1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.390
    Допаѓања:
    17.611
    Пол:
    Женски
    Хахаха абе ти не си нормална, за малку ќе помислев дека си озбилна :D , минич фустан за 100 евра, нокти фризура шминка :o
    Можеш и тука да прашаш за совет, се надевам дека ќе добиеш пристоен одговор се додека не ти отиде темата во џубре.
    Ама не се секирај ако не ти одобрат кредит, ќе ти дадам јас пари, ако треба ќе ја продадам колата на тато освен ако не ги натераш твоите да го стават станот под хипотека (преку закана со ладно или огнено оружје, по твој избор)
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Азган жаба!
    Сака дур посака, штом „има“ да сака,не сака.
    Муфљуз невиден.
    Никако редот да го научи. Никако поблиску да гледа, се’ на далеку, се’ со мачила во хоризонтот да здогледа.
    А еден пар окици што си има, уште диоптер(појако од -2) и тамам, та’ да види.
    И онда не здогледува.
    Е што да види, побогу, што?! Како мислам?!
    Сам себе се ничкосал.
    Ех како би јас да сум си хоштаплерот во приказната.
    Та и лошотилукот штом го нападнеш, жртвено јагне биднува.
    Ма џанам... ма џивџанче в кафез кладено.
    Времиња беа тие, но беа. Сега се други. Та ќе се пекмези, ќе се препелка.
    Болка е, боли, ти не знаеш колку!
    А, не знам ли?!
    Ами болка е де за да боли. Но времиња беа де, та ТИ всушност не знаеш.
    И ум немал, а ум давал.
    Јас сум ти на два ума... на три, некогаш и четири-пет. Што сега велам, сега мислам, подоцна јас на друго ќе помислам, а може и трето да кажам.
    Ајде де, за убо, за арно да е. Но, ако не те сфатам за озбилно ќе има љутиш, не?!
    Абе сам си дробел, сам си сркал, ама што не досркал сака друг да срка.
    Мало сутра ил прекостојутра.
    А, џенем да фатиш?! И ти, и ти!
     
    На caroline.costa, Strumfeta93, Marilyn-Monroe и 2 други им се допаѓа ова.
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Росоњерке, :clap:

    Кога почнав да читам, си велам во себе: Боже, Боже, зарем и она :o :o . А кога го исчитав цело :rofl: :rofl: се патосав. :clap:
    ___________________________________________________________________________

    Нес кафе и чаша Пепси, ми треба раздрмување на организмот.
    Поклоните под елката наредени, не знам само кој повеќе се радува на нив,дали ние или тој ? :geek:


    Трчи по кафе, трчи по дете, трчи до вц, и така постов чекаше цел саат.

    Еххх какви времиња дојдоа, да немаш време ентер да стиснеш ;)
     
    На crazyinlove19, Divinebutterfly, TheCandy880 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Добро утро... Добар ден...
    Не ми е роденден :D

    Ги исфрлив и подарив сите тракатанци од него...
    Остана само една кутија што е многу убава и голема и во неа си чувам одредени глупости, привезоци, алки, шнолки...

    Се осеќам полесно...
    На книгите имаше прекрасни посвети, но тие повеќе немаат никакво значење за мене... Ги подарив.

    Усреќив некого барем...
    Некој да ги чита тие посвети, ќе си помисли на љубов...
    Колку само ќе згреши...


    Како и да е... Смирена сум... Не дека ми е лесно и убаво, ама постигнав одредена доза на мир.
    Се помирив со работите... Колку - толку.
    Денес, понеделник, ден за нови почетоци...
    Идејата за теретана, се некако се одложува... Црвенава тетка ми дојде во посета и нема смисла гости да не пречекам... :D

    И така дечки, нека не ве јадат мечки, ни јадови, ни бедови...
    Никој не заслужува да се нервирате и плачете за него. А вие си заслужувате најдобро, а можете сами да си го дадете. Затоа не се устручавајте, направете се среќни...
    Како што вика Кока-Кола... „Магијата ја ширииииш тиииииииии...“ :) :) :)
     
    На Miss.Ricci, glow, caroline.costa и 21 други им се допаѓа ова.
  5. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Да ти кажам искрено од старт знаев дека ова не е твое, мислам човек преку ноќ не се менува. Како и да е, добар утрински понеделнички шок знаеш да приредиш :)

    Туку, јас немам ништо посебно да кажам... Нека е лесен почетокот на последната недела од 2011 и искористете ја за купување подароци за вашите сакани и најблиски.

    Поклонот не е битен, битно е вниманието.

    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, Hipica, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Конечно денес стасааа на ред и испитите да се пријават :D и замислете Стојче ми се насмеааа :D :D :D ееее реткост е ова да го видам во такво светло :D :D :D
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.872
    Допаѓања:
    122.901
    Пол:
    Женски
    Rossonerke господ здравје да ти даде ме изнасмеа. А бе не можам да ти опишам како си ми го разубавила денов :)))

    Инаку СДК дека ете ни заминува една година, за мене тешка, претешка и нема да ја славам. Ќе си седам дома. Ќе си одмарам неколку дена. Ми треба одмор. Можи ќе тркнам до кај пријателот во Турција. Ми фали Истанбул. Па и нека е во зима. Иако го обожавам во Април. И сакам снег. Убав бел снег. Па и нека се лизга. Тоа е магијата на зимата. И за крај да ве разблажам.

    [​IMG]
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Којзнае од кога не сум се разбудила со волку позитивна енергија.
    Штета што ќе треба да ја канализирам во енергија за учење. |(

    Дури сега сфаќам колку ми фали вниманието од моите, бабите, тетките за Нова Година. Пораснав, и никој не го интересира. Никој не ми купува подароци. Ни едно пакетче да ми остават под елка.
    А и татко ми не може да лаже дека уште имам 13 години, па од работа да ми пуштат едно краш вреќиче. Помина времето за таа финта, па сега ќе си чекам некој да се смилува на мене.
    Ако ништо друго барем мајка ми ме удостои со нејзините профи, пекарски кифлиња и 5 кила руска. Недела пред 31-ви стандард се доручкува тоа. :D
    Плус, радост невидена сум, што долго очекуваната другарка конечно е меѓу своите, меѓу нас. Заедно ќе може да се радуваме на празнициве, а тоа фалеше. Многу фалеше. Не разбираме колку некој ни фалел и колку сме пропуштиле, додека не видиме изменето лице, исцртано со линии на искуство и носталгија.
    Пребрзо минуваат деновите, уште побрзо годините. :|

    За сите што годинава нема да добијат пакетче, мала утеха....
    [​IMG]
     
    На kate21, Strumfeta93, Theodora и 9 други им се допаѓа ова.
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Teeeen хормони во мене се пробудиле па му викам ко на шала на мачоров мој -Да си знајш и да си имаш на ум ќе те изневерам со PAUL WALKER .

    Друго -онаа Маријана ептен ми е смешна на онаа новогодишната реклама на сител кај тој Жаре Берберот .

    Има една тема овдека на форумов -Што ви фали во вашето место на ж.- гласи темата е сега прекрасна е оваа наша државичка но реалноста е дека многу работи фалат, и не функционираат како треба ,тргнувајќи од нај прости работи наједноставни, а ги немаме не можеме да си ги приуштиме .Сакам концерт на
    DEPECHE MODE.
    Би уживала на свирка на JOHN LEGEND ,MATCH BOX 20,INXS,DURAN DURAN,MUSE......AEROSMITH итн итн итн нооооооооооо на таа радост право имаат за сега само нашите СОСЕДИ :P .
    Ни фали подобри репертоари во кината или барем тоа цената да е поскромна ,апла е бре апла ни фали повеќе странски имиња помалце СРБИЗМИИИ,да ја полнат Борис Трајковски сала. Ни фали кафулиња кај што ќе пиеме раат кафе (некогаш и сами )со LAP TOP во раце , а ПРИТОА да не сме следени со чудни љубопитни погледи во смисла -Што и е на оваа бе мисли дека е во некој њујоршки паб- :@ .Ни фалат читални , ни фали поефтини книги а не 500 денара една оди купија со кои пари ,или крај краева една месечно ќе си дозволиш ако треба две или три или ќе ти дадат некој мизерен попуст од 10% ма не се..ри........
    Друго сакам лето да опнам некоја лесна хајлинка ,сонце да ми ги поти наочарите и лицето,да сонувам за плажи и жештини и коктели и лимонади.
     

    Прикачени фајлови:

    • photo.jpg
      photo.jpg
      Големина на фајлот:
      34,6 KB
      Прегледи:
      273
    На stylishh и Nymeria им се допаѓа ова.
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк ооо каков ден!

    Нервозишта и нервозички ..
    Џабе одење до фак., џабе рано станување...
    И сега сама дома, ми се пие кафенце во друштво а сите ги мрзе од дома да излезат. :(

    Епа сама ќе си пијам :emo: и ќе си го доправам ручекот и сама ќе си јадам е така

    Имајте убав ден, не како мене тмурен и нервозен.
     
  11. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Не викам за џабе дека Понеделник е малер ден |(
     
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.643
    Допаѓања:
    23.872
    Пол:
    Женски
    Значи не е човек да се пофали нешто! Малер ли е, виша сила ли е, појма немам! Само знам дека вакви работи само мене и на мои блиски можат да им се случат! Дечко ми сабајле се качи во автобус од овде до Штип, и кога слегол таму, видел дека му ја нема торбицата, некој друг по грешка ја зел неговата. Всушност, 2 жени од Делчево се симнале кај едно село и ја зеле неговата, а нивната останала во автобусот. Се изнервирав максимално, внатре имаше подароци еден куп од татко ми за него кои му ги донесе од Италија, и тоа беа работи кои дечко ми стварно ги сака и им се радува :@ И сега поради одредени личности кои очигледно не гледаат што земаат, тие работи можеби нема ни да ги вратиме назад. :@ Како бе може така? Нели внимаваат што земаат?? Очи има ли народот?
     
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... се измрзнав ... сега со топло чоколадо и лап топчето пред мене ( во стилот Кери Бредшо :wasntme: ), Фемина во дружба и мала инспирација за подолг пост.
    Денес наслушнав нешто и значи дефинитивно сфатив, некому кога дава дава премногу иако тој некој е личност со флегматик темперамент ... кој се си правел надвор од морал и принципи ... се што ќе му текне, кој не се ни борел или трудел за нешто посебно ... ама коцките и те како му се наредиле.
    Додека другиот кој со труд, борба ... нервози, принципи, морал, поштеност, добрина давајќи им и помагајќи им и на дургите, земајќи доста при срце ... ништо и не добил. Коцките се загубени и никако да се пронајдат. Иронија луѓе зар не?? |( Некој има или не среќа, некому животов мајка некому маќеа, ова дефинитивно е точно.
    И уште една информација која не е воопшто убава ме замисли по не знам кој пат ... Колку млади заминуваат од овој свет не сме свесни!? :x Затоа упорно повторувам дека се она што е материјално е минливо, а духовните вредности кои за жал или се тука ама во лоша форма или се тука во вистинска форма но се реткост голема или се целосно изгубени ... тие не изградуваат, тие не исполнуваат, тие навистина остануваат. Затоа немојте многу да пекате и да се врзувате за материјалното, пробајте да го развивате духовното и да го примате и давате.
    Животов е тотално не предвидлив. :|
     
    На Shelea, Strumfeta93 и Serafima им се допаѓа ова.
  14. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Сакам кажам не знам речам. :wasntme: :lol:
    Сакав да кажам дека со труд се се постигнува. Еве јас со малку повеќе труд го постигнав тоа што го сакав,не целосно, но полека полека ми се исполнуваат замислените работи. Не можеме да седиме со скрстени раци и да очекуваме се да ни биде розево. :)
    Кога се сака, се се може.
    Се замислувам за неколку години, на некое вакво прекрасно место како шетам.
    Сакам да го прошетам светот и дури да се изморам од шетање, но никако да не запирам. Ако упорно го сакам и тоа, ќе го остварам. Некој ден ќе ви ставам слики од моите луди патувања во светот. :lol: Оставете ме да сонувам. :wasntme:
    Поздрав дами мои. Имајте убав ден. :*
     

    Прикачени фајлови:

  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Не, не можам да разберам како некои родители можат да фрлаат еден куп пари за школарина за дете на кое му е мака да седи на столче. Не пак да учи!
    Не можам да ги разберам!
    И ајде да фрлаат за едно такво дете, ама не е едно, многу се: тоа горенаведоното, неговиот брат и сестра му, првата братучедка чиј старател е таткото на горенаведното дете кој всушност и е вујко, ама ради документите и е татко, па братот и сестрата на првата братучедка, па потоа порасна другиот прв братучед и тој мора во исто школо да оди, да не е покусо... Итн.
    И не сакам да замислам која сума ја даваат за сите тие деца да оделе во исто школо. А не вреди!
    Не им се учи, бегаат од часови, не седат мирни на час, не седнуваат да научат ни за една двојка...
    Родителите не добиваат никакво благодарам за средствата вложени во нив.
    А тоа и мене ме засега. Како? Па тие деца учат со мене!
    Тие деца кои едвај имаат двојка, кои го реметат мирот на часот, кои имаат еден куп неоправдани и се пред бркање, тие деца се мои соученици!
    Секој ден мене главата од нив ми чади. Секое утро ми се темни кога ќе се сетам дека треба да ја трпам нивната некултура. И после поблиска ќе сум била со класната отколку со некоја соученичка...е па ќе сум!
    Зашто меѓу другите теми за разговор кои ги имаме, нејзе можам и да и кажам искрено се што мислам за соучениците без страв! А ако ним им укажеш на грешката, добиваш одговор „не знојме мие, таке сне воспитани!“
    смајлиштосекрстиисемоливаквитедасеистребатнекакоодземјата!
    Тоа што мојот родител можел да ми овозможи средното образование да го стекнам во приватно школо не подразбира дека морам да ги трпам горенаведените во целост.
    Зошто не сум се дружела после часови?
    Две години поминаа и тоа не го сфатија: ми смета нивното домашно (не)воспитание и нивната (не)култура, а не тоа што се од село и што имаат вероисповест!
    Ама кој да ме сфати!
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Покрај сите предновогодишни обврски, конечно дојде време да си го средам плакарот.
    Ги извадив сите алишта, го пребришав, ја сортирав облеката по сезона, а потоа и по боја. Марамите и шаловите на една, каишите на друга страна. Убаво ги здиплив и прередив. Си поставив исти закачалки, затоа што разноликоста ме нервира. И си ставив две исти кесички на двете вратнички со мирис на лаванда. За убаво да ми мириса и да ми ја штити облеката од молци.
    Не знам дали е оbsessive compulsive disorder ор ватевер, ама мене нередот и хаосот ме плаши!
    Од самата помисла на несреден плакар, испревртени алишта, и носени и чисти, различни закачалки... ме лазат морници! Кај мене се мора да е под конец и организираноста ми е на прво место.

    И не за џабе велат - колку ти се средени фиоките, толку ти е среден и животот.
     
    На PrinceOfPersia, crazyinlove19, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  17. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    478
    Не ми се слави Нова Година.
    И немам никакво расположение.
    Се едно ми е. И дома не си украсив оваа година, ете така за инат, пошто некое глувче ми ги поткаснало сите украси, и се заинатив, и не украсувам. И не славам. Дома ќе си седам и ќе си гледам филмчиња :yawn:
    И не знам, никој околу мене нема новогодишно расположение. Добро што им е на луѓето??? :doh:
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.771
    Пол:
    Женски
    Едвај успеав да кликнам на нов одговор,бидејќи имам другарче на тастатурава,си шетка од прееска и некако чудно ме демне,а воедно е во обид да си го скрши клунот грицкајќи ми ги прстениве. Сонце,бе сонце,ако не ти го разубави животинче денов,кој?
    Книгана сигурно не..

    А сакав да кажам дека дури денеска ќе ја китам елката.
    Ама ќе почека до вечер,сега се враќам на хиперсензитивност. Колку само ме мрзи да учам,уф..

    Поздрав до сите,имајте убав понеделник.
    Поздрав и од демначов на тастатура. :sun:
     
    На MissSpark и L-enna им се допаѓа ова.
  19. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    Веројатно доцнењето на октомвриската или ноемвриската плата.
    Сметки во поштенското сандаче, наместо честитки со убави желби.
    Фактот што три честитки по пошта ме чинеа 54 денари за поштарина. :|

    Добарден.
    Нашиот последен понеделник во оваа 2011.
    Трудењето од петни жили да се почувствуваш среќен заслужува медал.
    Но грдиот метален вкус во устата на незадоволство, тага и немаштија си го прави своето.

    Гушкање до сите кои туркаат напред како знаат и умеат.
    Од грдото создаваат убаво.
    Го ценат покривот над глава, најмилите, насмевките.
    Бабинска и старинска, но суштински важна на крајот од секој ден - Да сме живи и здрави само.
     
    На crazyinlove19, Shelea, Strumfeta93 и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.