1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Толку ли беше..?
    Кажи ми само...Толку ли беше се? :doh:
     
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Треба да си легнам. На училиште сум утре. Но сакам уште малку да си поседам овде. Ајде, уште пет минути.
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.042
    Допаѓања:
    165.003
    Скромно по кој пат си заклучувам... Просечните се оние кои најмногу се сметаат за надпросечни и исклучителни, зошто се ставиле веќе на врвот каде тие се сметаат за меродавен судија кој е просечен или надпросечен.
    Најнапатени за внимание се оние кои прават шоу од обичности. Животот не ќе е убав се додека играњето со вашиот сакан во дневната соба е исклучок, кога циметот ќе ви е зачин на посебност, кога описот на нешто рустикално ви буди чувства како да сте во некој стар класик и се додека пиењето чај ви е романтична сцена, мене лично ме потсетува на затнат нос и меланхолија. Тоа е таа тажна потреба да се идентификуваат душите кои се уште немаат изграден идентитет, а саде поетичност на сите страни.

    Денес не знам колку е мудра битката против лицемерието. Секако си искаран со некого и имаш непријатели, додека позади тебе има еден куп верна публика која навива, ужива и само зад грб говори колку мрази лицемерие, а впрочем ужива кога други си го прават еден на друг. Лицемери со лицемерието.

    Ден без пулс, ден без душа. Ден во кој лицемерите си кажуваа здраво, се фејваа, си праќаа срциња по социјални мрежи. И после сакате поубав свет со љубов, а храните ега на празни души?
    Пих.
    Па вие кога резервирате авионска карта мора да ве чини многу. За вас, за егото, за лицемерието, за самобендисаноста, ехееееееее...
     
    На Irida, anabel-a, Markusa2 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    се врви...и ништо не разбирам...
     
  5. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    многу прост народ има .. лелееееее :@ :@
     
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Кога ќе видам кои се споделиле слика со некаква си поучна мисла во смисла - Не ме интересира што прават другите, си имам јас свој живот... ми иде да прснам од смеа.

    И колку што ми се антипатични самобендисани мажи што мислат дека можат да ја имаат секоја девојка, толку ми се антипатични и оние што го тупат дека не можат да фатат девојка(да, има и такви), било тоа низ шега на своја сметка, или низ поетични статуси на социјалниве мрежи дека можеби не се најубави, но се најдобри, дека доцна ќе било кога ќе се сетел некој на добрите луѓе итн итн шо знам јас многу ги има.

    И друго нешто што не ми е јасно: Ти ѕвони телефонот, одбиваш (или доѕвонува само што си решил да кренеш), па ВЕДНАШ ѕвониш назад, и личноста ја нема никаде... Што се случи со телефонот!? Веднаш го фрли!? Го искрши!? Ја голтна картичката!? Нема објаснување.
     
    На sweet-star, sweet-cherry, CuteEva и 9 други им се допаѓа ова.
  7. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    И утре пак тие трауми.
    Од ново.
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.425
    Пол:
    Женски
    Најлоша неискреност е онаа коа не си искрен спрема самиот себе.
    Во вртлогот на лаги кога длабоко навлегуваш и зашлајфуваш како во кал...
    Џабе искреност спрема светот кога не можеш да си искрен спрема себе си...
     
    На Claire, sweet-star, Heleny и 18 други им се допаѓа ова.
  9. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Не ми е јасно зашо некои луѓе ги навредува твоето однесување..
    Не размислиле никогаш околу тоа дека можеби заслужиле таков начин на третирање.. :?:
     
    На leighton23, cigarce, Nymeria и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Понеделнички не бев во школо и супер си поминав со мојата настинка :D Утре се враќаме на старо :?: Всушност денес, 40 минути по полноќ било :o леле луѓе лета времето :x
     
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Скоро секој ден огномети , порано се потресував кога грмеше небото , мислев alien attack.

    Сега веќе се навикнав , ама еден ден ако стварно има alien attack сите ќе мислат еј пак слават нашите за некоја рандом причина .....

    и тогаш


    ќе биде


    предоцна....


    предоцна.....
     
    На Hipster, kate21, Primrose.x и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Животов моментално ќе ми беше уште подобар да не спремав испити...но има и полошо од тоа...

    Замисли се викаш Лара а неможеш да кажеш ни Л ни Р :?:
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.042
    Допаѓања:
    165.003
    Јас знам еден шо пропадна готова фирма за да стане диџеј, па сега вие видете до каде се работите со луѓево.
     
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.560
    Допаѓања:
    289.441
    Вистинската љубов не исчезнува, само го менува својот облик и интензитет.

    Не се претопува заедно со омразата, разочарувањето или лутината.
    Таа била толку длабоко во тебе, толку долго во тебе...постанала дел од твоето битие.

    Мораш да научиш да живееш со неа, на еден поинаков начин.
    После се, ќе издишиш, ќе кренеш главата нагоре и ќе ги погледнеш повторно тие очи.
    Знаеш дека и покрај се е сеуште тука за тебе бидејќи колку и да сте далечни, немате никој поблизок.
    Знаеш дека сеуште можеш да се наслониш на него без разлика на се.

    Знаеш дека можеби не е повеќе твојата иднина, но бил едно минато вредно за паметење.
    Дечко, Маж, Брат, Пријател...

    Се менуваат нештата, се менува и таа
    Љубов :l:
     
    На do-re-mi, Oxymoron, ilipili и 20 други им се допаѓа ова.
  15. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    На форумов најдов една тема- дали се срамите од вашето потекло, во смисла ако сте од село?

    Свашта! Дефиниција за појава на чувство на срам? Има некој поима?

    Кога ќе се освести дека посоти разлика меѓу сељак и селанец?
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Вчера беше ужасен ден.Премногу ужасен за да се издржи нешто такво..Особено на нас сентименталците. Но на крајот од денот имаше една личност што низ муабет ме расположи.

    После дождот доаѓа сонце.(знам дека си ја филозофираат оваа но така е)
    Имајте убаво утро,убав ден!
    :)
     
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    другар од детството ти вели Алкалоид не објавуваат огласи вработувањата им се преку врски-вработен таму :!: му пишуваш на типот од ХР како да ја доставиш твојата апликација-кај нив во фирмата или по електронски пат ти вели огласот е излезен на 4тти Октомври во дневниот печат-кој лаже кој ја кажува вистината :?:
     
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.876
    Допаѓања:
    101.903
    Пол:
    Женски
    Знаете што е добро кога не одите на работа?Тоа што можете да си наполните торбичката со неколку пара гаќи,пижами од најтоплите и да ја спраштите во осамената викендица.За наутро да можете да ја видите маглата која се влече по ливадата,како шушка оревот од дождот,и да ја видите својата омилена детска перница која се уште чува некој сон.Да видите како сонцето се игра со карираната завеса,стариот шпорет кој одамна ја игубил својата мис титула,ама се уште страшно топли.Нурнувањетто во старите ковчези на баба ми ,од неколку големини,кои за чудо се уште не ги нападнал црвот на времето си чуваат спомени во себе ,алишта ,понекоја играчка,се она што дома е вишок таму е пренесено.А нужникот си е приказна за себе.Знаете тој е онаму на крааааајот на ливадата.За да извршиш физиолошка потреба ти треба 5 минути одење до него,ама затоа птиците ти се верни сопатници ,ма колку и пати во денот да го посетитете. :D
    Бев себична ,ги оставив сите и нурнав сама во тој свет.Ми требаше тоа,бев гладна за слики ,Христовото лице од бледата икона,измрцвареното мече од децата,мојата единствена ќелава кукла.Ги открив повторно книгите на Есенин,како сум заборавила дека ги имам...Безброј слики и кога очите се отворени и кога се затворени.И тогаш пред очите ви пукне видикот на целиот ваш живот.Мирно се навраќате,анализирате,толкувате,споредувате,осудувате...и на крај пуштате да оди,само од себе.А ливадите,моите ливади приказна за себе.Разбудени спомени кога со прстите поминував низ датумите врежани на кората од дрвата кога еднаш со тато ги обележувавме.Има и по некое срце со иницијали од тогашните љубови.Навраќање на сеќавањата колку што можат да застанат во едно трепнување на окото.
    Штета што морав да се вратам,имав закажано ранде ву со забарот.И тој е единствениот маж во животов што ми ја избриша солзата која се стркала од крајот на окото кога ми ја шибна инекцијата со анестезија.Кој ѓавол ме тераше да ставам навлаки,и сега да живеам живот на сламка.Се покајав,ама назад нема,само терај напред па до кај стигнеш.Зашто да пиеш кафе на сламка,супа на сламка,вода на сламка тешко е и болно, барем за мене која имам низок степен на толерирање на болка.
    Имате среќа што постов не е во аудио запис,да ме слушнете како шарматно шушкам кога зборувам :|
     
    На do-re-mi, ilipili, ozbilnazena и 27 други им се допаѓа ова.
  19. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.052
    Утрово одејќи на работа, наслушнав една жена и мајка како се жали дека и се скршил ноктот. Колку само голем проблем беше што едниот нокт бил пократок од другите, какво разочарување...

    Кога јас ќе имам таков проблем? Кога за мене единствено разочарување ќе биде скршениот нокт? А не неговото бледо, исплашено и разочарано лице кое како да вели: „Зошто баш мене ми се случуваат овие работи?“ И неговите зборови: „Веќе ништо не ме радува.“

    ;(

    А толку се трудевме, со толку голема желба и ентузијазам работевме за да ја постигнеме нашата цел. И на крај, токму во моментот кога требаше да се радуваме... Животот е толку непредвидлив. Но, јас сеуште се надевам на добро!

    Господе, зарем ние немаме право на среќа и радост во нашиот живот? Или тие денови, едноставно, поминале?
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Добро утро. Ми се јади ми се плаче :D откако залади јадам ко теле некое кој што прави -јас си џвакам. Добро е, сеуште не ми се приметува, али кај и да е ке биде :D И толку, одам да јадам сега :D
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.