1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Хелоу. Јас дојдох да ви кажам дека бев кај Анушка наша на гости три дена, сме си истерале еден прекрасен панаѓурски викенд.

    Се почна така набрзина, се слушнавме си дрдоревме ко по обичај и туку и текна мече ќе идеме ли на панаѓур, а мене не треба да ми речеш два пати и ајдееее се спремивме и тргнавме. Тоа возовите наши знаете какви се за нигде ама ептен ни беше забавно, анушка кученцето го носеше со неа и беше главна атракција во возот сите околу негоооо, заради кутрето никој во нас не гледаше хаха.

    Стигнавме што стигнавме кај неа, со нејзините муабет ова она, и оооп јас се заљубив, абе тоа кучето нејзино не знаете колку е прекрасно. Ама и тоа ме сака, дури и машничка од балетанките ми изеде од љубов па затоа му е простено.(А тоа малото куче и е ѕверка, не знаете колку е лудо, ти му даваш фискална сметка да си игра, додека да трепнеш ја изелоооо, се јаде бре, дури и храната на големото куче му ја јадеше хахаха). А големкото такви жолти очички има, абе имав желба да го гушкам и цревата да му излезат од што е убав и паметен. Па се закачка, се гали, па ми ја тегне сукњата за да си играме, па скока, трча наоколу, сабајле доаѓаше се тегнеше по нашите кревети, а Ана е лоша и не ме пушти да си земам за спомен една шепа и едно око од кучето :(

    Првиот ден бевме на панаѓурот приквечер и си купивме само чизми за кои тек дома приметивме дека парот на Ана има друга боја на светло, ама прекрасни се. После бевме излезени, преубаво си поминавме, уан текила ту текила трии текила и издржуваш на штикли цела вечер :D Другиот ден оваа Ана уште рано сабајле со кокошките станува ни 5 саати не спиевме, ајдеееее станувај ми вика доста ти е спиење, јас и викам Ана ми се спие бе те молам разбери ме, таа ми вика не може ма ајде дигај се од кревет во моја куќа си кога ќе кажам јас има да станеш, што да ви кажувам, маки си трпев бре :rofl: Шала на страна, обратно беше, јас се дигам рано сабајле без никаков проблем, ќе ја слушнам дека се врти или ќе стане по вода или да мо*ка и јас станувам и не презаспивам, после ќе проба да си легне пак за да доспие жената па и правев муабет јас еуфорична целата а таа во полусон се обидуваше да ме натера да ја оставам на раат хаха (вака беше секој ден). Колку ме пцуела во себе затоа што не ја оставав да спие се надевам ќе ви каже, на дечко и многу сликовито му опиша па се згазивме од смеење :D

    Вториот ден на панаѓурот веќе шетавме мнооогууу долго време и тој ден некако почнавме да сфаќаме дека пари не се за нас. Си изнакупувавме се и сешто. Шетај шетај, се сакаш да си купиш и да видиш, мајка и ни се смее, не зафркава, па ајде на бурек не однесе затоа што ние немаме резерви хахаха мора да кснеме нешто од сабајле, па после ајде пак шопинг. Како што шетавме еден од тезгите почна да вика ајмооо се за 100, ама колку викаше не знаете стварно не знам грлото како не го болеше, и одиме кога таму многу убави работи, кошулки, маички за 100 денари, и замислете се така поголеми парченца, за елегантно пополнети девојки. Па фативме пробај едно пробај друго, се ни стоеше убаво хаха, си купивме еден куп, спремни сме за цела година. Па на друга тезга кај што бевме 2-3 пати, Анушка доби покана за кафе/чај од продавачот, ама од тезгата купуваше џемпер за дечко и ништо не излезе од кафето :rofl:

    После мајка и греота ја натоваривме со сите кеси и ние си седнавме во кафич да одмориме тежок ден имавме знаете. Па дома ајде бањање, спремање,(да не го заборавам и јадењето, мајка и преубаво готви и обавезно со десерт, мислам се гледа по нас), па пеглање, шминкање, и ајт во кафана. Таму гледам една жена со црвена коса жар, ама од позади ја гледав, па и викам на Ана лелее види и ја косата колку жар боја има, и за некои 10 минути го фати микрофонот и така татјана лазаревска почна да пее, се смеевме, се веселевме и ајде надвор на воздуххх, јас и викам на Ана да се качам на тоа едно ѕидче да ме слика со новите чизми, таа не ме пушти бе ќе сум паднела, а како ми ги опишува ана чизмите не ви кажувам не е за во јавност хаха. И демек истата вечер ќе се праевме земја-воздух мерак ни беше ама ништо, пиј пиј ништо не чувствувавме, само се смеевме, па од кафана ајт на друга журка, и таму пиј пиј, џабе, не си го исполнивме меракот, ама тоа не не спречи ненормално добро да си поминеме. :P

    Ако сакав нешто и викав на Анушка, Ана ќе ти биде ли тешко да ми дадеш ова или она, и третиот ден веќе ја збудалев и почна да ми вика да мече тешко ќе ми биде и да се гази од смеење хахахаха и пак се ми даваше хухух. Еее ама затоа што е срцка, со Трендафилка најубав поклон и купивме за роденден па и Ана се заљуби хаха. И плус, на сета мака што си ја трпеше женичката со мене и го поминав и рекордот во една игра на Пу ахахахахахахахахахаха, вака и јавно да кажам дека 24 саати и го кревав притисокот хаха. :rofl:

    Третиот ден за чудо некое пак така рано станавме хахаха, дојде и дечко и, и ајде пак на панаѓур. Тогаш веќе беше многу јасно дека ние НЕ СМЕ за пари да ни даде човек. Мајка ми дури ми допрати пари за да можам да докупам се што сакам за мене и брат ми и да имам за пат за назад. Јас мислев дека нема да ми прати затоа што лута ми беше, кога тргнавме во воз ми рече јави се кога ќе стигнете и јас и реков секако мамо, АКО стигнеме здрави и прави. Не сум јас крива што жената не е многу по црн хумор(не сум ни јас ама сакам да ја зафркавам така по малку зошто после 5 минути ми збореше на телефон дека сум била идиотка и без памет во главата и интересна ми е) :rofl:

    Јас со ориентација и географија малку сум скарана а последниот ден Ана ми вика ај мече кај треба сега да свртиме, и јас ко за беља цело време грешен правец кажував, таа се чуди вика 16 пати го свртивме градот и ништо не знаеееш, абе врска си немав кај терам само по Ана се влечкав, неколку пати и за раче ја фатив да не се загубам низ панаѓуорт крајот нема да ми се најде. :D

    На враќање во воз со Ана од два саати пат, еден саат се сликавме, дечко и се смее, не зафркаваше да не сме правеле галама ќе ни го викнел кондуктерот да не избрка, а ние со главите надвор од прозор да ни летаат косите и влезени во филм(јас бев во реклама за шампон хаха) едвај го слушавме хаха.

    На брат ми се што му купив му е ептен погодено и баш се израдував, секогаш поише за него купувам отколку за мене, на мајка ми и купив кецела за готвење, ми вика дееее ма не можеше некое парфемче да ми купиш кецела си ми купила за да не излегувам од кујна, и јас и викам ај ма мамо не се буни види еве на тато чорапи 6 за 100му купив хаха, ајде де колку да не поминат без ништо хаха.

    И така си дојдовме, денес Анушка сигурно се наспала како што треба, нема кој да и се качува на глава од рано сабајле, јас се на се сум презадоволна и многу убаво си поминав, дури и на моите се им раскажав а ретко го правам тоа, секој ден смеење, муабети на секоја можна тема, шетање, пре пре преубаво, ќе ми останат сите работи како многу мил спомен, ужасно ми требаше одмор од скопјево и подобар одмор не можев да посакам.

    Леле јас се ви напишав ништо не и оставив на Ана за да раскаже хаха.

    Поздрав до Анушка, и фала.

    *** Секое хахаха во постот е смајли што се смее оти знаете како стои работата еден пост 10 смајлињ., лоша зделка е тоа хах.

    Останете ми добри, јас сега се фрлам на гледање сериички.
    :hug:
     
    На ludoto19, AnaKarenina, Divinebutterfly и 29 други им се допаѓа ова.
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Си се чудам самата себеси.
    Колку што ме држи помнењето, до сега фала Богу, ниту сум шинала, ниту сум скршила нога. Ама чим се смени времево, мене ногата ме убива. Еве, денес веќе 4ти ден. И дење, и ноќе. Што ќе беше ова? Реума? Шилци? Остеопороза? И не ги знам другите, не знам ни овие дали се тие-тие. Ама друго решение нема, освен тоа у прошлиот живот да сум треснала негде, асално. :D

    И стварно нема смисла. Јас цела се збркувам кога на вратите пишува Влечи-Туркај, а не пак кога не пишува. :D

    И знаете што? Ми се јаде руска салата. :sweat: А нема да биде лошо и по некое макаронче, да се најде внатре. :rofl: Ај, ќе си почекам до Нова Година. :D
     
    На Barbie20, Gioia, Ketrin.Moon и 2 други им се допаѓа ова.
  3. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Во последно време желбите ми се исполнуваат. Посакав еднаш да биде сончево и беше. Вчера посакав да ми помине есенскиот синдром и ете, ми помина. :)
    Денот ми беше прекрасен! :) Петка на наставното личе по математика, не игравме одбојка на физичко, премногу интересен час по англиски...Па и сончево време... :D
    Но сепак, се има и лоша страна...Сум слушнала дека не можеш да добиеш нешто без да изгубиш нешто друго што има еднаква вредност со она што го добиваш...Па, велат дека уметноста доаѓа од тага и очај...Во право се! Додека ми траеше есенскиот синдром имав инспирација за моите мрачни приказни...а денес, немам! Сеедно. Не ми е ни потребна.
    Ова е еден од оние „заборави на се и уживај“ денови... :D :D :D :*

    Денес повторно се сетив на тоа дека ме опкружуваат говеда, идиоти и глупави луѓе, но ете, тоа придонесе за моето добро расположение. :D :D Дури и „англеските гласови “ не ми пречеа...Едноставно, ја гледав смешната страна на се...а тоа не се случува често кога сум во прашање јас... ;)
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.923
    Допаѓања:
    163.911
    http://www.crnobelo.com/zabava/interesn ... lna-obleka

    Мажите го возвраќаат ударот.
    Ај сега со муабетите - мажите сакаат жени со облини и слично... И жените сакаат нормални мажи. Јас барем си преферирам вакви.

    И ја користам оваа прилика и читаност на темава да замолам да ме упатите каде може да најдам габа за кефир! Не ми одговарајте тука за да не правиме хаос, пишете ми лични пораки.
    Ви благодарам.
     
    На mimiiiii и teddybear им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Тотално луд ден си седиме со другарката на клупа и поминува една жена али у години жена може 55-60 и ни вика кај ви се дечковците на овие години со дечковци се седи :^) И јас штознам така ми дојде на пазар се.Леле која брука и после кога ми текна што кажав,а јас не ни ја слушнав незнам што така глупо треснав тресната сум више цела.Сигурно мислеше повозрасни сме демек средно што знам :^) Ама после си викам кои црни дечковци ги бара оваа :D Али ајде де после коа ми кажа другарката што сум кажала се послав од смеење :D :D Тоа е што да се праи :D Во школо се по старо денес одмарам не сум на тренинг ни на курс 8) И бев вчера на лекар пијам апчиња одма сум подобро.Чудо апчињава за 1 ден настинката исчезна добро не скроз али за разлика од вчера сум многу подобра.
    Уживајте во есента преубаво годишно време е :*
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Една недела си ја пратам Фемина онака во заседа. Само си читкам од страна и никако да ми текне нешто да напишам. Додуша и немам нешто многу време откако почнавме на факултет ама сепак, ако се сака се може...

    Јас да ви кажам периодов сум неутрална. Си фатив некоја позиција, просто човек да почне да си се сомнева во самиот себе, дал стареам или некој период ме фатил, не знам што е работава. Ни нагоре, ни надоле, ни црно, ни бело, ни па нешто допира до мене, само љубовта си ја чувствувам од страна на дечко ми и како само тоа да постои, низ воздухот како само љубов да гледам... Сум си фатила некоја средина што се коси со моите правила, ама да ви кажам удобно ми е, убаво ми е. И ќе терам вака се додека не ме фатат бубачките за нешто поекстремно, а ќе ме фатат, си знам. Вака удобно уште долго нема да биде. Ќе почне да ме фаќаат мисли повторно за тоа што следува за некој период, ќе почнам да се измачувам пак со прашања, баш тогаш колоквиуми ќе ме фатат, па удрете тука и ПМС и нема да се трпам. Ќе биде муабетот "Зашто ме људи избегавају." :D

    За волја на вистината на факултет убаво, интересно, опуштено (тоа и ми треба периодов). Ме фати паника денеска малце кога ми текна дека уште само еден месец имам до колоквиуми, а книги уште немам купено, почнав да си паничам низ дома и коси да корнам, одма сите се заангажираа, па ќе биде и тоа.

    И така ви викам, заљубена сум многу и моменталнава позиција не ја давам. ;)

    Инаку сакам на Tessie да и' честитам што ќе си почне на работа. Одлично, само убави нешта да читаме. :)

    Имајте убав ден и да ве поздравам со една песна што мене лично ми влева само мир и спокој. :* :hug:

    http://www.youtube.com/watch?v=AglnQkH4wVg
     
    На eliesaab, Barbie20, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Зелено цветче here i comeeeeee ]:)
     
  8. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Не е можно,отворам фејсбук и секој втор во врска со овој,со оној,со Петко,со Трајко... :o
    А за мене, ова на сликава важи. 8)
    Го имам секој кој ќе го посакам..... :D :D :D :rofl:
    [​IMG]
    И школово.Веќе почнаа со испрашувања,наставни листови,па сега математика тест... |(
    Ах!
     
    На Someonespecial, eliesaab и Dog-lover им се допаѓа ова.
  9. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    За една недела ќе правиме писмена по математика...
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Денови, кога не стануваш рано , оу џаст велком. . .почесто нека ве има, може ? :wasntme:

    Да прашам, одредени поединци...Добро бе луѓе, од толку лицемерие, не ве боли лицето?Знам,а и видливо е од километар дека не можете да ме смислите, дека некое време ми се правевте другарки, и што ти знам ја таму веќе,а ми се смешкате во лице, како ништо да не било.Паметницата знае дека сум подобра од неа во билокој поглед и дека не може да биде ко мене, и ете сеуште и пречам.Е ај...
    И како тоа пријателство се прекинува од ништо, без ниту една голема караница!? :fubar:
    Се шетаме така со Т.... , и кога и кажувам за случкава (да, да за ''другарката'', што така ''фино'' ме откачи), ми возвраќа, ''Прашање и дали ти била другарка''. Па искрено, и ме замисли...Ама па и мене што ми е чудно, и онака денес само на нелуѓе можеш да налеташ, а искрените скоро и да ги нема.
    Како и да е, знам дека не може да си ги постигне своите цели, колку и да сака да ме повреди нема да и успее, не сум таква да исполнувам нечии желби.
    Зашто би и го дала сето незаслужено внимание, од моја страна? ;) За таквите ме нема. :hai:

    Друго , што има ново...Ам, да чоколадна фонтана сакам. ^_^ И можност за телепортција, па да скокнам до Малдивите бар на кратко, ама немаа. :D Ех, пусти желби, ама за тоа во наредни прилики.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Јеееееес.
    Кој убав ден. :rofl: :rofl:
     
  12. clock.pot

    clock.pot Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    335
    ја сакам есента. времето, почетокот на училиштето, напливите на инспирација кои ги добивам гледајќи ги златните лисја и броејќи ги капките дожд. за мене, есента е мокра виолина која свири волшебна мелодија. вечна господарка на сребрената флејта на ветрот. ги сакам вирчињата кои го красат патот, додека се наоколу е чисто злато. нежна хармонија ја обвила природата... првата школска симпатија, првата единица - сето ова ме потсетува на есента... :)
     
    На s.t.a.r.s.h.i.n.e, eliesaab и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  13. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Кога ќе ми прекини оваа настинка аманнн :@
     
  14. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Еве и јас официјално се разболев. Ништо од училиште утре, ќе поспијам барем :lol:
    Незнам дали е до настинкава, ама некако денес многу сакам да се гушкаммммм :$ :$
     
  15. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    До настинката е...хаха и мене ми е така :P :lol:
     
    На Dennings му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Сдк:Не сте свесни колку пати ВИСТИНАТА ви ја имаат кажано преку шега,и тоа в лице!!
     
    На eliesaab, Elennaa, cheetah.girl и 5 други им се допаѓа ова.
  17. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    227
    Наку*чена сум 300.Ова не е фер и не е правдено.Неможе на двајца ученици што одговориле точно 6 прашања, да им пишеш различна оценка, на едниот 5ка другиот 2ка :o ..Тешки случаеви се професориве..
    Не не, не е нормално ова...Срамота, професионалноста на најниско ниво цц :@

    Изглеа и јас полека почнувам да настинувам.. :(
     
  18. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Живнав! Таа што е сега на сцена, сум ЈАС.
    Едно големо его, разговор и нови борби се на тапет. Ќе ги грицнам ко ништо :)


    Туку...недефинирани јаки емоции ми вријат во душата, просто телото ми го тресат.

    Тие бури како да ги скротам? Чаре некое?

    :*
     
    На julie77, Neytiri, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    СКД:-Што чудо се ова дечињата не ти дозволуваат ни за миг да помислиш на тага,постојано си среќен,посебно ко ке ја видиш насмевката со тие малецки забчиња кои допрва никнуваат.Господ да им даде на сите да го осетат тоа чувство :* :* :*
     
    На dream.queen, Ketrin.Moon и Hipica им се допаѓа ова.
  20. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    "На неа мислам постојано. На неа мислам и тогаш кога мислам дека не мислам. Значи мојата Ики и јас. Ние не сме створени еден за друг. Ние сме створени еден за друг. Само не` уништија. Вистината и лагата. Неа ја уништи вистината, мене лагата.
    Пријателе мој, никогаш немој да ги лажеш оние кои те сакаат. Правиш погрешна работа. Викни некогаш, налути се понекогаш и ветувај засекогаш.
    Што ми згреши мене мојата Ики? – Ништо.
    Што сум и згрешил јас? – Се`.
    Заслужува ли морално хендикепирана личност како мене да дели живот со неа? Таа имаше желби – јас ги уништив. Таа можеше многу – Не и` дадоа поради мене. „Пушти ме, лесно ќе ме заборавиш, гледаш дека несреќата оди по мене. Како верна сенка. Ти си уште млада, имаш време за се`. Побарај си ја среќата го заслужуваш тоа.“
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.