[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    сдк не знам кај ми е глава а каде... зошто ли мора олку да боли...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    како ли се воздржувам а да не му пишам на бишиот на другарка ми што ме додал за пријател незнам-си ја сменил сликата на профилот и го сртел грбот, божем нема да го препознаам :fubar:
    тоа не е човек, тоа е гад што велам јас МУФЉУЗ
    а незгодно ми е да и кажам-незнам ни како

    друга работа
    кога бев на козметичар за чупање на веги пред некој ден вработената ми кажа дека ако се прави со ленти восок-по скратена постапка нели :wasntme: се собирале очните капаци-кога се движиш во такви кругови ке знаеш

    трета работа
    гледав Визита на канал 5 и дури и Аспирин од 100 мг може да предизвика крварење со денови-нели ко божем за циркулација го пијат лугето и да не се седи со прекрстени нозе и во поза лотосов цвет :!:
    и после еден час седење размрдување-не се препорачува многу седење ни многу стоење
     
  3. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Кутрото парче метал кое морало да се претвори во канта за ѓубре...
     
  4. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    Познато вие она чуство кога знаете дека веќе е крај.Кога градите ве гушат,кога очите ви се полни со солзи а не смеете да заплакате од срам пред родителите.Кога душата ви плаче,срцето ви плаче...и кога по милионити пат јасно се докажува правилото СЕ ШТО Е УБАВО КРАТКО ТРАЕ.
    И кај мене е така.Болно неделно утро.Ненадејно.Како гром од ведро небо.Боли и пече.
    А до минатата ноќ се беше како од бајките.Се беше совршено како и секој ден.Ние не се каравме,немаше љубомора,немаше солзи и болка се до ова утро.Тој...ме уништи за дел од секунда.
    Можеби и ќе му помине,можеби ова е вистински крај,можеби... ;(
    А сакав многу работи.Сакав да ме види во бело.Сакав секое утро да се буди крај мене.Сакав ... ;(
    Сега сакам се да продолжи од каде застанавме минатата ноќ или се ова да е само еден лош сон.Но,ако неможе да се врати времето и да се разбудам од овој кошмар тогаш на него му посакувам да е среќен,многу среќен
    ...и дека засекогаш ќе го сакам...
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    Колку убаво си спикав и сонував.. но се разбудив ...

    [​IMG]

    Како и да е, имајте пријатен ден феминки.. уживајте максимално во неделава :sun:
     
    На Dog-lover и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  6. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Знаете кој е овој? :$
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    Ах,ние и нашите соништа.Не знам дали ке биде така.Не знам.Но се борам,се трудам и давам се од се да успееме.Некогаш навистина паѓам,ама тој ме крева.Колку планови за во иднина си имаме..Вчера си направивме нови планови.Му се молам на Господ да се остварат.Знаете,не секогаш ни се исполнуваат соништата.Ние се трудиме,се друго е на Господ.
    Еве вака.Сега сум прва.Кога ке завршам трета година,пролета ке полнам 18.Кога ке завршам трета ке се вериме и цел летен распуст ке го поминам кај него дома.Потоа кога ке почнам четврта пак ке си се вратам дома кај моите и секој петок ке одам кај него,а недела навечер ке се вракам,за празници ке одам секогаш и од 31 декември до крај на јануари ке бидам кај него.После тоа кога ке завршам четврта и кога ке ја положам матурата (тогаш пролета ке полнам 19),летото ке се венчаме и ке одам кај него.А факултет ке учам во неговиот град.Деца после факултет.
    Живеам за тој ден кога ке бидам во бело,кога ке се разбудам покрај него..Ах,сонови,сонови.Знам,немора да ми кажете,знам дека сме луди.Може ке се оствари може не.Тоа оставаме на времето.
    Како се се менува.Ама ние секгаш си остануваме луди.Ама што да правиме кога се сакаме? :l:
    Веке имам се што посакувам.Не само што ми е тој дечко туку и моите го засакаа и го прифатија (а како да не го прифатат кога ке знат дека ке правам проблеми)? Моите се спремни и да му дадат пари за автобус да доага,татко ми понекогаш да го зима и да го врака,да ни даваат пари за ресторан,кафич,кино,театар,да шетаме каде сакаме...се..Јас не им барав бидејки не сакам да им ги трошам парите,но мајка ми рече дека нема проблем само да одам во школо и да немам единици и двојки..И да не сме напраеле дете.Кога ми кажа мајка ми се засрамив,ама убаво разговараше со мене.Моите се спремни се да дадат за мене.Скокам од радост.Сега имам се.Ке ми купуваат што сакам,ке се гледам со него кога сакам и каде сакам...Среќна сум да..
     
  8. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    [​IMG]
     
    На Elichka, ohana и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=RdsZT7WKjW8

    To me, to you!

    Убаво е кога има некој кој многу убаво те познава и знае како да те погоди и како да те изненади, со само еден клик, еден збор, едно видео!
    Имајте хепи анбрдеј!
     
    На teddybear, Neytiri, Mishela и 12 други им се допаѓа ова.
  10. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Треба да напишам домашно...
     
  11. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    СДК
    Кога дојде време за учење на мене се ми се праве само не ми се учи .Јас би чистела,би готвела,одела на кафе со другарките,би одела на шопинг,би гледала телевизија,би слушала песни итн .Сега во моментов се ми се праве само не ми се уче... и затоа вејќе подолго време се мотивирам ако ми се сите тестови 5 од првото тромесечие и тестови и наставни значи се би си го купила тоа и тоа или би одела некаде за викенд ...значи мотивацијата секогаш ми е нешто што ми драго и мило и што многу го сакам или посакувам..
    или било што друго што ќе ме направи среќна по учењето.. :) :) си мислам дека кога ќе го поминам тој тест ќе бидам поблиску до целта...Овој пат си ветив дека три дена ќе се качам на планината и ќе јавам на коњ...таму ...и дека ќе си купам ташна...
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  12. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Ми врие во желудникот од дежа ву ситуации.Постојано истите проблеми само од различи луѓе.Порано постојано се тешев дека барем наоѓам забава во нивната креативност употребена за лажење ама сега немам ни иронија за да се насмеам.Здосадено е, нервира,разочарува,повредува,демотивира,оддалечува.Ме тера да ги навредам.Глупави, глупави , глупави луѓе.
    Тоа е се одам да пржам ајвар.
     
    На dejana2 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    272
    Јас морав да го цитирам овој пост,зошто крајно ме изреволтира. Прво и ОСНОВНО цуро, овде во Македонија за да земаш плата од 300 евра треба си ДОКТОР на науки. Со физичка работа тоа не можеме да го постигнеме колку и да сакаме, зошто сега им е крив Бранко, утре ке им биде крив Никола,за тоа сум сигурна, што значи овде во оваа држава не штима нешто,па лугето и да не сакаат ПРИМОРАНИ се да одат во странство барем на некој месец а парите да ги трошат овде. Значи моја роднина беше во Германија на три месеци, месечна плата околу 1.500 Евра, смештајот и беше платен од фирмата каде што работеше и си беше на едно работно време само од сабајле до 3-4 часот. Си имаше и оброк за време на работно време.
    Нашата држава е умрена држава, помирисе со тоа, а тебе ако те има испратено Грујо да го рекламираш само си се лажеш самата на боље сутра.. ама никад нече дочи,јел? Он си гледа за него, за фамилијата,за брачед,тетин, вујче.. Значи роднината моја си се врати овде со 2.500 евра чисти, што тука за цела година не ке можеш да ги собереш, и ДА за ГЕРМАНСКАТА ЦИГАНКА гледа цела Германија, и се и е овозможено за нормален живот а за МАКЕДОНСКАТА ЦИГАНКА т.е читај македонска обична жена, невработена со 5-6-7 деца ич к*р никој не го БОЛИ!!
    И што ме изнервира највеке, викаш "Кој ти е крив што си завршила факултет што секој втор го завршил", епа нема доволно различни факултети овде, а и да има нема работни места за сите, капиш? ќори едни..
     
    На Divinebutterfly, Monna.Monna, Sweetheart87 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Сдк куд кој мили мој-снаџи се па живи. Није битно где :) Да немав солидна плата и јас ќе бегав надвор. Овде со просек не можеш детето да си го запишеш ни на англиски а не па и фудбал ако сака. Крсти се. Друга страна-децата надвор растени и децата тука растени дефинитивно се различни. Не патат од ускратени можности на школо, од нехигиена, од ред други глупости. Се знае што се учи како се учи, како се работи. А овде се распашана банда. Не се знае кој е професор кој ученик пошто професорот лечи комплекси врз учениците. Лудница.
     
  15. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    755
    Ова утро станав со мера намера да бидам продуктивна.
    И тогаш, гласот во мојата глава рече: „Ха, ха..добра шега!“, и ние се смеавме, смеавме, и се вратив на спиење.
    Добро утро, имајте убав ден! :)
    Ако сте имале го*но од недела, сеуште не е доцна да го поправите тоа.
    Имате уште некои си 10часа можност.
    Па... грабнете ја шансата, без разлика на околностите! :)
     
  16. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Сдк...не знам дали е до периодот или до мене...ама се чувствувам некако празно. Ништо не се случува. Ама баш ништо! Единствено нешто што моментално ми дава причина да се радувам е викендот што доаѓа. Се радувам,конечно да излезам од овој град. Иако е само на неколку денови - со нетрпение очекувам. Се надевам ќе испадни се како што планираме.
    Љубов? Хм...која љубов? Љубовта не е проблем - неа ја нема.
    Имам потреба од љубов,да,признавам. Но не сакам да бидам со некој...
    Или со тој што сакам не можам да бидам :/
    Ах животе,зошто вака си поигруваш? Не е фер...навистина не е.
     
    На Barbie20, Ketrin.Moon, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.608
    Пол:
    Женски
    Se porodiv vcera, na praznikot Mala Bogorodica i rodiv prekrasen sin. Uste edna dzvezda na moeto semejno nebo.
     
    На Umbrella22, miss.ella, JuLleE и 101 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.920
    Допаѓања:
    163.875
    Ми оди да мавам шамари на луѓе од мојата генерација кои го изјавуваат следното - Ама знаеш не е стабилна работа. Ама знаеш не сум со решение.

    Добро бе, што следно ќе правиш у животот? Ќе чекаш пензија? Сите ја сакаме сигурноста, ама сега ако не се научиме да се бориме, КОГА? Сега ако не се научиме да работиме, КОГА? Сега ако не живееме од денес за утре, КОГА? Сега ако не научиме за животот, КОГА?
    Е тука лежи просекот! Тука се прави разликата помеѓу медиокритетите и оние кои секогаш сакаат повеќе и не се плашат да висат на конец зошто знаат дека ќе се снајдат.
    Знам во која држава живееме,ама едноставно ми е смачено од таков муабет, абе знаеш не е сигурна работа,абе знаеш на договор сум. Само ти и сите останати! Кутриот ти!
     
    На Trnche, Ariel, Camellie и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Татко ми си купил старки! :o Кога ги видов, не знаев како да реагирам, дали да се смеам или да приплачам :rofl: Не знам дали е mid-life crisis, ама ако е, лошо се одразува :D

    Мајка ми го прати до Керфур да испазари, а се врати човекот со нов пар патики. Старки. Црни! Добро, па барем не купил, што знам, зелени или портокалови. Си има фетиш кон дреч бои, човек со младалачки дух бе! :D Една кошула што ја купи пред некое време, карирана, зелено со портокалово и црвено во комбинација, што да ви кажам :lol: Ама не можеш против него, си сака такви бои човекот. И си ја носи нон стоп, омилена му е :rofl: А мајка ми кога ќе го види во кошулата, коса и' се крева :lol: Можам да замислам сега каква комбинација ќе излезе од старките + шарената кошула. Џоа тинејџер ќе се стори :rofl:

    Јас инаку вкочанета, со болки во грбот, чмаам во кревет и не можам да мрднам. Вчера бев излезена и само што се вратив, одеднаш ми се укочи цел грб и не можам да се исправам, ниту па свиткам, буквално. Ноќва спиев без да се помрднам, како легнав, така се разбудив. Невозможно беше да се свртам :x И како да не ми е доволно, се напив сабајле еден кетонал, ми помина болката, па земав испеглав две машини алишта и сега постов лежејќи го пишувам, зошто болката се врати, двојно поголема, и мојот претходен обид да станам од креветот заврши неуспешно. Утре на работа ќе биде забавно :worried:
     
    На kravce, ludoto19, teddybear и 19 други им се допаѓа ова.
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Само за арно,за убаво нека е!

    Знам дека звучам како 80 годишна,ама така е.

    Среќа. :)
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.