1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Ола ла :rofl:
    Ај бидете добри, нека останат и врсничкиве мои, не ќе сум само јас тука црната овца :wasntme:

    СДК Секогаш давајте се од себе.. И ЌЕ УСПЕЕТЕ !
    Јас- Најголемата плашливка и мрзла на светов, си зацртав една цел која за мене беше невозможна за остварување.
    Погодете што ?
    Ја остварив !
    Да, да. Сакав да бидам најдобра во меѓународниот турнир во кошарка. Сакав да бидам меѓу првите 10 на Крос трчањето. Сакав да ослабам.
    Не само што бев најдобра во меѓународниот турнир, туку добив и унапредување :) Ме преместија во најјаката 3та група.
    Бев 7мо место на Кросот.
    Ослабена сум 5кг.
    Не сум повеќе таа Акуа која во се беше последна.
    Еден чичко и викаше на тетка ми дека треба да биде горда што јас сум им била во фамилија :wasntme: Замислете како се осеќав :rofl:
     
    На I.want.to.sleep, sweet-star и Loly77 им се допаѓа ова.
  2. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Одлична песна. :D
    Горда сум на македонскиве пејачи. :D
     
    На LittlePinky, Trendafilka и anichka94 им се допаѓа ова.
  3. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.540
    Да незнае човек што да прави на ова време
     
  4. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=fuIxIjK9XX8
    Дојдов да коментирам за видеово.
    Сите знаеме што и колку знаење имаат старлетиве и шо ти треба за да бидиш една, ама типкава е мизерија.
    Гледајте го видеово и ќе видите, а пак другаркана бетар од неа :x :x
    Уште шо не шета по светов.... Море то ти тргни од Македонија, па после за свето....
     
  5. Loly77

    Loly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    113
    Сериозно? :tmi:
    До каде оди нашава музика бе?
    Искрено почнувам да се срамам кога ќе стане збор за нашава музика. После криви сме биле што не сме го почитувале тоа што е наше, македнско. Па на што да се гордеам? На ваквите "хитови" што се почесто и почесто се појавуваат.
    Младите генерации се помалку знаат што е квалитетна музика и иако сум дел од таа генерација горда сум што имам поинаков вкус за музика, што фала богу со друштвото не препаѓаме на концерти од Аца Лукас, Цеца и сл. Не сакам да дискутирам или да омаловажувам други вкусови но како можат мене да ме критикуваат бидејќи сум слушала рок метал или па нешто друго.. А ова подобро е??
     
  6. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Се претерува со ајвариве и лутенициве, се претерува.
    Филозофијата на македонскиве домаќинки - живот ќе дадам, ама без ајвар не останувам. После викендот минат покрај ќумбе, денес на работа која размрсулавена ми кива во лице, на која и се фатила кичмата, на која и отекла ногата. Важно ајвар има... Се промовира во тегла од Томи мајонез, со рѓосано капаче. Се истура во тањир од кои мацаат едно десетина жени, дискутирајќи за нијанси во вкусот и бојата. Пржен, попржен, најпржен...Како да е најголема филозофија на свет.
    Друга се фали како децата цела недела само ајвар и јадат. Е, убаво за фалење е.
    Трета раскажува како правела ајвар, во прво лице еднина. Правев, па правев...а всушност правела со свекорот, свекрвата и уште којзнае колку комшивки замешале прсти.

    Можеби ова ќе го сфатите како зајадлив коментар на некоја очајна домаќинка која не направила ајвар. Можеби сте и во право.
    Да се разбереме, сакам ајвар, јадам. Не сакам да потценам нешто што е македонски бренд.
    И јас со носталгија се сеќавам на времињата кога правењето ајвар беше ритуал, настан. Сега е се поинаку, друго темпо на живот и приоритети....и тогаш го немало Мама'с.
     
    На Sexybaby86, ludoto19, ana-girl и 12 други им се допаѓа ова.
  7. ohana

    ohana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    268
    Многу се разочарав од една постапка на татко ми. Незнаев дека може толку далеку да отиде... да ми се развика пред сите во паркче, да ми крева рака и да ме омаловажува. Можеби јас не сум го запознала подобро или што е работава. :x Како и да е, после ова, он нема да ми чуе глас едно подолго време!

    Што сака нека биде, јас заслужувам да си живеам свој живот, да бидам среќна и да не зависам од никој.
     
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Денеска бев на пракса у Завод за рехабилитација на деца и младинци , Топанско поле и СОУ „Иднина“, исто во Топанско.
    И дека незнаевме каде во Заводот да одиме, една девојка сместена таму не однесе до канцеларијата, не праша како сме, од каде сме, дали ни се допаѓа тука. Кој вас последен пат ваков муабет ви има направено, ама искрено, од срце, не ради реда?
    Да, знам. Никој одамна.
    Затоа имам еден апел до вас. Да не се плашите кога ќе видите дете попречено во развојот, дете кое испушта крици или дете кои едноставно не испушта ниту глас. Има такви што ќе поминат и ќе ве допрат и ќе ве намирисаат и ќе знаат кои сте и што барате. Има такви што ќе ве изгушкаат, ќе ви пружат раче, ќе се пофалат дека научиле нешто, и најискрено ќе ви возвратат на тоа што сте биле љубезни и трпеливи кон нив, дека и тие со пренајтешка попреченост прават разлика.
    Тоа ми беше првото, немојте веднаш со сожалувања и предрасуди. Второто и троа поважното. Има кој да се грижи за нив, има луѓе милионпосто посветени на нивната едукација, рехабилитација, за нивното добро. Ама условите се поприлично лоши. Недоволен персонал за одржување хигиена во Заводот, недоволни средства за да се подобрат условите.
    Значи, донирајте, пренесете на некој доколку има нешто со кое може да придонесе, 24/7 сте добредојдени таму.
    Муабетот ми е, доколку имате облека, играчки, садови, било што, се што би помогнало во било кој дом, слободно однесете го, одете и прошетајте се до таму, посетете го Заводот дури и да немате што да донирате. Топло ќе ве пречекаат и во еден момент ќе сфатите оти сте опкружени со поприлично прекрасни души кои расчистиле со границите на своите емоции, и кога нешто е нивно е нивно, кога нешто е на друг е на друг, кога ве сакаат ве сакаат, кога не- не ве сакаат и готово. :wasntme:

    ***
    Патем, пералната ни е конечно во функција, куќата е 100% домаќинска. Го терам да ми го остави лаптопот да пуштам срце на фемина, не оди лесно, ама 1:0 за мене. Го љубам, не ради реда спомнувам, него стварно. Еве, еве, кликам испрати... :emo:
     
    На Elennaa, Espadrila, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.737
    Пол:
    Женски
    ... :!: Некои луѓе порано или подоцна си ги откриваат вистинските лица, им паѓа маската од лицето полека, но сигурно... денес и во тоа се уверив.Таквите луѓе самите не се сакаат, а не пак некој друг.
    Ако почнам да раскажувам ќе напишам доолг пост па ќе го мрзи некој да чита инаку имам многуу да пишувам на оваа тема
    :geek:

    туку ако сака некој да ми помогне би била премногу благодарна
    некој што пишува убави состави ако сака да ми помогне не за да напишам состав туку да ми даде 2 убави реченици за инспирација

    кандидати во л.п.
    :wasntme:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
     

    Прикачени фајлови:

    На srcekrsacka, AquaBlue, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Самото тоа дека генерално како нација, омилена утешна мисла ни е - ехеее, можеше и полошо да биде, види го Зимбабве(рандом) како му е, кажува многу за тоа дека всушност, на сите ни дава мир туѓата несреќа.
     
    На Sexybaby86, ludoto19, mims-89 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Си шеткам така по фамозниот Фб и наидувам на статус од фуфица со преку 200+ лајк-ови, која вика цитирам :
    "Не дека јас немам дечко, туку тој ме нема мене"
    Како да ти кажам злато, не дека имам нешто против тебе но искрено да ми се падниш на бинго не би те земал...Џамбазов да вика да се дери дај му на чоеко дај му на чоеко, бадијала нејќум :shake: .
    Драги феминки имајте убава вечер :hug: ...
     
    На leighton23, kala21, Barbie20 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Фејсбук другарче гнасно
    заради тебе секој ден седам до касно.
    И секој ден иста песна
    па добро бе и нашaта не е лесна

    Пред компјутер јадам-пиам
    Пред компјутер спиам
    Чат пат и очи не се миам
    Само некоа паричка на Покерот да добиам.
     
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Да е жива и здрава оваа фирмава Пелагонија или како се вика, не е битно тоа. Не е битно ни што тегличките се со големина на песник од просечна рака, и што се слатки во форма на глинени грниња, ни што се поскапи од антипасти од порчини од италија. Битното е, направиле и пратиле на напатените души како мене кои шверцале со години тегли по багажи, јас си земав денес ајвар за цело зиме, па вие кажете ајвар сто пати сега, и нема да се лигавам како секоја друга година.
     
    На anabel-a, Peppermint, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Гладна сум. Ќе умрам додека да се сварат тестенинте. Бог да ме прости.
    Не, не смеам да се предадам. Имам битолски сок од портокал во фрижидерот. Ќе го испијам и ќе преживеам. Спасена сум! Ќе преживеам! :lol:
    А бе само правам драми. :D
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.272
    Допаѓања:
    67.878
    Пол:
    Женски
    Ај да ве прашам вака нешто, од кога чесноста стана особина која ја поседуваат будалите?
    Да, дознав дека денес да си чесен е исто со тоа да бидеш будала. Пари кои не беа мои ги вратив и место да ми речат, леле браво, сите ми рекоа ти будала ли си? Се враќаат ли пари?
    Ете тоа. Јас вака будала цел живот сум била, ццц.
    Ееее каде не носи 21виов век. Па во 21 век сме бре луѓе, грабајте што можете, правете што сакате, ич да не ви чуе. Сите вредности се отидени во неповрат.
     
    На mihaela55555, kate21, anabel-a и 27 други им се допаѓа ова.
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.722
    Допаѓања:
    24.310
    Пол:
    Женски
    Го пратив првото CV во една фирма, пуштете ми среќа да ме повикаат на интервју! :) Возбудена сум како за прв школски ден, иако немам големи очекувања. Допрва ќе праќам биографии и мотивациски писма, каква што е состојбата во државава.

    Ама посебен мерак ми прави ова дека ми е прво :D
     
    На LittleChili, srcekrsacka, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    15.737
    Пол:
    Женски

    Со среќа :* само напред, ќе успееш ;)
     
  19. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
  20. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Оној муабет на мужите :

    Леле каква
    пи*ка
    видов“!... Не другар тоа не е
    пи*ка
    што си го видел тоа е жена, а
    пи*ка
    знаеш кога ке видиш :!: ?Кога ке научиш да се однесуваш,изразуваш и бидеш џентлмен 8) а не сељак со тапија :!:
     
    На Decapitated.Hanna, srcekrsacka и cheetah.girl им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.