1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    Од сабајле поминав под едно дрво, орев, му висат гранките над тротоар, јас застанала и се ѕверам по ореви во гранките како нетаман. |( Гледам паѓале, има зелени лушпи, ама ораси нема, ги собрал некој. И мине еден батко и му викам, другар ај докачи ја таа гранка и затреси ја, јас не можам да докачам. Овој ме послуша, докачи и тресе :o
    Паднаа само два. Ништо од баклавата :D
     
    На Lov3, Hipster, bittersweet и 27 други им се допаѓа ова.
  2. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    Денеска е мој ден :D
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      5,8 KB
      Прегледи:
      457
    На LittleChili, Agawa, Barbie20 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Жалам што мораше да биде вака...но од сега па натаму само така. Жалам.
     
  4. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Денес сум на гости,а викендов ми е вон Скопје,јупиии :rofl:
    Прочитав нешто на двокатниве автобуси,интересен цитат:
    "An eye for an eye only ends up making the whole world blind"-Ганди.
    Деновиве,ми се разбудија моите кулинарски желби и земав правев тестенини со сос од печурки.Многу брз,а превкусен ручек.Наредниот ден следуваа шкампи со ориз и шафран (додуша мајка ми ги правеше,јас само помагав).Кој знае денес што ќе бидне :wasntme:
    Сакам да одам на некое место,некое викендашко,некој рибник на пример.Па после до некој манастир,многу би сакала повторно да го посетам "Јован Бигорски" затоа што последниот и единствен пат немавме многу време.Како што е блиску,може преспивање во Маврово,па наредниот ден пак некое шетање.
    Може ќе биде некогаш,може некој нареден викенд,за 11 октомври да речеме :)
    И така,сега за сега останува викенд во Штип,но ако,не се жалам,напротив.
    Имајте убаво попладне :)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.770
    Пол:
    Женски
    Иначе јас, да не се фалам ама, воглавно не сум несмасна :wasntme: ...

    Ама оние издвоени скалички, знаете, кога има само една, како во продавниците каде што пишува „Внимавај, скала“... Е тие, едноставно не се за мене. :D Никако бре да им го фатам редот, дури и со болдиран фонт 50ка да ми напишат да внимавам, јас пак од високо ќе си згазнам.
    А што е најглупо, понекогаш па и се смеам на такви написи (кога ги гледам од страна), и се правам паметна, си викам, you don't say... :rofl:
    А најголема смешка сум со таквите скали во театар. :tmi: Додуша тоа и не е баш скаличка туку е скалиште од 15 сантима. :D И значи, скоро и да не може да ми помине идење во театар без да се истресам, или у најмала рака да се сопнам на излегување. Важно секогаш полузатемнето е таму, нели најважно е да не те видат кога смешно ќе се сопнеш. :D

    Иначе, јас дефинитивно ќе измислам нов Марфиев закон: Кога на радио ќе ти ја пуштат омилената песна додека се возиш во автобус, тоа задолжително мора да биде при крајот на возењето, една или две станици пред да се симнеш. :!: Денеска на враќање од школо ми идеше заради ова да си се симнам на наредната станица, најозбилно. :D Верувале или не, да не беше петок и мрзата да не ми беше на левел 100000, фино лепо ќе си чекав да ми заврши песната. :rofl:

    Е ај ариведерчи енд хев а најс викенд. :*
     
    На Lella, LittleChili, Agawa и 15 други им се допаѓа ова.
  6. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Се закачив јас на темава :D
    Не ве интересира ама ќе си кажам ... сдк...
    Луѓето не ги почитувам според изглед, боја и вера.
    За мене има луѓе и нелуѓе. Не сум светица, ама тие што ме познаваат велат имаш големо срце.
    Исто е бе,како твоето, неговото, нејзиното, чука во градиве :)
    Секаде каде што сум била поканета и кај наши и кај нивни сум била убаво пречекана .
    Пред некое време бев поканета на една албанска свадба во Тетово кај едни стари пријатели наследени од свекор ми. До дома дојдоа да не поканат .
    Да не одам сама, овој мојов го знае редот ја зедов сестра ми .
    Вози полека Озбилна, ми се живее :^) Е да бе, јас многу сакам да појдам кај горнион, лазам сестро
    гледаш има колона од коли. Би како би стигнавме...
    Иде снаја од газда, свекор ми. Пречек невиден.
    Ги пореди газда ххх невестите од братот едниот, другиот, третиот. :D Машала машала газда, снаиве да ги грабнеш и да бегаш со златото. Жива била Озбилна... слатко се насмеа.
    Узми злато а снае баци у дол, сестро, једно кафе не знају да скувају...
    Е можеби кафе не знаат да сварат...
    Ама кога зедоа темена да ми прават, рака ме заболе :D
    Што е ова сестро ми вели оваа мојава :lol:
    Е што е де! лошо ти е, ко царица пречек ти приредија, рака ти гушкаа...до невеста седнати ко кумови, се разјаде ко во живот јадење да не си видела... па така де.
    Арно ама, ко почнаа да летаат куршуми, црна сестро живи не излегувме од овде :D Молчи мори...
    Ќе ми остане детено сираак ако ме погоди некој летечи.Ни да плачеш ни да се смееш.
    Не умревме од куршумите живи и здрави се вративме...си дојдовме дома кај мене.
    И оваа издајцава, му кажува на маж ми...
    Со оваа твојава не е за одење, мене срце ко лешник ми се собра, таа растура пајдушко,
    цело Тетово се тресе :rofl: И тие го играле бе.
    Седиме пиеме кафе и му текна ...Дадо, ти текнува кога бевме на свадба во Тетово :D
    Ќе си умрам бе :D Ја сакам жими еден Господ, таква каква што е ...
    Немала Тетка работа.
     
    На bittersweet, Agawa, Barbie20 и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    12.302
    Викенд е кога незнам каде ми е главата од обврски.Хаос на големо,од каде да се почне!
    Го мразам,САКАМ ПОНЕДЕЛНИК!
    Отидов почнува мојата тортура :D |(
    А отидов ке ве читам од понеделник кога ќе се стабилизирам :D
     
  8. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Конечно завршивме со прошетката и театарот. Прошетката на чело со наставниците по кои одеа учениците наредени како војници беше бавна и досадна. Театарот кој требаше да биде тинејџерска невусна лимонада беше всушност една исто така невкусна, наивна, детска, досадна народна приказна. За малку не заспав. Кога излеговме од салата се сопнав и за малку не паднав врз едно дете...
    Откако заврши мачењето, ја почнавме вистинската прошетка со другарките и прекрасно си поминавме. Ми се подобри расположението. Повторно ждеревме како мечки. Продовживме. Повторни изгледавме како некои излезени од лудница но барем се забавувавме...Стигнавме пред зградата во која живее една од моите другарки. Седевме на скалите и на клупите пред зградата. Се смеевме како луди.
    Денот сепак беше убав...
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    читам во Вест Соња Тарчуловска паднала од тераса додека бришела прозорци, а претходниот ден и било роденден -кутричка скршила еден пршлен, и на операција завршила-душичка :x
    а Јохан кога дознал за тоа од дечињата по пет скали скокал за да стигне дома-тоа докажува дека мегу нив љубовта се уште постои :!: иако беше толку години во затвор, кутричок низ кој знае уште низ што поминаа и тој и таа-и посакам побрзо да оздрави, и да се срекни четворицата :)
     
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк секогаш има луѓе што ке влезат и излезат во мојот живот,но најважни ми се тие што ке останат засекогаш,за другите око не ми трепнува. ;)
     
  11. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.862
    Допаѓања:
    32.485
    Пол:
    Женски
    СДК денеска не ми се оди некако на работа. Се чувствувам по малку депресивна и сакам да си лежам дома под кебенце и да си гледам некое филмче :(
     
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    15.874
    Пол:
    Женски
    . .. СДК оваа недела не сум многу наспиена поради тестови,испитувања (згора на тоа и настината), но за возврат, првите 2 петки во дневникот 8) За среќата да биде уште поголема, денес требаше тест да правам и на крај така си седев :lol: Професорката вели сум си ја заслужила 5 ката :rock:
    :!: Па, време беше да се украси дневникот со петките, ај можеби и на другите ќе им тргне како мене годинава :angel:
    Патем,
    .. . Дали со некој (од класот) со кој скоро никогаш не си правела муабет онака 2-3 реченици (седи пред мене), те прашува и се грижи како си? многу си настината? !?? :wasntme: Хмм. .... :^)
     
    На Dog-lover, LittlePinky, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Сдк дека денов го поминав во плачење и дека ми е преку глава од луѓе со кои неможеш да направиш асален муабет без пцовки, повишен тон и ред други работи. Неправедно ме доживувате како недозреано детиште што не размислува во склад со годините. Дајте ми прилика да се искажам да видите дека грешите ! И јас некогаш знам што зборам да му се сневиди...
    Тето моја само ти ме разбираш, само тебе можам да ти се доверам и да бидам разберена како што се изјаснувам, а не како што на некого му одговарам. Најмногу те сакам !!! :)

    Сакам да отидам негде да оладам глава !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.036
    Допаѓања:
    164.947
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    6.796
    Пол:
    Женски
    Последниот месец секој ден фаќам цагери, дури не е нормално. Го молам тој што ме мисли толку нека ми се јави :lol: :lol: :lol:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  16. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
  17. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    Живееме во време во кое е нормално да се шминкаат и да носат штикли девојчиња од 11 години. А, ако си веќе 13 и уште не си се смувала со некој те сметаат за тотален лузер. Живееме во време во кое ако немаш IPhone си никој и ништо. Во време во кое треба да ставаш кило пудра на секој саат, да пушиш и да носиш само марки за луѓето да те забележат и ценат. И нормално е да се ставаат полуголи слики само за да станеш популарен на фејсбук. Во време во кое ако не тежиш 20 кила сосе креветот и ако немаш цицки не си убава. Кажете ми зошто е ова нормално? Што се случува со светот? Зарем не гледате дека секоја генерација е се полоша и полоша. А тоа нема да престане се додека луѓето не сфатат дека ова НЕ Е НОРМАЛНО !
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  18. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
  19. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    СДК дознав дека DogsAreMyLife е сестра ми... |(
    Вчера се зачленила...
     
  20. LadyNitro

    LadyNitro Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    31
    Поубава вест амин, Архангел, КОНЦЕРТ оооохххххххх од двај чекам :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.