[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Да, ама нека искористат некој талент, вештина или предиспозиција за сами да си го направат работното место. Дали шиење, готвење, што не. Не мора баш постоечки работни места да се држат. Годините и искуството им дале повеќе вештини од на младиве кои само што завршиле со учење кутрите и се нервираат како секаде бараат работно искуство а ретко кој им го дава. Ама условите за кредити си го праат своето.

    И после у целава ситуација да сакам дете да имам...абе на памет не ми паѓа.

    Не ги кривам старите, но дека поради тоа што го истакна ти, им останале за нијанса поголеми привилегии од нас младите, им останало.

    Не го кривам ни системот/државата/владата. Си има закон според кој е утврдена најниска и просечна плата, според кој треба да се доплати за дополнително работно време и сл.
     
  2. MermaidKiky

    MermaidKiky Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Времево е најубаво :) :inlove:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Многу се потценува работата и работните места како работа во кафич, ресторан, продавница. Мислам ако имам диплома треба да си ја чувам урамена и да седам дома додека не најдам работа во банка или во канцеларија? Кога нема работа нема, јас би работела било што додека во меѓувреме барам подобра работа, наместо да седам дома и да кукам дека нема работа. Али тоа е проблемот, денес и најнеписмените добија диплома, а секој кој завршил факултет се смета за нешто посебно, и седи дома чекајќи да му падне работата од небо. Најозбилно, и мене ми е криво кога гледам дека некој кој се трудел и вложил многу во образованието да седи без работа или да работи било што, ама така е сто пати подобро одколку да си седи дома со дипломата.
     
    На thinkerbell, Annath, Moira и 20 други им се допаѓа ова.
  4. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Уфф...болна сум!
     
  5. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Смачено ми е од себични луѓе |-)

    **************

    Денес на македонски кочеше интернетов и му викам на наставников: Абе чоек кочи :rofl: и одма си се поправив,а тој се направи ко да не ме слушна :lol:

    Туку одам јас до продавница да ги скрупнам железниве пари што ми тежат :D

    Имајте убава недела :*
     
  6. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    И јас! :(
     
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.859
    Допаѓања:
    101.682
    Пол:
    Женски
    СДК во врска со постовите за жените/мажите во години ,а држат работно место.
    Прочитав некои рамислувања,и не се сложувам со некои.Зошто?Од едноставна причина прво никој за никого не знае каков товар носи на грбот,па се уште работи.Се држи грчевито за работата зашто можеби тоа е единствен начин да обезбеди пристојна егзистенција,зашто никој не гарантира дека на негово место ќе дојде негова ќерка ,снаа,син,зет.А признајте дека денес секој мисли прво на своето семејство,па после на другите (ако воопшто мисли).Кредити?Па и тоа го има.Не секој бил способен до 30години да си обезбеди свој покрив на главата,а и еве како што е традиција во нашево поднебје и на децата.Колку и да се удираме в гради ретко кој во денешно време може да живее без помош од родителите.Без разлика во каков вид на помош се однесува.А денес се е изразено во вредноста на парите.
    Значи не е проблемот во тоа дека старите работат до гроб,секако ако можат,проблемот е во невработеноста,и во тоа што во нашите фирми зборот систематизација има поинакво значење.И јас сум била во ситуација кога сум трчала по мислење на поискусен зашто едноставно не може се да се знае.Значи пред да се почне со удирање во гради,знајте дека еден ден и вие,кои денес сте млади,едуцирани можеби ќе бидете принудени да работите до крај,или едноставно да бидете исфрлени од игра заради годините.Еден ден можеби и некој за вашите факултети ќе зборува со понижувачки тон како што денес се зборува за средното.Ќе ви биде ли сеедно,кога нема да бидете моќни нешто да промените?
    Не очекувам дека на овој форум ќе наидам на истомисленици за овој пост.Од едноставна причина што форумов е млад.А јас само си го кажувам тоа што го мислам.
     
    На stetoskop, teacher, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.271
    Допаѓања:
    67.875
    Пол:
    Женски
    ^Луничка, ги гледаш работите само од една страна.
    Еве, замисли, твоето дете учело, се образувало, младо е, му треба работа, а на тоа место не може да влезе бидејќи има некој што работи и откако му дошло време за пензија, да не речам одамна го одминало. Дали ќе му речеш на твоето дете, ама сине, греота е, сигурно има кредити, нека си поработи, ти млад си, поседи дома без скршен денар, па кога ќе му текне на човекот да оди во пензија, или ќе го исплати кредитот, ќе дојде и твоето време.
    Две страни има приказната, за жал ни една не е убава. Тоа е, до државата е, а ние народот вака само меѓу себе може да се јадеме.
     
    На Barbie20, lolyta777, zhap4e и 5 други им се допаѓа ова.
  9. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    јас се сложувам со луничка иако сум млада , искрено од постот на кики ми се згади и не ни сакав да коментирам ама ај. јас сакам да работам и до 65 и до 70 и ако можам ќе работам а некоја си млада што мн се занесува може да ми се фати за малиот прст. малку почит спрема постарите нема да е на одмет. не се они криви ако некој неможе да си најде работа.
     
    На baby-star и lunicka им се допаѓа ова.
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.859
    Допаѓања:
    101.682
    Пол:
    Женски
    Можеби ги гледам ,но такво е моето искуство.Милион пати сум го осетила тоа на своја кожа.И тоа што мене ме отпуштија дали го вработија или ќе го вработат моето дете?Не.
    Да приказната има две страни и двете сум ги искусила,само што овде не зборувам за тоа дали треба да се вработуваат младите,туку да не се понижуваат и потценуваат постарите.
     
  11. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Ќе престанам да ја отворам темава, жими се |( :@
    Се прашувам, зошто постои четот? Па овде можеме сите да си правиме муабет..
     
  12. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    4.234
    Како не се криви они? Па ако си отидат они на време во пензија ќе се ослободи работното место и некој млад талентиран што допрва ствара семејство ќе се вработи. Значи треба старине да работат а младине да седат дома и после владана наталитет намален ова она па како нема да биде кога се без пари :swear: Се влечат по автобусине едвај идат зашто немале што да прават дома и дремат на работа, не може некој да ми каже дека човек од 70 години е способен за работа, па еве го гледам дедо ми дома колку он би бил способен да работи во некоја институација , ни најмалце , си седи дома и си ужива во пензијата, а можеше и он да се влече уште и само гужви да прави таму ништо повеќе . Кај мајка ми на работа има неколку жени од 65 години кои се при крај и ништо не работат, само седат на телефон, мрчат наоколу, гледаат попреку на младите кадри, среќа што бар се паметни и на време си одат во пензија, ама гледам според некои тука баш таквите треба да седат и да зимаат плата, а младиве да метат по кафичи за бедни пари или да си седат дома само затоа што на некое старче му е досадно дома :fubar:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Реин, посебно во овој дел:

    Но би рекла сепак дека не мислам дека е до државата, туку до нашиот ментален склоп. Си постојат закони, а се плашиме да ги пријавиме непочитувањата на истите од различни причини. Не ретко самите се откажуваме од барање на правата кои нам ни` припаѓаат.

    Не само за работа, за многу други нешта. Секогаш кога гледам емисии во кои се зборува за некој кој константно го мамел народот, дали лихвари, дали ова, дали крадци, и сл. секогаш постои тој еден кој се осмелува да пријави и да признае дека е измамен, па дури потоа ги глеаш се јавиле истиот ден уше 50 души кои викаат „и ја исто“ (пример).

    Така што ако е највеќе до некого, до нас самите е. Кога нема да ни` биде страв и незгодно да си ги браниме сопствените права, тогаш и државата повеќе ќе може да ги заштити истите.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Луничка, не е можно да си го осетила на своја кожа затоа што ние збориме за пензионери кои држат работни места а ти пензионерка не си. Не збориме за постари луѓе од 45 или 50 год.
     
    На anuskaNESTLE, MacenceEna, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.271
    Допаѓања:
    67.875
    Пол:
    Женски
    Теси, мислев на тоа дека е до државата од друг аспект.
    Поради состојбата во државата сите се заглавени во кредити и мора да одат на работа и по исполнувањето на условите за пензија, грчевито се држат за своите работни места, а поради тоа младите не можат да се вработат. Ете ти, еден зачаран круг.
    Да, државата е главниот виновник според мене, затоа имаме еден огорчен народ, што наместо својата енергија да ја фокусира кон тоа што навистина е труло, ја фокусира на сосема погрешни работи, на еден кон друг... Тоа е тоа.
    А за пријавувањето исто не би се согласила дека би функционирало. Прво, постојат врски, што тој некој сигурно ги има, па дури и да пријавиш е џабе, само губење на време, на крајот знаеме како функционираат работите во нашава држава. Што ете, нели, пак доведува до државата.
    Забегавме многу, почнаа да се нервираат децава дека ја држиме темава зафатена. Може да се отвори нова тема.
     
    На Gordana10 и tessie им се допаѓа ова.
  16. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    Сигурна сум дека поголемиот дел од Вас се изјасниле дека си направиле ајвар годинава и си мацкале од шерпата.Епа морав да ви се пофалам и јас.И ние си направивме ајвар.Боже мили,па ајваров е светка работа.Денес на менито исто.Доручек,ручек,вечера...ајвар.
    Инаку,меѓу останатото сеуште сум со засипнато грло од саботниот натпревар на Металург.Сега глас не ми се слуша дома.Толку е тивко што мува да прелета ќе се слушне . :)
    Уште 11 октомври па неработен ден.Споен викенд.Конечно 3 дена на планина со него.Ах,можам да замислам колку ќе биде убаво.Печени костени,чај...добра книга...
     
    На Barbie20, cheetah.girl, Agrona и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Во право си делумно, но кога тие што ни ја водат државата, првенствено тие не ги почитуваат законите, што да се каже друго.Во нашава држава, ништо не функционира, а не пак за вработувањето.Лошо е колку млади луѓе, образовани немаат работа, а животот им поминал борејки се за себе си, за на крај да излезе дека се тоа им било џабе.Колку има што завршиле факултет, а не можат работа да најдат, поради туѓа вина ( а се знае како се вработува во нашава држава), затоа и што повеќе мисли човек, толку повеќе се нервира.И уште ко ќе речат зошто некои уште немаат брак, деца, па со што ќе гледаат деца? Не е само роди дете, па после остави го, само ќе се снаоѓа.И не е само за тоа.А има и постари жени, веќе пример со 60 години, тие уште работат, а наместо нив можело помлад да работи.Се знае кога човек може да работи, а кога не може.Работава е конкретно за луѓе кои треба да се во пензија и да си ја гледаат староста, внуци...Ја разбирам Луничка, во право се сите тука што зборат.И тој проблем треба нашава држава да си го реши.
     
    На lunicka и tessie им се допаѓа ова.
  18. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Еве сум !
    И повторно во ладната Швајцарија :)
    Одморот поубав не можеше да биде, секој втор ден, де на свадби, де на крштевки, де на родендени :D
    Свадбата на братот од дечко ми. Свадбата на братучедка ми, и крштевката на нејзината ќерќичка. Крштевката на внук ми. Роденден на близначињата од братучед ми. Свадбата на другарка ми.
    Хух :whew:
    Патем, јас го фатив бидермаерот кај братот од дечко ми, а дечко ми го фати кај другарка ми :D Печени сме :D

    П.С утре му е роденден на петлето :inlove: Какви изненадувања му спремила кокошката, нека остане тајна, ако успеат ќе се фалам :$
    :hai:
     
    На Someonespecial, Barbie20, Ketrin.Moon и 3 други им се допаѓа ова.
  19. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Иако сум болна, прекрасно се чувствувам. Или можеби веќе не сум болна...Се надевам дека е така. Гладна бев како волк и се најадов...Конечно! Не бев јадела од вчера.
    Ајде, ќе помине и есента...
     
  20. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    Жими се` ко вчера да го прочититав мислењево.. кога помина времево. :|
     
    На Someonespecial, SweetChild и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.