[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Tonight we hunt !
    [​IMG]
     
  2. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Јас сум личност која премногу сериозно ги сфаќа работите и се` си става на срце. Исто така пресериозно ја сфаќам загубата на некои личности кои одамна требало да го напуштат мојот живот и кои не заслужиле место во него. Иако, свесна сум дека не би требало да биде така и дека тоа е лошо, првенствено за мене, а потоа и за другите.
    A вечерва, се ослободив од уште една таква личност.
    Се надевам местото кое непотребно го зафаќаше таа личност, ќе биде пополнето од личност која го заслужува тоа. Или пак не мора. Подобро нека стои празно, отколку да биде пополнето од уште една бескорисна и користољубива личност. Можам и сама да издржам се`. Доволно е што покрај мене имам личности кои никогаш не се откажале од мене и кои секогаш ќе бидат тука.

    * * * * * * * * * * * * * * *

    Некаде прочитав: "Дај му време на времето...".
    Се замислив. Многу пати сум му давала време на времето.
    И каква корист сум имала од тоа? Никаква.
    Она што треба да се случи ќе се случи некогаш. Судбина.
    Но, кое фајде од тоа залудно чекање со недели, месеци, па дури и години?!

    Сфаќам дека никој не можеш да задржиш, ако тој некој не сака да остане со тебе.
    Сум пробала да задржам покрај себе човек кој бил со мене, кој веќе бил дел од мојот живот, и не сум можела да го задржам, и поради тоа не се ни обидувам да натерам да остане со мене, човек кој всушност не пробал ни да влезе во мојот живот.
    Со сила убавина не бидува...
     
    На leighton23, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Marjan007 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.942
    Допаѓања:
    164.076
    Она кога си ја сакаш работата, ама го мразиш шефот. Поточно те иритира неговата себичност, немање на интегритет и немање на никаква етика!!!
     
    На crazylady, Daydream, Trnche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Kloss

    Kloss Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    14
    Добро ве најдов Queen Elena :hug:
     
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Во последно време јас и црква, well, we just don`t mix. :lol:
    Вчера на молитвата и крштевката на малиот хаос направивме во црква. :devil:
    Пристигнавме малку пред време, ни испеа попот молитва и додека чекавме за да стигнат другите за крштевката, малиот беше штафета, од раце, на раце, сите сакаа да го подржат, да го видат, му се радуваат, што да кажам сите ме знаат од малецка, се радуваат како за свое дете, барем така си мислам.
    Дојдоа сите гости и ајде се почна во најдобар ред, си пееше попот, дојде моментот кога се соблекува бебето за да се избања, леле детево мое кога му се пушти на попот да го тегне зошто го расплакал братчето, бебушот вришти гол, се збутаа во одбрана и маливе внучиња, попот срце го стегна кога ја виде внука ми позади олтарот |( хаос невиден. :rofl:
    Деца трчаат околу попот го влечат за мантијата, ние трчаме по децата, попот сигурна сум дека му се помолил на Бог јас веќе да не му влегувам во црква, само стресови си доживува човекот во мое присуство. :D
    Ајде смиривме тоа дечурланата, продолжи попот со крстењето и има нешто стварно благословено, благородно во недостаток на македонски збор utterly blissful во моментот кога кумот ќе ти го даде бебето со зборовите:
    Ти зедов рисјанин, ти враќам христијанин. :angel:

    Ги собравме најблиските дома на еден ручек со помош од страна нормално, најблиските кај мене бројат преку 20 луѓе (така ми треба кога земав маж со тројца браќа :lol: ) се провеселивме малку, завршивме со кршевката, сега е на ред роденденот на нудистот. :party:

    И уште ово сакам да кажам :lol: , мали деца изгледаат исклучително смешни во skinny jeans, газињата им се напрчиле од памперсот, ноџињата им изгледаат несоодветно тенки во однос на газето и целокупна појава им е комична. :rofl:
     
    На L-enna, BlackPiano, anabel-a и 46 други им се допаѓа ова.
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК стандардно понеделнички си се успивам и доаѓам на раб гз преку глава незз кај ми е мантил кај кломпа и трас! пред пц со кафе. Добро, све у свему ме расони поканата за свадба на еден колега дур си го праев кафето. Не дека не знаев, само мислев веќе се земале. Сеа и на свадба ли да идам беее |( Немам ништо против нив, само ...ај ќе размислам ќе видам... Дневниот хороскоп уште чека... :D
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    утро феминки, затоа што 'добро' остана во топлиот кревет.
     
    На Anja98 и DigY им се допаѓа ова.
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Синоќа пред една година започна да се пишува најубавата бајка на светот.
    Додека од мене вода течеше од кај стаса, а јас се тресев од возбуда, додека паничев, а и сите околу мене, цуца златна реши дека е време...
    Време е за најубавото , најзлатното , најпаметното, најсаканото, најмилото Сонце да светне во нашиот дом.
    И така после долги 13ч, а уште само 2ипол за да биде цела година, се роди зверот мој.
    Ја сакам повеќе од себе !!! НЕ , ја сакам многу повеќе од тоа, а и тоа ми се гледа малку :) Ја сакам најмногу на целиот свет. Посакувам никогаш да не е тажна(освен кога ја карам :P ) , никогаш да не плаче(освен кога ќе се удри ]:) ), секогаш да е насмеана, да игра на сите песни како и до сега( додуша може да ги скокне она турбо фолкот и на едо што одат :tmi: ) и да слави уште 100 родендени.
    СРЕЌЕН РОДЕНДЕН СОНЦЕ НА МАМА И ТАТО :inlove:
     
    На vickyy90, Nati.P, Serafima и 36 други им се допаѓа ова.
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Ушите да ти јадам. Како се распишувала за пајаци пред спиење па си легнала |( , на некој друг да не може да спие. Не се плаши, не е лажната удовица во Македонија. Мада мене ми е страв од секаков, тоа створење треба да се уништи во сите врсти. Ни Спајдерман филмовите не ги гледам :D
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Привилегија е да си малку будалест.

    Си ја подадов душата на Уметноста деновиве, како тацна слатко на пензионер. Ме уби и ме воскресна. Катарза од прв вид. Срам ми е да се гледам на видеата, тоа не сум Јас, тоа е некој друг Медиум низ мене. Сериозна сум. А драго ми е што сето тоа така излезе. Спобудалев начисто, како кокиче што се претвора во бел змеј и оди нагоре некаде, собира огнови од други места и се враќа дома, облекува папучи, пижами со дупче во меѓуножјето и заспива слушајќи албуми на Morphine. Не знам што да кажам повеќе освен дека многу сум благодарна што сево ова се случи, со сите студови, катчиња без суета, кругови со егоа, па наоѓање заеднички точки и тонови, енергии што се преплетуваат па отплетуваат, просто на сите начини се наоѓав себеси.
    Сега следи реалниот свет, планирање денови, одмор и промоција. Студов малку се стопи, таман колку за да ми даде ветер во грб за да реализирам тоа што сакам.
    Она - немам време да немам време, во буквална смисла ќе заличи на максима што ќе се лепи по прозорци.

    Ух, од каде ли да почнам и да не завршам?!
    Перкусионистичкиот перформанс помина во лудило, капути и со тропање на сцена, Бранко од Фолтин со свирче како тренер по будалаштија, ни даваше ритам. Мислам дека добро излезе. Онака, како што доликува за еден настан од тој тип. После тоа, поетското читање. Минус два. Многу луѓе. Први посвети. Смрзнати дланки, ама топли зборови. Се видов со мал, но колосален број луѓе кои ни ја почитуваат работата. Поетики и дизајн = немам што да речам, освен огромно браво за сите кои ја реализираа целата лудорија.
    Ете, моја поезија ќе има на кесички чај и на одбележувачи на книги. Добив и саксии обложени со мои стихови. Веќе ги крстив цвеќињата - Љуба и Нада. Да се знае.
    Зар може човек да посака повеќе? Дизајнериве, меки души. Срамежливи. Ние, смрзнати. Со Даре наздравуваме за тоа дека и во студ и лад, за поезија мораш да имаш глад. Луѓето ќе зборуваат. Ќе негодуваат. Ние, пренесовме порака дека поезијата може да ја има секаде и да биде сама по себе проток енергија, став, насмевка. Живот што носи Живот. И тоа е улогата што ја имаме.
    И јагодата на шлагот - Human Voice Design!
    Група што дисхармонично најде своја точка од вселената. Баш така. Прекрасен почеток, луд финиш. Тие што можеа да видат, знаат што блаботам. Јас, нема ништо да додавам, само ќе кажам -
    Да си она што си, да пренесеш некоја нова идеја и лудило од други светови, е најголем благодет што може ова постоење да ти го овозможи!

    А наредно, да си почастам душа со едно парче од Париз!
    Au revoir!
     
    На Ketrin.Moon, Neytiri и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  11. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Ова беше последното лето,да ми биде срам да излезам на плажа по купаќи. Тоа веќе нема да се случи! Уште од сега треба редот да се фати за наредното лето да бидам главна на плажа :D (се шалам). Само се надевам дека ќе се исплати моето јадење житарици и вежбање,додека другите јадат 7-мица или Вили и одат на кафе... Ова е последна и единствена метода што ми преостанала,за да ја пробам и да ослабам. Ако и ова не успее,ќе се откажам засекогаш.
    И да,конечно дојде зима :inlove: Обожавам ладно,смрзнувачко време. На топло не функционирам :) Ќе ме прогласат за луда ама нема врска,уште снег да падне и ќе бидам најсреќна. Како и да е,гледам во претходните мислења,сите со чаевите,па дај и јас мојот да си го направам :) . Зелен чај.Одвратен.
     
  12. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Си го изгубив новчаникот :( ,не оти имаше некои пари големи,туку беше подарок од мм :inlove: тој што ми го нашол ми е комшија ама човекот,никому ништо не враќа па нема ни мене...нема веза нека си го чува можеби ќе си го носи по дома мислејќи дека е женче :P ...
    Како и да е, џабе ми е да тагувам,па затоа ве честам по едно кафенце....

    [​IMG]
     
    На Barbie20, Ketrin.Moon, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  13. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Совршен викенд со него на планина,а веќе од денес нова недела,нови обврски,нови главоболки..
    Па нели таков е обичајот,нели златното правило гласи "Броените денови брзо поминуваат",а јас тие два дена ги посакував и ги чекав многу одамна,и дур трепнав поминаа..

    Седам завиткана во ќебе и го пијам првото утринско кафе.
    Вчера кога се вратив мајка ми ми раскажа за резултатите и како тоа тетка ми не ја примиле во Македонски шуми,која е самохрана мајка и е 20 год невработена,многу ми падна криво.Отидовме кај неа,видно беше разочарана,а кој не би бил..
    Во оваа наша држава многу лесно можат да ти ја одземат и надежта.А нели надежта последна умирала?
    Само Господ знае од кога е умрена кај овие луѓе.

    Во муабет со тетка ми,таа ми кажа "Внимавај што правиш и добро размислувај,ние сме ти семејство и ние ќе можеме да ти простиме за се,но дали еден ден ти самата ќе можеш да си простиш"?!
    И многу ме замисли,и вистина е..

    Денов ми изгледа совршен за кафе и муабетење со другарка,за јадење на јаболки,за многу кофеин.
    Имајте успешен почеток на неделата.
     
    На kravce, Barbie20, Ketrin.Moon и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    612
    Пол:
    Женски
    Депресија,депресија,депресија...
    Иди па излези лесно од неа...
    Го знаете она чувство кога во стои кнедла во грлото и ве боли? Како да ви умрел некој близок,како да е крај на светот,како сите бродови да ти потонале...
    Си заминува од Македонија на една година...
    Нема воопшто да го видам,само сликите ќе ми останат...
    А толку се трудев,си направив илузија и сега е најтешко...
    Не знам како ќе го истерам периодов... :(
     
  15. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Имам некое чудно претчувство, цел ден ми е како да чекам нешто да се случи..што ќе биде до крајов на денов?? :?: :worried:
     
  16. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    сдк оооо другарке никиииии :D немој посабајлечки жити ја, понеделник е, какво чуство сакаш да имаш у понеделник жити ја?? :D
     
  17. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Исчекување.Дали ќе падни каменов од срце?
     
  18. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    ехх камо да знаев за шо се работии :worried:
     
  19. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.437
    Пол:
    Женски
    Океј, да речеме дека веќе никогаш не очекувам ништо.
    Посебно не од конкретно нешто. Ни од денов, ни од неделава, нити од месецов.
    Само сакам да не ми се повторат кризите од пред некој ден, кога повторно кренав слушалка, ја изгубив и таа малку гордост што ми остана, а за возврат бев максимално повредена и навредувана. Вредеше ли?
    НЕ! Се вратив ама буквално на самиот почеток, ама како викаат, срцето си има свои причини..
    Моево има големи, ама никој освен мене не може да ги разбере. Пробав многу пати да ги тргнам на страна и да го послушам паметот, ама луѓе не е лесно ни најмалку.
    Несоници, разни мисли, флешови, меморирани засекогаш спомени, трајни лузни.. Има ли крај бедава?
    Мизерна сум, дното го допрев, сакала да негирам или не.. Нож ми стои сеуште во срцево, грбов, кај и да е сеедно.
    Душата ми цимоли, моли за нов почеток, но тоа сега за мене е еден голем луксуз. Нема нов почеток, не можам да продолжам со глумата.

    Се откажувам.
    До некои подобри времиња, останете ми вие добри и ширете позитива. Ама најважно бидете вие внатрешно среќни и исполнети, зошто ако не сте, се` ама баш се` е залудно.

    Отидов да се форсирам себеси и денес, куп обврски, волја никаква.
    Ајт, среди се, нашминкај се, искочи од врата, дигни глава и освојувај улици. Зошто луѓе веќе не можам.

    Довиџења.
     
    На Divinebutterfly, awayfromyou, Barbie20 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.