[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    Мисицава ми е ПРЕК-РАС-НА!
    [​IMG]
     
    На Barbie20, Dog-lover и karenin им се допаѓа ова.
  2. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Колку брзо ратат децата.Ми се чини како вчера сестра ми да го збогати нашето семесјтво.

    Денес има трнаесет,тринаесет години благодариение на господ, хуманите луѓе,и одличните доктори.. Тоа јунско утро јас и сестра ми бевме прескреќни дадички на уште едно девојче,се уште се сеќавам на тоа утро татко ми кога не разбуди да ни каже дека бебето пристигнало,се уште ја паметам сликата кога со точакот возев на улицата и на сите им кажав дека имам сестричка.

    Сеуште го паметам татко ми седнат во болничкиот ходник со наведната глава и молк.Тишина ,што сега?
    Еден човек му побара цигара ,молчеше.А јас бледо гледав.Што се случи?Бебето само што беше родено.
    Борба за живот и насмевки.Молк во семејството.
    Спакувани куфери и тешки денови.Заминаа во странство.Таму и само таму може да и го спасат животот.Ја гледавме на слики,преслатко бебе со разнобојни играчки,во болничко креветче.
    Хумани луѓе и огромни суми на пари.Баба ми не чуваше,а кога ќе ме прашаа каде се мајка ти и сестра ти,молчев,каде се?Тешки месеци,незивесност,и молкот на баба ми и дедо ми.Отсуството на татко ми.

    Денес,мина се,оди во школо,оди на играорна,учи и се забавува.Е добро разгалена е малку.Но светли денови се нели?Помина таа темнина.Далеку во страшната 2001.
    Денес ги проба сите шминки,сите штикли и лакови.
    Денес додека спиев до пладне,намерно(мислејќи дека нема да приметам)ми тропаше во собата,да станам пладне е.А таа ми направила комлетен појадок.
    Среќа.
     
    На kate21, Lov3, Barbie20 и 41 други им се допаѓа ова.
  3. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Уживајте во убавиот ден ;)
     
    На ozbilnazena и hermosa им се допаѓа ова.
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Си фанав книгата, и не знам за доста. Ај да паузирам малце.
    Знаете како се чувствувам? На кое тло и да стапнам душава еднакво ми брои, на пример, дали сум у Скопје или у факинг Лондону, имам една вреќичка комфорт некаде таму под желудникот (што нели, ја нема во секојдневната досадна човекова анатомија, (читај досадна на прв поглед)), и просто со себе си ги носам навиките, манирите, и секаде ми ги бере, па многу не се притресувам.
    Е сега, нели навиките се делеа на добри и лоши? И едните и другите ги имам. Со себе и во себе.
    Одбројувам до концертот на Архангел, најубавиот роденденски подарок што некогаш можев да го посакам-да е жив и здрав чичко Рики Вртев и неговата макотрпна поезија што мирише на тутун.Да ми е жива и здрава љубовта, под сводот на Небесна машина да ги силуваме емоциите, де. :wasntme:
    Друга работа, јебете се со информации децо. Како да ви кажам, држте си го интересот на ниво на кое
    ќе можете да запаметите некоја информација релативно перманентно све док вас смрт не растави.
    Ауфидарзен,
    Миливој!
     
    На CoverGirl10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Мрзелив ден.
    Ништо не сум работела, единствено сабајлето шо си правев поручек, друго ништо. Си го зедов денов за одмор кој и тоа како ми требаше. Преморена бев неделава, едвај да имав време за нешто, еве и форумов малку го запоставив.
    Имам толку многу чувства во мене моментално што е тешко да дефинирам што чувствувам. Си заглавив пред компјутер цел ден, си слушам баладички, си гледам филмчиња и серии, а шо е најважно си лежам и одмарам.
    Мајка ми и татко ми без јас да знам вчера си играле со собава т.е. да бидам по прецизна си го преместувале мебелот по "фенг шуи" . И сега чудно ми е вака. Тешко се навикнувам јас на вакви промени. Не дека е нешто посебно, ама ми треба време, како што ми требаше време да се навикнам кога мајка ми ми ги изнесе сите играчки и мечиња од соба пред неполни 4 години. Таква сум јас, се врзувам емотивно за секој предмет, си го сакам како да е жив и да има душа и тој.
    Сега еве ќе одам да си правам ручек/вечера, ќе си пржам компири, тоа ми се пријаде, а вие имајте убав викенд и убава вечер :*
     
    На zhap4e и leighton23 им се допаѓа ова.
  6. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Се што е поврзано со алишта (освем кога ги купувам :D -секако) ....го мразам.

    Мразам да ги пеглам (заправо не ги пеглам ами ги ПОТпеглувам :lol: ).
    Мразам да ги редам на жица.
    Мразам да ги редам ,одкако ќе ги изпеглам , за во плакар нели.
    Мразам да ги собирам од жица.
     
    На Idonea му/ѝ се допаѓа ова.
  7. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
    Еееее тато бе :D
    Лино Червар го направи Лино Чевлар :rofl:
    Јас му се смеам и му викам: Лино Чевлар?! А тој ми вика: Кондураџија бе! :lol:
    Се згазивме од смеење :D
     
    На Elichka, kala21, Barca-Gril и 4 други им се допаѓа ова.
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Се нервирам бидејќи неможам да им објаснам на татко ми и дечко ми дека некои луѓе нема никогаш да ни помогнат и затоа да не ме напнуваат повеќе за тоа.
    Значи кај знам дека нема да испадне, кај тие упорно се обидуваат и на крај пак остануваме без ништо. А мене, мене срцето ми се кине и за двајцата.
    Мислам дека бубрегот ми се тресе од сиве тук-таму бедно сиви луѓе. Нее, не црни! Да се тие црни ќе бидат барем со чист образ искрени дека се црни. А не како овие сивите. Сивите се волци во јагнешка кожа. Лош вид кој е плукнат и донесен тука на земјата.

    Инаку има поим како гола убавина. Се надоврзува на тоа коешто го спомнав предмалку.

    И не, не се најлоши скржавите луѓе, алчните, нервозните. Не се! Најлоши се оние кои гледаат да те сопнат за да паднеш и да си ја расцепиш главата саглам. И да те остават без ништо.
    Јас можам да им простам на некои кои од мене краделе дрва, пари, тегли со вкусен ајвар итн итн. Но не можам да им простам на оние кои се обиделе да ми го срушат мирот во семејството и љубовта. Е тие нека не очекуваат ништо од мене. Ни лошо, ама ни добро. Тие за мене се гнилите јаболки, тие за мене се грешници. И непостоечки битија. И нека се засрамат малку. И нека не ми се појавуваат често пред очи. Бидејќи се неубави и смрдат.

    ---

    http://www.youtube.com/watch?v=odP_ZYETKxM
     
  9. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    На цвета појче да не одите..клаВет рицино во песните!
     
    На Elichka и anichka94 им се допаѓа ова.
  10. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Со три пара прекрасни зимски кожени чевли, огромна насмевка и поприлично полесен џеб го заокружувам денов.
    Си пуштам убаво музиче, до мене чај лате и новите друшки. Си заслужив.

    Winter is coming, не? :geek:
     
    На Hipster и Dog-lover им се допаѓа ова.
  11. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    6.716
    Пол:
    Женски
    Денес го прележав цел ден, алал да ми е :lol:
     
  12. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Нема поубаво чувство од тоа кога наутро се будиш а тој ти кажува "Колку е убаво кога се будиш покрај најубавата девојка".Нема,не не..
    Неможам да најдам толку реченици за да составам еден пост,за да кажам нешто.

    Сеедно,праќам љубов и убавина за сите.
     
    На kate21, Barbie20, Elennaa и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Victory15

    Victory15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    161
    Се чувствувам остарено... Како да поминале 100 години откако последен пат го посетив Градскиот Парк. Случајно се враќав дома, и решив да одам по скратениот пат, преку парк. Беше 19 часот и беше темно. Токму овој период, паркот е тажен и сам. Јас и птиците сме единствените посетители.
    Доцна е за мајките со бебињата, а прерано за девојчињата (+11) кои се спремаат за излегување секој викенд. :^)

    Порано го обожавав паркот, како мала доаѓав на лулашките постојано барајќи од мајка ми да ме подбутнува...посилно и посилно. Откако ми здодеаја лулашките, доаѓав напладне и под некоја дебела сенка со книгата в рака, ги започнував патувањата. Времето леташе... И паркот беше мој дом, место каде што се чувствував заштитено и сакано. Не знам како ја искоренив навиката да доаѓам овде. Најверојатно поради немил настан што се случи доцна во ноќта, поради предозираност на млад човек. Оттогаш, го избегнував паркот. Знаев дека секој викенд овде се собираат секакви луѓе, а тоа сознание ми ја скрши убавата замисла за мојот дом.
    Еве ги и клупите на кои се изрежани безброј имиња и срциња. Клупите на кои се раскажани безброј љубовни приказни. Копам длабоко по сеќавањата... Овде започна и мојата прва љубовна приказна.

    Се што ме опкружува во овој парк се моите спомени. Радосни, тажни, горки, весели...
    Ова ќе биде место каде што еден ден со задоволство ќе ги донесувам моите деца. Ќе ги подбутнувам на лулашките, посилно и посилно...
     
    На Viki15, LittlePinky, Barbie20 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Повторно сум болна. Ми тече носот, ме боли грлото....Не го сакам овој дел од годината.
     
  15. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.465
    Допаѓања:
    16.946
    СДК поздрав до сите девојки кои вечерва не се излезени ради Х причини вклучувајќи ја и онаа каде што другарка ви бара изговор за да не излези,а другите од “друштвото“ се на свадба...и така сум приморана да седам дома :( ама ќе си најдам занимација некоја...поздрав до сите кои ќе бидат он вечерва...
    http://www.youtube.com/watch?v=HzpCcNdhy5w
     
  16. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    Пресреќна сум.Само што се вратив дома.Само што стигнав.
    Преубаво си поминавме.
    Бевме кај него дома,па на ручек,месо,во парк,па пак кај него.
    Немам зборови за да опишам колку беше убаво.
    Кога сум со него секогаш сум среќна.
    Одам да си легнам,бидејки навистина се заморив...
     
  17. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Како започна денов...мераци.Се разбудив во 1,со 7 пропуштени повици од двете најдобри другарки,за кафе.Излегов,дојдов,измив коса,се ок.
    Е,после...Може се комотно да се гони у три лепе.Плановите за вечер пропаднаа,ама пак не останав дома.Прошетав малце и сеа.
    И така ви викам.
    Утре на учење цел ден,и од задутре прва смена.Со среќа :rofl:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    На kala21 и Victory15 им се допаѓа ова.
  19. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    И јас вечерва домче. Но со мислите даалеку, во некоја друга димензија со него заедно. Лептири велком бек! .. или невелком, ќе видиме таа работа како ќе биде :D Anyway убаво ми е, а јас како вредно студентче во сабота вечер ќе решам по некоја задача.

    И во меѓувреме додека го пишувам постов дознав дека не се залудни лептирите.
    Епа отидов да се радувам!
    Со убаво нека е :wasntme:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.846
    Допаѓања:
    142.433
    Не можам да се изначудам на културата на некои девојки.
    Ако некоја девојка е така лошо воспитана, што без никакви размислувања навредува се наоколу, па дури и може слободно на неистомисленик да му каже и „и се симне од ку*от“...хм.
    Ова ме наведе, не да ги жалам девојкиве, уште помалку да бидам лута или изиритирана, туку да се запрашам, каде се изгубија вистинските родители?
    Каде ја згрешија работата со воспитувањето на сопствените деца? Не верувам дека причината е бидејќи се без работа - да е така, ќе седеа дома и ке ги гледаа нивните ќерки какви се и ке ги воспитаа.
    Да одеа на работа, можеби ќе имаа пари и да ги пратат во училиште и на курсевии и на спорт...што и да е, каде ќе можеа да научат нешто.
    Најверојатно останува само фактот дека некои деца или не требало да бидат родени, или некои родители се толку неуспешни во таа улога, што е подобро, што викаше една комшика, мајка и да си ја скинела, да не ја родела.
    Сосема сум сигурна дека треба да има училиште за родители. Оти како е тргнато времево, децата им одат на школо со голи папуци и цицки на изволте, навредуваат се наоколу, немаат манири на дами или девојки, а они гледаат турски серии.
    Да се чуди човек, некој совршен пар ке се мачи за дете со години, а некои на плукни залепи дегени ке ги одгледуваат.
    Бљак.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.