1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Се чувствувам како да ми останале уште неколку молекули енергија.

    Не знам од каде да почнам, премногу промени, ме влече нешто надолу. Не можам да престанам да се прашувам дали избрзав, дали згрешив, дали ќе ми е премногу? Додека сите ме прашуваат како се снаоѓаш, тешко ли е? едноставно нишам со главата, подголтнувам и се смешкам.

    Тешко е. И се плашам. Се плашам, се плашам, е*ено се плашам. Не е лесно, кога ќе го видам материјалот го чувствувам како срцето ми се стега во грло. И не е лесно. Не е лесно да си далеку од она што ти е познато, да се плашиш дека нема да се вклопиш.

    Сета сила што ја имав, ја истрошив.
    Згора на тоа, имам толку проблеми и во семејството, за се сум јас виновна, не ми дава мир, секоја позитивна мисла ми ја истисна.

    Не се молам да издржам.
    Секогаш си велев: Не се моли, туку учи. Потруди се, не чекај на другите. Не замислувај, биди.

    Ќе биде. Знам дека ќе биде.
    Мора да биде. :!:
     
    На richgirl998, ludoto19, Izaabella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.308
    Допаѓања:
    68.052
    Пол:
    Женски
    Работи додека си млад, да спечалиш некој денар, за да имаш и да си уживаш кога ќе остариш. Ете тоа го слушам. А кој ми гарантира дека ако сега спечалам ќе имам и за на старост? Дека нема да ме снајде нешто и пак да си останам со празни раце? Времето ќе ми го врати ли некој? Епа нема, најубавите години само така ќе ми отидат, во работа, во црнчење, а пак нема да знам што ме чека понатаму. Е фала, не сакам така.
    Не ги ставам парите на пиедестал, не ми се сè во животов. Имам пријатели, имам маж, семејство, сакам да си имам и слободно време да си го поминам со нив, а не само на работа, само за пари.
    Не сум од тие што сакаат само пари. Доволно ми е да имам за преживување, да имам една платичка, не мора да е огромна, ама си го сакам моето време. Не сакам да бидам цело време напната, па што ако имам пари тогаш, ќе ги дадам на крајот по болници само. И било тоа, сум го поминала.
    Си ја сакам младоста и ќе гледам да си ја искористам најубаво што можам, за кога ќе дојде денот да не се осврнам назад само со каење и жалење за деновите што изминале. Сакам мирна да ми биде душичката.
     
    На CoverGirl10, teddybear, la-chicka и 22 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.036
    Допаѓања:
    164.945
    Сите оние роднини што како демек ти се лутат зошто не им одиш на гости или зошто не си се јавил кога си поминувал од местото каде што живеат, затоа што сигурно некако си морал да поминеш од таму, зошто ти е успат,а уствари те замараат без веза само затоа што не знаат што да ти зборат кога случајно ќе се сретнете некаде низ град,а не пак да им отидеш на гости...

    Ова беше долга реченица.
     
    На mims-89, Hipster, teddybear и 11 други им се допаѓа ова.
  4. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.600
    Допаѓања:
    13.096
    Пол:
    Женски
    Скоро и да заборавив колку е добра јогата диши - издиши го бев заборавила, ама затоа сега по милион пати, на толку стрес и насобрана негативна енергија во мене до сабајле би вежбала :tmi: .
    Брат ми постојано ми вели абе што ќе смениш ако се нервираш, во право е, ама како може да си кулирка јас незнам, јас од гз ќе си гризнам :lol: . Па затоа и ќе си вежбам диши - издиши, диши - издиши ...

    Ќе помине и ова ...
     
    На SparkyAngel и Doozy им се допаѓа ова.
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Е сега да се вратам туку така тивко како што си заминав не може! Да кажам само 2 збора :D
    Не ми стигнуваше време да дочитам мислење а со секој рифреш имаше веќе 3-4 нови.. Сега, се тегне некој половина час од едно мислење до друго.. Значи напредок никаде..

    Да точно е дека ме копка од време на време да чкртнам нешто ама не знам зошто после некој ден ми бега и мисла и инспирација.. Не затоа што сум навикнала на стари членови, секако дека ми недостигаат..но затоа што не сакам да ги читам истите глупости што ги има по порталиве...

    И што знам чудно ми е... Се чувствувам исто како..сум била на викенд со друштво сум поминала преубаво и оние часови пред да си одиш кога никој нема воља за ништо и сите се тегнат полека си ги собираат стварите и го средуваат нередот.. Е таква ми е атмосферата тука сега моментално...
    Никогаш не сум кревала фама кога сум планирала да се одјавам на подолг период. 3-4 месеци ме немало и никој не ни знаел, само лог аут и тоа е тоа... Ама потајно се надевав дека со наредното уклучување се ќе биде поинтересно..позабавно.. Или премногу сум носталгична не знам ама пасивност до овој степен...

    Зошто е четот тапа? Зошто ново мислење на 30-40 минути во теми кои не сум можела да ги дочитам цела вечност што е зборот..
    Јас самата сум носталгија во движење ама овој мој дневник беше многу повеќе од ова што е.. Не дека е којзнае колкаво чудо па сега ќе кукаме и лелекаме ама сепак.. Некои работи се убави додека траат па дури и некоја ваква виртуелна занимација..

    Останете добри :)
     
    На LittlePinky, ines.h, ilipili и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Понекогаш многу сакам да чкртнам нешто на темава, чисто онака колку да ми олесни на душава, доколку има нешто што ме мачи.
    Го читам претходното мое мислење во темава и повеќе ми е ко за во "Љубовни проблеми", отколку за тука :lol:
    Денес, после тоа мачење сношти, се чувствувам одлично.
    Изгледа и кај мене почна да делува она: Секое чудо три дена ( или 3 минути ). :)
    И фала му на Бога што е така. Конечно научив дека времето е скапоцено и не треба да го трошиме на небитни личности.
    А и нервите исто така :rofl:
    Денов ми помина многу брзо, со оглед на тоа што заспав во 6 сабајле, а се разбудив во 4, со јака главоболка.
    Забележав дека во последно време омилен пијалок ми е чајот, а до вчера го пиев само по потреба. :)

    * * * * * * * * * * *

    Денес, имав понуда за брак :rofl: Ова најсериозно :!: :)
    Ама, нееее. Не се мажам :rofl:
    Се потсетив колку многу сакав да се мажам, до пред некое време. А сега страв ме фаќа.
    И од бракот, а и од обврските кои тој ги носи.
    Но, се во свое време.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Тинејџерчиња да сфатам, ама моми и мажиња од по 20 и кусур години, не можам да ги сфатам.

    Да, јасно ми е, и мене, и на сите дека се сакате. Најмногу на свет. Дека сте заљубени, дека сте на облачиња, дека леткате, крилца, аморови стрелички, еднорози, виножита, мене се' тоа ми е јасно. Ама сакајте се во приватност бе луѓе. |(

    Значи не знам, мене ми падна незгодно, они мака немаат. МУАААААА, цмок, стис, лиз, слушаш јазичиња како шлапкаат, слушаш како се шмучкаат меѓусебно, уште да слушнам како патент се откопчува, кондом отвораат и почињаат бате, мислам осееееееет. Не знаеш кај да ја свртиш главата, па те фаќа смеа едно време, па пробуваш да гледаш на другата страна, па пиеш сокче, онака невино гледаш на лево, на десно. Ај си викаш, се сакаат. Не е ни деца да ги речеш, не се деца, олкави магариња, дипломирани сите. Ама нема ни кај да ја свртам главата, момата фали уште да го јавне момакот, слушаш скокоткање, штипкање, Боже мили. Таман ќе се замуабетиш, ќе се загледаш во некоја точка што ти е толку незгодно, дури вратот те боли, само нели да не гледаш во нивни правец, пробуваш муабет да направиш, ама слушаш, значи слушаш животињииииииии.

    Таман станав, надвор други. Одат и подзастануваат да се довечераат. МЕЃУСЕБНООООО! Очигледно гладни беа. Шлуп, шлаааааааап, ммммммм, љааааап, па мајка му стара, ја удави брат со јазикот, во желудникот и брцна,.... ви личи на годините и на паметот. Па ја пофаќа, и го меси газот сред тротоар, мислаааааам алоооо, па не оди мајка му стара. Саде академци и магистри, дајте тоа етика ставете задолжително во средно, малку општа култура, и еден предмет придружен на тоа, такозвани - осет.

    Епа и јас имам дечко, и јас си го сакам, и јас седам со него на кафе, и јас излегувам во јавност со него, и јас правам тоа што правите вие, ама се знае на кое место и како - зад затворени врати. Чувајте си ја бе интимата за вас, бидете себични во тој поглед, чувајте специјални моменти само за вас и никој друг. Јас сум многу отворена личност, поштувам фер врски, поддржувам здрав и добар секс, убаво ми е кога гледам дека луѓево се сакаат, ама па не можам ова јавново претерано искажување емоции, односно, ПОРИВИ, животинско-пештерско-планински пориви, нееееее можам да го сфатам. Да се гушнам со дечкото, онака лајт, да го цунам, абе онака мило, нежно, задри го под маса бе, задри го, никој не брани, со мерка... со ќеиф да гледаш такви парови, да... ама да ми ги меси цицките бе на црвено? :x
     
    На Anna-Banana, Trnche, Lov3 и 35 други им се допаѓа ова.
  8. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Синојка ко задњи морон на светот , јас молев некој да е со мене и се да му простам. Наместо да е среќен зашто сакам пак да сум со него, тој ми кажа дека му сметало моето МИНАТО. Ко небаре од шипка да ме симнал мене. Знаев дека тоа го вели како и секогаш. За да ме повреди, без грам осет. Без да му текне дека 1 недела јас сум му лута и скршена од неговите лаги....За после 15 мин да се сврти кругот и да ме моли да одам кај него. Кога виде дека се сторил за да ме снема ми се нацрта пред капија. Рече Отвори. Не отворив. Ни на крај памет не ми падна да отворам. Ако отворев ќе му плукнев во лице и ќе му кажев дека границата меѓу љубовта и омразата е многу мала, а тој ја пројде. Без никаков срам доаѓаше кај мене дома, спиеше, ми ветуваше вечна љубов...сакаше деца да имаме што поскоро. И наеднаш се се сруши. Сега му смета , уствари ко што рече тој-се борел да ме сака каква што сум. Што е најтрагично-запознав 17 годишна девојка која имала повеќе партнери од мене. Не сакам никого да навредам ама...ако не ми е втор не значи дека сум дроља. Сите зборови, спомени, прегратки, заеднички ноќи-потонаа. Не знам зошто не не жалат нас скршените исто ко вдовиците? И на нас ни се руши светот на свои плешки...
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кардио вежби-тешко и болно
    не ги направив сите не сум толку спремна ама денес едвај се движам :worried:
    вежби за колената избегнував-до скоро бев на терапија и уште болка да придизвикам па не е фер
    бевме 4 дечки 2 девојки и една жена
    дечкото што ме покани и воедно нели консултант за здрава храна-му ја сватив намерата, тој на мене лудило ке ми глуми :fubar: и уште не покани мене и девојката на стенд ап комедија-немој бе со трчање ке ми ти дојдам :D
    а гледам дека некои фаци од сениорите во партија си ги покажуваат вистинските лица, и неколку пати реков дека ке се тргнам од таму ама се нешто излегува, ама следната недела ке биде ден за промени :!:
    мислам дека е така подобро :)
     
  10. hellowooorld

    hellowooorld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    107
    Денес се чувствувам подобро од другиве денови, поздрава. :lol:
    Си го пијам утринското кафе и си читкам на фемина. 8)

    И уште нешто сакам да кажам..
    ..незнам дали е до мене или до односот на одредени личности кон мене, ама се чувствувам смирено, сталожено, не се замарам.
     
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Убаво ми кажува еден другар.

    На човек направи му 100 добри дела, еднаш одбиј го нешто, не зошто сакаш, туку зошто мораш, и одма ќе станиш најлошата личност за него.

    5 цели дена, 10 саати дневно од мојот годишен одмор ги поминав со една од поверните другарки, со чистење, готвење, акање по бутици, трчање по факултет, пречекување и служење гости... целосно спремање за нејзиното дипломирање. И бев десна рака за се.
    После некој ден ја замолувам да побарам патики низ продавниците, неа ја болеле нозете, не можела.
    Наредниот ден ми вика ајде на кафе, ми се шета. И викам покасно ако сакаш, не можам баш сега, имам дома гости.
    Абе кога се налути. Сега или никогаш.
    Се испонаша дотука и назад.

    Убаво велат, што повеќе му угодуваш некому, на глава ќе ти се качи.
    И пресебични личности дотука и назад. Само за својот газ да си мислат.
    И колку и да жртвуваш за нив, џабе е. Секогаш е малку. Никогаш не те ценат.

    И на крај се прашувам, вреди ли да се замараш олку со такви луѓе?
    И постојат ли денес верни пријатели?
     
    На ines.h, tigerlady, sweet-star и 3 други им се допаѓа ова.
  12. ohana

    ohana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    268
    Значи не ми се верува до каде стигна светов. Прва година, а со танга доаѓа во школо. После се жали зашто сите викале дека носи танга, а она уствари не носела. :^) Мрш таму, се познава од авионот дека носиш танга, па уште вика дека голем и бил г'зот затоа така се гледало. Многу ме нервираат ваквите девојчиња. Со сила се прават нешто што не се.


    Ај имајте убав ден. :*
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Да знам...пак се изгубив...пак ме снема. :)
    Ама кога работиш сега гледам дека навистина немаш време за ништо.
    Некако се ми е турбо...наваму натаму...обврски,документи,па по малку шетање...
    Со сите сакам да се видам ама никако не успавам да го исполнам на сите ветувањето поради преумореност.Ќе гледам да се стабилизирам и некако да се организирам бидејќи не сакам никого да запоставам.
    Во мојот живот многу работи се сменија...јас се сменив.Можеби и работата ме смени незнам.Но доброто е што е на позитивно промената. :)
    Колективот ми е погоден и на работа ми е супер.Сега за сега добро иде.Тука ја сфатив уште повеќе мојата вредност.Знаете кога секојдневно добивате пофалби,ласкања...па и како нема. :wasntme: :P
    Додворувачи нови...интересни ми се. :D Секогаш одбираат кај мене да дојдат,омилена сум им. :D
    Ми го прават денот поубав некои луѓе.
    Со сегашниов некако шкрипи ситуацијата...не иде...кочи во место,а промени нема.Мислам дури дека нема ни да има,не може да ми го пруши она внимание кое е доволно,онаа лудост во љубовта...
    А другиот пак ме бара...се би направил за мене...
    Која ли иднина би ја имала јас со вас се прашувам?!? :?:
     
    На Barbie20, NoellePage, Foreveryoungiwannabe и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Чувството кога после 2 и пол години одиш на заболекар. Е не се опишува.
    Се чувствував како да одам на испит, а да немам доволно научено. Страв претрпев. Психички се јадев во себе. :worried:

    Ама чувството кога се враќаш од заболекар без ниедна болка претрпено е најубавото. :D

    Ама сум среќна денеска. Се надевам цел ден ќе ми биде ваков.

    Добро утро феминки и имајте убав ден. :) Ве честам 3 во 1. Не смеам сат и пол да појадувам, па еве ви за има за сите.
     

    Прикачени фајлови:

    • download.jpg
      download.jpg
      Големина на фајлот:
      9,1 KB
      Прегледи:
      409
  15. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Толку многу предизвици, не знаеш по кој да се залеташ па се заглавуваш негде измеѓу. Туку животов, леле животов, го сакам. Ми се прелева и до мака и од убавина.
     
    На Moira, Barbie20, JuLleE и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    СДК утре ми е роденден!!! :D :D 8)
     

    Прикачени фајлови:

    • images (1).jpg
      images (1).jpg
      Големина на фајлот:
      13,8 KB
      Прегледи:
      295
    На Barbie20, LittlePinky, Petunia-Queen и 3 други им се допаѓа ова.
  17. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    се чуствувам сакано
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    http://news.yahoo.com/nasa-map-illustra ... 23115.html


    :?: Чкрап! Лошо!

    Да се сака да се успее е убаво. Да се прави се она кое ние го сметаме за морално, за да успееме е убаво. Кога праведно се бориме е убаво.
    Да потклекнеме под диктираните услови на оваа општество не е.
    Доколку во минатото сме биле толку против одреден начин на функционирање, а сега се преобразуваме во тие кои некогаш сме ги плукале не е доказ дека сме созреале. Тоа е доказ дека сме се претопиле како и самите тие.
    Лесно е да извадиш гради на профилна слика или во вистинскиот живот - со амбиција да успееш. Тоа да го правиш на 15 години може и ќе те сфатам. На тие години повеќето се спобркани.

    Тешко е да успееш потпирајќи се само на твојот памет. Една од потешките одлуки на секоја жена е тоа. Да не се ослонува во големи количини само на нејзиниот изглед.

    Денес на репертоарот ми се пуканките!
     

    Прикачени фајлови:

  19. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    http://www.youtube.com/watch?v=RIaZDsoSTWQ

    И ќе биде се во ред, само уште јас да се изборам за она што го заслужувам.
    И ќе биде се во ред, нананнанананннананан :dance:
     
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    понекогаш се случува да се блокираме некое време без да знаеме што сакавме да кажеме :^) :^) :^)
     
    На LittlePinky, richgirl998, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.