[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Македонија е најглупавата држава во светот...Ниту Сирија не ни е рамна...Уфф...попладнево баба ми ми покажува кон една жена и ми вели стара мома била..И што ако е „стара мома“? Ја прашав и ми вели дека тоа значи дека не ла доволно добра и никој не ја сакал...И кога и реков дека нема шанси некогаш да правам свадба со 300 гости, ми рече „а што ќе рече народот тогаш“? Колку проста нација сме бре ние... :x
    Па на евровизијата...Есма...повторувам, ЕСМА...А песната? Поидиотска немам слушнато... :@
    Да не заборавиме на Мис Македонија која е малку поубава од Вале Гулабица (или како по ѓаволите се викаше таа идиотка)...
    Па дури и сето ова да се само вообичаени муабети, барем се вистина... :swear:


    Денот ми беше прилично добар, се додека не отидовме кај тета за да го чуваме братучед ми (тој е 8 години; тета и тетин беа излезени). И идиотот ме плукна на новата блуза (која ја купив денес), не заклучи надвор и ја затвори вратата (клучот остана во куќата. Ги викавме комшиите да нии помогнат да влеземе од кај гаражата ... :@ Конечно успеавме...му реков на братучед ми дека е идиот и тој почна да ме мава со училишен прибор...Уффф...Да не беше баба имаше да го здробам од ќотек... :@ :@ :@

    Ајде сега нешто убаво...Ќе одам на натпревар по ликовно (нешто во врска со светскиот ден на европските јазици) со група деца...Се надевам дека ќе победиме... ;)

    И така... :) Пријатна вечер, феминки! ;)
     
    На Azriel1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Го окривував другар ми демек тој е крив за еден дечко што се оддалечи од мене. Затоа што тие двајца се скараа, ама сватив дека и тој не ми е толку важен, сепак другар ми е на прво место, иако можеби згешил избрзал сите ние грешиме. Кога денес гледам после една недела молчење не пишување порака од дечкото како си што правиш. Еее ти текна бе ххха. Епа ја нема шанси да се замарам и прва цело време да пишувам. Си нашол тврд орев, нити па молам некој, а ти пак сам прв се јави.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Се обидувам да ги средам мислите што коагулираат во мојата глава.Не престанува виорот во далечината и лаежот на кучињата.Повторно и повторно.Дождот заводливо танцува на улицата.Полна месечина.Убава е.Плаче.Носи бел фустан и голема болка.Под маската на оваа ледена жена се крие и причината што ја направила таква.Причина што виновникот никогаш нема да ја признае.Осудете го на смрт !!
    -хеморагија а нема рана, и крвари душата.
    Сака да врисне, но нема глас.Зарем и тоа и го одзедоа?Од лебед ја претворија во хиена.Гладна и одмаздољубива.Фатален потег далечната '91.
    Ја распарчи жената маринец.
    Ја разори, но сеуште е целосна.За чудо.
    Страдањето и направи брчки по лицето и ја исуши кожата, ја подгрбави, но не успеа во својата цел.
    НЕ ЈА УБИ.
    - посвета за најхрабрата и најборбената жена во мојот живот.
    ** те сакам, МАМО **
     
    На Gordana10 и Barbie20 им се допаѓа ова.
  4. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Треба секој од време на време да си земе малку време за себе и да заборави на се што го опкружува, буквално, иако тоа би било и само за неколку часа. Многу можеш во тоа време да научиш за себе :)

    [​IMG]
     
    На Elennaa, tea4e, Barbie20 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. lalitas

    lalitas Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    10
    Идам кај другарка ми на гости вчера вечер и ајде се договоривме да спијам кај неа и ај отидов. Се запознавам со мајка и брат и се океј, и дојде вечер седеме јас мајка и другарка ми, и онака зборевме за дечкото на другарка ми, нешто мајка и се зезеше и после ме прашува мене ти имаш ли дечко? јас и викам не немам, и оваа ми вика леле па како така си останала самичка на овие години? иначе имаме по 15 години, и голема штета изгледа ќе останам стара мома, да да... секакви ги има, прво ми стоеше на стабилна жена но после ова, неам зборови...
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.024
    Допаѓања:
    164.830
    Од сите жени најпатетични ми се оние што редат слики од женски за кои самите си сметаат дека личат на нив,па уште некој ако им каже дека стварно ПОТСЕТУВААТ...ауф...нема крај. Као исто сум лепотица, еве нема потреба моја слика да ставам, еве ви ја оваа и опсипувајте ме со коментари дека личам стварно на неа,а јас ќе лебдам
    Еве добро кога читам како и се воодушевуваат на Љубица Јаневска ги доживувам лично, сто посто и за мене така мислат. |(
    Ни личите, ни па ќе личите...

    Туку друг ми беше муабетот.
    Мажи кои ми доаѓаат со емотивен товар од типот, не знам како заглавив со неа, не сакам да сум со неа, не знам како да раскинам... ми го пренесуваат сетиот емотивен товар и не можам да дишам. Се чувствувам како да ми облекуваат викторијански корсет и ме стискаат. Врвка по врвка, ме стискаат, чвор по чвор и во грлото го чувствувам срцето како ми бие. И пак и пак и пак И ПАК ми оди во глава, неподносливата леснотија на постоењето. Како да помогнам? Колку е неблагодарно некому да му досудувам јас? Па и молежливи погледи... и очај... Си ветив дека нема да носам ништо туѓо повеќе, ама од вакви ситуации не можам да се оградам и да не чувствувам. Ми се чини нема полошо од емотивно робство. Слободен си,а не си... Се чувствувам како да држам некој висок во рака и треба да одредам јас што ќе се случи.
    А да не зборувам за еден кој носам вина еден тон. Па и ќе те направи будала, ќе те направи крив... зошто ете ти не си пресекол, ти не си се борел, а ти треба да објасниш дека тогаш улогите ќе ни биле сменети. Јас не припаѓам таму!
    Ах уел... денов беше премногу убав и премногу искрен. И премногу се смешкав и премногу дремев на сонце и сонував иднина... Две до пет пива ќе ја средат работата, иако имам потреба да останам дома и да се стуткам во кревет,па ако може и посакуван неканет гостин да ми наврати, но...нема, нели...
    Најважно ми е дека толку колку што се чувствувам слободно и среќно во моментов, никогаш не сум се. И боли, и пече, и нервира, и те јаде нетрпение, амааааа тооооолку е проклето доброооооооооо!
    Ќаосно!
     
    На Neytiri, mims-89, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  7. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Поправниот тест на мојата Љубов.
    Одлично! Греат. Не ми се верува дека му успеаа кифличките. И сега идеме да качуваме калории.
    Горда сум на неговите раце, многу многу вешти, така заводливи.

    Идам да уживам.
     
    На cigarce, Barbie20, Christina.A и 4 други им се допаѓа ова.
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.858
    Постанувам невиден `шопохолик` :!: AND IM SCARED |(
     
  10. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Конечно да издвојам малку време за себе и да си приуштам нешто.Веќе беше редно да дојдам и јас до телескоп да видам како е таму горе :lol:
    Сакам телескооп :inlove:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    СДК ... кога мене ми е фино, имам ниво на расположение, си се осеќам најопуштено на свет, задоволно ... ма никој не може да ми поремети состојба на ум и дух ! 8)
     
    На Azriel1, Izaabella, Anonymous996 и 15 други им се допаѓа ова.
  12. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    [​IMG]

    Еве што имам да кажам.Напнав со школово,али што да правам,тоа ми е единствен проблем,неам ја љубовни,на 13 години ко некои јаки “џенцки’’ не се замарам со љубов. Ама со школово станува сериозно,сонував како ја убивам наставничката по математика, и се разбудив викајки цркни,цркни,цркниииииииии (не ми го толкувајте сонов,не верувам,освен што ми е страв да не стане реалност). Онаа па музичко,да даде господ компири да и нараснат во глава,физика на ѕид со се неговиот елекцититрет да се залепи.Ја замислувам историја,сигурно си ги воспитува децата по договорите од 19ти век,и им вика - Знаете како бил убиен Франц Фердинант?Сакате и вие ко него да бидете убиени?А?Ајде сега право на учење. Сигурно им вика - по договорот од тој и тој век,вие не смеете ова време да седите на компјутер!Во соба!Веднаш на учење!Ке убијам некој,жими се компирите на музичко низ нос ке и ги извадам!Ах бе , зошто сум осмо,зоштоо... :doh:

    А сеа за викендов:
    [​IMG]
     
    На Barbie20, LittlePinky, Dog-lover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    644
    PLEASE!
     

    Прикачени фајлови:

    • n.jpg
      n.jpg
      Големина на фајлот:
      23,9 KB
      Прегледи:
      492
    На hermosa и LittlePinky им се допаѓа ова.
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Една слика досега имав видено од мис Македонија и тоа тука на форумот, и си реков веројатно така лошо е сликана, грдо светло, лош момент...ама ова вистина било. Кој е опседнат со нејзините топки што ги носи на гради па да толку титула и даде за нив? Денес барем секакви избори има, па нека ја прати на некој избор за нај балони, ако веќе толку сака да ја прошета. Ај белким некој ќе се исплаши таму во жири од нејзиниот страшен поглед (ко да секој миг ќе извади нож и ќе тргне по тебе како лудача), па ќе догураме до погорните места...
    Не е убаво вака што се потсмевам и навредувам, знам, ама сигурна сум дека и таа не стигнала фер до титулата...па фит фит сме.
     
    На anuskaNESTLE, Foreveryoungiwannabe, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Куса прошетка, разбистрување на мислите. Темната уличка осветлена од месечината. Поглед кон небото, и во истата секунда - паѓа ѕвезда. Си замислив желба... уствари, замислив три. Дома се вратив премрзната, со црвен нос и црвени обравчиња. Ама ако, ми требаше ова. :)
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Evertsen

    Evertsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    104
    Моментално сум на холд и од понеделник ќе се завземам сериозно да завршам тоа обврските. Сега многу кочници има наоколу.
     
  17. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    СДК дека времево почнува да заладува :D :D Ах кога ке си легнам сега под топлото ќебенце и ке си пуштам едно убавко филмче и ке заспијамм :)
     
  18. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Ми отиде пак во тугина и само по 2 дена проклето ми недостига ;( ;( ;( ;(

    Живеам за моментот кога конечно еден ден ке кажеме ДА за цел живот.Го сакам премногу и тој мене но оваа проклета раздалеченост.Но тоа е што е мора така да биде.

    Душо чувај се те сакам и те чекам :inlove:
     
    На Barbie20, sanja.burgundy и Gordana10 им се допаѓа ова.
  19. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Нешто на што мислам деновиве- не се живее во минатото.

    Она што минало,останува и таму.
    Точно дека убаво е да се лута низ спомени.
    Онака барем за момент да се потсетиш на некој настан,момент, зборови,насмевки,солзи.
    Но...некогаш треба уредно да си ги спакуваш куферите,да ги селектираш моментите на кои сакаш да се сеќаваш.И да заминеш,да, да заминеш во некои нови денови.
    Денови кои се бројат а не веќе избројани.
    Спомените остануваат.Никој не може да ни ги одземе.
    Ако некогаш си се изгубила себеси,денес пронајди се.

    Ајде да си ги боиме деновите во нијанси,светли,темни,забележливи.
    Ми фали црвена,онаа за страст.
    Црна за мистериозност.
    Бела за перфекција.
    Жолта за престојните денови.
     
    На Anonymous996, Agawa, Antoninaaa и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    877
    Пол:
    Женски
    дека, he loves me.. I swear ! ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.