карта, на Аца Лукас). Ама фактички, на мене тоа што ми беше напред, на другите беше назад. На мене тоа што ми беше назад, мене ми беше напред. Ко пијана некоја се движев. И на крај им чучнав на едни во скут. Многу ми е интересно, бе. И после, како јаготка на шлаг... толку јако си го учукав малиот прст од ногата, што почнав да рикам, ко недоквакана. Прееска, истурив вода. Врз ѕид. Со полуполна чаша. Ептен малку фалеше, да летнеше водата во штекерот. Ама среќа, па отиде врз јакната на татко ми.
    Тутурутка една.
     
    На Someonespecial, Espadrila, Sweetheart87 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    755
    Свесноста за тоа дека немав храброст да го направам она што е неопходно направи да се чувствувам ужасно.
    Секогаш ми беше помила сенката од сонцето.
    Темнината од светлината.
    Промислена тортура.
    Сеедно.
    Молчев.
    Бидејќи кога мразиш неможеш да молиш, зар не?

    Вечерва се давев во алкохол.
    Дете сум.
    Лошо е.
    Штети.
    Но, по ѓаволите, кому му беше гајле?
    Пијалокот ја отстрануваше баналноста.
    А ако доволно често се тргаш од неа, можеби ќе избегаш и самиот да станеш банален.

    Пристоен ден.
    Убив два пајака.
    Ја нарушив природната рамнотежа.
    Сега сите ќе не` изедат бубачки и муви.
     
    На SparkyAngel и QueenElena им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.