[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Љубовта е единствената сила која непријателот може да го претвори во пријател.
    :inlove: :inlove:
     
    На cigarce, machhe и hermosa им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.614
    Искрено, вакво незрело мислење може да ти се препише само на годините.
    Мајчиниот јазик и неговите дијалекти се нашето најголемо богатство.
    Тој е обележје, знак, идентитет и некој во минатото крваво се борел за да ти денес го зборуваш јазикот од прадедовци, наместо да учиш бугарска, српска, грчка азбука. И ако тоа не е за почит и благодарност, не знам што е.
    Но, за еден дел си во право, вината е дефинитивно во најголем дел кај професорите по македонски јазик.
    Тие треба да инспирираат, да подучуваат и да ти всадат љубов кон пишаниот збор. Дури и часот по граматика да го направат интересен, а не одвај да чекаш да ѕвони.

    Јас имав среќа да налетам на прекрасни професорки по македонски јазик и со душа ги чекав тие часови. Можам слободно да кажам дека една од нив ја детерминира и мојата професија.
    Жално е како денешниве ( и професори и ученици) не знаат да ја искористат слободата и креативноста, не ја сфаќаат поезијата, ниту пак се трудат, не ценат книжевна уметност и мизерно ми е да читам изјави од типот „немала што да заврши, па ај пиши се на мак. книжевност“.
    Бујрум, ако мислите дека е така лесно...
     
    На sleepingbeauty, clock.pot, Neytiri и 33 други им се допаѓа ова.
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на темата за девојката со постот за македонски јазик. Можеби професорките не ви доловуваат од колкаво значење е тој предмет, можеби помладите генерации на професори ни самите немаат поим за тоа, ама јас се сеќавам во петто одделение имав една професорка која ни даваше изненадни тестови, секакви ливчиња со материјал, не тераше во различни тетратки да пишуваме литература и граматика, да имаме речник, лексикон и што уште не.
    И толкав труд вложи во нас што срам ми беше да не се потрудам бар нешто да научам, и ден денес се што учев ми стои во сеќавање.
    А и во средно имав една од најдобрите професорки по македонски на светот.Толку посветена, толку трпелива да објасни, да повежба што многу работи вечно ќе си ги паметам и ќе сакам да си ги препрочитувам и повторувам.


    И Мисирков, и Конески, и Климент Охридски, и Кирил и Методиј, и уште многу многу МНОГУ вакви луѓе кои ќе ги учиш во предметот по Македонски јазик и литература своите животи ги посветиле, некои од нив дури и ги жртвувале само за ти денес да не мораш да зборуваш грчки или бугарски или турски и под џам да ти шетаат џандарите и да те појат рицинус за секој кажан македонски збор. Па после стварно да се*еш.

    Пријатно.
     
    На lunicka, ilipili, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.286
    Допаѓања:
    81.859
    Пол:
    Женски
    А јас сум за суспендирање на ваквите ученици-неученици.
    Сериозно.

    Ај да се смениме ако сакаш?
    Учи ти за мене Арх. студио, Историја на арх. и уметност, Дрвени конструкции, Арх. конструкции, Фотографија и што ли уште не што ми се мотка низ распоред годинава, а јас со задоволство ќе си учам и ќе си ги препрочитувам страниците на учебниците по Македонски јазик и литература, ако треба и лектирите ќе ги пишувам јово на ново. :)
    Иако, кога ќе подразмислам подобро - не би го менувала ова по никоја цена, дури и би додала часови по литература да можев.
    Нема врска професорот - има удел, но џабе ако ти си ја думкаш главата од ѕид и си сфаќаш вака здраво а готово - треба да знаеш како сама да си го земеш знаењето, ама очигледно нема интерес од твоја страна.
    Македонскиот јазик бил варијанта. Ок, да и ?
    Тотално небитно, зашто сè е варијанта од нешто.
    Ај да не учиме и Математика, зашто нејзини гранки, варијации - како сакаш, има и во Фармацијата и во градежништвото, а да не зборувам за економијата.
    Јас викам да ја тргнеме и неа од распоредот, м? Заш' да не.
    Колку сè би дала само пак да можам да присуствувам на час по Македонски јазик и литература кај мојот професор. Гимназијалците од мојот град кои поминале низ неговите клупи знаат за што зборувам, не би да именувам - еден е и единствен и со право ќе речам дека до одредена степен е заслужен за мојата љубов кон пишаниот збор.
    А џст фор д рекорд - во прва и втора средно ја имав најужасната професорка по Македонски јазик, за која сум сигурна дека врска нема кој ја напишал Црно семе и дека уште ги меша Крпен живот и Пиреј и не знае дека тоа всушност се две различни дела.
    И, сега што? - Ништо.
    Нема интерес, тоа ви е проблемот, а на сила на човек не можеш да му дадеш - можеш само да му земеш.
    И после немојте да се жалите како ние стануваме сè понеписмена нација...
     
    На Azriel1, Ketrin.Moon и Spell им се допаѓа ова.
  5. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    755
    И повторно сама.

    Зошто толку го мразам сонцето?
    Светлината?
    Денот?
    Зошто толку се` ме потсетува на Него?

    Немавме ништо.
    Немаше почеток.
    Не` немаше нас.
    А бевме толку многу убедени дека ќе не` има.
    Сепак...не.
    Не успеавме.
    Заминавме. Секој по својот пат.
    Сам пред себе.
    Сам за себе.
    Ја предадовме и последната битка.
    Битката за нас.
    Се откажавме.
    Зошто?
    Кој знае?

    Никој.
     
    На Oxymoron, Agawa, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.732
    Пол:
    Женски
    Наместо да се гордееме со човекот , види што пишува на СДК .. :yawn:
    Сега во гимназијата во прва година (на замена) ни беше една професорка така милна, абе милина да ти е само на час да ја слушаш :$ Сето свое знаење во текот на учебната година го всади во нас децата, дури и оние кои имаа единици слушаа и полека напредуваа (покажаа видливи резултати). . . Ете сега оваа година ни се врати другата професорка, и таа како и поранешната професорка што ни беше на замена преку примери, други книги по литература не учи да го сакаме и цениме нашиот јазик.
    :!: Не е се до професорката/от сето зависи и од нас самите.Мисирков е човек на кој капа му симнувам, секоја чест за него.

    Наместо сами да се потрудиме да дискутираме за големината и знаењето на човекот ние овдека ќе се расправаме |(
    Еве од моја страна е отворена таква тема за човекот, за книгата на македонскиот народ.
    Али најнормално на кој да му текне да коментира на темата :geek:

    knigi/za-makedonckite-raboti-krste-p-misirkov-t18450/
     
  7. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Ама се почувствував СПЕШАЛ денес.

    Уште еднаш ми покажавте дека сум заслужна за напредокот на фирмата, уште еднаш ми докажавте дека сум ви важна. Ме испративте на преубав начин. :inlove:

    Кога дојдов денес на работа, на бирото ме чекаше преубава торта. Ме обли преубаво чувство кога со искрени желби за понатамошен мој успех ме испративте од канцеларијата. Знам дека е од срце.
    Ви посакувам уште поголеми успеси понатаму, големи дела...

    Па и себеси си посакувам среќа, нормално. :D
    Во нова фирма, со нови сили, одиме кон напредок и успеси.
    Јухуууу :dance:
     
    На Neytiri, 1209, Sexybaby86 и 14 други им се допаѓа ова.
  8. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    32.480
    Пол:
    Женски
    Се се случи толку неочекувано. Сеуште сум во шок. Посакувам сево ова да беше само еден кошмар, и кога ке се разбудам ништо од ова да не е вистина. Премногу млада не напушти. Животот беше пред тебе. Се надевав и се молев постојано , но сепак ти замина. Премногу те сакам и ми недостасуваш. Никогаш нема да те заборавам. Во мојата душа остана само празнина, само солзите се пролеваат, а насмевката одамна исчезна. Со времето болката ке се стиши односно ке се навикнам да живеам со неа, но чувствата секогаш ке останат исти. Те сакам и никогаш нема да те заборавам. RIP тетичке моја ;(
     
    На Barbie20 и LittlePinky им се допаѓа ова.
  9. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Моментот кога дознав дека наставникот што сите најмногу го сакаме оди да живее во Америка
    [​IMG]

    :worried: :worried: :x :x не е можно .. зар да не не доучи? и на негово место да дојди најсуровиот да го наречам наставник?
    Само се надевам дека не е вистина ... :worried: :sweat:

    *****

    А утрово пак излеговме со мајка ми со намера да ми купи 2 дуксерки, а се вративме дома со 2 дуксерки,есенска јакна,ланче со мустаќи и 1 дуксерка за брат ми :D
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
  11. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482

    Welcome to the club :)
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Исто.. :worried:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    5.155
    Децааа, облекувајте се! :) И напијте се нешто за грло
    Изволте
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На sweet-star и Dog-lover им се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.200
    Допаѓања:
    124.828
    СДК дека многу често почнав да си замерувам кога од срце се смеам.Онака ќе се сепнам у смисла-Еј,што правиш ма? Со оглед на тоа што истрпев премногу за овие 28 години,и се осеќам ко жена во поодминати години....изморена од се.Некој да ми кажуваше немаше да верувам .Животот не го замислував вака.Знаев,знаев дека нема да биде лесно,ама мене ми стана навика да добивам и губам,да добивам и губам и да дојдам до степен дека веќе ми е сеедно се.
    Многу ги мразам- Здравје,што е мое ќе си дојде,не бил сега моментот,еден ден ќе биде и слично ама мислам дека проклето се точни (Ова ми е надеж,а мразам да се надевам :( )
     
  15. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Eве ме и мене, јас опет настинав :worried: :)
    .. таква е сезонава другарка ми пак, има вирус а денес и е роденден ]:) :doh:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  16. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Е ова времево сите не разболе. Јас го поминав моето некако сега сум добра фала богу. :)
    Сите болнички, брзо да оздравите. Не заборавајте да пиете топло чајче. :D

    И уште сакам да кажам конечно дојде викендот. Ќе го искористам максимално во одмарање, забава и уживање.
    Имајте убава вечер. :*
     
    На sweet-star и LittlePinky им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    101.643
    Пол:
    Женски
    Имам тетка која во своите 80 години е една прекрасна бабичка.По малку збунета,малку склерозна,ама како таа што знае да ја направи нејзината градска торта,не знае никој.И јас не сум успеала да го доловам тој вкус иако ја правам прецизно,сигурно има некој мастраф што не ми го кажала.Или пак самото доживување кога ќе ти ја сервира во старинско чинивче со филигранска лажичка ,ма се топам бре.И нејзиниот познат хол со црно бели плочки од времето на Гестапо :D ,кои низ годиниве не мрднале ни милиметар,ми прави како да сум згазила во едно друго време.И не,не е таа осамена,има ќерки и синови и внуци и правнуци,и не дозволува некоја од снаите да и се меша во кујната.Ма царица е.

    На враќање еден змеј-летушка ми го привлече вниманието.Не сум видела змеј со години,можеби преку 20 .Знаете ,можеби зјапав во него половина час,каков мир и спокојство нуди треперењето на опашката ...си помислив тажно моиве деца не ни знаат што е тоа,ни како се ужива во него...

    И сакам да споделам со вас еден совет кој го прочитав некаде.
    ___________ тука впишете се што негативно чувствувате (замислете ја како мајмунов портокал)
    Мајмуновиот портокал ви е една цака,со која во југоисточна Азија ,фаќаат мајмуни.Луѓето го ставаат портокалот во некоја шуплина во дрвото,мајмунот пријдува да ја земе,но не може да ја извлече раката зашто го држи портокалот.А бидејќи многу го сака портокалот,не сака ни да го пушти,и така сам себе се држи во заробеништво,и тогаш луѓето приоѓаат ноншалантно и лесно го ловат.
    Затоа, пуштете го портокалот!
     
    На Anonymous996, bittersweet, thinkerbell и 5 други им се допаѓа ова.
  18. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    6.716
    Пол:
    Женски
    Последниот викенд од мојот летен распуст. :( Од понеделник официјално факултет. :?:
     
  19. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    Никогаш не сум ги следела настаните како избор на мис,избор за евровизија...ама баш никогаш.Али па и никогаш не сум ги плукала со грди зборови и пцовки оние кои ги избрале да ја претставуваат нашата држава.Читам актуелно на форумов,а и на почетната страна на Фемина е девојката која е избрана да е мис на Македонија.Зарем е толку грда,зарем навистина баба ви е поубава од неа,зарем?Ма дај богати зошто такви коментари?Македонска работа-ништо не ни е погодено!И никогаш нема ни да ни биде.Ние сме народ што ги бодри и навива за победите,а за другото сме научени само да пцуеме по него.
    И овој пат нема да го следам изборот на мис на светот,но никогаш нема да изустам лош збор за нашата претставничка.

    Кога би си пишала збор-два за мене во постов да си кажам дека сум болна.И тоа 24 часа пред утрешниот натпревар.И имам карта за во првиот ред,и сакав да викам и да навивам (иако изгуби мојот тим) али по се изгледа ќе одам и ќе бидам многу тивка на наптреварот.
    Побрзо да оздравам,побрзо!!! Дај Боже.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Ејј да не прочитав овде не ќе знаев дека денес е петок :)
    Озбилно. Изгубена сум и во простор и во време.
    Денес лудите ме фатија. ПМС-ов ме скрена...си игра топло-ладно со мене. Дај Боже до вечер да продолжи лудилово и да не ме фати депресија.
    Викенд а? :)
    Кога ќе се пицнам вечерва, кога ќе излезам, нема дечко шо не ќе ми се свиѓа
    :rofl:
     
    На Anonymous996, Ketrin.Moon, Agawa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.