[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Eх, кога ќе се сетам јас на тренинзите ракомет :) Мало место, нема професор, почина професорот (лесна му земја ;( ), срцето ме боли...
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Радуловиќ, Кастратовиќ, Нацева, Тодоровска, Платон, Кисељева... мислам дека тогаш последен пат навивав жустро за некој спортски натпревар. Кога ќе се сетам вака... колку добро ми се гледа тоа време сега, херои ни беа. Добра позитивна енергија струеше.
    Туку се сетив на моите "спортски" обиди низ годините. Јас сум си фатена во рацете за помали топки :tmi: па на првиот (и последен) тренинг за ракомет, ме оставија позади топки да собирам :D Ама за кошарка не ми беше проблем, дури мислам вака и добро играв бре :?: Бев и на еден час по карате, ама не се пронајдов :D дете. Отсекогаш сум била баксуз со топки, ем ми бегаат од раце, ем мора да завршат кон мојот нос. Посебно во игрите со нозе. Може да сум на км одалечена од натпреварот, ама топката ќе си го најде својот пат кон мојот нос. :tmi: И мислев дека со детството ми завршија носовите страдања :D ама ете... во обид да ја изгушкам кучката, наеднаш ми стана, па се удривме нос со нос. Тоа е јака коска луѓе, мислам крв ми се собра, главата ме здоболе, морав да си прилегнам :tmi: ништо чудно што ми е забеган носов.

    Иначе, немам ништо паметно и просветлувачко да ви кажам. Повелете, македонско девојче, преполни трибини, убави моменти :)
    http://www.youtube.com/watch?v=wBhvc9qZBbA
    http://www.youtube.com/watch?v=MHv1JQOeIg8
     
    На Espadrila, manja666, Elennaa и 7 други им се допаѓа ова.
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    незнам како не се уморуват лугето со различни лица,кои глумат и се прават нешто друго :^)
    хм, :^) за да изгледат дека се совршени :^) илииии.......................... :?:
    стварно незнам како можат така да живеат!.
    немат ли потреба за свое ЈАС!?.

    :x јас не би можела,па таква сум си,сакам да живеам бре,не би можела да живеам како робот за сите да зборуват дека сум многу добра и мила и се служам како што сакат постарите |( па неможам секогаш така.
    ајде некогаш нормално е тоа да се послуша постар човек и слично,али бре 24 на 24 секој ден и секој ден,да не можам да направам ама ништо баш ништо како што сакам :^) е неможам,признавам!.
     
    На karenin и Sara123 им се допаѓа ова.
  4. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Чувството кога ќе помислите дека конечно сте исклучиле некоја личност од животот, сте ја оставиле во минатото и истата ќе ви се појави пред очи...
    За*бан момент! :swear:
     
    На Biggie, Barbie20 и karenin им се допаѓа ова.
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Сум се нагостила со 2 ќебапчиња ала мама и 1 кременадла ала дечко ми. Со нив шопска салата (која не е баш шопска, немаше сирење)и пиперчиња. Сето тоа сем салатата приготвено на скара. И узо. Узо четири чаши. Јас сум таков гурман кој никогаш ама никогаш нема да се откажам од тие мали слатки задоволства кои го полнат срцето. Кои те тераат да се препуштиш на чашката и на љубовта :D . Краток ми е векот за да не си уживам во него.
    Малку се замарам што не сум пробала џоинт :D . Но,,, што е тука е. Иам уште 12345678900987654321 12345678900987654321 месеци за да ис конзумирам и такви супстанции.

    Сум кажала на глас колку ми е милно што имам волку убави мајка, сестра, татко и дечко. И кученце!
    Јас чат се кревам, чат пропаѓам. И тие ме креваат. Ме пропаѓаат злите сили кои ги има во одредени личности кои пример си земаат за право нешто кое не е нивно право.
    И на крај моите победуваат, не оние досадните. Чрак.

    Исполнета сум.

    И ма што ме боли десното колено што тебе те интересира кога јас планирам да правам свадба. Ма што те стрижам :rofl: . Кога јас некој сум прашала дали ќе прави свадба. Никогаш! Затоа седи и мисли си дали е потребно да знаеш што јас планирам во однос на тоа прашање. Глупости, најди си момак со кој би си правела ти, доколку тоа го посакуваш.
    Јас ете не го посакувам тоа во овој миг.

    Убаво ми е вака без потпис и печат. Не се плашам да не се изгубиме. И да се изгубиме со мојот, ќе се најдеме како луѓе ако не како љубовници.

    Моја риба е тоа. Не си ја давам, не си ја давам. Пиле. :$

    СВите да си најдете некој кој ќе ве фали, пали, гали, мази, пази.

    Мајке ми луди се. Пред саат време бевме кај нив и сега пак ми вртат не викаат на пиво. Немаат памет саканите мои. Купиле пиво па ај сега на Скопско.
     
    На dream.queen и Barbie20 им се допаѓа ова.
  6. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Кои фаци сте ако неможете некому в лице да му го кажете она што го мислите,па кога го нема,му зборите зад грб,а?
    Многу јаки сте,нема што. :fubar:
    Слаби4и!
     
  7. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    После тешка пијана ноќ,стануваш утрото и си среќна и задоволна што не си направила некои големи лапсуси.
    Но во текот на денот се среќаваш со рандом личности,кои многу успешно и сигурно ти ја враќаат меморијата.
    Тогаш сфаќаш дека големата модринка,што се наоѓа под лактото не се појавила сама по себе.
    Туку големата магарица,се спружила по скалите толку квалитетно што успеала да го осети и подот после нив.
    Во исто време сум зборувала на 4 различни јазици.
    Пустата јас тежок филм мие кога сум out of brain,да зборувам се,освен македонски.
    Можи дека тешко ги владеам странскиве O.o
    Дури и бившиот се пожалил кај другарка ми,колку не чинам.
    Имате слушнато за онаа фраза "на некои девојки најголемото достигнување во живото им е сепарето на кое се качиле"
    епа да јас сум една од нив.
    Ок претерав,нема повеќе.
    А дотогаш да се напијаме по една :P
    [​IMG]
     
    На Espadrila, Elennaa и hermosa им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.948
    Допаѓања:
    143.217
    Секој ден мислам дека го живеам the time of my life последниве скоро две години. Ева на пример, вчера и денеска ги имав најубавите моменти на плажа и море во животот. По толку одмори и плажи и мориња, ова е најубавото во мојот живот.
    Не знам што толку добро направив во животов што Бог ми го подари баш него.
     
  9. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Многу фаци се прецениле на фејзбук.Греота!!
    Објавуваат разно разни статуси што и како требало да биде, а ништо од тоа не применуваат.
    Ставаат статуси во кој се разочарани,се сакале а не се заедно..глупост до глупост..карактеристика на незрели луѓе..
    И спонзорушите јавно си се рекламираат какви коли сакаат,какви куќи,облека,накит..
    Е какво време дојде,да те ценат спрема тоа колку си популарен на фејзбук,колку лајкови имаш,а најголем дел од тие се фаци само на фб..во живо два реда муабет незнаат да напраат.
    До каде бе вака луѓе? Каде се добрите манири?Каде е приватноста? Дефинитивно се изгубени моралните вредности ..жал ми е за генерацииве кои доаѓаат..
     
  10. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Претходниот мој коментар.... :D Леле вака кога некој не знае за што зборувам, изгледам ко фрик :lol:
     
  11. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Братучед ми отиде во Скопје на факултет...Се прашувам како ќе биде кога јас ќе одам...
    Мајка ми и татко ми понекогаш ми раскажуваат за нивни случки од факултетот...Мајка ми за нејзините денови поминати во Белград, а татко ми за старите денови во Скопје и неговите арапски пријатели...Каде и со кого ќе ги минувам јас тие денови за кои подоцна ќе им раскажувам на моите деца...Се прашувам...
     
    На Ketrin.Moon и zhap4e им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.323
    Допаѓања:
    81.924
    Пол:
    Женски
    Кои реминисценции ме сполетаа изминативе неколку часа, немате поим и колку само емоции може да евоцира мало купче старудии, не ми се верува.
    Од многуте кутии складирани на таванот онака случајно си ископав мало „богатство“ и имав што да видам.
    Моето око е како магнет за вакви работи, веднаш си правам пресметки што може да се „рециклира“ и повторно да се употребува, а што навистина оди во аут и останува да си седи таму низ кутиите.
    И така случајно низ раце ми помина едно ташниче, го отварам и има што да видам - полно обетки. :wasntme:
    Антикварница, луѓе - во буквална смисла! :D
    Морам да кажам дека едно време со мајка ми бевме опседнати по накит, посебно по обетки и имаме секакви, а голем дел од нив дури и бев заборавила дека некогаш сме ги имале (па и носеле). :lol:
    Филиграни од младешките денови на мајка ми, огромни обетки со дамски шмек - како што би рекла мајка ми, па сѐ до најобичните купени од продавнички за бижутерии во најразлични форми - ѕвездички, камчиња, црвени уснички (кои ми личат на дакфејс), цветови во 1001 облик, слончиња за среќа, па дури и онакви во облик на отварач за пиво (се прашувам каде ли сум ги носела :^) )...

    Само не знам каде ли ми биле складирани до сега сите оние кратки сликички кои како кратки гиф-ови ми минуваа низ глава - некогаш значи доволно е толку малку за да откриеш такви ситници изгубени некаде низ масата во тиквата која си ја носиме на рамениците. А јас бев убедена дека сум заборавила сѐ по список. :lol:
    И тука беа моите обетки купени од заштедените пари кои ги носев на едно од моите први излегувања во дискотека и дома се вратив толку касно, што дури и заработив казна од татко ми. :tmi:
    Минијатурните обетчиња кои мојата професорка по физика многу ги бендисуваше и постојано ми коментираше - лелеее и Шехерезад имаше вакви во минатата епизода - а мене ми беше тотално сеедно.
    Коцкички кои имаа некоја непозната маса во внатрешноста и се прелеваа од една во друга боја, за кои мајка ми прокоментира дека биле за големи дадички и толку ме повреди тоа, зашто нели јас се мислев за таква веќе во седмо одделение.
    Врв на сето ова беше обетката пердув, купена во втора година средно која мајка ми буквално ја мразеше. А мене толку многу ми се допаѓаше да ја носам само неа на едното уво, а другото да биде празно - сум личела на некоја сомнителна личност вака со една обетка.
    А мене само ме тепаше страшен метал-рок-филм и сакав да му оставам впечаток на симпатијата кој постојано парадираше со тогашнатадевојка, небаре ќе се заљуби во мојат обетка и ќе ја остави девојката. :?:

    Повеќето се оштетиле со тек на време, којзнае од кога биле забутани таму и мислам дека немам срце да ги фрлам и не сакам, зашто ми изгледа како да се ослободувам од купчиња спомени спакувани во обетки со разновидни форми. :doh:
    И ќе си ги чувам, да ме смеат вака за век и векови ...
     
    На teddybear, Elichka, Barbie20 и 14 други им се допаѓа ова.
  13. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Лелее...како ќе одам јас во понеделник на карате? Си го изместив прстот вчера од кошарката...
     
  14. Victory15

    Victory15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    161
    http://www.facebook.com/photo.php?v=101 ... =2&theater

    Се расплакав... Ми навреа спомени, истото чувство беше кога го чекав татко ми од војната во Арачиново.... Заспивав сама со мајка ми на нивниот кревет. Тој период таа беше бремена и постојано го галевме стомачето. Колку само брзо прелета времето... Моментот кога се врати, беше еден од најсреќните моменти во мојот живот.
    Тато те сакам :l:
     
    На Barbie20, Buttterfly, Ketrin.Moon и 2 други им се допаѓа ова.
  15. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Да идам или не?
    Ма не ми се оди,знам дека таму ќе бидам луѓе кои несакам да ги гледам.
    А баш е супер девојчето.
    Себична ли сум? :( :fubar:
    Решив веќе,да си излезам со драгите,со другарките ко човек.
    Ама...Мислите се посилни од се... :(
     
  16. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Еден живот една љубов!!!
    Ајде ајде ајдееее Вардареееееееееееее! Покажавме дека сме нумеро уно во навивање,секоја чест! Храбро и машки до самиот крај! :)
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    9.737
    Пол:
    Женски
    Tука сум,сигурно сум по малер од тебе
     
  18. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Некои луѓе и те како знаат да ме изнервират.Ко само за тоа да се родени.
     
  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Побитен беше падот на Соња отколку ремито на Вардар со Барселона. Чудесна земја, оти така ни се може.
     
    На Gioia му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Лукот е еден од најпознатите лековити намирници на светот.

    Ама кога сте за излегување со... и на состанок, никако немој да го јадете....
    Не за друго, некој може од мирисот да ви приумре :)
    Абе може да сте убаво скоцкани, тело, лице гром, ама парфемот е лом.
    Директоров наш личен и убав го чекавме на закажан состанок.
    Дојде и го бапна задникот во новата фотелја. Па почна да ја пее истата песна.
    Само овој пат миризливо. Ја знам, ко Оче наш :)
    Седам јас до него, што ќе седиш, труе. Озбилна, тебе некако ти се спие :^)
    Е да ти кажам право, ми се здоспа :D Аман затвори устата ми падна притисокот... ќе ме имаш на душа.

    Си се нагнете ти кај Газда Жика плескавици, увијачи, вешалици, ражњичи, пиперчиња со лукче, фрли неколку ракиичиња.На здравје нека ти е. Е радничка класа ти е гладна....
    Море ми кркораат цревава, батали состанокот, ќе ти поцркаме од лукот.
    Виде невиде, за понеделник рече ќе не собере...
    Па така бе, јас си имам низок притисок и не го поднесувам мирисот...Јади кога си дома, кој ти брани.
    Ама кај те чекаат во сабота, не се должни да го дишат луковиот парфем во затворена просторија.
    Ми рече сум била за 50 посто од плата :devil: :D Крати бе... Јас можам и со малку...
    И да го поучиш, нечини :)
     
    На slavica999, Barbie20, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.