1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Ех животе животе...
    [​IMG]
     
    На LadyNitro, Summerlover, zhap4e и 21 други им се допаѓа ова.
  2. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    Незнам дали сум пишала некогаш дека имам најголема омраза кон луѓето што се зависни од пиење.Кон оние истите кои скришно се кријат и скришно конзумираат ракија купена од 70 денари.ГИ МРАЗАМ.Ги мразам толку многу што за инат морам да се соочувам со такви будали секој ден.

    Од друга страна пак ми дадоа голема лекција како тоа изгледа пијан човек т.е како не треба да изгледаме.Одвратно е да се запостави семејството,работата,децата само да може тој зависник да испие отров кој го прави монструм во очите на најбислките а не сопруг,татко,пријател...Таквите личности за мене не постојат - колку и да ми значат.
     
  3. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Мирис на марамици Бекутан и екстра-јако Нес кафе се леат низ собава.
    Термометарот ми покажува 28 степени, јас се тегнам по долна облека... Солидно, не?

    Заклучив, не е тој за мене, не е... А јас нему сум му премногу, не ќе може да ме заузда и скроти!

    Ми ечи
    http://www.youtube.com/watch?v=NLX6sTrRLcw

    Па, да ви кажам, Nothing without a woman or a girl! ;)
     
    На SparkyAngel и LittlePinky им се допаѓа ова.
  4. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Ја губам пак самодовербата,од една страна,а од друга ја добивам.
    Што се случува?
    Мислите пак ми летаат по малку,и си мислам како сум најникаквото суштество на светот.
    А потоа си викам,не,каква сум-таква сум,своја сум.
    Учев информатика,сега ми се чита романче.
    Ама и ми се седи на фемина. :D
    И ми се пишува во дневникот. :D
    И,незнам што попрво да правам? :?:
     
  5. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    12.027
    Тврдоглава и упорна за некои да речам небитни работи,а додека тотално опуштено и лежерно се понашам за работи што стварно ме засегаaт.
    Одложувам скоро секогаш у задно време ај ќе биде од утре обавезно морам да се заинтресирам пф бајрам на акло |(
    Тоа е,кога ќе сватиш дека тоа што го посакуваш најмногу ти се л’зга низ раце.А за тоа не е никој крив,само и единствено јас.

    Многу спијам во последно време не е на арно.Мене многу сон ми смета,многу ми делува на целокупната појава :D
    Дупло кафе че ве молам,и не спиете многу оти нема фајде :D
     
    На Serafima, Someonespecial и LittlePinky им се допаѓа ова.
  6. mihaela55555

    mihaela55555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    121
    http://www.femina.mk/%D0%BA%D0%BE%D0%BB ... 0%B1%D0%B5

    Колумнава е кратка, јасна и без сомневање предобра! :clap:

     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.941
    Допаѓања:
    164.060
    Коментарите се лудница под статијава. Овој ми е омилен!
    Да Венди, поим немаш што правиш. Си се влечела по партии и пријатели, факултетот не ти е изговор дека си се потрудила многу у животот, како што кажа - си дремуцкала и си чекала. По што ти Венди се истакна од останатите? И ти како таа што ти ја земала работата си имала исти намери, но не си ја имала среќата како неа. Не? Туку ни така не успевате затоа што премногу се намноживте такви, па ви се направи гужва пред гол!

    Абе циркуз сте! Сфатете дека НЕ СТЕ КВАЛИФИКУВАНИ САМО АКО ИМАТЕ ФАКУЛТЕТ! Умот ви е затворен и сте егоисти со тоа веќе КВАЛИФИКУВАНА ТА КВАЛИФИКУВАНА! Ма немој... И чисто за да ви кажам, како кандидат да избега од земјата, полна со срам ќе ви кажам ДЕКА НАДВОР БОРБАТА НЕ Е ПОЛЕСНА! Воопшто и напротив! А со ваквиве ставови под статијата УБЕДЕНА СУМ дека ќе пропаднете како Титаник уште првата година, освен ако не одите со замислата - Леле ќе работам било што, еве ќе почнам како келнерка, само да се снајдам и после ќе биде лесно. Аха...да, мислете си. Ако не си испечен да почнеш од нулто ниво на твојата величенствена КВАЛИФИКУВАНОСТ тогаш засекогаш таму ќе останеш како басер, келнер или чистач!

    Сериозно,ама сериозно се занесувате. И јас вака размислував пред година или две, ама среќа текот на размислувањата ми се смени. Ако тоа успеете да го направите ќе бидете добри и за тука и за таму.
    И да, ако тука ве мава депра, било каде надвор ќе ве мава бетер, па ви посакувам да си се обезбедите со витамин Д навремено, зошто ќе скинете конци од нервози.
    Освен што сте квалификувани за големи ега без основ, други квалификации не ми се верува дека ги имате. Кога креативно сте се внеле во својата професија и сте вложиле пари, ама СОЛИДНА СУМА НА ПАРИ само затоа што сакате да станете подобри? Кога последно сте си ја наполниле библиотеката со еден тон стручна литература? Кога последен пат сте биле опкружени со луѓе кои навистина ги бидува и се мотивирани? О да, ги има и тука! Вие сте просекот од 5те луѓе кои се околу вас! Точка! Помирете се со тоа дека се е до вас, макар биле и на месечината!
    Јас се согласувам дека ДРЖАВАТА НЕ НИ ЧИНИ, ама НЕ НИ ЧИНИ колку од владата толку и од луѓето! Значи 50:50! Кукачи, депресивци, циции, себичњаци, без реален план за себе, без мотивација, без интегритет! Извинете, ама владата не ве воспитува туку вашите родители, околината, вие самите! Отпорот кој го давате на се што не ви се допаѓа е непостоечки, затоа тапкате у место и веднете глава!
    Затоа што сте го прифатиле правилото од вашите, заврши факс, вработи се, АМА СИГУРНО, СЛУШАШ, НАЈСИГУРНА РАБОТА СО ДОГОВОР НА НЕОПРЕДЕЛЕНО!, вработи се до кај 25-6 дека ќе раѓаш, а пред тоа една врска така од по 10 години, се што не ти чини е од другите, не е до тебе, вдоми се, влези во зоната на удобност, роди си дечиња и уживај! Па дури и да одите по тоа правило, некаде по пат се губите наместо да се борите и секоја борба ви е - ЛЕЛЕ ДО КОГА ВИШЕ НЕ МОЖАМ ВАКА, ЛЕЛЕ МЕНЕ МИ Е НАЈТЕШКО У СВЕТ ДРУГИТЕ НЕ СФАЌААТ! |(

    Не одете во странство само за да им го кварите просекот, воопшто сме покварени како нација, а коментаторкиве некако не ми оддаваат впечаток дека излегуваат од истиот! Ќе им ги нарушите прогресивнит гени непотребно и ќе создадете нација губитници, зошто најсилен ни е тој ген, за жалење, неурози и се така натака.

    И јасно да ви биде, светот го интересира само она кое вие можете да му го дадете,а не како ви е! Така што, голтнете и продолжете. Ниту една странска држава нема да ти рече еј ти странецу од мрачната Македонија, повели, еве ти работа со која ќе го плаќаш својот хипотекарен кредит до крајот на животот, а ќе биде најниската плата во просекот затоа што си странец, ако не си квалификуван, еве ти работа, удобна е и засекогаш колку и да не те бидува. Исто така еве ти го нашиот социјален и здравствен систем затоа што ти доаѓаш од Македонија, се за тебе, само за тебе да ти биде удобно!
    Сите оние убави приказни од наши во странство доаѓаат од многу способни луѓе со желба,а од немтури секако не се!

    И да, и нашите родители ќе успееле ако не постоеше глупоста наречена родителот е должен да те обезбеди со стан или куќа и ние ќе бевме поспособни! Ама нашиот народ е глуп! Значи доаѓа до своја куќа и сега му почнува лакомоста и мислета за втора, трета, четврта оти децата мора да ги удоми и вечно ќе кука дека нема, нема, нема затоа што луѓе мои треба да обезбеди три имоти за три деца!
    Епа да ми простите тука ни е најболната точка!
    Обезбеди си дом, израсни деца, воспитај ги да се борат, на 18,преку сила 22 чао, пријатно, те сакаме, ама светот е голем, градот е голем, најди си цимери и учи се да живееш сам! Развивај се, гради се и обезбеди си сам дом! Епа драги мои, така е во странство!
    Имам чест да работам за и со странци и сите странци, а и она кое е во зенот на обработка се токму овие работи и проблемите кои не мачат! И така е! Крај!
    Проблемот на нашата држава и влада е сосема трет! И тој може да го промениме со избори, ама како менталниот склоп на нацијата да го промениме, ајде кажете ми?! Лешпери сме сите до еден!

    А да, и ако сте гнидата која не сака да споделува информации и знаење со никого, зошто ете вам никој ништо не ви кажал или од страв другите да не просперираат повеќе од вас, сметајте се за грешката во нашата држава! Зошто не дозволувате природната селекција да го направи своето. Секогаш постојат луѓе со поголеми умствени капацитети од вашите кои ќе направат нештото да успее, а со тоа да ви помогнат и вам некако, ама не... зошто да бидат они тие? Зошто нивното име да биде чуено,а не вашето, вака никому. Ако не можете вие, тогаш никој, затоа што ви е тешко да прифатите дека едноставно не ве бива колку и да ја имате информацијата за нештото.

    Мене Алиса ми е супер и како колумнист и како феминка! ;) А вие како сакате!
     
    На Trnche, funkygirl, mims-89 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Ладно надвор, уште поладно кај мене во соба-јуху! :) Едвај дочекав поладно време, обожавам вака кога ќе се стуткам во ќебенце и си гледам серија или работам нешто :)

    Добро е, почна да ми се враќа духот, малку по малку. Почна да ми се стоплува срцето. Полека, ама сигурно :) Почнав да кројам планови за уписи, внука ми ми го претопли срцето со љубовта нејзина, внук ми исто...Нормално, и сестра ми како неизбежен дел од цел мозаик на среќа :) И конечно, дечко ми. Откако си го премотав цел филм наназад, цели 7 и пол години наназад, сфатив дека да беше некој друг до сега 100 пати ќе ме оставеше, и да беше некоја друга со дечко ми, до сега 100 пати ќе го оставеше. На тоа се сведува се, баш се најдовме и поклопивме двајцата цвеќки за мирисање :D Башка, почнав изненадување за роденденот да му спремам, на тоа посебно се радувам :) Заслужил тој милион пати повеќе од тоа што му го спремам, се надевам ќе имам повеќе можности понатаму во животот.

    Конечно, и М. ми доаѓа ^_^ Неа па посебно и се радувам, мислиш со години не сме се виделе. Иако помина само еден месец од кога замина, едвај чекам да ја видам и да се изнамуабетиме. Оригинална и единствена, многу ретка сорта е, душа таква нема на светов. :) Вистинска реткост во секоја смисла на зборот.

    И човечево секогаш ме раздвижува. Ми има некоја посебна енергија во него, ме потсетува на журките во МКЦ, на едни побезгрижни и преубави времиња, на вечери кога први одевме а последни заминувавме од журка :lol: Преубави моменти ме врзуваат за неговата музика, фантастична енергија и патување низ времето :)


    http://www.youtube.com/watch?v=_TPDxLDSgbU
     
    На LittlePinky, Doozy, Libera и 3 други им се допаѓа ова.
  9. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Си вртам вчера по програмиве, и оп... го гледам Субрата Рој на плоштад „Македонија“ како благо порачува - „Ве сакам сите“!(на македонски јазик, со бош акцент). А пред него собрана пола влада, граѓани, сеирџии. И збори типов колку многу бирал за на крај да не одбере нас и нашата искрена земја, како ние сме биле слични со неговиот народ, колку многу не сакал и то. Морници ме полазија, што е ова по ѓаволите?

    После се избаци некоја голема индиска ѕвезда (така го најавија) пееше ѓоа нешто, се тресеше како Фред Астер, па и плесачици околу него се мафтаа. Па слегоа од сцената, пробаа да ја анимираат и публиката да заѕенѕа на нивниот ритам, ама слабо нешто одзив имаа.

    После ми текна: сигурно снимаа завршница на некоја индиска сапунска повраќаница, само фалеа двајцата млади кои на крај секогаш се земаат и живеат среќно до крајот на животот..... :clap:
     
    На Orthophill и LittlePinky им се допаѓа ова.
  10. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    Се обидувам да се приберам и да почнам да учам бидејки утре имам испрашување.Морам да се приберам.Го изгубив него,љубовта на мојот живот,ама нема да се изгубам и себеси.Ке учам ке се борам за себе,да станам некој и нешто.Можеби ке ми успее.... :)
     
    На LittlePinky и richgirl998 им се допаѓа ова.
  11. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Ич го немам тој спортски дух,уште од мала сум тромава.Па,решив да почнам со вежбање и да си трчкам кога ке убаво времето.Сега си пијам топло чоколадо и си уживкам,па од утре стартувамее.Со среќа нека ми е :lol:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Огорчена сум од животот периодов..
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.614
    ... сите се радуваат на Архангел, јас на Влатко Стефановски на Џез Фестивалот.
    Читам мудрувања како знаеш дека се приближуваш накај 30-тата година и се пронаоѓам во доста голем дел.

    Гостинот си отиде, го спакувавме вчера и времето по којзнае којпат се покажа како сосема релативна работа.
    Во случајов помина додека да трепнеш. :(

    Многу боли кога - не те боли. Кога доаѓаш до точката сеедно ми е, не ти се вика, не ти се расправа, не ти се дебатира, сакаш само да се удавиш во тегла мармалад или крем, што да е, и да си ги исркаш проблемите со голема лажица.
    Да се тутнеш под ќебе и да читаш позајмена книга, да се заборавиш зјапајќи низ прозор... ете така, да гувееш.

    Немам ништо специјално за кажување. Освен што пребарувам на гугл има ли друга нација во светот каде што луѓето не се одлепуваат од домашниот покрив над 25-тата па и после 30-тата година... и се вадат на тоа - до државата е бе... до Стојко е... до Камени мост е. До фонтаните. До ѓаќите 3 за 100... До што не веќе.
    :|
     
    На LittlePinky, kravce, la-chicka и 16 други им се допаѓа ова.
  14. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    На simonna.a му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Бидејки е заклучена темата сакам да прашам, би Ве замолила кој знае како да на обична слика да направам бела позадина. :geek: Итно ми треба, нека ми пише ЛП.
     
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Денес, за првпат толку после време, се почувствував како дома. Дека некаде припаѓам и се пронаоѓам. Скопје, не знам зошто ми даваш толку енергија, ама ми даваш. И по милионити пат ми се докажува дека може да ме извади од такво гадно расположение, што не ми се верува дури. Доволно е да те фане малку воздух меѓу народ, гужва, сообраќај, возила, да се прошлаеш низ продавници, да се почастиш нешто и одмааааа е поинаку!

    А можеби и ми дошло во меѓувреме, па течат беснилата од мене, не е лошо да проверам тоа.
    :rofl:
     
    На crazylady, Sexybaby86, Moira и 4 други им се допаѓа ова.
  18. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Еден тест-done.
    Уште 2 left. :rofl:

    И така.Се изнаучив хемија,посакајте ми среќа за утре :)
     
    На LittlePinky, Dog-lover и Someonespecial им се допаѓа ова.
  19. ohana

    ohana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    268
    Во последно време сум многу упорна за многу работи. Се изненадувам самата себеси. Се надевам ова води кон добро... :)
     
  20. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    Тој си ужива,шета,се забавува,ме преболи за само една минута.Прво си бил во кафана,сега отишол да гледа фудбал па после ке оди ке си пие со другарите.Ништо не му значам и тоа многу ме боли.Не му е ни гајле за мене.Сакам само да умрам.Го молам Господ да ми го одземе животов,нека не ме тера сама да го направам тоа.Јас умирам за него,а тој си ужива.Зошто да живеам?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.