[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Никој никого не мрази без причина, на што се сведува овој заклучок? Си се пронаоѓам во оние големи обожаватели на животни па затоа прашувам ;)
     
  2. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Заклучокот доаѓа од набљудување на поголем број луѓе од таа категорија. Погрешно се изразив, замразуваат за банални причини (што гледано од друг агол и може да се нарече омраза без причина).
     
    На Dvolicen и vitomir им се допаѓа ова.
  3. Victory15

    Victory15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    161
    Како ми тргна денес со турбофолкеркиве :D
    Од сабајле ме дрмаат Цеца, Славица Чуктераш, Аца Лукас... :lol: :tmi:
     
  4. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    Знам дека самоубиството за ништо не е решение.Јас бев првата против тоа.Ама сега не мислам повеке така.Зошто да живеам и како? Во школо ми зборуваат се и сешто,со дечко ми постојано се карам,добив 1,имам еден неоправдан (си викате,се поправа оценка и што е изостанок,но до 8-мо мн изостаноци имав и слаби оценики,добро е што не ме избркаа и затоа моите и онака немаат доверба во мене),и татко ми нешто ми викаше,мене ми се смачи и реков дoста веке.И затоа ме маваше по глава со сета сила.Стварно ми е доста.Го молам Господ да ми ја земе душата.
     
  5. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Толку лесно се откажуваш од животот?
    И ова ќе помине... :) :*
     
    На eliesaab и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ево овако. Седејќи со момакот, гнетејќи салата од компири, дојдовме до една тема много додирљива, много интересантна...

    Замислете, која цивилизација сме, која чудесија, за нашата потреба од кењање имаме изградено цел систем што почива под населените места, да не речам кралство.
    А ние сме на тронот.

    [​IMG]

    Е сега, да не беше ова кралство па кај ќе живееа Нинџа Желките, нели? На здравје, кралови, кралици, престолонаследници од секаков тип, слободно кењајте.
     
    На Trnche, Antoninaaa и Markusa2 им се допаѓа ова.
  7. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    И јас сум во оние страствени обожаватели на животни :) И не, не мразам луѓе за банални причини, можам да замразам некој само ако малтретира животни :)
    ******************************
    Денеска ја научив The Cup Song и цел ден си тропкам и си ја изведувам со чашката :D Се чувствувам среќно, а незнам зошто :D Би била уште по среќна ако немав историја за учење :envy: Мразам историја, најтежок предмет ми е за учење а и наставников последниве часови се мене ме испрашува :devil:
     
    На sofijanoka и sweet-star им се допаѓа ова.
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Ме гребе грло, ме болат мускули. Да ја отвориме шмркавата сезона.

    На факултет има добри шанси годинава да немаме парно. Се мислам ќебе да си оставам некаде. Не ми беше тоа муабетот. Муабетот ми беше каде отиде културата и дали некогаш воопшто била тука. Ајде нека ми објасни некој како може господинот да јаде мекица во автобус. Со едната рака ја држи, со другата си кине парченца, па од време на време и за шипката ќе се задржи. Друго, кој ги лаже децата дека фраерите во автобус стојат на врата? Абре пола автобус празен ти на врата најде да се бесиш?! Во искушение сум книга да напишам Авантурите во 2-ка. Аман веќе, па дај научете луѓе што значи култура, основна, не барам Ниче да ми го цитирате.

    Работа турбо на се и сешто, затоа што луѓе се нафаќаат да завршат нешто и на крај го оставаат. Кажи ми бар однапред за да си испланирам. Да можам, ќе соберам рало животни и ќе се криеме под ќебе. Сега дополнително читам една книга за кучиња, комотно мислам ќе почнам (лажам продолжам) да го поздравувам маалското куче наместо комшиите. Барем тоа е доволно културно да ми мафне со опашка.

    Многу убо песниче
    http://youtu.be/O8687gGaQGs
     
    На Hipster и Shelea им се допаѓа ова.
  9. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Навистина незнам..Седам и туку одеднаш помислувам на него.Во себе си велам се најдобро за него.Но,па од друга страна кога помислувам колку е злобен со останатите и дека не ги цени ме предомислува сосема.Незнам,незнам во бунило сум...Незнам што е исправно а,што не е.
    Знам,многу пати го прочитавте зборот незнам :D
     
  10. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Ми навираат спомени.
    Клепките ми тежат,едвај си дојдов дома,ќе заспиев на сред пат.
    Ама тука е легендарното нескафе 3 во 1.
    Во шишенце (не било кое,баш изворска,поради тоа ми навираат спомени) си мучкам 2 нескафиња со млака вода.
    И еве пробувам да се рефреширам зошто ме чека бурна ноќ. :D :D

    Исто шишенце,иста причина,лош тајминг,носталгија...
    Ааах,Тетово... :| :(
    Мисс ју,самр 2013!
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Не сум на твое место,и не би сакала да се правам многу паметна,но сепак ќе ти дадам некој совет.
    Дечкото-сеуште одиш во школо,не си возрасна па да мислиш на мажење,врската ти е повеќе за забава.Не мора да ја сфаќаш толку сериозно на тие години,тоа не е некој голем проблем.Потоа,слабите оценки и изостаноците-тоа е нешто кое може да се поправи,ако вложиш доволно труд и имаш волја ќе се среди.
    Но сепак ти учиш за себе,да имаш знаење,а не за оценката напишана со пенкало во дневникот.Како и да е,никој во животот нема да те цени помалку или повеќе заради оценките од школо.
    И за крај,родителите.Верувам дека само сакаат да ти помогнат,немаат лоша намера,тебе секогаш ќе те сакаат.Можеш да им ја вратиш изгубената доверба,ќе те разберат :)
    Да не ти се мешам премногу,самоубиството не е никакво решение,проблемите не се вечни,можеш да се избориш со нив,а не само тукутака да си го одземеш животот-кој е еден и единствен. :)
     
    На Baroness и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Убав ден.Уште поубаво искористен.Максимално.
    Сончево време,мирно небо,тихо ветре.Милина.
    И онака,сабајлечки од кревет директива во кола,и со љубениот да доживуваме патешествија.
    Куклица,Гиновци..баш цел ден го поминавме таму,сами.Конечно сами.
    Држење за рака,неуморни прегратки,страствени бакнежи...
    За првпат бев таму.Преубава природа,амбиент,поглед.
    Понекогаш ми фалат такви моменти,јас и тој,сами,таму некаде,изгубени од се и секого,изгубени во простор и време..
    http://www.youtube.com/watch?v=p9w_1vHKSB0

    **
    Друго што сакав да кажам,низ нашиот живот ќе поминат многу луѓе.
    Некои ќе се задржат,ќе останат со нас покрај се,а другите...Е тие ќе го вртат погледот во толпата.
     
    На richgirl998 и Barbie20 им се допаѓа ова.
  13. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    34.277
    Пол:
    Женски
    Се учи теле не се учи вол.
    |( :wasntme:
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  14. senorina

    senorina Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    16
    она коа имаш убава недела се додека не ти се појави некоја икс персона од минатото на сон или јаве и не ти ‘сјебе‘ све! фала мн. |(
     
    На Rama и richgirl998 им се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    15.886
    Пол:
    Женски
    Незнам како можат да бидат вакви децата :^) ..
    Па јас ако учам на школо незначи дека сум бубалица, туку се трудам понатаму да пробам самата нешто да станам во животот, без да ми биде потребна помош од некој. Наместо да гледаат што ќе направат понатака, да не се споредуваат со другите тие ... а најсмешно од се е тоа што мислат дека ако нивните родители имаат пари тие не треба да работат. Да, да секако. ... така си замислуваат. ;)
    Постојано се грижат за оценките, ако добијам 4 (што еднаш или двапати се случува годишно, ништо страшно) веднаш со коментарите од типот: па како така ти си совршена .. бла бла.. никој не е совршен,ниту јас. Ниту сум сакала, ниту пак ќе бидам совршена.
    Има и други девојки коишто учат во класот, но постојано им се умилкуваат на машките, а потоа само јас излегувам бубалица.А згора на се‘ и тие што се прават ,,другарки,, од класот никаде ги нема.
    А, и убаво си рекол човекот, секоја чест за него
     

    Прикачени фајлови:

    • femina.jpg
      femina.jpg
      Големина на фајлот:
      53,6 KB
      Прегледи:
      331
    На LittlePinky, Someonespecial, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Секој ден станувам се повеќе нестрплива.
    Ја очекувам зимата.

    Снег. Мраз. Студ. Ветар. Премрзнати улици. Лизгави патишта. Зима. Тоа е мојот свет. Тое е моето годишно време. Иако во лето е жешко и сонцето не грее,не топли дури и премногу,во зима можам да ја почувствувам таа топлина на различни начини. Во зима може да ме помилува топлината што ми ја даваат најблиските,и со неа се топлам. Обвиткана со ќебиња и јоргани,гледајќи како надвор преовладува студ е најубавата толина што можам да ја почувствувам.
    Следат празници. Зимски празници. Со семејството на маса. Тогаш се појавува семејниот дух. Нова Година. Блескаат огномети на небото. Снегулки полека се спуштаат и се топат во моите дланки.Започнува година во коjа се надевам на подобро.
    Зимски распуст. Деца растрчани му се радуваат на снегот. Снежни топки насекаде. Некои прават снешковци, големи и мали. Анѓелски лик на снегот. Некаде ќе видам хаски на кои во очите им се гледа дека се пресреќни што има снег и конечно се на тоа место каде што треба да бидат. Снегулките не престануваат да доаѓаат се повеќе и повеќе затоа што им се допаѓа тоа што ги чека доле. На лизгавите патишта гледам се санкаат деца. А оние помалите,родителите ги лизгаат. Иако студот не плаши со неговите ветришта и мразулци,тој ни дава некаков поинаков начин за да се стоплиме едни со други.

    Затоа...насмевнете се. Зимата доаѓа.
     
    На QueenElena, leighton23, Barbie20 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.853
    Допаѓања:
    15.886
    Пол:
    Женски

    Кога досега си и простила 1000 пати и лошо се однесува со тебе таа не ти е вистинска другарка ;)
    :!: Од такви ,,другарки,, сум се изгорела многупати затоа памет за друг пат
     
  18. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    12.629
    Пол:
    Женски
    Оваа и следната недела ми се едни од понапорните недели,многу тестови,многу испрашувања, а малку време за учење.Не е лесен средношколскиот живот ама на свој начин сепак е убав.
    Единствено нешто што ме нервира овие денови се оние дуксерите и блузите на кој пишува The North Face.
    Како униформа се ! Сите ги имаат,кој зелена кој розева кој сина ! Па од кај ги наоѓате бре, пола гимназија носи такви блузи/дуксери.
    Да не должам девојки,сега морам да одам да повторам.
    ПС: си добив петка по македонски :dance: и пресрекна сум си ! :rofl:
     
  19. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    Уморна, главоболка , изнервирана ...Што ми е на мене...?!

    :( :?:
     
  20. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    755
    Со блаженство и бол,
    гледам-а не можам да видам.
    Неовдешна магла
    покрива се`.
    Останува само шепотот
    на тишината.

    Ми рече „Оди си!“.
    Јасна молитва-прости зборови.
    Осамени во болка,
    се преслушуваат.
    И мигот
    и вечноста.

    Каков ли заговор
    ќе постане на заборавот?
     
    На leighton23 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.