[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Kloss

    Kloss Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    14
    Ја сакам есента.
    Жолти паднати лисја, голи дрвја. Убава атмосфера ми е. Ме потсеќа на некое безгрижно детенце, како си трчка низ паднатите лисја во гуменки чизми. :)
     
    На Bescheiden, LittleChili, Mama25 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Имаме нова феминка. Добредојде, Kloss! :*
     
    На Kloss и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. Keti-26

    Keti-26 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    7
    Сакам да кажам дека многу ми е тешко. Со татко ми никогаш немав “нормален“ татко-ќерка однос...Тој е едноставно многу тежок човек, но добар е. Ние сме едно нормално семејство, но сепак од секогаш осеќам дека нешто ми фали за да бидам онаа ќерка која тој сака да бидам. Многу сум избувлива, одсекогаш за се се карам и викам..постојано ми префрла за тоа...постојано се караме а многу малку време се гледаме, тој на работа, јас на школо.....мајка ми рака на срце, жената е заслужна за целиот мој досегашен успех, буквално се и должам на неа..таа одсекогаш се труди да ги среди односите помеѓу нас двајца но сепак никогаш не успева целосно. Пред некое време, може беше на почеток на годинава многу се скаравме со татко ми и тоа за време на вечерата и ми рече “па ако не сакаш...,стани од масава ми сметаш што те гледам“ премногу се навредив и излегов на брзина, мајка ми почна да се кара со него и без нејзино знаење излегов од дома и отидов кај баба ми а и ги исклучив мобилните за да неможат да ме најдат...се вратив дома по неколку часа, но поради мајка ми. Постојано си се караме , ама вечерва претера..секогаш кога има некој на гости кај нас тој мора нешто да ми префрли, тетка ми е тука и тој пред неа и пред мажот и ми рече “ што ме гледаш така наопаку пак ли имаш некој проблем со мене ?! Денеска ни е трета караница по ред и неможев веќе да издржам ќе полудаам мислам...одсекогаш за се само јас сум виновна, кој што ќе напрви јас сум виновна, кога има некоја корист од мене , секогаш е добар и потоа... многу сум нервозна.. тој не е татко каков што сакам да имам, тој никогаш не ме рабира мене, никогаш не дошол на ниту една родителска средба кај мене во школо, НИКОГАШ не седнал да учи со мене да ми покаже математика иако можеби и двајцата не знаеме, тој секогаш има одговор дека е премногу зафатен поради работа. Не се сите татковци исти..НЕЕ. но дефинитивно никој не би посакал ваков родител, едноставно се срамам да кажам донекаде дека и завидувам на мојата другарка и што има прекреасен татко, со нејзиниот татко комуницирам послободно него со мојот.Донекаде се трудам да го разберам нема убави сеќавања од неговото детство поради татко му и мајка му ..но веројатно како секој родител и тој не би сакал неговото дете да има таков живот и такви спомени..малку е долго ама морав некаде да се испразнам....
     
  4. UnPaso

    UnPaso Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2013
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    Тешко е да сакаш, потешко е да не сакаш, но најтешко е да ја најдеш саканата личност, која те сака.
     
    На Name, LittlePinky и Petunia-Queen им се допаѓа ова.
  5. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Ај понуда за кафе пак и пак, прашале ги одбиле, ама оние најбезобразните се што се ке појават со километарски мејл каде ги искажуваат чуствата и како им е само криво што го испуштила од раце, како болело све кога ке помисли на него или неа ... Сепак на крај на све они се невино свесни дека секој си продужил со нивен живот со други луѓе ама знаеш битното е да се искаже каењето... И као ние сите остали треба да се сочуствуваме со нив зашто они не успеале да задржат нешто што више не е нивно .. :?:

    Каде бе со вакви постапки ?? КАДЕЕЕ ???
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    ми е страв од математика писмената....зошто паничам толку? ух, само задачите да ми се погодат :tmi: :sweat:
     
  7. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    4.036
    Пол:
    Женски
    Види ја..Ти немаш појма колку она те сакаше, што се правеше за ти да бидеш среќен со други. Колку ноќи преплакала,а после тоа глумела дека е се ок. А ти ништо не знаеше беше слеп, заслепен од други, не сфати дека единствено САМО ОНА ТЕ САКАШЕ и правеше се за тебе..сега види ја се смее..после сета таа болка она пак се насмеа..не и беше лесно, али,после толку време се помири со тоа дека нема надеж и дека сите тие пролеани солзи се за џабе..Сега отвори ги очите....ја губиш....а кога човек ќе изгуби тек тогаш сфаќа се :)
     
    На Divinebutterfly и kva им се допаѓа ова.
  8. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Mondays are fine, it is your life that sucks. :hai:
     
    На Domino, Bescheiden, crazylady и 16 други им се допаѓа ова.
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.737
    Пол:
    Женски
    еден совет од мене: пред писмената изеди едно чоколадо, не паничи и земи воздух
    :!: дефинитивно помага, проверено ;)
     
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Почнаа масовно да плашат народ дека имаме врста пајак во градините, роднина на австралиската удовица, ама не толку отровна. Од овој пајак ако те уапе само ќе те пече местото, може да отече и крајно алергиска реакциа ретко, а се знае какви знаат да бидат тие реакции па маваат страв по медиуми, не дека пајак само по себе е сладок и гушкаст. И пак советот е не ги тепајте, оставете ги на мира, оставени на мира и они ќе ве остават вас. Во ред тоа, ама кога и да поминам низ едно влакно од пајажина што го ставиле од дрво до дрво како мост, осетам конец и се грабам целата, да се проверам да не ми скокнала некоја лажна удовица :D

    Сега знаете нели, она со моќта на позитивната мисла, се убедувате во нешто позитивно и ви се оствари евентуално. Ама многу е тешко да се остане на позитивното мислење, и една мисла зема денови и месеци. За разлика, пајк те лази, пајак те лази, за пет секунди највеќе се убедиш дека огромно чудовиште од пајак те лази :o , правиш хистеричен стриптиз на џемперот и го тресеш додека чекаш пајакот(нема пајак) кој ти бил на грб да падне и да го згазиш. И пак се загледуваш по рамената, се пофаќаш по врат и по коса цела вечер |(
     
    На Lov3, AnaKarenina, Moira и 8 други им се допаѓа ова.
  12. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Абе криво ми е што оваа година некако се чини дека ќе нема есен туку веднаш започна зимата.
    Тешко дека ќе почувствуваме нешто од она пријатно есенско време.
    Ама ако нешто мразам тоа е зима. Уште сега ми е мака кога ќе ми текне дека по дожд и снег, на температури под нулата ќе треба да станам рано од топлата постела и да се спремам за факултет. :doh:

    Ништо од животот во Скопје, барем засега, осудена сум повторно да менувам автобуси и да се малтретирам како грешник некој.
    Небитно. Не ми се почнува за темава, туку го знаете она чувство кога некако сите ќе се одалечат од вас заради некои си свои причини? Секој со свој изговор, некој полага, некој е зафатен со дечкото, некој прави нешто сосема трето а ти остануваш сам ? И после тие истите се дрзнуваат да те наречат најдобра другарка!
    Не, не! Не постои веќе такво нешто. Можам да сфатам секакви обврски и изговори ама одредени од нив се толку патетични и провидни лаги така да одбивам да ги прифатам како такви а уште помалце пак да се замарам за да му објаснувам на некој колку не е у право и колку не е фер што за мене никогаш не се наоѓа начин ни време да се видиме ама сепак пред сите останати го носам епитетот bff па треба да се задоволам со тоа и на се останато да прогледам низ прсти.
    Нема врска, мислам дека сум една од ретките луѓе на планетава кои што одлично можат да функционираат и сами, без никој околу нив да мора да ги поддржува за да можат да продолжат понатаму. Јас сум човек кој што премногу се сака самата себеси и си уживам во своето друштво. Имам доволно обврски, драги луѓе и фантазија така што го немам комплексот зависност од другарки со кои ќе морам да трачарам по цел ден за да се чувствувам дека нешто корисно ми се случува во животот.

    Само ми смета, и тоа многу кога некој ми се фолира и глуми лажна љубов и бескрајно пријателство кога вистината не е ниту блиску до тоа.

    Е, знаете што е убаво периодов ? Лепче намачкано со ајвар и изрендано сиренце одозгора. Мх.мх...
    Туширање, па топло чајче од нане за да ми ги згрее коските и како нова ќе сум.
    А вие, имајте пријатна вечер, и сакајте се себеси, на крајот од денот само ние сме важни и никој друг.
     
    На Someonespecial, Daydream, Anja98 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    6.733
    Пол:
    Женски
    Вакво време надвор, Smooth Jazz во позадина, чад од цигара и винце.. ме потсеќа на романтики.. Совршена атмосфера си правам дури и кога учам. :lol:
     
  14. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Ако ме прашате мене,ќе ви кажам дека некогаш зад трепките имав други соништа.
    Денес, сум во потрага по нови.Фантазијата ми е чест гостин,но не сакам таа да ми ја урива реалноста.
    Што реално може.Промените доаѓаат брзо и неприметно нели,оние малите?А истите тие ги градат големите.На крај, чекајќи да ми се стопли водата за чајот,бледо зјапајќи низ прозорецот во ноќта која веќе беше започната,сфатив дека промените ме опколиле,навидум мали,а веќе се читаат.

    Некои личности и чувства ги оставив зад себе,дали беше умна одлука времето ќе ми покаже.Секогаш е така.Подоцна сфаќаме.Не сакам да ме болат годините и деновите,оние минатите.Надвор се случува промена на годишно време.Можеби мене ми е редот.Денес знам дека некои денови секогаш ќе останат замрзнати,во умот ,срцето или нечие сеќавање.


    *Моето мало комшиче ми рече дека на лето он си игра со неговите оси,а сега тие не се тука на пазар се,ми ја испеа пеничката Времето се игубило и дошло дома,ми помогна да го направиме ајварот,ги броевме пиперките,ги учевме боите,и кога треба да го користи зборот извини,ми побара лижавче,а кога ќе порасне сака да стане кловн. :)

    Ладно е да.
     
    На Bescheiden, LittleChili, leighton23 и 19 други им се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.262
    Допаѓања:
    4.332
    СДК дека многу тешко им паѓа низ слаткарниците и рестораните на келнерките да ти дадат чаша вода кога ќе порачаш (а сте порачале и платиле други работи). Како да има некое непишано правило делот од нарачката со „...и една чаша вода ќе ве молам!„ да не го слушаат или не го памтат, дури и кога си на каса! :@
     
    На Bescheiden и Dvolicen им се допаѓа ова.
  16. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Имам голема желба да им поставам прашање на девојките чие тело е во неприродна состојба на секое слика, да не речам што се сликаат прекршени. Дали мислат дека убаво изгледа сето тоа? Дали кога ќе си ја видат сликата си се воодушевуваат на задникот, градите или напрчените усни? Гревчиња, тоа што е убаво секако ќе биди забележано не мора да се сликаш со задникот кон камерата испрчен, па само главата свртена или горниот дел од телото пет минути понапред од долниот дел итн. Или напнати сите фацијални мускули само за фамозната дакфејс. Криво ми е кога ќе видам убави девојки ама прекшени и тоа само затоа што се очајни за внимание, односно мислат дека на тој начин ќе привлечат повеќе внимание. Мириса на очај!
     
    На LittleChili, Someonespecial, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 19 други им се допаѓа ова.
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Не ми требаше ова пред спиење... него... озбилно ова со пајаците низ градините??? :sweat: Неможам... Ако бирократијата во државава не ме убие, ова дефинитивно ќе ме убие.
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    А нели Имелда не беше во Македонија?
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
  20. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Уште кога бев мала не ми беше јасно зашто некои девојки се трудат да бидат пријатни со сите останати. Љубезни со секој, и со оној кој им е драг и со оној кој не го поднесуваат. Вештачки. Тоа не е култура. Не ми зборувајте дека тоа е култура.

    Лажни, несреќни лица.
     
    На Someonespecial, Cacy, Daydream и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.