1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    49.122
    Пол:
    Женски
    "Кога некој ќе го најде својот пат, не смее да се плаши. Мора да биде доволно храбар да прави погрешни чекори. Разочарувањата, поразите и губењето на волјата се орудија што Бог ги користи за да го покаже патот."-Пауло Коељо (Брида)

    Ништо на светов не може да ми даде душевен мир и спокој како што ми го даваат зборовите на Пауло во неговите книги. Можам да кажам дека е еден од оние писатели во чии дела го пронаогам својот живот и своето секојдневие.

    Памтам кога прв пат почнав да ги читам неговите дела. Првата книга што ја прочитав беше Вероника реши да умре. Беше почеток на лето ,сите се радуваа за завршената школска година за авантурите што ги носи летото. Јас таа вечер седев дома затворена во својата соба внесена во своите мисли,во своите најголеми стравови. Имав некое лошо чувство на разочараност и осаменост. Мисла дека животот ми стои во една мртва точка,дека не ми се случува ништо,дека сите ја наогаат својата срека а само јас немам ништо во животот. Знаете еден од оние денови кога сами себе се убедуваме дека ништо не ни оди онака како што сакаме и дека нашето постоење на овој свет е безцелно.

    Така седејки во тишината ја здогледав неговата книга во домашна библиотека.Ја зедов ,се сместив удобно во својот кревет и почнав да тонам во нејзините зборови. После првите прочитани страници сфатив дека јас и Вероника имаме многу заеднички работи. Пред се имавме се што еден човек може да посака но тоа не ни беше доволно.Сакавме повеке,а тоа повеке го немаше па сметавме дека нема потреба да го одиме патот на животот доколку не го добиеме тоа.Читав неуморно и без престан. Секој пат кога сакав да ја оставам книгата и да потонам во сон нешто во себе ми велеше-Не,прочитај уште една страна !
    Вероника ме научи на првата животна лекција. Во оној момент кога ке помислиш дека се наогаш во безизлезна ситуација,кога ке помислиш дека тонеш и дека нема назад ,е во тој момент ке почнат да се случуваат работите кои од секогаш си ги барал и си сакал да се случат. Ме научи дека за да знаеш да го цениш убавото првин треба да го осознаеш грдото. За да знаеш да го цениш доброто првин треба да го осетиш лошото.За да знаеш да ја цениш љубовта првин треба да ја осетиш омразата.
    Ме научи дека животот е еден и дека премногу го земаме здраво за готово. Ги игнорираме малите нешта кои носат убавина бидејки сме сконцентрирани кон "големите" кои единственото нешто што ни го даваат е неспокојот .Ме научи дека љубовта доага кога најмалку очекуваш на места кои никогаш не би ти паднале на памет.

    Убаво е кога човек има нешто или некој кога во тие црни моменти и мисли ке го тресне толку силно од земја што ни најсилниот земјотрес не би можел да го врати во реалноста. Некој што ке му ја врати вербата во животот,во љубовта во доброто. Некој што ке му биде водилка во животот,учител и ментор . За мене тоа се книгите на Пауло Коељо и ликовите во нив.
     
    На Agawa, Barbie20, ines.h и 3 други им се допаѓа ова.
  2. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    ми трба среќа за денска по грешка куцав тикет сеа или ке влезе за 6370 или ке си платам 500 (
     
  3. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    ...„ Со надеж дека утре можеби ќе биде сончево„...и ете...сончево е.
    Денес ми е убав денот. 5-ка на наставно ливче по географија, СОНЧЕВО ВРЕМЕ...Барем за миг заборавив дека е есен... :)
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.617
    ... нели изреката „Вујче од Америка“ звучи смешно и интересно?
    Епа мојот вујче од Америка доаѓа утре. :)
    Ние сме подготвени за гостинот. Прво ќе спие кај баба ми и ќе видиме колку херојски ќе ги издржи нејзините ментални масажи и евоцирање спомени од пред 60 години. Јасно е дека ќе го исцрпи сосема, прашање на време е само. :D
    Ние всушност сите го исцрпуваме со безброј прашања што сигурно ги мрази - А како е таму? А како оди работата? и веќе смачено му е да одговара, ама нема чаре. Таков си е адетот за печалбарите. :D
    Што мака видовме додека го најдовме омиленото негово јадење. Тоа се некакви јагнешки црева од кои се плете плетенка, па се пече, па чуда. И никаде ги немаше, дури од Штип пристигнаа вчера, радости, за црева. :D
    Оно... и Штип е далеко, ако појдеш пеш.
     
    На bittersweet, ohana, kravce и 14 други им се допаѓа ова.
  5. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Добро е, издржав неколку саати без плачење па дури и успеав да се сконцентрирам на работата. Ај за саат време ќе сум дома, ќе си праам ручек (ко морон, мразам сама за себе коа готвам, а некад тоа ми беше омилено)...уствари ќе правам доручек..пошто откако си ги дозволив лошите навики во животот-недоручкување ми стана омилена иако знам колку слабеам од тоа :|
     
  6. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417

    Немој вујче да го замараш со безпотребни прашања за Америка.Кажи само, Вујче ние се уште не сме крстени, немаме име, и за тоа тука се ни иде наопаку, во случај да се изненади човекот....од родната му земја.
    А да не фрлат па Обама да не најде... :wasntme:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Јас во јавност не плачам, ама ќе се расплачам во банка кога ќе уплаќам за факултет. Не одраа, не соголија, и скршените парички и оние од Југославија фамозна што ги имаме сите по дома ни ги прибраа. Провизија ваму, УКИМ таму, па ратичка, па лабораториичка, па за едно чиче, па за друго џиџе... Да чукнам во дрво, секогаш може да биде полоша финансиската состојба, ама луѓе многу пари се да му се сневиди. А кај се тек книгите и сите други марифети?! Па срамота е, некој од дома брои до последен денар за да се запише на факултет за тек таму да те мафтаат како сакаат. Ама ајде, ова не учи за понатаму. Се надевам.

    Да ве поучам сите, ако не знаете што да поклоните некому, со чоколадо никогаш нема грешка. Подобро оди на сигурно, него цел живот некој да ти памти која глупост си му ја поклонил. На поклони не се наоѓа замерка никогаш не го признавам како оправдување. Чоколадо бе, или бомбониера и ете. Нека биде и поскапа, ама нека го израдува оној на кој ќе му се поклони. Се нервирам кога ми даваат глупави работи, а уште повеќе ме нервира кога е од блиски луѓе. Верувајте дека во сечија душа се кине една жичка за секој ужасно непотребен и едноставно глупав поклон.

    Средава ми е прекрасна, само благодарение на љубезните дами од Т-мобиле кои јавно ги поздравувам. Секогаш кога сум се јавила биле крајно љубезни. И ме поздравуваат со Имајте убав ден. Еј кој заборавен поздрав, а ми се чудат луѓе кога така ќе им кажам. Да шириме човечност како шири, шири, весели пешкири. :)
     
    На kravce, la-chicka, anuskaNESTLE и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Јесс паднаа и првите две петки 8) :wasntme:
     
    На gothchick, Anonymous996, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Не постои совршен маж...ниту пак постои совршена жена...само постои партнер кој совршено ти одговара...
     
    На vitomir, Daydream и vinozito1 им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.993
    http://radiosarajevo.ba/photo/galerija/6820/80341

    Ја гледам галеријава и се топам. Парови како спијат додека чекаат дете. Мекост.

    Ден за тестенини. Татко ми е прекрасен, ни замеси пита мене и на мајка ми само со кечап и кромид. И знаете што? Успешно е вкусна. Сега ќе си се пикнам во кревет и ќе си читуцкам Теа Модерна. Мајка ми вика - ееј, види ни се падна шалче, глушец боја!

    И јас само слушнав = шалче со глушец, и си викам, што тропа женичкава?
    После видов, во списанието и подарок марама. Глушец боја, стварно.
    Вчера седнавме во Бирократ, спојки сите. Бејлис и муабети. Четири пати изврна, четири пати преврна. Честитавме роденден како што доликува, со Сникерс, козметика и облека. Нозете уште ме болат од чизмо/штиклата и дефинитивно морам да најдам начин како да се оженственам без да имам од’ како тазе возљубена проститутка. Сериозна сум. Еве, иде плата, иде октомври и морам да си набавам пристојна штикла, по можност црвена, на мала штикла со големи очекувања!
    Слушам Ник Кејв и ми се меша со цвркотов надвор. Има денови кога септември излегува од рамките на својот есенски капут и ти дава грам надеж. И си ја садиш во саксииче крај прозор.
    Да никне нешто, макар малку. И да си продолжат деновите како што треба.
    Со трпение, многу работа, многу љубов, скапување на Скајп, мелодрама во облаци и чадори заборавени по автобуси и маркети.
     
    На anuskaNESTLE, dream.queen, Domino и 4 други им се допаѓа ова.
  11. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Денес:
    -Бубалица,штребер...
    После 10 години:
    Госпоѓо,кечап мајонез?
     
  12. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    241
    ...никогаш не потценувај никого, никогаш не си ги откривај слабите точки, НИКОГАШ не дозволувај некој да те знае како сопствениот џеб, никогаш не дозволувај да те видат паднат на дното и никогаш, ама буквално никогаш не потценувај рането „животно“.

    Толку.
    Сега може Ник да ми пее до бескрај.

    https://www.youtube.com/watch?v=oujrauQQ-Xk
     
    На Cataleya, bittersweet, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  13. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Некогаш беше така.. Денес, а и во иднина не верувам. За жал.
     
  14. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Ме фрустрираат луѓе кои што хејтаат провинцијалци и мислат дека само затоа што живеат во Скопје се подобри од нас другите.
    А иронично е што мајка и е од Прилеп, татко и од некое Велешко село, се преселиле во Карпош кога тргнала на училиште, ама сега главна Скопјанка е она и плука и пцуе по сите нас кои што среќата си ја бараме во некој поголем град.
    И не ме фрустрира тоа што позади грб ме навредува туку тоа колку луѓето се плитки и површни.
    Сепак, свесна сум колку вредам и дека не треба да ми претставува хендикеп во животот тоа што потекнувам од помал град, напротив - горда сум што израснав овде и што имав доволно нормални луѓе во мојата околина кои ме научија што вистински се вреднува. А кој од каде е ни најмалку не ми ја формира сликата која што ќе ја имам за некоја личност.
    Не бе, ај нека ми објасни некој каква е таа логика и уфилманост на Скопјаните спрема останатите ?
    Мизерија.
     
    На kravce, anuskaNESTLE, BoaVista и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    „Никој не е совршен додека не се заљубиш“

    Епа ја не се согласувам.Јесте да заљубена сум ама реалист сум и знам дека во тој што сум заљубена има мани.Ме нервираат девојки од типот : Леле тој е совршен :$ Ама не.Никој не е совршен,никој.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Anonymous996, Dog-lover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Чопче! Најинтересен наш збор.
    Чопчето... Чопчето...
     
  17. MoonshineAnne

    MoonshineAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    83
    За три дена заминувам, да ќе ми фали тешко е врска на далечина али ќе успее ќе доаѓам ќе доаѓа, имам толку обврски што морам да ги направам едноставно не сум во можност да останам дома.
    Ах колку беше полесно дур бевме млади и безгрижни како остаруваме проблемите се трупаат еден врз друг, нема друго решение освен да се соочиш со нив.
    И ќе ми фалиш да, многу.
     
  18. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Всушност имам кажано секој 18 од месецот е од една страна многу убав , а од друга многу неубав датум.Како и да е , јас ке мислам позитино односно на убавата страна на секој 18ти од месецот. Плус тоа денес е среда, среќен ден.
    Па таков е и денот. Сонце. :sun: Денот по утрото баш и не се познава. Беше најладното, најсивото, најморничавото утро кое сум го доживеала. Ако не направев кафе ке паднев некаде од што беше такво времето наменето само за спиење.Но кога дојде 11 часот и кога огреа сонцето одма ги тргнав завесите на школо и си гледав далеку низ прозорецот, некако не ми се слушаше што се зборува на час. :lol:

    Антена5 си ја поштовам максимално, си уживам со некој нови и некој заборавени хитчиња после прекрасниот ручек. Вечер ке биде убава вечер, а и јас ке се потрудам да ги тргнам очајните подочници, да се нашминкам , да ја исправам косата и да бидам поубава од тоа што сум преку ден. Не личам баш на нормален човек. :lol:
    Ме чекаат само 2 лекции кои брзо ке ги научам и ке си го посветам денот на себе. Ме чека нешто интересно вечерва, предосеќам. ;)

    п.с штотуку ми звона комшијата на врата и по втор пат ме виде со маска на лице. |(
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    102.069
    Пол:
    Женски
    СДК...
    Полудувам...и сите околку мене...
    Онаа мисли ако се омажила не треба веќе да се капе...оваа друга се замислува дека е гранд певаљка,барам работа како да барам нафта,влегувам во бутик,не најдов што ми требаше зашто продавачката имаше убиствен поглед,оној бара пари на заем, :fubar: ,што мисли да си го продадам бубрегов за да му излезам во пресрет,онаа бара книги на заем а не ги вратила претходните,јас сакам да извршам убиство ,ама ми е страв од присуството на можните сведоци,ми се расипа лап топот,фенот ко за инает не сака да дува топло,душеков од спалната опасно ми го укочува вратот,плус сум наелектризирана,плус разочарана...
    [​IMG]
     
    На imelda и kravce им се допаѓа ова.
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Некои работи едноставно не се за споделување со секого, затоа што кога - тогаш ете, можно е да бидат искористени против тебе... Не знам, не сум уште свесна од каде доаѓа целата таа потреба да бидеш возвишен во нечии очи, на сметка на туѓа пропаст... :(

    Не го предизвикувам Марфи, за денеска беше и повеќе од доволно, а едвај е 5 саатот.
    Сакам само да си легнам.
    :(
     
    На bittersweet, Dvolicen, imelda и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.