[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    It's going to be a long day and it started so bad :@ FFFFFFFFFFUUUUUUUUU :@ someone is gonna get it hard today :@
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Всушност, никогаш не сум ги сакала зимскиве празници. Божиќ. Што е Божиќ? Подароци? Не знам кој по ред пар плетени чорапи под божиќната елка? Сосема непотребни глупости завиткани во блескави убави хартии само – колку да не се каже дека никој ништо не купил?
    Не! Не е тоа Божиќ. Не за мене. Отсекогаш сме имале во фамилијата забрана на купување божиќни подароци. Ќе бидеме заедно, ќе си направиме вечера на 24 декември, ќе гледаме филмчиња, ќе кршиме лепче на 6ти, но нема да бидеме во стрес да си купиме нешто, колку само да се каже. Затоа што е Божиќ. Или Нова година.
    Всушност се прашувам дали некогаш сум добила новогодишно пакетче?! Мислам да, кога сум била дете, ете колку памтам. Ама памтам дека многу ми било мило кога моите од време на време ќе ме изненадеа со подарок во април. Или јуни. Или во август. Или кога со собраните 5денарки во тегла, ќе отидев во продавница и ќе им купев нешто за што во моментов сум си помислила – е ова е баш ко за тато. Или за мама. Што ден е? Обичен – ден за изненадни подароци. Затоа јас подарувам, кога ќе видам нешто, кога сакам да дарувам, кога ми иде природно, од се срце да дарувам. А не затоа што се мора. Затоа што е црвен датумот на календарот. Затоа што – така требало. Хм :?:

    Овој Божиќ? Топол. Мирис на тазе кифлички. На тазе баклава. На миризлива торта со вкус на кокос и какао. Заедничка вечера. Како поинаку? Александрија куве на божиќната трпеза и тазе испржена риба. Смеење до болка на вилицата.
    Кој е овој?
    Питбул.
    Мислиш она као кучено?!
    Да де, ко кучено.
    Хм, е кое и да е кучево, да ти кажам страшно ме потсетува на онаа глупана балканска музика, речи ја де, како се викаше?
    Мислиш турбо фолк мамо?
    Да де турбо фолк!
    А овој кој е? Ова као вреди пеесет центи или стварно така се вика?
    Бибер? Кое е детево? Ова ко зачинот ли?! Епа имало вакви, имало и порано. Биле ѕвезди се....додека не им мутирал гласот.

    Мамо мааа!!! :D

    Ја сакам.

    Всушност сакам многу работи. Луѓе. Убава храна. Убава музика. Стинг во живо од катедралата во Дурхам. Ако не сте го виделе концертот, ви го препорачувам. Прекрасно колку во она што е навидум едноставно се крие цела една планина од убавини.
    Стинг толку убаво знае да направи вовед во песните кои ги изведува. И запомнив една реченица. При една божиќна песна, не знаел сосема како да ја осмисли изведбата, се додека неговата пријателка не му испеала една галска песна во придружба на звуците од харфата. И Стинг рече – не ја разбирав ниту еден збор, но толку беше прекрасно сето тоа, што не ми ни беше гајле што зборува, само сакав да ја слушам песнава.
    Убаво е некогаш човек да ужива без причина и без многу да размислува зошто, што и како.
    Стинг ме потсети всушност на многу други работи. Но за нив друг пат. Ме потсети и ми потврди уште еднаш, дека магијата во секојдневието се крие во едноставноста на постоењето.

    Кога човек искрено љуби, се е поубаво и поблескаво. И нитуедна елка со милион кичести светилки ниту Дедо Мраз на санка не можат да го надминат тоа кога родител љуби дете, и кога детето го љуби својот родител.

    Безрезервно, искрено, моќно.

    И токму во тоа е убавината на Божиќните празници. Да се биде со некој, кој ви е близок. По роднинска или пријателска линија. Сеедно.
     
    На bittersweet, Hopeful, Elennaa и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    ... една квота од еден филм (my blueberry nights)

    Katya: Sometimes, even if you have the keys those doors still can't be opened. Can they?
    Jeremy: Even if the door is open, the person you're looking for may not be there, Katya.
     
    На Hopeful, Noemi, LilBaby и 5 други им се допаѓа ова.
  4. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Бррррррррр колку е ладно утрово.Кога го носев сонцето мало на училиште му се заруменија обравчињата и ме потсети на моето детство.Кога со такви румени обравчиња си игравме,правевме снешковци и ни под разно не признававме дека ни студи.А,после дома не чекаше топло планинско чајче.
    Нека потрае снегов барем до Нова Година.Ви велам,Битола е вистинска зимска кралица деновиве.
     
    На Hopeful, Loritaa, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  5. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    Ахх....Доме слатки доме...
    Охриде колку ми фалеше....
    Сум излегла како лудача од 8часот утринава да шетам покрај езеро...
    Иако времето е ептен ладно, потребна ми беше онаа топлина на мојот град...
    :inlove:
    колку е убаво да си дома....
     
    На Hopeful, Hipica, Go-Girl и 7 други им се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... не знам до кој степен треба да си мизерен за да сплеткариш насекаде. И да си менуваш маски како ќе ти текне, а за лабилност и да не зборувам. Дефинитивно треба да си мизерен за да се занимаваш со подли работи, а пред луѓе да се правиш совршен што дефинитивно не си. Не гледаш ни подалеку од себе ... само си конфузен и очаен за внимание и лечење на сопствените комплекси.
     
    На LilBaby, Offspring, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Да презапишам предмеееееееееееет??????? Па јас убаво си објаснив што е причината што немам доволно поени а вие упорно сакате да собирате пари, ебате факултетот ебате :@ :@ :@ Како ке кажам дома бре дека треба да презапишувам предмет? Ке ме исфрлат преу прозор на улица. Имајте милост, пишајте ми една шестка ;(

    Но, има и полоши работи од тоа нели? На пример баш вчера ми рекоа за едно дете 1 година поголем од мене дека бил болен од неизлечлива болест. Тоа навистина направи да се замислам и да сватам дека Здравјето е навистина најважно и џабе ти се сите десетки на факултет и петки во школо ако немаш здравје. Само се надевам дека ке му биде подобро навистина ми е многу жал за него, ми се плаче, не знам за што побргу да заплачам ;(
     
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.771
    Пол:
    Женски
    Денов опасно ме потсетува на пролет, и не може а да не ми се насолзат очиве од убавина и од носталгија.
    И треба да учам на ваков ден? Епа не! Излегувам да шетам, Скопје хир ај кам..
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Убаво и ладно утро, ладно таман да ги освести заспаните лица.
    Ледено сонце, чист и пријатен воздух.
    Растрчани луѓе, некој на работа брза, некој на факултет, некој поставува тезги, некој трча по автобусот... а сето тоа го гледам јас од дабл декарот со број 4. Мир и убавина, без разлика на сите тие чуда што никнуваат на секој чекор пак ми е убав градот и го дишам со полни гради па дури и гајле ми е што е премногу загаден. Оваа година навистина се потрудиле во украсувањето на градот, но не се чувствува некаква еуфорија ниту пак празнична атмосфера... фали снегче.
    А сте го забележале ли погледот кон Водно? Преубаво! Жичарата наликува на скијачка патека, тук там има снегче малце.
    И си се возам јас така на прилично долга релација, замислена и анализирајќи го секое ќоше што го видов, расположена и насмеана ги слушав муабетите на другите патници, сите беа весели уште од сабајле и си правеа планови за празниците, кој каде ќе одел, со кого, средношколките беа окупирани како ќе се нашминкале и што ќе носеле, речиси се беше совршено додека не се качија 3 циганчиња со кесички со лепак па се издрогирав и јас, ме фркна глава и ми се сје*а расположението |(
    Дефинитивно треба да има обезбедување во автобусите.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Јас неможам да се борам против посилни и помоќни луѓе,а во овој случај со професорите.
    Секаде е така,неправди и лоши зборови и незаслужени оценки.Јас го знам тоа,ама мое е да учам колку можам и да се трудам,а тие.. неправедни и какви и да се не можам да се оптеретувам со нив.
    Ако ми стават помала оценка од заслужената,тогаш добро,ке се борам за другото полугодие повеќе.
    Што друго да правам,да се расправам со нив и да комплицирам? Не!
    Учам за мене,а не за оценка.

    Друго сакав да ви кажам дека за НОВА ГОДИНА ке бидам во клуб и се надевам дека убаво ке си поминам.Не сакам ни да мислам на пијаници околу мене и :puke: .Нема да мислам на тие работи,ке се сконцентрирам на супер провод.. :rock:
    Ве гледам сите тука пишувате желби за 2012,коментирате за 31.12.2011,се мислите што да носите..
    Па ајде и јас да не сум подолу од вас.
    Јас нема да бидам накитена како елка и нема да светам целата.Ке сум сосем едноставно облечена,но привлечно и неодоливо.
    Нема да се шлакам со шминка и да ставам лампиони на косата.
    Сосем едноставно и слатко ке сум нашминкана.
    Додека пак другите околу мене ке светаат како сијалички за елка и ке бидат накитени како елката што ми е накитена во соба.
    Ке ги гледам како светат и ке им се смејам.
    Можеби така им е убаво.
    Баш убаво.

    Толку ај ај :*
    Ме чека топол чај од нане и купче книги ..
     
  11. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Порано или подоцна, сите се претопуваат во толпата, па и јас и тој. Се присетив дека најпрво кај него ме привлече таа негова необичност, не беше типично фудбал-и-жени машко. Секогаш имаше мала доза на мистика, покрај неговите наобични сфаќања за светот. Не дека физичкиот изглед не придонесе за тоа да ме обори до крај :) И интересно ми беше тоа како секогаш бевме одделени, а толку блиски се чуствувавме. И никогаш не бевме „вистински заедно“, онаа типична врска што сите толку упорно ја форсираа. Не сфаќаше никој и затоа ме нервираа сите тие прашања и подпрашања, со следователни погледи како да им е жал што е така. Не сфаќаа дека за нив чудното беше за нас убаво.

    И така сега, после 2 и нешто години, и ние се претопивме во големата толпа, каде јас се нервирам за глупости, а тој се интересира за фудбал и жени. Каде јас почнав да им верувам на тие погледи, и да се чуствувам непријатно при секое прашање.
    Ееее луѓе луѓенциња, пакоста си го прави своето, и уште еднаш успеа да уништи нешто убаво.
    Да немав толку многу искуство од претходно со такви луѓе, до сега можеби ќе отидевме и тој и јас по ѓаволите. Ама не, претопени или не, никогаш нема да бидеме типични.
    И не ми смета тоа.
    Сеуште го има тоа нешто што не ме трга од него.
     
    На Phyramide, Divinebutterfly, Hipica и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    ај не може цел град и машки и женски да носат копии Timberlandки...
     
    На Bright, Chocoholic, MacaLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    "Понекогаш посакувам повторно да бидам дете, бидејќи раскрвавените колена полесно заздравуваат отколку рането срце !"
    Што е за право..точно е :)
     
    На mims-89, Hipica, Bright и 5 други им се допаѓа ова.
  14. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Секое патување започнува со пакување на куферите...
    А пред да почнам со пакувањето сакав да го напишам веројатно мојот последен пост за оваа година...
    За мене распустот почна денес. И филингот не е нешто посебен иако и јас со душа го чекав...
    Жалам само што не се поздравив со некои луѓенца посебно, а нема да ги видам во следните 3-4 недели.
    Па кога не размислувам рационално... Сеедно!
    Сакам да ви кажам дека ви посакувам да си поминете најубаво и најлудо за новогодишната ноќ, да бидете најубави и да блеснете! Независно дали ќе сте дома, во дискотека, во кафана или на плоштад ви посакувам да сте со оние со кои сакате да сте и само тогаш ќе си поминете најубаво!
    Во новата година (звучи како клише, ама тоа е...) ви ја посакувам сета среќа, сета љубов и сиот успех на светот. Ви посакувам да остварите дел од вашите цели, ама не сите зашто ќе нема за што да сонувате.
    Да имате успешни врски, љубовта да ви трае и трае, а оние сингл девојки и момци да си ја најдат среќата оваа година...
    И нормално, најважното: уште долго, долго да го красите форумов со вашите постови, мислења, тези, сфаќања...
    Сите вие бевте дел од моето секојдневие и зазедовте посебно место кај мене. Затоа и заслужувате се најдобро.
    Покрај моите желби, тука се приклучува и оној кој постојано е до мене и кога би знаел да чита би ги знаел сите постови за Фемина на памет, Лепотанот (кој денес не се дели од мене, веројатно претчувствува дека една недела ќе бидеме разделени и само ми упатува тажни погледи...)
    [​IMG]
     
    На mims-89, Hopeful, Hipica и 8 други им се допаѓа ова.
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Ме голтнаа обврскиве. Ме разџвакаа. Ама точка.
    Конечно можам да речам КОНЕЧНО! Толклку од мене за оваа година во полето на школото. Чао пријатно! ;)
    Сега се осеќам секси и фино, веќе не носам очила (добро само по дома). :geek: Си купив леќи и скокам од радост. Очиве одма ми се навикнаа, немам никакви проблеми само како преродена сум. Иако сабајле требаше да станам саат време порано... за да ги наместам... кхм, почетник сум уште де, ќе се научам побрзо јас.
    Многу ми се допаѓа шмекот на вратени другарства и пријателства, ги знаете оние од минатото. Сега само преродени, на некој начин добрите стари времиња ама во модернистичка верзија. Лајк! :up:
    Деновиве не се прибирам дома, само скитам ѓоа глушец сум. Се прибирам дома само за ручек и спиење, се на се едно пет-шест саати. Со Ем на квадрат, Би и Маx вчера ја прошетавме цела населба. Никое ќоше не остана осамено. :D Па тука паднаа и некои луди фотки со новиот апарат на Би, некои од нив во чкљ или Г6 издање, ама нема везе - важно ги има. А предтоа дента имав фотосесија, а Би беше мојот фотографер. Филмање до даска. 8) Ме бива де, не се фалам. :angel:
    Топло чоколадо со карамела и ресани кај Max дома, мислам дека топлината се насели во мене. Нова тетоважа зад увото, подарок од Маx - цртеж.
    Денес во распоредов читам повторно покуќарење и шлаење, да ја разгалам населбава зашто не сум излегла подалеку од Тобако ради тестовите. Гледање на кафе, пак ќе бидам баба Ванѓа и ќе ги полажам малку луѓево, ае да се порадуваат. :D Туку дали е до мене или постојано гледам принтови и шари во форма на срце околу мене? Којзнае. Можда сум заљубена :angel: а можда и не :devil: .
    Туку ме разочара стариот, уште не го накитил дворот со сијалички - за срамови! Ми доаѓа сама да си го земам светлуцавото црево и скалите, да се испентерам на кров и да китам.
    Ете така! :*
    Имајте убав вторничен ден и станувајте веќе од компјутерот и шетајте ја населбата.
     
    На MandyLane и mims-89 им се допаѓа ова.
  16. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    2.474
    крај на вторите колоквиуми + Велес + чајче .. ммм оддамна не сум се чувствувала вака добро :rock: :rock:
     
    На Doozy и Offspring им се допаѓа ова.
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    СДК дека најубавата перница за мирен сон е ЧИСТАТА СОВЕСТ!
     
    На bittersweet, mims-89, TeddyGrey и 11 други им се допаѓа ова.
  18. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Ахх кога ќе помине оваа недела, да дојде викенд, да се одморам, да поспијам малку :(
    Напорен почеток на неделава, а и напорен ќе биде и крајот, ама тоа е :geek:
    Шта се мора - мора се!
    Ми се спиееееееее! |-) |-)
     

    Прикачени фајлови:

  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Моментот кога отварам Фемина и Мараја Кери ми пее во припиен светлуцав фустан, притоа изгледајќи како ефтина салама замотана во целофан. И наеднаш си го сакам телото, туто комплето.
    Купив ненормално високи штикли, и искрено сега се замислив. Не ги покажувам на мајка ми, ќе ги чувам во кутија се додека не се спакувам. А многу сакам заедно со неа да се радувам на нови чевли. :)

    Пиев кафе со татко ми. Последно наше кафе во 2011. Додека на сите нормални мажи после 50-та им побелува косата, неговата гајле нема. Има некој скриен еликсир на младоста, а тоа најверојатно е фактот што со ништо не се замара, за ништо не се секира. Дури ни за мене не се потресува многу. |(
    Ако ништо друго барем од него ги имам добиено подобрите совети во животот. Го бива човекот за зборување и филозофирање, си игра со зборовите ноншалантно и со таква умешност да човек би рекол дека му е вродено, а не тренинг од професијата.
    Каков е, таков е. Мој си е. Нели?

    Срдечно ве поздравувам и ви посакувам нови чевлички, сјај во очи и исполнето срце со радост. И ценете си ги најблиските. Какви и да се, богатство се.
     
    На MandyLane, mims-89, Hopeful и 19 други им се допаѓа ова.
  20. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.196
    СДК дека сум запрепастена од познавањето на географија кај некои од девојките на форумов. Една феминка зборувајќи за нешто што прочитала во списание наведува дека:
    А, оние фустани видени на модната писта се достапни во нивното атеље во Париз, Бејрут и Лебанон. Цццц немојте бе деца вака. :lol:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.