[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Денеска ми е роденден. Не вистинскиот , туку фемина роденден .... точно пред 3 год решив да направам акаунт , кој веќе заборавив која ми беше целта и зашто :lol:
    Поминав и ги доживеав сите распади и востанија , кавги и драми , лаги и вистини , издигања и паѓања на членовите , сите тие кој го напуштаа и се враќаа после 3 дена или месеци (као и ја :$ ) , секакви шеги и тролања како и битката против модераторите ... ќе ја победиме , ни останаа уште двечки да ги избациме и готово е :D

    Потцетувајќи се на овие сите случки кој се случија во последните 3 години би сакал и на сите нови , стари и банирани членови да им се заблагодарам за сите подршки дали во моите тролања или тажни моменти , за сите убавини и смеења кој ми ги пружиле како еден куп нови совети и работи кој ги научив , се разбира и убавките сликички во МК....
    Иако мислев дека нема повеќе од 1 год да издржам ама ете брзо минува времето и се направија 3... кој знае може и повеќе ќе бидат , може и не :D

    Благодарам на сите уште еднаш , вака во доцни часови или рани утрински зависи како гледате ....

    Сега ќе ме извините идам да работам нешто продуктивно
    [​IMG]
     
    На 1209, kate21, LittleChili и 25 други им се допаѓа ова.
  2. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Се ова личи на несрекно “copy-paste“ на добри банкарски пракси кои се применуваат во
    развиените земји.
    За нас најсвојствена ке биде поговорката: видела жабата коњот кренал нога,... остатокот го знаете.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Здраво.
    [​IMG]
    Време е да добијам покачување, нели? :wasntme:
     
    На 1209, bittersweet, LittleChili и 11 други им се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера беше отварањето на новиот театар-музејот на Вмро-Дпмне е право ова беше од десната страна
    само што стигнав гледам еден куп непознати ниту еден познат па другар ми дојде подоцна и ко за беља камерите во мене беа вперени ама јас итра се скрив :lol: кога доагав натаму ја видов мајка му на младиот претседател и татко му-за советник беше предложен којзнае дали го избраа и лугево ги снема :?:
    беше како во бајка а јас со другарчево во ложа бевме седнати само таму имаше место и се погоди негов другар да си ја шине ногата па по кратко време си отиде тој, останавме ние двајца-до мене беше еден од секјурити 8) :D
    танчерки, танчери костуми, перформанс Индиан стајл заедно со прекрасниот глас на еден од нивните пеачи
    се обрати Груевски, Тони Блер, бароницата од Шкотцка а програмата ја водеа еден наш познат новинар и една поранешна мис Индијка -вработена во компанијата на Субратарој-последниот говорник
    пред да влезам приметив имаше сервирано на масите малечки сендвичиња , чаши вино-излегувам од таму гледам чаши со вода сендвичињата ги нема и додека траеше сето тоа се слушаше позади смеење од луге што или ги фатило виното или појма немаат што значи култура-ова со алкохолот не е прв пат вака, каде и да сум била на евенти од затворен тип секогаш е исто Македонче-да се чудиш да не можеш да се изначудиш :x
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.592
    Допаѓања:
    5.939
    Отсекогаш беше сам. Или не. Само се чувствуваше како да е сам. Сите околу него нервозно се испреплетуваа во јазли, само тој остануваше да виси во воздухот како заборавена детска играчка. Но, тоа не ја отсликуваше неговата состојба. Тој беше заедно со себе и тоа свесно го знаеше, но не сакаше свесно да го прифати.На почетокот како никој да не го разбираше, но кога одмина времето, сфати дека и самиот себе е напуштен од самиот себе, а тоа претставуваше проблем за него. Но, проблемите се создаваат за да се решат, дури некој и би посочил оти проблемот е само отворена можност набљудувана од перцепцијата на плашливците и лекоумците, незнателите и корумпираните. Но не и за него. Тој е тука за да се справи, на најдобар можен начин, со она што го спречуваше кон неговото напредување и конечниот врв на прогресивната животна скала. Иако епитетот животна за него немаше и тоа какво големо значење.
    :u:
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Вчерашниот ден добро фрлаше во депресија, денепниов засега не ми изгледа на таков, шо викате вие?

    ***********************************************************************************

    А инаку Јипи, среќен фемински роденден... и мојот ќе биде за некој месец, ама поголемка сум, 3 ќе пунам. :) :D
     
    На Yipman2 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Порака до другар ми(инженерот ;) ):

    п.с.
    ти кога ке дојдеш на нејзини години ке бидеш “поубав“ од неа те уверувам :)

    Впрочем лугето со годините зреат, се намалува физичката
    активност и роптањето наоколу, на сметка на тоа со тек на време
    почнува да се појавува мудроста и смирението кои се манифестираат и во физичкиот изглед.
    Додека сме помлади дел од енергијата ја расфрламе
    непотребно, се замараме непотребно со работи кои не опкружуваат,
    екстровертно сме насочено и многу малку ја негуваме нашата внатрешност.

    Ти си електро инг. лесно ке го сфатиш функционирањето на “софтверот“.
    Се е во умот(мозокот).
    Натрупувањето информации во нашиот мозок не и оди во прилог на духовноста.

    А за жал во денешно време не сме ни свесни што ни се случува со овие медиуми
    и брзиот развој на електрониката од кои многу информации несвесно ги примаме
    а на тоа се додаваат и големиот број рекламни паноа,
    кои не сакајки кога се движиме во град ги “консумираме“(последната порака од Св. Исаак Сирин :) )
    Тоа е смрт за душата на човекот :devil: .
     
    На Orthophill и Moira им се допаѓа ова.
  8. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Конечно...небото повторно е сино.
     
  9. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    И повторно сум во Скопје. Повторно се враќам на стариот живот, но со многу поголеми промени.
    Заеднички живот. :inlove: Да, убаво звучи. Веќе 6 дена сме заедно. :) Можеби се многу малце, но за нас пресудни дали ќе успееме или не.
    Сепак не е чувството како да си во брак. :D Не му ја давам таа слобода. :^) :D

    Убав е животот, само треба да се потрудиме и да си ги редеме коцките полека, но сигурно. :!:

    Убаво е кога имаме зацртана цел и тежнееме да ја оствариме.
    Поштовам луѓе кои со многу труд успеале да го постигнат она што го сакаат. Можеби со години се труделе, но сепак кога тогаш успеале. Таков еден имам овде до мене. Најамбициозен на цел свет. :)

    Би сакала еден ден да ги наредам коцките и јас. :)
     
  10. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Колку и да си добар и фин,колку и да им угодуваш,на луѓето кои ги нарекуваш свои :envy: тие ќе најдат начин да ти возвратат со толкава мера да можат живците да ти ги искинат како некоја машина да имаатт во себе за да те уништуваат....
    Морони ,тешки морони жалам што сум опкружена со бедни души...
    Не ми преостанува ништо освен да си пуштам you tube и малку да се релаксирам...
    [​IMG]
     
  11. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
     
    На Yipman2 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Да се корегирам, постар си некој месец, ми се виде 2012, али тоа е, шо се тиче видот, стварно сум постара изгледа. :D
     
    На imelda и Yipman2 им се допаѓа ова.
  13. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Ајде, од утре на школо повторно. Научив и напишав се што сум пропуштила и сега си дремам овде на Фемина.
     
  14. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    Се смиривме. :) Не сакав.Прифатив дека е крај.Но тој ми ѕвонеше,ме молеше,ми плачеше и попуштив.Вчера бев тврда.Ама утрово,рано ми ѕвонеше.Нема предавања од 8,ама се разбудил само мене да ми се јави и ете попуштив.Има уште шанса за наштата врска.И решив да се борам.Нема попуштање.
    Денес избегав од 6 час,ако ме запишала професорката,јас навистина сум готова-еден неоправдан.Си ја зедов ташната и преку врата,доага дома и и викам на мајка ми: Мамо давај 500 ден. одам во *****.Почна да ми се дере затоа што утре сум била во школо,касно било веќе и му се јави на татко ми,а тој викаше дека и јас и мајка ми не сме нормални (а мајка ми несакаше да ме пушто).И ништо.Во сабота ке одам бидејки не сум била во школо.А ако дознаат дека сум избегала готова сум.И ако дознаат дека си добив една единица па бетер.Сеуште ги памтам зборовите нивни: Можеш да се гледаш со него,ние од тебе бараме само да не бегаш од часови,да немаш многу изостаноци и да немаш неоправдани и да немаш единици,немора да ти се 5,може и 4 и 3,само да немаш единици.За ќотек сум,признавам.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Убав денов,убав...
    Уште се чуствувам исполнето,иако по малце се занервирав на моменти. :)
    Нешто многу сум гладна денес,а и напорен ќе ми биде денов...
     
  16. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Тест 2-done.
    Уште еден остана,и тоа математика.
    Ќе го скоцкам јас и тоа,ај..Си имам додатна мотивација од нешто. :wasntme:
    И така.
    Надвор сонце,ама со заби.Со големи заби! Премрзнав :D

    Како и да е,сега малце одмор и музиче,па после на учење.И утре,конечно,петок.Неможам веќе бе,ми се искача :lol: Ќе дојде и тоа.

    Инаку,нешто убаво се случува,ама..не зборам уште. :wasntme:

    У главном,тоВа.
    Уживајте. :hug:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  17. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Учениците на тато (тој е професор во средно) се....„генијалци“. :lol: Тестовите.... :x Во цела генерација има само една едниствена двојка... :lol: Сите други :x :x ...Единици.
    Па дури еден се потпишал на тестот како Меси (неговото име и презиме и потоа „Меси“). :lol: Сигурно му е многу забавно на тато со такви....личности. :lol: :lol: :lol:
     
  18. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    На сите феминки им посакувам:
    [​IMG]
     
    На tessie, Someonespecial и LittleFairy им се допаѓа ова.
  19. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Хемија 3ка,Физика 5ка,Историја 5ка, Математика се молам 2-ка да имам,и од се ова следува :
    [​IMG]

    Ама ајде Фејри,не туку хистеризирај,ке поправиш...Убав е денов,чекам да поминат деновиве побрзо,заради екскурзијата,еднаш си 8-мо,се надевам дека нема да се мрднат наставнициве,сепак ке викам жолто комбе ако се деси тоа... :D Музичко уште тупави со компирите,сега почна да замара и за петолинието,не е добра женава..Ама тоа е,ке издржиме :geek: Само вака набрзинка да ве поздравам сите,имајте убав ден.. :hai:
     
    На Dog-lover, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Многу сакам кога ќе се разбудам рано и ќе си го фатам денот.
    И многу сакам наутро да шетам во непознати градови. Мирис на свежи кроасани, снег кој се наближува и свеж, есенски воздух.
    Најдов лутајки зафрлена книжара-антикварница, изнакупив книги од кои најголем број слабо ги разбирам но насловите звучат убаво, постари се од мене околу 40 години и имаат изветвени кожени корици.

    Во градов луѓето изгледаат студени, но баш на враќање забележав старец со во едната рака полна кеса зеленчук а во другата внуче, од околку 5 години. Начинот на кој му го галеше главчето и неговиот поглед велеше љубов.
    Некои работи сепак, секаде се исти.

    Октомви, ми доаѓа да те гушнам.
    Остани ваков. :inlove:
     
    На 1209, Doozy, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.