[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.114
    Допаѓања:
    111.029
    Пол:
    Женски
    Жени не ве дружам више у СДК, ме разболевте, настинав, почна она грдо чувство, те боли самиот допир на маичката на кожата, те боли косата :^) , те чеша грлото, ти пече носот.... Мамо, не ми требаше, што убаво ме држеше две години без да се разболам, што сеа вака... ;( ;( ;(
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Овој татко ми ме изненадува од ден во ден :D .
    Ми влага и вика-
    3наеш ли со кој сум пиел кафе?Со Силви Бенд :rofl: .
    Како бе?

    ЕЕЕЕ така барал некој човек, залутал, зазвонел на некоја врата тоа Силви му се избацила.
    Па му објаснувала кај да го најде, и му рекла ако не го најдеш врати се.
    И овој, секако дека не го нашол,се вртил, го примила дома кафе муабети, овој и понудил филтер 57, оваа А не не, јас ќе ти дадам.
    Вика едни такви цигари скапи пуши, многу е фина и пријатна ич не е препотентна :D .

    Абе свашта, еј сега цел ден ќе се фали по дома :D
     
    На tinkerbelll, Neytiri, thinkerbell и 43 други им се допаѓа ова.
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк застанувам на моите ставови кога сум во право,па макар и да стојам сам.
     
    На kva, girl-miri и Agrona им се допаѓа ова.
  4. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Денес цртавме за Светскиот ден на европските јазици...само за ЕУ да гази по нив, само за едно „Фала“. :devil: ..Уфф...европски говеда...не сакам да бидеме дело од ЕУ! Нацртавме најубаво, но немаше награди... :(
    Се измачивме, цел наш труд отиде по ѓаволите...само за европскуте говеда...
    И погодете што...Наставничката ми рече „Браво Квин! Ќе учествуваш на повеќе вакви „натпревари““. Среќна сум штоо мисли дека сум добра но...учество на вакви „натпревари“...Не сум баш сигурна... :?:
    Па дури и моравме да го слушаме досадниот говор на европските говеда. Гладни, изморени, бесни, тажни...
    Барем заврши се. Ова ќе остане само еден спомен за кој нема доказ дека постоел...Но, барем запознав нови деца кои луди скоро колку мене...Барем имам инспирација за прекрасен состав...кој ќе го напишам во мојот дневник..
    Па откако заврши се...купивме нешто за јадење и ждеревме во паркот (читај старски дом) како мечки...Продолживме понатаму, однесувајќи се како некои излезени од лудница (за нормалниот народ кој не може да не разбере).Полн стомак, болка во колената, валкана облека, среќа, тага, бес...Сепак, убаво се чувствував...Бевме среќни додека пцуевме и јадевме (читај ждеревме)...
    Па, газете, европски говеда! Бесплатно е! Не е важно, ново ќе нацртаме...
     
  5. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Фраерчина мои за да допрете до женското срце не ви се потребни мизерни лигавења и симнување ѕвезди, туку треба да покажете дека ви е грижа.Кога ќе ни влези во главче дека клучот до женското срце, пред се е грижливоста?
    Е сега, да не си мачкаме очи, aко веќе сте во потрага по празноглави риби горди на својата глупост, тогаш подобро да имате клуч од Ауди или BMW.
    Џони Браво можеби е само лик од цртаните, ама со сигурност е одраз на сите „јаки фраери“, сите негови плитки финти и мизерни изрази завршуваат безнадежно, типот искусува нова корпа при секое „пуштање“, а добива и ќотек.
    Вистински пример за како не се фаќаат женски, само што многумина го сфатиле обратното, дури можеби го идолизираат.Покажете дека ја слушате и дека сте грижливи, кога ќе ја фатите за рака додека бесно врват коли по улица или кога ќе ја потсетите да го стави појасот штом влезе во кола, знајте дека е ваша, најголемиот дел од работата е веќе направена.
    И девојки не паѓате на ваквите очајни фраерчина, верувајте дека сеуште има некој кој ќе ве сака и цени искрено.
     
    На jagodka.18, Barbie20, Monna.Monna и 3 други им се допаѓа ова.
  6. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Луѓето она памти па врати го применуваат само кога им е нанесена некоја болка или неправда.
    А што со добрината, посветеноста или помошта?
    Што кога некој им помогнал, им посветил внимание, им посветил време?
    Да, тие работи не се ни памтат а камо ли да се вратат... :emo:
     
    На Barbie20, Camellie и Gordana10 им се допаѓа ова.
  7. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Колку само би било полесно кога секој би си ја одредил својата цел во животот и би направил се за да ја оствари истата.Колку луѓе има без сопствена цел ,без идеи што ќе прават и што сакаат да постигнат во животот.
    Исто како што родителите прават список пред да тргнат во маркет,така секој може да испише листа на работи кои сака во иднина да ги исполни,и нека ги стави на местото кое што прво го гледа кога наутро ќе отвори очи,веројатно ќе успее да се сети дека животот се живее со замисла,со сакање на една работа,напор за да се исполни истата..

    Животот е едено патување...Успехот не е!
    Најголемата среќа е во нас,во нас самите,и во она што можеме да го дофатиме,да го зграпчиме,да се чувствуваме исполнето,да знаеме дека сами сме се избориле за да успееме.
    Вдишете,издишете и поставете си цел во животот,трчајте да ја исполнете ако веќе ја имате.
    Успехот не доаѓа сам,успехот се заслужува.
     
    На Barbie20, anggell, Foreveryoungiwannabe и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Petunia-Queen

    Petunia-Queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    315
    Епа и јас да се пофалам:
    Добив 5 географија! Многу се радувам! :dance: :party: ^_^
     
    На Someonespecial и Dog-lover им се допаѓа ова.
  9. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Ова е едно од оние утра кога си потонат во толку сладок сон, што чиниш на облаче спиеш [​IMG]
    Сум си го гушнала ќебенцето меко и толку убаво ми беше кога се разбудив. Така е кога бев преуморна од вчера. Но не ми пречи, воопшто. Сама си трупам дополнителни обврски покрај факултетот, сакам да си го исполнам времето корисно. Подобро било што да правам, него ли ништо.

    Нови пријателства, нови чекори во животот, убав бил студентскиов живот. :)
    А и надвор временцево ми влијае. Уф колку ги сакам овие раноесенски денови. Не е ниту претопло, ниту преладно. Не сум тип што може да каже дека има омилено годишно време, омилен дел од годината, или пак годишно време што го мрази. Во секој период уживам во убавините што ги носи со себе.

    Есен како есен, се радувам што повторно ќе можам да ги носам омилените чизмички, топли џемперчиња и да се обмотам со марама. Во омилената боја, кафена. Уживам во есенскиот дожд, оној мелодичен звук што го прави по прозорците и олуците, топлејќи се со врелиот чај. Никогаш не ми пречел дождот, баш е романтичен.
    [​IMG]

    Се задрндав за дождон, а види што убаво е сончево надвор :D
    Време е за капучино со мама на балконче, а подоцна и прошетка. Убав е денов :)
     
    На Someonespecial, kravce, Barbie20 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    На некои луѓе не им е доволно еднаш да ви го уништат животот. Мора да ве згразат одново и одново. Како човек да биде среќен? Никако, некои луѓе едноставно не се родени за да бидат среќни, тоа е тоа. Само ќе си ги затворам очите и устата, ќе ги голтнам и овие маки. Можете да ми ја земете среќата секој пат кога ќе ја имам во раце. Можете да ме уништите, тотално. Некако се навикнав, па и не боли толку, криво ми е што и другите околу мене се повредени, тоа ми тежи. Можете се, се да ми земете, ама душата не, не ви ја давам, нема да си ја извалкам за да се одмаздам на никого. Само ќе се изгубам, ќе ме снема од вашиот свет, за ако повторно некогаш посакате да ме повредите да ме нема. Засекогаш.
     
    На richgirl998, t.i.n.k.e.r.b.e.l.l, karenin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Мама повторно ја ставила Нутелата во фрижидерот...
     
  12. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Можеби е есенска кралица ,ама за мене не е :!:
    Се прејадов . :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  13. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Се смиривме со свекрва ми и ми е мнооогу убаво и сега се договараме да си купеме стан со нивна помош и помош од моите родители за да си идеме на гости.(бидејки мм е сам а јас само брат имам и вака ке ни биде и поарно) :rofl: :rofl: Ке бидам пресрекна ако купиме стан :D :D
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Сум заборавила да пишам тука некој збор, па мислам дека треба да ви кажам зошто ме немаше, иако ќе претпосравите сами.
    Почнав на факултет, со тоа почнаа и обврските и поминување на поголем дел од времето таму. Немам многу слободно време, мора сериозно да си ја сфатам работата, зошто се плашам од разочарување. Неуспехот ме тера да се плашам, затоа си викам ќе биде се во ред...
    Ииии додека јас се плашам и си викам кој предмет да фатам да го учам побрзо, некои други луѓе се замараат и се плашат да не не најдат место некаде за на кафе. Па подобро е да одам на факултет, така да ми поминува времето, од колку да излегувам три пати дневно, залудно да ги трошам парите, а да не правам ништо продуктивно и корисно. А ако спомнам зошто не се потрудиш да најдеш работа или некаква занимација, тоа значи дека јас вреѓам и подценувам. Не, значи ти мислам добро и се трудам да ти објаснам дека немаш светла иднина од одење на кафе три пати дневно.
    Ете тоа е, сега да одморам малце зошто не знам каде ми е главата :lol:
     
  15. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    18.512
    Пол:
    Женски
  16. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    755
    Концерт на Архангел?!-Па тоа бе маче! ТОА.
     
    На Lindita-honey му/ѝ се допаѓа ова.
  17. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
    Денеска, т.е вечерва сфатив дека секоја есен ја имам најубавата професија на светот... :D
    Погодете која?
    Професионален мијач/лижач на шерпи од ајвар 8)
    Земам леб, седнувам покрај шерпа и за 2 минути шерпата ја правам џам, спремна за нова употреба.
    Некој да ме ангажира? :?:
     
    На Agawa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Напорно денес,напорнооо. |-)
     
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    101.647
    Пол:
    Женски
    Пукнав!
    Маж ми се однесува како тинејџер.
    Керка ми го заборавила новиот телефон во такси возилото.Среќа фин испадна таксистот и го врати.
    Син ми неодговорно си ги искина новите патики,дебело платени.
    Фризерката не ме потшиша убаво,ама изгледа за 100 денари тоа се добива.
    Се мислам да се потфатам со нова работа.Не оди вака.А потребна е инвестиција.Барем да вадам некој денар.Кој знае како ќе биде.
    Забиве ми плачат за навлаки,а јас од страв.
    Децава не ме слушаат,очекуваат се на готово.Толку се дерев прееска што маж ми мораше да ги затвори прозорците,заради комшиите,знаете :!: .Џабе советувам,зборувам,заморувам...ама не ,тие се најпаметни.
    Кретени сум родила бре,со досие!
    Ми здосади само јас да зборувам и да изигрувам дежурна вештица.
    Веќе не зборувам и не си го подметнувам грбот така да знаат.
     
    На pamelche и MacenceEna им се допаѓа ова.
  20. Dobie

    Dobie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    240
    СДК како ми падна жал за маченцево на сликава ;( ;(

    [​IMG]

    а пак толку се разнежнив за ова... :$

    [​IMG]


    инаку друго што сакам да кажам е дека овој ден беше убав,обичен ама убав ден,штознам можеби дека утре е петок а потоа доаѓа 2 дена одмор :clap:

    еве вака ми врвеше денов
    [​IMG]
    [​IMG]

    па продолжи вака...


    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    а веројатно ќе заврши вака... :!:
    [​IMG]
    знам многу му е грижа на некој како ми поминал денов ама да си се искажам бе! :!: :D :hai:
    Имајте убава вечер феминки :*
     
    На LittlePinky и Dog-lover им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.