[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Ми годи ладново време. ^_^
    Ми се погодија на Фокс сериите денеска, и цел ден го поминав лежејќи под ќебе со чајот в раце. Незнам колку чаја испив, престанав да ги бројам веќе :lol:

    Туку дознав дека двете мои омилени комшики се бремени :geek: .. ајдее машалаа :dance: ќе ни оживее улицата :rock: .
    Истотака и внука ми вчера во школо ( прваче е ) ми кажа дека мајка и била бремена, ама да не сум кажувала на никој, ми кажала мене дека сум и вила верна другаркаа :lol: Ете ја после пола саат трча низ ходници се фали на сите дека ќе имала дада и им ја покажува сликата од ултразвук (и ја земала од ташна на мајка и :rofl: ). Комедии е детето :rofl:

    Ајде одам јас да сварам уште еден чај :lol:
    :*
     
    На AquaBlue, senza.parole, 1209 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Која Бела ноќ бе, кај мене црнила е...
    Сивило, монотонија, измешани чуства, чаша вино и цигара.
    Добра ноќ на сите. Љубејте си ги човечињата до вас!
     
    На Daydream, kala21, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    ...вакви реклами како онаа последната за Севн дејс треба да се забранат, или барем со закон малце да се редуцираат, леле па уште 100 пати на ден ја даваат, човек да е сит пак ќе му се пријаде од тоа сликите... :D Абе иде зима, нели, тогаш повеќе се јаде, а кај нас уште порано доаѓа зимата оваа година, па оправдано е... :wasntme:

    И така... помина септември, се разбудивме, ама по грешка да не сме поспале уште некој месец па одма зима ни дојде? :lol:
    Иначе, нема поубаво од она кога после 3-4 саата учење ќе излезеш на прошетка на свеж воздух и на шопинг, па ќе си се опремиш со џемперче, чизмички 8) ... И на крај дома те чека ќебенце, домашни колачиња и топло какао, ммм... :mm:
    Есен ли е, или зима... што и да е, убаво е... ^_^

    [​IMG]
     
    На Antoninaaa, AnaKarenina, senza.parole и 12 други им се допаѓа ова.
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Етапите на една љубовна врска во која (ќе) има/ло навистина љубовни емоции.

    и почнуваме

    Неодлучност дали да кажеш на другите дека си се фатила со некој дечко. Го осознаваш партнерот. Гледаш колку се отвара, го прашуваш кој спомен му е најдраг и најсилен од неговото детство. Го гледаш како те претставува пред другите. Кои му се омилени песни.

    Понатака се решаваш да им кажеш на најблиските дека си во врска со некој. Во тие мигови оние некои девојки кои се дел од твојот поширок или потесен округ, а се онакви его-нарцис-курви ги гледаш како први му праќаат покана за пријателство на фб. Иако не се ни запознале со дечко ви :lol:. Тука се и оние кои искрено се радуваат за тебе. Се смешкате заедно за твојата среќа.
    Некои наставнички од основно те среќаваат додека ти љубено се смешкаш и уживаш додека паѓа снег наоколу. Не се криеш од снегот туку палаво си играш со снегулките кои те галат. Тие наставнички ти кажуваат колку сјаеш од убавина. И мило ти е бидејќи гледаш дека има сеуште фини луѓе кои заприметуваат такви ситни детали како ти и твојата игра со снегот :).

    Интересно ти е да си постојано со него. Шетате, јадете, ви растат стомачиња :). И доаѓа периодот кога ти му правиш торта срце или тост срце. И ги ставаш на фб :rofl:. Па илјада слики од секаде каде сте биле. Па постирање на песни. Запазете ова со фб би било добро да трае се додека нели сте во екот на првата љубовна година. Понатака станувате давеж. А и нема поента.

    Патувања! Го гледате вознесено додека работи. И си мислете дека го имате вистинскиот.

    Кога одите во тоалет, а тој е во соседната соба, вие од срам ја пуштате водата од тушот за да не чуе што правите. :tmi: :rofl:

    Одбивате да одите на свадбите на кои ве канат неговите роднини. Имате уплав од одење на гости кај луѓе кои се крвно поврзани со него. Ок има и од тие девојки кои па ептен сакаат да идат. Штознам, разлики.

    Доаѓа периодот на немир. Различни мисли. Ситни несогласувања. Истрајност. Пожртвуваност. Зачинување. И се натака.

    Воспримање. Му ги знаете сите бемки кои ги има на телото. И тој вашите лузни од паѓањe. Знае за што се лутите, знае што ве прави среќна. Знае кој ви се допаѓа, а и вие знаете.

    Несебично дарување на вашата душа. Одговорност. Благородност.

    И палави активности.

    ................... има место за уште.
     
    На Moira, bittersweet, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Убав ден денеска.
    Наместо на моето замислено кампување, бевме малку на викендица, на свеж воздух. Си се одморив, изнадишив свеж воздух, многу ми беше убаво. Си сакам вака кога ќе се собериме некаде, ќе пееме, играме игри, едноставно ќе се забавуваме и нема да мислиме на нашите проблеми. Па и времето ни се погоди денеска, милина. Сакам повеќе вакви денови во годината :!:

    Друго и јас сум од оние кои ја неќат фамозната "бела ноќ". Никогаш не сум гледала ништо интересно во неа и никогаш не сум излегувала на тој ден. Традиција ми стана таа вечер да си седам дома, да се опуштам со некоја добра книга или филм/серија.

    Трето ги бројам деновите кога на свет треба да дојди моето внуче, ептен му се радувам, исто ко јас да го чекам, а не братучеда ми :lol: Јас веќе му избрав име, Александар, многу ми е убо името, знам дека е често и се то, ама убо е името и се надевам и кумојте истото че го мислат .

    Ајде одам ја да си се стуткам по кебето и да погледма малку телевизија, па на спијање, утре ме чека работен ден, следува ПРАВЕЊЕ АЈВАР part 2 .
     
    На Hipster, richgirl998 и LittlePinky им се допаѓа ова.
  6. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345


    Или на пример можете да користите дигитален речник на македонскиот јазик (со правопис) ;) :rofl:
    http://www.makedonski.info/search/%D1%8 ... 0%BA%D0%B0

    *clap clap clap


    сфати

    сфатија; сфатам
    Вид збор: Глагол, свршена форма
    1. разбере, долови
    Англиски: understand Албански: kuptoj
    Примери:
    Не можеше да сфати како гореа толку високо.
    Слично со: долови (св.) , разбере (св.)
    2. запамети, усвои, узнае
    Англиски: comprehend Албански: kupton
    Примери:
    Детето брзо ги сфати првите лекции.
    Слично со: узнае (св.) , запамети (св.)

    сфаќа

    Види и: сфати (св.)
    сфаќаат
    Вид збор: Глагол, несвршена форма
    сфати
    Англиски: comprehend
    Слично со: сфати (св.)

    *clap clap clap


    Have a nice night ;) :hai:
     
  7. MoonshineAnne

    MoonshineAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    83
    Ме нема одамна немав ништо што да кажам , е денес денес ми е еден од најубавите денови знаете како е коа дечко ти ќе ве изненади, искрено незнаев јас до денес бев толку среќна што солзи ми потекоа го немав видено 1 недела се чуствувам исполнета љубов моја е една и единствена ! :*
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Секогаш сме се бунеле дека никогаш немаме доволно избор па ни слобода сами да си ги бираме предметите на факултет што сакаме да ги учиме, и секогаш сме се ваделе на тоа дека наместо тој и тој предмет да ни ставеле друг или трет ќе сме биле помотивирани да учиме.
    И дошла маца на вратанца, драги колеги и студенти дојде нашето време-бирате си си сами, не еден туку сите предмети кои сакате да ги изчувате во овој семестар. И почнаа проблемите и главоболките.
    Листа од преку 100тина предмети, можеби и повеќе, што нови што веќе познати или слични на изучуваните и тука почнуваат главобоките. Барем мене ми ги создадоа и претходниве 2 дена само на тоа мислам и само со тоа се занимавав умствено и психички.
    Па не е битна само содржината, па кој професор што предава, каков е начинот на полагање, се до детали.
    Излудев.
    Никогаш не сум била неодлучнa, мразам неодлучност-барем до оваа мера на тешка хронична неодлучност. Десет пати се премислив, се консултирав со многу луѓе за мислење и совет и емоционално се исцрпив. Башка со фактот дека имаш рок до кој мораш да пријавиш, па дали го продолжиле или не збрки милион и еден, а не ми се допаѓа фактот што некогаш потклекнувам под притисок.
    Бидна што бидна, се решив али сега иди најди ги во листата, листај горе доле-до излудиш додека да го најдеш и пазиш да не згрешиш, зашто после испраќањето враќање нема.
    Генерален заклучок- не секогаш толку голем избор е паметна и убава работа. Не, не е, затоа што заталкуваш низ сите зададени опциии, детализираш до неповрат некогаш и безпотребно па и безкорисно, за на крај одлуката секако да ја донесеш и да избереш само ограничен т.е точен број. Посебно е тешко кога сакаш да избереш 10 а мораш да се одличиш за само 4 и филтерот се стеснува и разбиструва до најситниот предел па некогаш и критериумите се луди, причините некогаш и смешни како да избациш еден од листата.
    Па сега останува на нас, т.е на мене да видиме колкава ќе биде мотивацијата и дали со уживање ќе ги собирам плодовите од сопствениот избор.
    Секој почеток има крај, така и на овој веќе му се наѕира почетокот.
    Аирлија нека е!
     
    На caroline.costa, bittersweet, AnaKarenina и 7 други им се допаѓа ова.
  9. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    многу убав ден беше би сакала и утре да е вака.
    Тука покрај мене гушнати во студов, ама тоа е факсот го чека. Ги наполнив батериите до другиот викенд, едвај чекам. Почнав стварно да го засакувам викендот и со душа да го чекам.. Сепак тогаш се враќа милото :)
     
  10. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    После којзнае колку месеци уклучувам фемина ..
    Да не се заборавиме нели.
    Иако јас заборавив која сум и излегов од светот во кој живеев. Поминував низ пекол, сама си ги создадов проблемите но кога имате луѓе до вас кои без оглед на се ќе се трудат и нема да кренат раце од вас ќе се средите. Зборев за тоа дека луѓето кои дозволуваат да ги обземе депресија се слабаци а јас испаднав најголем слабак. Од еден проблем создадов уште милион нови. Ги повредив сите, ги разочарав сите.. Најмногу себеси. Но на се има крај... Ми здосади цел ден да плачам, неможев веќе да толерирам нарушено здравје поради психичко опаѓање.. Ми беше погазен карактерот, гордоста. Бев на самото дно и не гледав никаква светлина. Сите стоеа со пружени раце а јас одбивав и станував сама правејќи ја истата грешка 4 пати!

    Е кога веќе силно ќе треснете од земја, станувате свесни за своите постапки и поминувате низ поголем пекол поради тоа што сте ги повредувале најблиските. Помина и тој период, ме огреа сонце после пола година мрак. Јас си дадов шанса или животов ми се смилува и реши да престане да ми поставува стапици? Сеедно, таа шанса ја зграпчив силно и не ја пуштам. Овој пат им пружив рака и јас на сите. Ме потегнаа и ме исправија. Се враќам таа што бев, се посветувам на она што треба во животот- школо, дома, друштво... Прекрасни луѓе имам околу мене што покажаа толеранција до самиот крај.
    Им благодарам на сите што не се откажаа и ми помогнаа. Од сега, мое е да покажам дека сето тоа се исплатело.
    И ќе докажам. Ако ме фати кризен период да немам среќа, јас ќе си ја најдам среќата.
    Овој пат нема ништо да ме бутне. :muscle:
     
    На richgirl998, green.eyes, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Има девојки кои смислата на своето постоење ја наоѓаат во мажите, односно се чувствуваат живи само кога имаат машка фигура покрај нив за да ги турка понатаму затоа што тие самите не се способни.
    Има девојки кои што незнаат да направат друг муабет освен ако истиот не е поврзан со бившиот дечко, сегашниот мувач или идната симпатија.
    Постојат и девојки кои што живеат за да знаат што е во мода, кој со кого се смувал за викендот и дали нејзината ривалка ќе постира слика од поубаво јадење од неа на инстаграм.
    Да не почнувам пак за оние зависнички од Нутела, Твитер и верни следбенички на Мајли и Селена.
    А постојат и девојки како мене кои што чувствуваат голема одбивност спрема припадничките од својот пол, и заради некои од нив навистина и се срамам што и јас се нарекувам жена.

    Долг ми е списокот на празноглави лепотици само ме мрзи. Ако еден ден станам како нив се надевам дека ќе имам храброст да си ги прекратам маките, подобро тоа отколку цел живот да живеам како едноклеточна амеба.
     
    На la-chicka, BurstBerry, Squirrel и 17 други им се допаѓа ова.
  12. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    вистинскиот маж има само една лавица а не трло од овци!
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    СДК
    Моментот кога на сликата си грда ама не ја бришеш само затоа што тој ти ја лајкнал :l: :l:
     
    На richgirl998, Name, kala21 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Ладното време дефинитивно не е за мене, веднаш настинка ме фаќа. Но ете си сакав есен си добив. Како и да е сакам јас или не, таа секако ќе престигнеше. Но ова не е есен човече, повеќе ми наликува на зима. Сабота вечер решив да останам дома на топло огинче и топло чајче, но утре секако ќе си надокнадам. :wasntme: Гледам слики низ фејсбук кратки фустанчиња, високи штикли...блазе си им. И јас минатата година бев вака, но оваа година некако си гледам повеќе да си бидам во топла и удобна облека. И тоа, доста дрндорам овде одам да си го допијам чајчето. :)

    [​IMG]
     
    На tea4e, richgirl998, Butterfly14 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Сега сватив каков идиот сум јас уствари и дека само се лутам за некои ситници. Мене секој може многу лесно да ме изнервира, и после да му се навикам свашта и што направивме? Во последно време сум таква само се карам со други. Денес другарка ми ме изнервира зошто ми исклучи на мобилен ми кажа неможе да зборува. А јас бев лута затоа што мораше да знам дали ќе оди со мене или не. И се налутив. Ја прашав што и е и ми кажа дека ујко и починал. :( Ми беше криво што и бев лута за НИШТО. Незнаев што било а се налутив.
     
  16. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.344
    луѓе еве ме.постојано ве читам и пишувам по некој збор.главно кукам,се жалам,се нешто ми фали.и да.ми фалат многу работи,но нема повеќе да кукам и да плачам зошто нема фајда од тоа.
    да се пофалам повеќе не чувствувам слабост.посилна сум.и не плачам.се фатив за работа,спремам испити и искрено како нова сум.се помирив со некои работи зошто нешто кога не бива,не бива колку и да го туркаш.пустото не сака.не дека ми е сеедно само веќе не губам време на работи што се осудени на пропаст.
    и еден мој совет до сите вас.некои луѓе не можат да се променат.такви се.и колку и да се трудите не бива.само се мачите.но затоа можете вие да се променете и да го променете начинот на кој ги гледате нештата.
    ве сака вашата вага.
     
    На richgirl998, LittlePinky и Barbie20 им се допаѓа ова.
  17. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    Aбе јас или до лоп топ се стигам или се до нет, ама сега онака ке можам да си пишам, дека конечно тато да се согласе да попписе со VIP и договор 2 год. :rock: еј частам од првата пензија и то пола карамела ;)
     
  18. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Преку глава ми е од фб и луѓе кои менуваат профајл пикчр секој саат (тоа ти се 24 слики дневно) и луѓе кои својата љубов ја искажуваат на 1001 начин. И тоа исклучиво само на фб. Да не знаеш каква им е вистинската љубовна состојба во реалноста и тоа дека се гледаат само 3 пати годишно, ќе почнеш и да им завидуваш на "големата" љубов. Да ти иде да си припукаш од мака.

    Понекогаш толку многу сакам да се одјавам од овој виртуелен свет, и тоа само заради глупостите кои ги гледам , како и докажувањето на тоа кој имал поубава слика, кој бил во поелитен ресторан и што јадел, потоа обавезно слика од модерната чанта и штиклите што си ги купила, од новиот фустан итн.

    Сакам насмеани лица. Ми будат позитивна енергија. Иако, јас не сум една од нив. Ретко сум насмеана, и најверојатно тоа се должи на негативните личности кои ме опкружуваат, а до негде и до моето расположение кое се менува 52469 пати во минута.

    Љубовта слабо, пари исто така, здравјето се обидувам некако да го поправам и тоа е тоа.
    Се` помалку искрени и чесни луѓе, поголем број на манипулатори. Секој си гледа прво за себе, после за другите. Изгледа јас тука нешто сум помешала, па на прво место ги ставам другите, а на второ сум јас.
    Единствена грешка во животов ми е што премногу внимание им посветував на луѓе кои не го заслужија тоа, и на крај ни фала не ми рекоја, а многу малку на тие што животот го даваа за мене.
    Иако тоа лично не им го признавам, ете тука да си напишам и да си олеснам дека сега јас се` би направила за нив и би им надохнадила за секој миг кога не сум сакала да ги ислушам и сум ги игнорирала.
     
    На richgirl998, cheetah.girl, prettyliar и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Што има полошо од сето ова во една вечер :
    Да ти се испокине хулахопка(со дупка :!: )сред кафич
    Да паднеш + да те боли коленото
    Да го пукнеш екранот од телефонот :envy:

    Ова дефинитивно некој малер ме бие.
    МАЛЕРУ МРШ ДА НЕ ТЕ ГЛЕАМ!
     
    На richgirl998, LittlePinky и Petunia-Queen им се допаѓа ова.
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Кога сакам да гледам добра комедија го отворам новчаникот...... :D тоа е мала финансиска криза ме фати,ама ај ке се опоравам некако,многу реновирања на мојот стан,додуше и не се жалам баш ми е убаво кога парите ги вложувам во мојот стан,домакин бе сум станал. :)
     
    На richgirl998 и Petunia-Queen им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.