1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.358
    Допаѓања:
    259.716
    Кравче ме расплака, дал е до хормоните, незнам, ама ме врати назад во тоа време, која еуфорија ја имаше, која среќа :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Денеска денов полн со изненадувања, но сепак најдобро беше она кое ми го приреди мајка ми пред неполни 10 минути.
    Знам дека роденденот ми е за точно два месеци и пред недела ипол со мајка ми си разговарав демек шо сакам да ми купи за роденден. И така јас целата зафилмана и викам сакам суќна, кожена, ама да не биди залепена за мене, некое беж кошулче и џемперче за со нејзе. И мајка ми само се насмеа и вика никогаш не знаеш. Јас не ја сватив ич сериозно пошто секогаш си правам вакви муабети со неа.
    И така ја си седам на PC, мајка ми влегува со кутија и ми вика ова е нешто за тебе. Кога отворив имаше шо да видам :o
    [​IMG]
    Баш суќна каква што сакав и џемперче(јас така си го викам :lol: ).
    Ми вика ова ти е за родендено, ама малку порано ми стаса.
    Ептен си ја сакам женава, идол ми е за вакви работи и изненадувања. Ја бидува дефинитивно.
    Си ја изнагушкав, изнабацив, и како шо че речи анабела, изиграв еден танц околу суќната и џемперчето.
    Сакав уште сега да си ги облечам, ама морале прво да се исперат. Како и да е чим се исушат одма ги облекувам.
     
    На Barbie20, Someonespecial, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 9 други им се допаѓа ова.
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Природата е мор ден уордс.
    Ова Македонијчево мало стално ме изненадува кога и да тргнам на пат, а имам толку места непосетени. Жалосно е овие 25.000км површина да не се поминат за овој животен век.
    Ме фрапира бре глетката, ко занемена сум. Планињето посебно. :D

    Во лето обавезно, али обавезно поминуваме низ еден предел помеѓу Охрид и Ресен, знаете на карта изгледаат Те го, дека е, али само да знаете измеѓу што убавина има, ќе го возам истиот пат по 100 пати.
    Значи излегувате од Охрид, поминувате низ она местото Косел кај што обавезно мава мирис по нос, ја вртите кривината ко онаа кај Три Круши :D , и иде лепотата!
    "Автопат" во средина од прекрасна шума, лето е посебно пошто се е разбудено. Ресен застани покрај патот и собери јаболка ко да ќе нема утре и терај накај Битола или Преспа, уатевер ју лајк.

    Криво ми е што Источна Македонија ми е прееемалку истражена, али затоа Западна ја имам простудирано. :lol:
     
    На bittersweet, Elennaa, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    сдк се начукав. али прекинав на време.чирс ! ;)
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    чирс хани :*
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    сдк :D :D :D :D :*
     
    На nikiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    12.628
    Пол:
    Женски
    ...дека ептен ми се погоди телефончето,значи си го обожавам.
    Сабота.. сите се некаде излезени,а јас дома седам одам од соба во соба и стално повторувам едно те исто ДОСАДНОООО ! Но тоа е, сум се погодила да живеам во слепо црево па нема каде да излезам.
    Се мислам како да го намалам салцето што ми се насобрало на стомахот,ама со оваа моја мрзеливост и мојот огромен апетит малку потешко дека ќе го симнам.
    И кога веке не излегувам не ми преостанува ништо друго освен да одам да си легнам,ако не друго бар да се наспијам. позз девојки :* zz
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    Преку глава ми е од тие фраери кои додека немаат женска ( а сите другари им имаат ) се праат као нив им е само од онака, женска неможе ништо да им каже, другарите негови што си ги сакаат женските се папучари, зборат за секој втор вака праи со женска му, така праи, како они нема да дозволат нив ништо да им се кажува, ги викаат другарите навака натака, ги запознаваат со други женски и нели папучари се зашто нејќат да си ја извараат девојката и ОП на крајот они се тие што фаќаат некоја што ги врти за 360 степени и се губат. Само со неа искачаат, забораваат се што кажале, и за тоа што се смееле им се врака тродупло. Го прават истото и бетер. Забораваат и на другари и на се! И одеднаш женската им е побитна од другарите, одеднаш за неа се караат со другари со кои од деца делеле се, нели пошто се фраерчишта! Едно ќе кажам - не се пувајте незнаете што ве чека. Подобро биди си нормален и имај нормална врска, затоа што еден од толку дигање високо и мавање силно во грди, може да испаднеш најголем деген!
     
    На SparkyAngel и Dvolicen им се допаѓа ова.
  9. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Знаеш дека полека ама сигурно се претвораш во хипохондрик тогаш кога после обично гребење на грлото веднаш одиш на лекар и бараш упат за лабораторија и да провериш алергија.
    Последниов месец секоја недела одам кај матичната, се нешто ми фали, се некои чудни симптоми имам, па ме боцка, па качувам температура. А да не го изоставам чепкањето по Гугл и таму откриваш дека всушност ги имаш сите можни болести па така потресена си легнуваш и неможеш да заспиеш затоа што патиш од инсомнија и од глупави мисли кои ти се вртат по глава.

    Ахх бе, ама за смеење е ова.
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Кога човека можеш да го научиш најубаво? Кога со мали концизни совети, го насочуваш накај твоето размислување. И полека, чекор по чекор тој самиот ќе ја напише поентата која ти си сакал да ја кажеш. Ама чекаш да ја слушнеш од другиот. Тоа е финтата. Да се отворат очите на другите на културен и ненаметлив начин. Без никакви задскриени и малограѓански препукувања и превртувања.


    Ми се танцува, онака како што танцува Лана во National Anthem. Перверзно добро.

    Жешко ми станува.

    Значи за што друго да правиме муабет.? А даа (го позајмувам од Трендо и Офф Н.):
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      102,6 KB
      Прегледи:
      301
    На Barbie20 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  11. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    И така стигнав до она од кое најмногу се плашев.
    Кога немаш ништо на што да се сеќаваш.

    Кога сваќаш дека си изгубила ноќи, денови, месеци, години во тоа да створиш нешто, едно мало, ситно делче наречено љубов, даваш се од себеси да создадеш по не знам кој пат пак нешто на кое ќе останеш доследна.. И тоа го нема.

    Е таму стигнав. Дури сега немам никој. Немам никој на кого да се сеќавам. На кого да мислам дури тера Розо моја во позадина. На кого да пишувам пијана пораки. Кого да ме гушка во сонот.

    Никој кој оставил белег. Ќе го завршам факултетот исто како што го почнав. Доследна само на него му останав.
    Се друго отиде по ѓаволите. Своевремено се откажав и од алкохолот, па пак се вратив. Своевремено се откажав од цигарите, пак се вратив. Своевремено се откажав од другарките, пак се вратив. И пак ги снема.

    Се отиде во мајчината. Одамна не сум била олку осамена. Ништо вредно немам во животецот. А се мислам дека е касно за создавање....
     
    На fatamorgana123, Frame, crazylady и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.920
    Допаѓања:
    163.875
    Гледам многу несреќни луѓе затоа што живеат по туѓ стандард.
    Зошто е тешко да бидете искрени што сакате од животот и да се прилагодите на сопствените критериуми, тогаш можеби сите желби ќе ви бидат исполнети.
    Најмногу ме тревожи македонштината која по дифолт смета дека е успешен секој оној кој излегол од земјава. Како да ви кажам...секој може. Ама буквално секој. Може не од прва, втора, трета, можеби од четврта,ама ако САКАШ, можеш. Ако не сакаш, нема, никогаш и не треба да се чувствуваш лошо во врска со тоа. Ама зошто да сакаш, ако навистина и не сакаш? И зошто се чувствувате помалку успешни ако гледате како некој надвор успеал. И гледај финта, не си успешен ниту тука зошто ти другар мој, не си ја прифатил својата единица мерка за среќа.
    Како се движат работите, толку се повеќе укалапено размислуваме како нација. Ако некој не сака да искочи надвор, му се препишува како недостаток на амбиција. Колку сељачки и ограничено е пак тоа? Па уште и од оние кои ете им се собрала дури цела година некаде надвор и одеднаш им се отворени очињата.
    Не се фрустрирајте со туѓите желби и соништа, имајте свои и чувствувајте се комотно во нив. Се она кое ви причинува среќа,а знае да ве исфрли од вашата зона на комфор е ок. До душе, зошто пак да го наметнувам својот став, па дури и да ви е сосема комфорно е сосема ок ако тоа вас ви е дефиниција за среќа. Среќувајте онака како што си сакате.
    Што знам, уште нешто сакав да кажам, ама ми се приспива многу.
    И така.
     
    На mims-89, Claire, Camellie и 4 други им се допаѓа ова.
  13. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Добро утро!
     
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Вистинската љубов, никогаш вистински не завршува. Таа трае. Се сакате и тогаш кога се мразите. Заедно сте и тогаш кога ве разделуваат милион километри, се чувате еден со друг дури и тогаш кога тоа не е потребно. Дури и кога го свртувате погледот настрана, вие сеуште гледате еден во друг. Се смеете заедно, но плачете посебно, затоа што не сакаш таа да те гледа тажен, не сакаш тој да те гледа со солзи. Тоа е вистинска љубов :inlove:
     
    На Thallia, machhe и vinozito1 им се допаѓа ова.
  15. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Пред околу еден час ме разбуди празничниот неделн звук од звоното (камбаната) на црквата.
    Се осеќав како славеј да ми пее на увце за да се разбудам. Последниве два дена се будам порано за разлика од претходните викенди и се чувствувам пре-кра-сно! Колку е само поубаво кога се будиш порано :nod:
    Единствено што ме нервира е тоа шт веќе трети ден левото око ми игра а тоа е поради стрес и умор, јас сум повеќе за првото бидејќи во последно време се ме нервира, ама се :| :geek: Но, не е без причина. Дали дволичните луѓе, дали домашните или нешто трето ама мора да има нешто што ќе ме извади од такт и да се изнервирам до бесвест. А не чини. Барем не за моите години, ич не чини :worried:
    Единствено нешто што ме расположува се малите нешта и времето кое е преубаво, сончево а ладно :smirk:
    Имајте убав празничен ден исполнет со среќа и љубов поминат со најсаканите :) :*
     
  16. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    wtf.
    Остарив пред време , или се надевам некој заебан период ми е .Или се навикнав на рано
    станување :^).
    Од осум утринава , алишта наредив да се сушат на жица, пуштив друга машина ставив макарнови во рерна , и сега блеам во лап.
    А билдерецот како бајче си спие :fubar: I SHOULD KICK MY ASS...или да идам да го нападнав во кревет. :!:
     
  17. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    . Додека ја малтретираш и и викаш на својата Жена, постои Маж кој би и шепотел на уво. Додека ја вреѓаш и понижуваш својата Жена, постои Маж кој би и кажувал колку е УБАВА и ПРЕКРАСНА. Додека ја тепаш својата Жена, постои Маж кој би ВОДЕЛ ЉУБОВ со Неа. Додека и нанесуваш секојдневно на својата Жена болка што ја тера да плаче, посто...и Маж кој би и ја крадел нејзината НАСМЕВКА...
     
    На Agawa и vinozito1 им се допаѓа ова.
  18. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    WTF??? со зборовите со помин нека е дај бре луѓе не сме турци,па и на чет ми пишува хев со помин нека е господе од памет се извадив за што ли станува збор.Што им е на луѓево порано ти амо ми амо сеа со помин,дефинитивно треба да се забранат секаков вид на филмови во мк народот мн се соживува со нив!!! :envy:
     
  19. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Лошо е кога живееш во зграда и тоа само поради некои комшии кои во подрум прават ајвар и тоа во 1 по полноќ. Ајде нека си прават не ми сметаат, али мирисот од ајварот се чуствуваше и кај мене дома иако живеам најгоре на 5ти спрат.И така ми се отвори апетитот за ајвар, а дома сеуште немаме ајвар направено :( И си легнав така со голем апетит па дури и сонував како јадам ајвар. Ех тој ајвар што ми прави :D
    Ми остана уште еден испит кој треба да го полагам за недела дена меѓутоа ич не ми се учи, али ќе морам ако сакам да дипломирам до крајов на годинава. Последни маки се последни.
     
    На Dog-lover и Hipster им се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.836
    Допаѓања:
    142.391
    АКо отидеш во друга држава, не значи дека си паметен. Сите цигани беа у Германија, па гледам попаметни станаа. АМа тоа е, ќе станат слугинки у друга држава. ќе работат по 16 саати на ден и останатите 8 ке шлапаат против сопствената држава.
    Извини, ама ако и тука работеше 16 саати и не ти беше страв дека ќе ти падне круната, и тука ќе ти беше убаво. Ама не сакаат да се понижат и да работат. Па уште ако им рече некој да работат повеќе од раб време, па уште и се лути брееее, а таму црнчат и ги вреѓаат дека се македонци и им викаат цигани, а они пак работат и викаат тука е поубаво. Е таквите луѓе се штета што се родиле у Македонија.
    не девојче, не е Македонија крива шо си завршила факс кој секој втор го заврши, што никој не те есапи у живите пошто не знаш англиски и компјутери и што одиш на интервју и викаш, не работам прекувремено, сакам да иам добар шеф и иам две деца дома и треба секој втор ден да одам порано оти нема кој да ги земе од работа.
    А кога ќе им речат да одат да црнчат у друга држава - летаат. Викаат - па плата 800 евра. Да, драга, ок кои 150 за кирија 300 за јадење и сметки и излегува дека и тука ке заработуваше исто. Само ако не ти беше понижување да работиш тука иста работа. Ама германска циганка и македонска циганка не е исто, веројатно.
    И така.
     
    На Camellie му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.