[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Го преживеавме првиот месец, не употребувам множина за мене и бебушот :lol:, туку за сите дома, колективно преживеавме, супер уморни ама супер среќни, тоа бебушот на мене е, ноќна птица, си седиме ноќе ја чуваме заедно куќата и си гледаме серии.

    Сега сме сите во така малку еуфорично расположение, утре пристигнува најомилената ми тетка, во недела ќе прави бејбито 40 дена и ќе го крстиме после тоа доаѓа и вториот роденден на нудистот, се надевам дека ќе ги прескокне the terrible two`s, fingers crossed. :lol:

    Не спиењето ми се исплати, сум ја организирала целата работа околу крштевката, на нудистот скоро цел роденден му е испланиран, тематиката е избрана, костими нарачани, снашката има одлична идеја за торта, патем прекрасна торта има во план за кршевката, најдобра снашка си имам. :*

    Се чувствувам како да сум на дрога, нонстоп сум будна, спијам на секој 4,5 саата по 20-тина минути, како Микеланџело кога ја цртал Систинската Капела, само за моето ремек дело нема да знае цел свет. :D Се плашам само прашање на време е кога ќе крахирам или пак има некоја суперсила во секоја мајка на новороденче, кој знае, ако не треснам наскоро од земја ќе да е второто. :D

    Си имам една така малку повеќе шлакната комшика и кажувам дека ќе доаѓа тетка ми и таа ми вика:
    Црвената тетка. Еј мајка на три деца, менструацијата ја нарекува црвената тетка. :@ Јас да имам власт секоја девојка над 18 години што ја нарекува така менструацијата би ја осудила на 30 дена тешка физичка работа, на пример како кршење камен во каменолом, поздрав до Срцекршачка, таа е прва на списокот за кршење камења. 8)

    Друга работа што ме вади од контакт во последниот месец е луѓе кои си дават за право да коментираат за името на бејбито, те предолго, те немало да знае да си го каже, те поубаво ќе било кратко........ :swear:, море сите кумови му станаа на детето, кој ве прашува, кој ве слуша.
    Инаку ако го прашува некој Матео како му се вика братчето одговара:
    Конта...ummmmmmm....хихихихи, пфт не знаело мало дете да каже Константин, ете си кажува малиот на негов јазик. :rofl:

    Ај да престанам да бладам, го видов ово на фб, морам да го споделам затоа што, i can`t agree more.
    :rock:
     

    Прикачени фајлови:

    На WarriorAngel, Mishela, Bozica1980 и 47 други им се допаѓа ова.
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Добро што е ова? Некој шлог ќе не мавне, до вчера голи спиевме, сега со џемпер, тренерка и пак ми е ладно.
    Се радував на есента, попријатно време за разлика од летните горештини ама не, директно од лето во зима влегуваме. Се тресам покриена со две ќебиња во почеток на октомври.

    Доста се жалев за времето, ама и енергијата ми е нула. Ништо од моето спиење вечерва, си направив кафе и ќе се трудам да го преживеам денот ненаспана.
     
    На Seashell31, Dog-lover и DigY им се допаѓа ова.
  3. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    6.732
    Пол:
    Женски
    Конечно петок..Уште денов да се издржи и после 2 дена уживанција. :D
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.971
    Допаѓања:
    14.734
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека дипломирав.
    Да не речам, фала богу редно беше! :D
     
    На bittersweet, LittleChili, sweet-cherry и 29 други им се допаѓа ова.
  5. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    СДК-смрзнав!!!
    брррр,брррррррр,чекам оганот да се разгори :geek:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Да не чуе зло, ама денов многу убаво ми почна 8) :D
     
    На senza.parole, Sweetheart87, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    СДК дека кога мојата генерација студираше не беше вака:


    Венко Андоновски - Депонија за знаењето


    Ова е време кога образованието полека станува услужна дејност, а професорите – еден вид интелектуални келнери, кои треба да ја исполнат нарачката на клиентот. Студентите плаќаат (на приватните универзитети плаќаат и огнени суми), па почнуваат да веруваат дека ја плаќаат дипломата како стока, како што се плаќа автомобил при купување. Кој има пари за тој накит што се вика диплома, ќе го купи; кој нема ќе мора да учи. Таа девиза води кон целосно гнило образование – шупливо однатре, сјајно и раскошно однадвор

    Како и секој нормален човек, така и јас одвреме-навреме седнувам пред телевизорот. Не знам зошто го правам тоа кога принципиелно се обидувам што помалку да трпам зрачење со најразлични глупости од таа кутија; освен тоа навистина немам време за тоа. Телевизорот е за слободни луѓе, кои не знаат што со својата слобода, па имаат време да бидат робови. Па сепак, ме копка. Ме копка до каде може да се оди со невкусот, кичот, агресивноста. Не велам дека понекогаш нема да слушнам и видам паметно нешто (на пример добар фудбал), ама најчесто гледам глупости. Последното нешто што го видов и веднаш исклучив беше една реклама. Рекламата е за саемот на книгите, значи, за најписмените од писмените во државава - писателите. Рекламата е кратка и има текстуален дел од една граматички неточна реченица: „Саем на книга“. Јасно е дека треба да стои „Саем на книгата“ и дека она „Саем на книга“ би го напишал само некој кому мајчин јазик му е српскиот, во кој таквата реченица би гласела „Сајам књиге“. Некој буквално превел од српски без да размисли дали тоа кај нас функционира. Можел да напише и во множина: „Саем на книги“ и тогаш не би бодел толку очи, затоа што има и „Саем на автомобили“. Но „Саем на книга“, едноставно, кај нас - не оди.

    Не е поентата во тоа што некој згрешил во слоганот за најписмените од најписмените во државата. Не е поентата во една обична граматичка грешка: нема да цепиме влакно со секира. Работата е многу, многу посериозна одошто изгледа. Прво, работата добива на тежина ако само за миг го преместите тој што го составил аграматикалниот слоган од една професионална област во друга. Замислете дека е хирург, на пример. Или пилот, не дај боже. Замислете ги еквивалентот на неговата грешка и последиците. Од овој слоган никој нема да умре; ќе настрада само нашето уво, кое полека ќе се навикне да го испушта членот, таму каде што некој проценил дека нема потреба: членот е вишок! Токму за тој тип македонско „мајсторисување“ пишував во минатата колумна!

    Но да го оставиме и тоа настрана. Да отвориме малку поширока перспектива и да се запрашаме зошто се случуваат вакви (и не само јазични) грешки во една од „најписмените“ држави во регионот.

    Нема потреба да ве убедувам дека Македонија полека ама сигурно (и покрај големиот број неписмени) станува земја во која знаењето станува знак на престиж. Гледам што се случува со студентите: ќе дипломираат кутрите, нема никаде работа, па запишуваат магистерски (постдипломски) студии. Умно. Зошто да седат попусто дома, да гледаат во една точка и полека да излудуваат додека стареат? Резонот е: подобро учен невработен одошто неучен невработен. Сега, со новиот систем на образование, сакал–нејќел со три години ќе добиеш диплома, а со една (или две) дополнение стануваш „мастер“, односно – магистер (по старата номенклатура). Тоа значи дека сега средното училиште стана како основно, факултетската диплома спадна на средношколска квалификација, а магистерската стана обична факултетска диплома. Докторатот е нешто како магистерските едно време. Тоа е светски тренд: девалвација на степените на образование. Не знам што се крие зад таквата (за мене) малоумна глобална политика во образованието. Најверојатно станува збор за желба што порано да се добијат тесно специјализирани кадри од инкубаторот на образованието, такви што потоа ќе бидат послушни запченици во механизмот, кои како идиоти ќе си ја гледаат само својата „специјалистичка“ работа, а нема да ја гледаат целината. Што значи – нема да им додеваат на оние што владеат и се задолжени за целината. Како и да е, знам дека таквата глобална политика во образованието кај нас произведе (во последниве години) многу, многу магистри, па природно – и доктори на науки. Живееме во земја во која магистерските наскоро ќе станат како возачка дозвола: потреба.

    Таквиот пристап кон знаењето е всушност моден пристап. Тоа е конфекциско-јувелирен пристап: со знаењето се облекуваме, се китиме, го впишуваме со италикс во „си-вијата“ за барање работа, надворешно го консумираме, а всушност – сé помалку се учи и сé помалку се чита. Тоа го знам од лично искуство, од работа со студентите. Бројот на титули расте, знаењето реално се намалува. Постои, се разбира, реална разлика меѓу знаење и образование. Некој може да покаже дипломи за образование, но тоа не значи дека реално и знае. Доказ за тоа е и онаа реклама од почетокот на текстот. Не се сомневам дека тој што ја составил онаа аграмтикална реченица има диплома. Работата е што таа диплома е без знаење.

    Освен тоа, ова е време кога образованието полека станува услужна дејност, а професорите – еден вид интелектуални келнери, кои треба да ја исполнат нарачката на клиентот. Студентите плаќаат (на приватните универзитети плаќаат и огнени суми), па почнуваат да веруваат дека ја плаќаат дипломата како стока, како што се плаќа автомобил при купување. Ретко кој сфаќа дека плаќа за да му бидат создадени што поквалитетни услови за учење. И таа девалвација учествува во создавањето модно-конфекциски, бижутериски пристап кон знаењето. Кој има пари за тој накит што се вика диплома, ќе го купи; кој нема ќе мора да учи. Таа девиза води кон целосно гнило образование – шупливо однатре, сјајно и раскошно однадвор.

    И конечно, последното и не помалку сериозно прашање е: што се случува со толку многу „знаење“ (какво-такво, тоа си има покритие со дипломи), кога тоа не е употребено, кога се складира, како премногу стока или како муниција по магацините? Знаењето може еден ден да експлодира (дај Боже!), да стане свесно за самото себе и за својата неправедна неискористеност. Што со таа инфлација од невработени млади луѓе? Искуството покажува дека еден дел од нив, оние похрабрите засекогаш ја напуштаат земјата; тоа е нов бран македонско раселување, печалбарска тема за нова битова драма, за тројката Иљоски -Панов - Крле. Другиот дел останува овде и полека ама сигурно излудува: го претвора своето знаење во интелектуална фрустрација. Нема ништо потешко од тоа да поседуваш знаење што немаш каде да го покажеш, па мораш да се „преквалификуваш“. Еднаш ви пишував за шокираноста на еден дипломат, кој кај нас, на бензинска станица нашол вработен магистер по филолошки науки. „Таква земја на светов нема“, ми рече тогаш. Навистина нема.
    Прашањето е само: а дали треба да има?

    Авторот е универзитетски професор и писател


    Автор: Венко Андоновски

    Извор: Нова Македонија
     
    На Serafima, Espadrila и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    поздрав до Срцекршачка, таа е прва на списокот за кршење камења. 8) фала на поздравот Битер свит ама од тука го научив тој израз :)

    разговарав со една другарка-таа што ја заменував го гифт шопот два пати, и ме советуваше да продолжам со курсевите по Албански-ко божем јас незнам :^) така ке сум можела полесно да се вработам-нема потреба некој да ми каже ама сепак фала за мислењето :) проблем се финансиите-не се може се одеднаш па со мами се договоривме овој месец да ги направам анализите на имунологија, следниот да се запишам на јога-во мегу време најдов некои вежби на јутуб па сама ке пробам дома и во мегу време да се распрашам како се движат цените низ училиштава за странски јазици
    имам и други идеи во глава па кога ке ме нападне еден brainstorming да не знаеш на што попрво да се фокусираш :!:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Почна грејната сезона кај нас, мама запали оган во шпоретот. :geek: Сега топличко е внатре, го слушам како „пуцка“ оганот, се вари и чај. Мирисот се шири низ цела соба. ^_^ Сега уште ми фали книга да почнам да читам покрај прозорецот и надвор да вее снег, ама рано е за тоа. :D Сега ми преостанува да учам, а после на зимски распуст ќе читам книги. :D
    Поздрав, имајте убав ден! :* [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Someonespecial, Ketrin.Moon и 3 други им се допаѓа ова.
  10. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Убаво ми почна денов....Само што ладно ми беше од сабајле па несакав да излезам од под ќебе па затоа в кревет си ги земав книгите и така учев :D . Ама сакала нејќела јас морам на училиште да одам па затоа станав некако се изборив со ладното. Си сварив чајче и си намачкав маргарин со мармалад од капини :mm: ....мојот омилен појадок.....И сега ќе повисам малку на фб и на фемина и после одам да правам тест математика, ама цела недела учев па затоа мислам дека ќе поминам супер.
    Имајте убав ден :*
     
  11. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Кога се пушташе парното :( ?
     
    На Oleeenka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека денес ненормално ми недостига еднаш најдобрата другарка...
    Ме заборај тотално :( Толку е тешко... оххххх


    All alone in an empty room
    nothing left but the memories of when I had my BEST FRIEND
    I don't know how we ended up here
    I don't know but it's never been so clear
    We made a mistake, dear... :(
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Кој да чека да дојде 11 октомври и да се оди некаде на продолжен викенд. А гледам дека и настинката почнува да попушта, за два три дена ќе биде се по старо.
    Некако ме нервираат оние денови, во кои нема никаква динамика, ништо не се случува, дури ни телефонот не звони. А јас правам анализа на сите пропуштени шански, кои требало-не пребало да бидам искористени. А за она што поминало не треба многу да се жали, ќе дојдат подобри времиња. А да ги чекам да дојдам или јас сама да отидам кај нив? :lol:

    Мајка ми засукала ракавите и прави зимници, да има од се по нешто и секоја година го повторува истото: “ Здрави, живи наредната година не правам толку многу, па се остана, а потрошив и труд и време и пари“. Ама секоја сезона се повторува, нели зима е кога нема се ти се јаде :D

    Уф, колку сакам да сум студент, некако студентските маки и главоболки се најслатки. Барем јас така мислам. :D Ама секоја планина со своја тежина.

    Како и да е, уживајте во сонцето, вечер ќе биде ладно ;)

    [​IMG]
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК ич не сакам кога ми се одложуваат некои работи.

    Каква нервоза ме фаќа од овој пмс |( , ќе тепам некого ]:) „ Препознај се себе си“ - ПМС.
     
    На Serafima, Barbie20, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  15. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Постарите велат дека пред цели 17 години,месец октомври бил со вакви темпператури...
    Некои веќе ги запалија својте греалки,демек малку да се стоплат,но што ќе прават оние кои по цела година немаат струја...душички!!!
    Не дека не сакале да платат туку нема одкаде да платат,освен некое социјално мизерно и собирање шишиња...
    Што е уште полошо сами,осамени неарни...
    Не ги жалам оние кои имаат приходи а си плискаат парите по меани,туку оние кои навистина не можат да си помогнат...
    Така денес ја гледам сирота оди по контејнери сама си збори,ја викнав да и подадам шишиња...
    ја прашувам: добро сестра ти не доаѓа ли?не ти помомага ли? не! и си замина...
    Страшно....
    Јас редовно велам дека никого не жалам и се трудам никој да не жалам,единствено помагам доколку можам...но тука кај оваа жена нема помош...има сестри,браќа никој не ја става ни под разно....
    Знаете ли зошто?
    Бидејки не била арна....зарем таа е виновна што се родила таква...
    Ова е трета година како живее овака...вели се навикнав...
    Зарем за овакви лица не се води некаква заштита...
    Па најстрашно е што не зема ни социјално знаете ли зошто?бидејки собиралла шишиња,а социјалнови и е 800мкд
    ццц
    немам коментар
     
    На Serafima, Barbie20, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Држете ми среќа!
    Денес треба да поправам како доброволец и имам трема како прваче. Којзнае што ми е. :?:
    Ваљда дека имам голема желба за поправање. :)
     
    На karenin и LittlePinky им се допаѓа ова.
  17. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Само се надевам дека не беше толку од се... :doh:
     
  18. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Не знам каков е вкусот на кравји измет :lol:. Но, имам некоја идеја каков би можел да биде. Онака, според мирисот. :puke: Апчето беше толку гадно што не можев да го споредам со ништо освен кравји измет. :puke:
    А кравјИИ напишав по грешка и после го редактирав мислењето но тогаш веќе беше цитирано. :)
     
  19. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    СДК...Среќен роденден мами...ти посакувам уште многу години да ти го честитам. Само здравје да те прати во животот, другото ќе си дојди.

    ********

    [​IMG]
    Убав ден но временцево некако ладничко. Ќе биде ова ден поминат во домашна атмосвера со насмевки и прегратки.
    Имајте убав ден. А и викенд исто така :*
     
    На Barbie20 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    сдк ја би радо брза пита пошто сум брзо гладна :D
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.