[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gargamel

    Gargamel Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    129
    СДК Цел ден си го потрошив денес за џабе...само книга да не се фатело. Очајно ми треба распуст. :|
    Мрза ме фатило неможам да седнам да научам, а уште само утре треба да одговарам и толку.
    Битно, ноктите си ги направив со снегулки, само палецот и тој до малиот.Многу ми треба снег, па кога нема надвор мора да се задоволам вака :tmi:
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  2. smajliX

    smajliX Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    29
    Ќе си го видам и гушнам бато прв пат после 3 месеци, само уште неколку минути :angel:
     
    На crazyinlove19, AnaKarenina, Divinebutterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сфатив дека ми ја повредил и желбата за секс... А тоа е веќе опасно и нема да го дозволам.
    Спуштив филмче со Пол Вокер.
    Мммммммммм :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Neytiri и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  4. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.796
    Допаѓања:
    18.591
    Пол:
    Женски
    После цела недела еуфорија(иако сеуште трае) собрав сили да пишам.Го видов брат ми конечно и најсреќна сум на светот.Сега сме неразделни :)
     
    На crazyinlove19, Doozy, Marilyn-Monroe и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Ми се натрупуваат обврски, и да се изразам така новогодишно, ми се чини дека се дујам и ќе си пукнам како балонче :lol:

    Си мислам за годинава што изминува, и не, не сакам да ја паметам.
    Нова година- нов старт. Божем преку ноќ ќе исчезнат сите проблеми.
    А сепак, што знам, имам некое чувство дека следнава ќе биде подобра. Можеби не од 1 Јануари, но ќе биде. Барем јас ќе се потрудам.

    Kолку е убаво денот да го завршиш со пријатен разговор кој одамна ти бил потребен :)

    Добра ноќ феминки :*
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Тажна сум...ама многу!! ;(
     
  7. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Ајде и јас да кажам по што ја памтам 2011
    Најпрвин убавите работи:
    Ја памтам прво и основно по самиот дочек ( си поминав најубаво со друштвото и воопшто не ми беше криво што не ја дочекав со тогашниот дечко- а памтам колку бев љута што нема заедно да славиме... е да ми е сега овој памет ич нема да му ја мислам :lol: :lol: )
    Ќе ја памтам по тоа дека брат ми дипломираше и се вработи :) (колку сум само среќна за него)
    Ќе ја памтам по тоа дека оваа година станав апсолвент
    Ќе ја памтам по тоа што слободно можам да кажам дека ја најдов љубовта на мојот живот :inlove:
    Ќе ја паметам по многуте убави нешта што ни се случија дома, сите успеси на моите на работен план :clap:
    Ќе ја паметам по успехот на кошаркарската репрезентација
    Ќе ја паметам по тоа што случајно го запознав Васил, милото детенце кое ми го освои срцето, детенце на кое му требаат очајно многу работи за да има барем малку убаво детство ;(
    Oние кои сакам да ги заборавам и оставам зад мене се:
    Болеста на баба ( сега е многу подобра)
    Загубата на многу добра другарка ( понекогаш не е фер што господ ни ги зима оние кои навистина ги сакаме)
    За тоа колку се нервирав за некој што упорно и упорно ме повредуваше, па ми влијаеше и на здравјето :@ :@
    Што го имав најлошиот роденден до сега :@ (да постоеше копче delete сигурно ќе го искористев одма)
    Тоа би било тоа...
    Во новата година, сакам се да ми тргне на подобро,но најважно од се сакам да се здрави, живи и среќни луѓето кои ми се блиски, кои ги сакам, и се дел од моето секојдневие, сакам да дипломирам и да се вработам!

    и за на крај, НИШТО НЕ Е ПОГРЕШНО АКО ТОА ТЕ ПРАВИ СРЕЌЕН. Имајте убава вечер сите.
     
    На crazyinlove19, AnaKarenina, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  8. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    СДК треба да престанам да фантазирам . Не се живее од соништа и илузии , реалниот свет е тотална спротивност од она каков е во моите фантазии , и свесна сум за тоа меѓутоа понекогаш толку се внесувам во мојот свет што заборавам дека тоа не е животот , тој е надвор од мојата соба и моите мисли, тој е тежок и боли , боли многу.

    Песимист сум - ДА . И тоа најголем , ретко ги гледам светлите точки во нашево постоење и општо во животот - тој сам по себе е убав , убаво е да дишеш, да постоиш и да се будиш секое утро , се останато околу нас е помалку вредно

    Немам доверба во ништо. Не верувам никому , дури ни на самата себе , можеби е и така подобро , ништо неможе да ме разочара премногу затоа што не ни очекувам мн добро од луѓето.

    Мрчам . Понекогаш со причина а понекогаш и без . Не е убаво знам, ама послино е од мене .

    СДК ако навистина ме сакате прифатете ме ваква , не барајте од мене да се сменам , не сум совршена, никогаш нема ни да бидам , ама прифатете ги моите мани и сакајте ме ваква каква што сум затоа што ако сум различна тоа не би била јас .
     
    На crazyinlove19, ines.h, julie77 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека ќе издржам некако уште 4 дена станување со петлите, ама после ќе си спијам и уживам. Мхм, мхм, мхм... :mm: |-)
    „Вајлд, ова да ти е прв и последен пат да не одиш на прв час!“
    Со оглед на тоа што не е прв, нема да биде ни последен, верувај тато. :D
     
    На WinnieThePooh му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    СДК Кабаетот е копиле,никој не го сака.

    Колку само е ова е вистина.Како некои луѓе имаат сила да ја префрлаат топката таму кај што не треба.
    Ама не се тие криви ,туку тие што дозволуваат да им биде префрлена.

    Слушам новогодишна треска ги зафатила луѓето.Јас не сум од тие,мене само треска ме тресе.До пред некој ден имав и волја и желба најмногу заради децата,ама сега веќе не.
    Колку само се возбудени моите ангелчиња,ќерка ми само сецка ,прави честитки и снегулки,син ми брои денови до распуст.Си веруваат дека Дедо Мраз постои.Ако нека веруваат колку што може подолго.Јас одамна веќе не Верувам.

    Верувајте во тоа што мислите и на оној што мислите дека треба да му се верува.
     
  11. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Станата сум прилично рано и буљам во екранот од сабајле.Слусам музиче и си размислувам,вака предпразнично ме фати нешто да размислувам со чист памет и здрав мозок..


    Сега да не се жалам,имам некој не сум сама,ама без чувства без ништо.
    Го навикнав да ме има на послужавник и убаво му е,му годи.
    Е од денеска ке играме друга песна.Малце неизвесност,малце несигурност.
    Нема да ме изгуби 100%,ама нема ни да ме има 100%.
    Мои правила од денеска,иако сум помало од него 6 годинки :$ :rock:

    хеееех,.ајде ке се депилирам јас сега 8)

    http://www.youtube.com/watch?v=tIdIqbv7 ... re=related
    и песнава ми се погоди.А,бе се ми е погодено :lol:

    А и сликава кажува нешто .. :!:
    боље нешто,отколку ништо.
     

    Прикачени фајлови:

    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Прво како што знам во правила и ти пишува без вреѓање,а ти најпрво пишуваш (НЕПИСМЕНИ),второ јас не славам на 25 пошто сум православна и ако некој каже дека православните чекаат на 7јануари Божиќ јас не би го сметала тоа за дискриминација,а кој чека како чека не сум току упатена ,а тоа дека нема да го знаеш не значи дека си (неписмен).и пак ке речам нека им е честит Божиќ на сите што го славатт без разлика кој каков е не ни сакав јас некој да навредам ,барем не како тебе
     
  13. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    СДК
    Јас уште од сабајле на фемина :lol:
    Надвор ладно а на школо втора смена ахххх :@
    Колку само не ми се оди на школо :devil:
    Ама се тешам со тоа дека еве уште оваа недела и ДЕФФФ од пеколот :D

    Ајде поздрав девојки :*
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    добро утро феминки :)
    кога ке ми текне колку обврски имам денес во план да завршам , ми се темни пред очи,а сакам и нешто да експериментирам со некои шари на ноктите, да се видам и со него душичка вчера ми се налути, мислел дека сум го заборавила,едно смајли :( ме натера да се подзамислам за да не биде ;( пред Нова година, а не ми се станува од пред компјутеров :lol: убаво,топличко :doh: а надвор ладно-смрзнувачка а згора на се треба да мрзнам и автобус да чекам :worried: а што се редовни ЈСП тоа е друга приказна :P како и да е , имајте убав ден :)
     
  15. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Акција:
    Да им помогнеме на луѓето кои немаат свој живот, да го пронајдат !

    Неможам да сфатам, ако толку многу им оди измислување приказни, зошто не станат писатели ? Стануваш наутро, се уклучуваш, и бааап - нова приказна за тебе.
    Ако толку сакаат да измислуваат, нека напишат книга, јас ќе ги инвестирам. :devil:
     

    Прикачени фајлови:

    • Quote 21.jpg
      Quote 21.jpg
      Големина на фајлот:
      65,2 KB
      Прегледи:
      348
  16. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Нова седмица..последна навидум кратка,но сепак доооолга 2011.
    И не ми е гајле што е понеделник,ниту што е последен..ниту што е облачно.
    Нештата што ме мачат..ме мачат,ама буквално ме мачат.
    Чувството кога имаш подочњаци до коленици,оладено грозно кафе и уште еден тон задачи за поминување. Е,доџе ми да вриснем.
    Ама чувството,дека само за неколку саати ќе си слободна..другарките ќе се на куп,братучедите дома..Чувството дека ќе имаш време за сите ветени повици и кафиња..чувството дека утре-вечер Марјан и Никола заедно во Охрид..бесконечно е :) И уште ред нешта.
    Ама џабе муабет..ко прво треба да поминам низ сито.
    Понеделниче,јебо те бог..а бог сам ја!
    ЧАО.
     
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Не е фер ова. Не ми даваат моите пари, не можам да си купам нови салонки, сите ќе носат нови само јас стари. Ова не е фер. Не сакам да живеам. 100 пати се премислив дали да славам Нова Година или не. Другарките ме тераат да славам а јас не сакам. А плус таму ќе биде Трајче, го сакам го сакааааам! И ќе ме види со старите салонки. Не не неееееееееееееееееееее! :devil:
    Среќа си купив ново фустанче тесно и мини, помини неможе да е, а не е скапо, од Перла 6700 го земав. Ама се исплати ќе го носам и идниот месец на роденденот на сестра ми. А баш ќе ми одговараше со салонките од Шевињон што ги видов. Ах нервози само. :envy:
    Среќа Дадар беше слободен и си закажав кај него, иако касно ми е терминот од 10. Па доста касно ќе отидам на славењето, се надевам дека до 12 часот ќе стигнам.
    А потоа ќе пијам да не знам кај се наоѓам. Се надевам дека ќе стигнам здрава дома и ќе знам кај живеам :lol:
    Еднаш е Нова Година еднаш!!!!
    И утредента резервиравме на 1ви и тогаш плаќаме по 1500, ама се исплати дупло поефтино е од новогодишнава вечер.
    Иако ме мачат сеуште салонките, се распрашував за кредит, ама ми кажаа под 18 години не давале. Ех глупаци, а за 23 месеци полнам 18.
    Ќе прашам на гламстик за начин како да ги намолам моите за салонки нови.
    Ајде поздрав.
    Отидов во Афродита на солариум и гелни нокти, не одам во школо, глупо школо, испрашувања и тестови цела недела. Па јас Ајнштајн ли сум бре? Ненормални! Затоа мама се јави рече бронхит имам.
    Абе француски или со светки да ми се ноктите?
    Светки вајда.
    Ајде бацуф4иња каснаааааааам
     
    На angel92, Springy, kate21 и 37 други им се допаѓа ова.
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.643
    Допаѓања:
    23.872
    Пол:
    Женски
    СДК одамна не сум седнала на раат на Фемина. Многу бев зафатена изминативе неколку дена. Колоквиумите поминаа добро, задоволна сум, конечно распуст :D На снегот се израдував ко мало дете, штета што траеше само еден ден кај нас.
    Викендов си поминав прекрасно, дечко ми ми беше на гости, и супер пројде се :) Сега така дремам пред компјутерот, чекам да се симне 3тата сезона на Госип, се заразив и јас. Слободна, без обврски, семинарски, учење, ја чекам новата 2012 :)
    Оваа што изминува, добро пројде. И повеќе од задоволна сум. Фала му на Господ, и следната да биде ваква, ако може и уште подобра :)
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Денес е посебен ден за мене, и моето семејство, денес е роденден на мојот идол, мојот учител во животот,човекот кој секој наш пад ќе го поздрави и ќе ни пружи рака да станеме без разлика на нашата вина и грешка, кој знае да почне да филозофира и да ти објаснува, човекот кој цел живот се бори да имаме се јас и мојата сестра, мојот татко!
    Можеби не сум лесна на солзи, но 2 збора се доволни од тебе било остри, било добри, за да заплачам во секунда, ете толку си ми важен, толку имаш влијание врз мене тато...
    И повторно да се родам, би те посакала тебе за родител, со сите твои доблести и мани, и бескрајно ќе сум благодарна што си ти мојот тате, што знаеш да веруваш во мене и кога сите бродови ќе потонат, што знаеш да пружиш нова и нова и нова шанса, што си толку трпелив, што го изнаоѓаш секој миг да се шмугнеш кај нас во соба само колку божемски да провериш дали е топло, што прво мислиш на нас две, а после за себе, што жртвуваш многу од твојот мир и спокој- за утре да ни го олесниш патот и да немора да газиме по трња, за преубавиот чај од билки и тазето ѓевречиња секое утро, за цел тој сјај во очите и љубов кои ти зрачат кон нас...
    Можеби не сум ти кажала те сакам, ама знаеш дека сум мангупка ко тебе и чуствата си ги кријам и покажувам на дела наместо зборови, знаеш колку те сакам и колку ми значиш татко мил...
    Како што ти посакав синојќа, само биди ни жив и здрав, не ми треба ништо друго, твојот спокој, совети и присуство се повеќе од секој автомобил, стан, подарок...
    Среќен ти роденден тато, те сакам највеќе!

    ПС. Сакајте си ги родителите, нема поголемо богатство од нив, од семејството , а јас одам да ја спремам тортата :^: :party:
     
    На crazyinlove19, kate21, Divinebutterfly и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.987
    Ахаха, леле, ме извади од памет Роси, викам,што се шекнало девојчето, ама ете до крај прочитав... Иронија и сарказам во фин пакет :)
    Ах, Роси Роси, јас помислив некој да не седнал на компјутерот ти и почнал место тебе да развалува тешки филозофии...

    Јас, се смеам од сабајле, најдов едно мултислатко сликиче од бебуш, му ја пратив на мојот мачор и по сабајле саде мјаукачници ни се дешаваат. Вечер сакаме цугопол да играме, мене од ракиичката уште ме држат флешови, ама не се давам. Нудлс со кари и грашок за ручек! Новата машина за перење треба да ја совладам и истовремено да си ги средам расфрланиве партали по собава. Даде ми купила мини соновник, зошто пред некој ден ја удавив со моите фантазии како сум била во Италија и сум имала зелен куфер што не можев да го затворам. И ете, ме заќуте со соновник.
    Тате пржи риба на балкон и разговара со комшиката долу што ја кастри живата ограда. Викаат, поточно и двајцата. Никогаш не ми беше јасно која е таа децибелажа за куќен совет или муабет. Се’ мора да биде гласно. А можда е и до годините, наглувост, ова она.
    Еве го сликичето, јас се фрлам на понеделничка чистка, денес сум off, ќе уживам со себе додека можам! :*
     

    Прикачени фајлови:

    На glow, crazyinlove19, Neytiri и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.