1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Завршив со повторувањето. Сега ќе си дремам овде и после конечно ќе одам на прошетка со другарка ми.
     
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Бато мој..
    Се изненадив од твојата реакција.Во позитивна смисла на зборот.
    Не знаев..не знаев дека можам на тебе да сметам.Барем гласно немаш прошепотено. :)
    Ти благодарам!

    **
    Кој има брат,ја знае неговата вредност.
    Те сакам!
    Те сакам повеќе од се...
    Ти си мојата гордост..
    Мојот идол...
    Моја инспирација..
    Од тебе црпам сила..
    Ти си моето се..
    И прости ми што на глас не можам да го кажам ова..
    Ти знаеш..Сигурна сум дека знаеш се..Знаеш дека те сакам :inlove:
     
    На ozbilnazena, Name, anggell и 20 други им се допаѓа ова.
  3. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    ....Ајварот е готов.
    Денеска бев надзорник додека се мелеа пиперките, пазев некое семче да не помини и успешно ја извршив таа должност. После ме оставија сама да си го пржам, и луѓе се здрвив над то чумбето. Ама ако барем топло ми беше ако ништо друго :D Три сати ми се учинија ко цела вечност, многу досадно било вака ајвар да буричкаш, јас порано си бев научена на крајо ќе си излезам и ќе си ја измакам шерпата, а вака се препотив дури се испржи, ама па послатко ми беше ко ја макав шерпата :lol:

    Инаку нема поубаво чувство од тоа да знаеш дека си бил корисен, дека не си го потрошил слободното време без врска, дека си помогнал. Па така јас си се чувствувам ептен убо и прејадено.
    Поздрав девојки и повелете на лепче со топол ајвар и биено сиренце мх, мх, мх.
     
    На bittersweet, Ketrin.Moon, Hipster и 5 други им се допаѓа ова.
  4. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    И...ништо од прошетката. :@ :( Ајде, можеби следниот викенд... а можеби и не! :@ Уфф... :@ :@ :@ :@
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Апел до сите жени и по некој маж што се мота по феминава... :D

    Не, немате поента ако по икс курац години си го побарате бившиот ви дечко/женска, додека тој или таа имаат нова врска. Не, нема да ви се врати, посебно не ако си е во убава и стабилна врска. Не, никако, не сте му фалеле, да, сте биле споредувани, точно е, сте се мотале во мислите, но чисто да си покаже мозокот дека овде е поубаво неголи претходно. И да, не сте фер, себични сте, и можете да направите проблеми каде што нема. Оти не ви мислел газот, овај, главата на време. ;)

    Среќа моја па смислата за хумор ми е на високо ниво, а и таа на дечко ми.

    И не друже, како што јас и ти нема да го испиеме никогаш тоа кафе за кое ме ,,задевкаше,, летово |( , затоа што кога беше времето за покани за кафе, тебе другачката ти кажуваше со кого да го пиеш, сега е касно да бидеш маж... така и мојот нема да ти посвети тебе другачке, ни дел од неговото време. Или, нашето, како сакаш кажи го.

    Оти тој беше тој што бдееше со мене по цели ноќи додека ја плачев во некое бунило, додека се борев со панични напади и додека бев три месеци препуштена сама на себе, и оти тој е тој што плачеше и се смееше со мене, и оти само тој може да ме сака и кога ќе му изнакажам сe' и сешто во лутина, е тој истиот човек ми беше, ми е, и уште ќе ми биде потпора, и мој грб, моја карпа. Јас бев таму за него кога му бев потребна, оти јас и тој се познаваме и се чуваме, оти му го знам погледот, дишењето, знам како му чука срцето, знам кога треба да го гушнам, кога треба да му кажам дека ме има мене до него, го познавам.

    А вие другари не бевте, и немате право да не барате, не сега, после се' што поминавме. Заедно. Немате апсолутно никакво право, вашето време било, поминало и завршило. Нашето тек допрва иде. Апсолутно сум себична во вакви моменти, и со право - ни дечкото ме дава мене, ни па јас си го давам дечкото.
     
    На ilipili, Bozica1980, L-enna и 29 други им се допаѓа ова.
  6. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Сите што се земени во Македонски Шуми со срека новите работни места.

    Еден апел до оние што сте одбиени.Не мислете дека вие сте заокружиле нешто погрешно.Доволно ви се домашни проблеми.Првата моја реакција беше :@ ама кога размислив сватив.Можеле да проверат , како што проверуваа и се друго,да укажат на грешките.Неписмен народ сме...и погрешно заокружуваме.ЦЦЦ не можам да се начудам одбиен поради неисполнување на еден g тоа значи аплицирал ко бајаги со високо образование . :x
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Да ми извините вака сега... сите станаа државни службеници. Цела држава администрација. Па ние вака глупавите што работиме приватно, што ни доцнат платите по 2месеци, што картони не може на време да земеме, не па покачување да бараме... тука сме, да им овозможиме на овие првиве плата да си земат... за најголем број од случаевите, ништо. Се сретнуваат двајца административци во ходник сред работно време, па едниот му вели на другиот -Што е колега, и тебе не те фаќа дремка?-. Ме интересира, дали на албанските административци, одењето на молитва за време на работа им спаѓа во пауза, или имаат и друга пауза покрај ова? Кај мене во фирма 50% се муслимани, ни еден не фатил пут под ноги за во џамија... или за на чај (и не, немам ништо против Албанците, имам против неправдата). И овие 400 полицајци, што ќе изникнат од нигде, без соодветно образование, туку така ете утре ќе ни се силат... што ќе ни се бе? Па на една улица кај што грешно се паркираат (улица од 100м) по 5 седат цела недела ги гледам!!! Вишок им се, нема место кај да ги стават или опасно е местово, мора добро да го обезбедат |(

    А овие родниниве од странство, што дошле со 5000евра во џеб на две недели и изиграваат газди, да ми речат овде било многу убаво? На син ти овде му било поубаво? Излегувал, се журкал, изнакупувал гардероба? Епа син ти нека работи тука, без твоите евриќи од Шведска, па нека каже дека ептен, ама ептен му е убаво.

    Aриведерчи
    [​IMG]
     
    На LaraSolare, LittleChili, anuskaNESTLE и 20 други им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.399
    Допаѓања:
    17.625
    Пол:
    Женски
    ^^ Леле ќути кравче не почнувај, од нервоза све метла направив од фрижидер и надвор од него, па не крем со млеко, па салама, пиперки кисели од тегла, малиџано и на крај пржени компири за да еве сега ги залијам со црно кафе. Од предозирање почнав и да ждригам. :lol:
    А и ова огласов утре за полицајци, ама џабе везеш кога ќе видиш сите цајкани во државава се најмалку 175 см високи, жените сите над 165 см, една физичка градба џоа атлети, а кога ќе го видиш таков мрсен со мевот до колена да те фати мука или некоја пицајзла под 140 см или некој скачка до 135 см (не дека сега дискриминирам ни јас не сум 180 манекенка), да видат крадец први ќе се сокријат во некој ќош зашто неможат да трчаат за да го бркаат или не дај боже некој со пиштол, ќе се усерат во гаќи. Ама ај кога помина се и низ ова да им прогледаме низ прсти.
    Сестра ми пред едно 7-8 години се пријави на ваков курс и падна во старт зашто и фалел уште 1 см, да бе важи.
     
    На kravce и LittlePinky им се допаѓа ова.
  9. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    Се мислу дена нема да га дочекам крај на Малечку невесту, ама баре иам надеж оти мој унуци ќе га дочекаф
    :rofl: :rofl: :rofl:
    ме пресмеа ова еј, колку ми е смешна иронијата за серијата толку и кумановскиот дијалект :D
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Мајка ми утре е на интервју за работа !!
    Држете среќа :l: :handshake: ^_^
     
    На LittleChili, anggell, kravce и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.848
    Допаѓања:
    142.455
    Од првата ноќ со него, размислувам дека едно утро, ке го разбудам со кафе и ќе го гледаме изгрејсонцето заедно. Бидејќи тука изгрејсонцето е најубаво на цел свет. Знам, оти еднаш се разбудив, токму кога изгреваше и цела соба беше румена од сонцето. Ама толку многу ми се спиеше, што ми беше тешко да се разбудам и да станам. Замижав и си реков, ке има уште изгрејсонца.
    Ама, никогаш не се разбудив повторно во 4, 5 наутро за да го разбудам заради сонцето. Колку и да сакам, до него спијам како да сум испила 20мг дијазепам. Заспивам во секндата кога ке ме гушне, а се разбудувам кога ке сфатам дека станал. И желбата никако да ми се оствари. Зошто толку цврсто спијам до него?
    Еве си ветувам, дека неделава ке највијам аларм и ке сварам кафе. Па да видиме колку ке го исполнам ветувањето.
     
    На Biggie, Daydream, Barbie20 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    И кога мислеш дека се е мрачно и безизлезно..сепак на крајот на тунелот има една светлинка.
    Секогаш утрото е подобро од вчера..
     
    На Anouk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Ех ние мажите секогаш правиме се обратно :lol: :tmi: :angel:
    [​IMG]
     
  14. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Заврши и овој викенд. Но, во ред е. Не ми пречи.
     
  15. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Интересна ми е појавата кога ќе наидам на некој - кој и да збори со саати и саати, имам желба и елан да го слушам и тонам од збор во збор, а уште поинтересно ми е кога ќе наидам на некој што и 5 минути да збори - сакам да избегам што подалеку, или евентуално да пресечам.

    ...И пресекувам.

    Поврзано со ова, у последно време сум како магнет на луѓе со страшно лош пристап кон се околу нив, трујат со приказни кај ќе стигнат, од типот - као не можат да ги поднесат пријателите, познаниците или што ти знам јас уште кој, као не им одговарале, ги гушеле, ги пустеле... Епа жено паметнице,кралице на разумноста, само тоа и ти преостанува најискрено, со тој став ни до Мала Речица не стигаш.

    Едноставно е бе, просто и лесно е као 2 и 2(со тенденција да не зучам као Ноне), ако некој не ви одговара од било кој аспект, не ви е пријатно во негово опкружување, метафорички речено - не сте на иста бранова должина, тргнете се и продолжете понатака, запознавајте нови луѓе, искусете нови нешта, отидете на различни и нови места, невозможно е да не најдеш некој барем малку компактибилен со тебе. Ако сакаш уметност еве пример, посети една галерија - има да најдеш чудо од луѓе со иста пасија...

    Ама неее, полесно е да се жалиш и кукаш као никој не ти одговара, те нервира, и да не правиш ништо у врска со тоа.

    Такви пре-крас-ни личности постојат - за моја среќа кругот од нив константно ми се зголемува, мислам жално е да не се трудите барем неколку такви да имате у животов...Жално и поразително, исто као кога Парис Хилтон ќе слушнам дека е нечив идол! :(
     
    На LittleChili, Daydream, Moira и 11 други им се допаѓа ова.
  16. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
     

    Прикачени фајлови:

    • untitled.png
      untitled.png
      Големина на фајлот:
      96,5 KB
      Прегледи:
      372
    На didicool му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ohana

    ohana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    268
    Последниве денови немам некоја инспирација за пишување, но затоа редовно ве читам. :)

    Викендов ми помина многу убаво... цел викенд бев дома со најблиските, уживанција :mm:. Предмалку учев бидејќи утре имам испрашување и сега седнав да видам што има ново на фемина. :) Иначе, утре истотака правам тест математика, не вежбав ништо, но се надевам дека ми останало нешто во памет од задачите. :lol:

    Прочитав една мисла на принцезата Дијана па решив да ја споделам и со вас...
    „Секој од нас има потреба да покаже колку се грижи за другите, и додека го правиме тоа, всушност се грижиме и за себе.“

    Имајте убава вечер! :*
     
    На eliesaab и Chiquitita им се допаѓа ова.
  18. Petunia-Queen

    Petunia-Queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    315
    СДК:
     

    Прикачени фајлови:

    На Someonespecial, LittlePinky и vitomir им се допаѓа ова.
  19. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    СДК: :!:
     

    Прикачени фајлови:

    На Petunia-Queen и vitomir им се допаѓа ова.
  20. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Само обидете се да ја гледате добрата страна на почетокот на неделата - понеделник. Ќе се чувствувате подобро. Мене ми успеа. Со среќа!
     
    На Marjan007, Seashell31, Barbie20 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.