[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Измрзнав, се чувствувам ко да сум негде на Сибир.
    Се скренува времево дефинитивно, и то како мене :D
    Одамна сакам да пишам нешто во темава, ама јок бе, ништо не се случува, секој ден исто, се то па то, ништо ново, ништо различно. Нејќам монотонија јас, сакам нешто ново, поинакво, нешто различно. Авантурист сум, дефинитивно. Затоа некако(читајте едвај) го натерав татко ми да одиме да кампуваме и спијаме на планина во шатори.
    Уште се сеќавам на тие детски денови кога јас, брат ми и татко ми знаевме да заминиме на два дена и да спијаме во шатор, да кампуваме, со оган, со се, и тогаш се чувствував како да сум во некој филм :emo:
    Можеби сега сум голема, но сепак таа желба сеуште е пристуна и се радувам ко детенце. Мајка ми ни вика да не одиме, ладно било, ама после па ќе биди поладно :D Инаку нема да одиме сами, со нас ќе иди и другар на татко ми и неговите две дечиња кои се помалецки од мене и од брат ми.
    Како и да е се радувам ептен, е сега останува на времето, само да не врни, за ладно ќе издржам :D
    Бидете ми поздравени девојки и имајте убава вечер :*
     
    На bittersweet, LittlePinky и Anouk им се допаѓа ова.
  2. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
    Со мокра коса, растечен нос и топол чај од хибискус ви посакувам убава смрзнувачка вечер... :inlove:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Цел ден размислувам како не се родив во шеесетите.
    Рокенрол,на сите страни,ретро стил на облекување,штосни фризурчина.
    Мажишта во права смисла на зборот,а не како денешниве пиженца.
    Премногу сме склони на денешнава технологија,на денешнава комерцијала..
    Колку што е олеснителен ваквиот систем,толку и не е...
    Кога би имала моќ да бидам патник низ времето,дефинитивно ќе се симнев таму


    И заборавив да прашам што е погрдо...или затнат нос ?
     
    На 1209, SparkyAngel, Ana122 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. senorina

    senorina Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    16
    и повторно мислам на тебе... :yawn:
     
  5. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Тато го крши апчето со вкус на кравји измет. Наскоро ќе треба тоа помешано со вода да го ставам во уста... :puke:
     
  6. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Имаше уредно собрана коса,со по некоја шноличка,додека чекав автобус ми се доближи,јадеше сладолед, ми побара 5 денари.Се зачудив и јас погледнав околу 10 години имаше,беше топло облечена и средена беше чиста и уредна.
    Што пак ми падна на памет зошто ми бара пари?Не изгледаше воопшто сиромашно.
    Зошто проси?

    Зошто -и реков,зошто бараш пари?,само ме гледаше смирено ,не изгледаш како да имаш потреба од тие 5 денари,дали знаеш колку е доцна?дали знаеш дека ако те видат социјалните служби ќе имаш дополнителни проблеми?и зошто шеташ вака вака доцна,дали знаеш какви се не луѓе шетаат по уливициве?Каде живееш ,те молам оди си дома,немаш потреба од ова.

    Искрено само сакав да и ги укажам опасностите.

    Ме ислуша-фала многу, добро јас ќе си одам дома ,завршив со школо и излезена сум оттогаш,моите не знаат дека сум на улица.Убава си -ми рече и си замина.

    Не и ги дадов тие 5 денари за да не ја поттикнам да седи и лута по улиците уште долго.
    Иако тоа нема да смени ништо,таа нема домашна контрола и грижа.
    Која мајка седи мирна додека детето по студ и мрак и лута по улица?
    Децата не се за да одат во ниедно време по улици.
     
    На sweet-cherry, Elennaa, Serafima и 22 други им се допаѓа ова.
  7. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    :o :o :o :o ??????????
     
  8. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    И ете...го голтнав некако :puke: .
     
  9. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Kakво е тоа апче со вкус на кравји измет?
     
  10. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Пред мене бус со ликот на Тошка и ѕвезденото небо,а малово девојче чека со мајка му на пешачки го здогледува бусот со Тоше и :hai: мавта со рачето ми дојде да викнам на цел глас каде си ангелу го гледаш ли ова :( :'(
    http://www.youtube.com/watch?v=-0aNL8_pnlk
     
    На Mama25, LaraSolare, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  11. SlAtKi4ka.SlAtKi4ka

    SlAtKi4ka.SlAtKi4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Сдк реков нема да фаќам дечко ама изгледа оде накај тоа....
     
    На sweet-star и Dvolicen им се допаѓа ова.
  12. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Многу е добро тоа што во овие ладни денови некако многу повеќе време си посветувам себеси за разлика од оние горештини од кои неможеше ни да се дише а не пак да се прави друго нешто.
    Си ги налакирав ноктите, се средив, ја дочитав книгата и испив огромна количина на чај во комбинација со мед и лимон. И да не заборавам да спомнам дека во моментов ја јадам четвртата чоколада за денеска. Овој вечер ќе има ждерење до бесвест затоа што треба да ја изгледам последната сезона од мојата омилена серија.
    И заклучив дека јас не сум човек за диети. Дефинитивно тоа не е за мене или пак јас никогаш нема да имам доволно волја за да се откажам од благо и газирано. Покрај толку сок, чај и чоколадо денеска се чувствувам како надуен балон кој што во секој момент може да експлодира. А и месеното лебче на баба ми заедно со шопска салата и пржени компирчиња беше нешто на кое тешко можев да одолеам овој ден.

    Во меѓувреме дома имаме војна помеѓу мајка ми и мачката која што ја чуваме подолго време. Епилогот на вчерашното спиење во подрум е 3 скршени тегли со ајвар кои мајка ми неможе да ги прежали. Си добивме сите по дома соодветно карање ама за среќа мачето куртули од карање, знаеше што и следува па одлучи цел ден да преспие на гнездото на едно дрво кое што го имаме во двор.
    Верувам дека се додека не се стабилизира ситуацијата и додека не помине лутината нема да влезе внатре.

    Обични денови, исполнети со монотонија и сивило. Ама ми годи некако.
    Ми крчка топло чоколадо дома, ќе одам да пијам, па повелете. :)
     
    На anuskaNESTLE, LittlePinky, midnight.flower и 3 други им се допаѓа ова.
  13. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Колку само може да биде полесно на душата,кога се кажува некоја вистина...
    Криев некаде околу два месеца тајна од моите родители.Од страв да не ги разочарам.
    И денеска собрав сили.Им кажав се.
    Цената што ја платив беше висока.Нивниот разочаран поглед од една страна,и моето олеснување на душата од друга страна.
    Премногу страдав.

    **
    Жалам што ве разочарав.Не ми беше тоа намерата.Последното нешто што посакував,е да биде вака.
    Простете ми..
    И бидете ми поддршка.Како што никогаш не ми бевте.Бидете со мене во овие тешки моменти,како што никогаш не бевте.Дадете ми совет,како што никогаш не сте ме посоветувале.Гушнете ме најсилно,како што тоа никогаш не сте го направиле.
     
    На LittlePinky, midnight.flower, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    6.731
    Пол:
    Женски
    Зошто Октомври е секоја година толку тажен.. Само слушам за смрт на млади особи . :(
     
    На eliesaab и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    се разбудив во 8 и нешто ненаспана-ретко кога сум наспана
    чајчето од нане малку помогна за цревата ама не баш-пак почна пукањето на капиларите :worried:
    ама овој пат не беше толку болно-имапе право другарка ми кога ми кажа да избегнувам пржена храна и во право беше ама кој да им одолее на пирошките со ореви и морков :doh: и не ми беше како што треба а имав задача да бидам кол оператор се напив кратко експресо, изедов две чоколадциња малечки со кокос и после некое време ме фати нервоза после тоа хаха хихи на конверзејшн-сега главава ме боли :worried:
    размена на енергии-нема врска што бев да си ја видам колешка ми поранешна во дивајн шопот кога си имаш работа со лудаци тоа е :!:
     
  17. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    612
    Пол:
    Женски
    Ладново време некако избрза...
    Ја сум човек што тешко се прилагдува на ладно,ми треба време да сфатам дека ќе почне да врне,дека ќе дува,дека треба да се затвораме некаде,по дома по кафичи наместо да уживаме во долгите прошетки во парк на сонце итн...
    Не дека е лошо,и есента и зимата си имаат своја убавина,ама колку поубаво би било кога промената би се случувала постепено...кај нас нема прелаз,туку одма идеме на ладно! :(
    Каде се убавите сончеви есенски денови кога можеш да си идеш у парк и да си ги газиш лисјата кои крцкаат? Да си го шеташ кучето без да замрзнеш...
    Не знам,ме фати некоја мини депресија се надевам брзо ќе мине..
    А до тогаш,време е за музика и чајче! ;)
     
  18. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Не знам како се вика. Знам само дека е гадно. :puke:
     
  19. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Среќна сум.
    Многу,многу среќна.
    Незнам зошто,ми дојде тукутака огромна желба да помагам на животните,па оформив и група.Во клубот се трудам да бидам се подобра и подобра и часовите од курс ги користам максимално.
    И во училиште исто.
    Дури и часот по физичко.И ликовно.
    (читам романчиња :lol: )
    И така,исполнета сум,не обрнувам толку внимание на рекла-казала иако ме боли по малце.
    Се нурнав во светот на науката,и кулирам. :)
    А сега,малце Инглиш,плис. :D :D
    Топло чајче и `Девојката од хартија` од Гијом Мисо.
    Имајте убава вечер,драги мои феминки. :*
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  20. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    Со текот на годините ќе разбереш дека порано или покасно,ќе настапи момент,во кој сите работи за кои си се борел -кариера,власт,пари..ќе го изгубат своето значење и најважно ќе ти биде да имаш топол дом,вкусна вечера и човек до тебе,кој што знае во студените зимски вечери со колку лажички шеќер го пиеш чајот.
     
    На Espadrila и Daydream им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.