1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    СД ви К дека денеска Ана ќе ја измалтретира косата и ќе ја фарбам во карамела боја!
    На здравје нека ми е.
     
    На Miss-Independent, Strumfeta93, Gordana10 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Пазар ти е институција бре. Пазар ти е место кај што ќе најдеш сВе, дури што не си знаел дека постои.
    Пазар ти е место кај што може да те украдат. Пазар е место кај што може да украдеш.
    Пазар е место кај што ќе сретнеш од господин во одело, до сељак со влечка лајнарка калосана.
    Тоа ти е место на пазарување и на милионер и на социјалец.
    Пазар ти е место кај што ќе сретнеш продукти поскапи и од Веро, но некои поефтини и од набавна цена.
    Пазар ти е место кај што купуваш од 100 грама за дома, до 100 килограми за твојата продавничка.
    Тоа ти е место спој на мириси од бугарски парфеми, смрдливо сирење, пластика што корне, до свеж мирис на зеленчук и овошје.
    Тоа ти е едино место кај што ќе најдеш ориЏинал Армани и ВерсаЧе.
    Место кај што има Тимберленд чизма која притоа не пропушта :!:
    Пазарот ти е единствената мобилара у градов кај што си најдов маска гумена за мојот мобилен у дреч боја.
    Пазар ти е место каде среќаваш деца од градинка, до баби и дедовци кои излегле на геријатрија за една пазарска прошетка.
    На пазар може да го комплетираш цел изглед од кодури, чарапи, фармерки, блуза, јакна, ракавици, марами, капи, ташна, новчаник, па и да се опремиш со технологија од Ајфон4е, до телевизор плазма и радивце. Мож и кола да купиш.
    И тоа ти е единствено место кај што слободно може да продаваш петарди и ракетки без притоа да те казнат. Тоа ти е единствено место кај што законите не постојат.

    А тој што не го сака пазарот тоа е поради тоа што не знае да ужива во него.
    Абре секое одење на пазар ти е различен доживљај.
    Го сакам пазарувањето на пазар, само таму имам сплет на смеење и нервози во исто време, а и полни кеси за малку пари ;)
    Радост на костени, радост на бон бон од милк шејк, радост за марули, радост за капа плетена, радост за лампион, радост за ракавици, радост за јаткасти плодови и суви сливи ... ма за све :D
     
    На mims-89, Hopeful, Hipica и 22 други им се допаѓа ова.
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Положив возачка и ја заокруживме 2011 со положено све :rofl: :rofl:

    иако беше тешко сепак на крај среќата ги прати храбрите ... и да се заблагодарам на сите тука кој не возевте , кој не пешачевте низ раскрсниците и ми овозоживте да се провозам со комисијата ...

    патем едниот што седеше позади , заспа и хрчеше :lol:


    А бидејќи заслужувам една песничка да испејам , ја мислев додека возам



    And Now ladys and gentlemen
    The duel of the week ..

    The 2 times champion Yipmannnn

    versus

    The witch woman Nazlieeeeeee
    BEGIN !

    Nazlie

    Добро утро дечко
    Ајде убаци во прва не биди влечко
    Ќе се возиме низ раскрсници тешки
    И места кај што неможеш да одиш пешки

    Сакам денес да те паднам јас
    Зборот "Падна" за моите уши е бас
    Спремни сме младичу мој
    Лев жмигавец и заврти го воланот твој

    Јипман

    Последната битка бев со говеда
    Па така беше твоја победа
    Се молев на господ назли да ми дојде
    Оти само кај нејзе сакав мојата кола да пројде

    Ти напред си седна , а позади лошите мажи
    Каде сакаш да возам ти кажи
    Брм брм на секаде правам
    Душа за возењево давам


    Цацко од к-15

    Шо мислеше , шо мислеше , ка те ондаше
    Шо мислеше , шо мислеше , ка те ондаше
    Назли натаженааааа
    оти не е маженаааа


    Јипман

    До крајот стигнав
    И на згодна девојка и намигнав
    Солзи кај Назли течат
    Комплекси на мене неможат да лечат

    Десен жмигавец млад господине
    Од овие тешки раскрсници води-не

    Назли назли џабе да ме паднеш мука твоја
    возачката е МОЈА



    [​IMG]
     
    На mims-89, Artemission, la-chicka и 25 други им се допаѓа ова.
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Ме нервираат оние филозофски т.н самопомагачки мисли, ми се :puke: од нив. Да, убаво ќе беше се да беше розово како што е напишано во нив. Ајде на почетокот имаа некоја смисла, ама сега кој ќе стигне пишува нешто „поетично“ |( Им даваат погрешна слика на луѓето за светот, а најмногу за себе. И така јас се уште не можам да разберам зошто некои суштества на планетава си мислат дека немаат пријатели зашто сите им љубоморат (WTF!?), или дека штом зборуваат секако за нив значи дека вредат :^)
    Срцки тие.
     
    На lovely91, manja666, angel92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Здравејте.
    Убава саботава :rofl: Си седам дома од сабајле, поточно си дозволив да станам неколку минути после пладне, што е за мене за нигде, цел ден отиден ... ојден и не преферирам така ама па до касно синоќа работев нешто.
    Некако ми е убаво. Иако сонував лошо, повеќе баба ми ја погодија матните води околу нашата куќа него ли мене. Со милиони матни бури фамилијава се соочила, па не верувам дека ќе се појави нешто со кое не можеме да се избориме.
    Јас првично сакам да сум човек што нема да се замара со ништо ...
    а вчера му плачев зошто другарка ми ми се испонаша како да сум гомно ... значи, навистина сум контрадикторна како што би рекле вие, ама се трудам.
    Ништо не сакам да допира до мене. Ништо, освен тој и моите.
    И сега ми текна дека на брат ми не му пратив честитка ... со истиот брат ми денес јадевме маргарин и сирење и испивме два литри млеко.
    Татко ми си навраќа некои спомени, а на мајка ми и стигаат нејзините честитки поточно сметките ... и секоја им чест што колку и да немаме, колку и да е тешко, пак ни викаат деца каде за нова година, треба ли да си купите нешто, сакате ли нешто ...
    А јас моментално не сакам ништо ... сакам слободен ден за мајка ми, и сакам секогаш да се такви какви што се ... зошто да не беа тие, немаше да бидам ни јас.
    Сфаќам дека ми се оние денови во месецот, не ни имам добиено, го замарам ос глупости и будали мисли, а не го ни прашувам како му е, иако се грижам и премногу, не знаеме каде за нова година ...
    Мислам мислам размислувам премислувам ...
    а тоа и е мојата мана на која работам, да не се грижам премногу, воопшто, ич по можност.
    А тој во тоа ми помага ... и добар е.
    Слушам некои баладички кои ме смируваат ...
    Ми го смируваат немирот што го чувствувам внатре ...
    Како нешто да ми тежи на душата а не знам што ...
    Ми тежи грижата, за глупостите ...
    Но набрзо ќе ја снема.
    Денов е убав ... релаксирачки ... наредниве три дена ме чекаат обврски од кои нема да можам глава да кренам, ама чувството кога ќе ги завршам и после ќе легнам со главата врз него е повредно и од прајслес.
    Уживајте, денес, утре, секој ден ... :)
    http://www.youtube.com/watch?v=pAyKJAtDNCw&ob=av3e
    Секогаш ќе ми остане една од моите топ 3 песни ... кога си ја слушам како да ме облива некоја нежност, некоја милост во душата ...
    Пробајте, само замижете и помислете си на сите мали работи за кои треба да сте среќни ... и видете дека на вашето лице веќе има насмевка :)
    http://www.youtube.com/watch?v=V1bFr2SWP1I
    Држте мечкарска искрена гушка ...
    :hug:
     
    На bittersweet, TeddyGrey, Artemission и 3 други им се допаѓа ова.
  6. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Сабајле се будам со телефонот до мене. Очекувам резултати..
    На цел именик се јавив, немаше никој да ми каже. А ме мрзеше да се м`кнам до факултет.
    ... И после некое време, телефонски повик..

    Положив.
    Оцена како црното топче на билијард.
    Ми тргна годинава со 8-ците.
    [​IMG]
    Ако бил расположен професорот, 9ка ќе имам, но јас ја немам таа среќа.
    Доволно ми е што положив.
    Вриштам од радост цел ден.
     
    На Hipica, LilBaby, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Каај сте бе 8)
    Ме нема да шкртнам нешто на форумов ама па слабо стојам со време дека последна недела.... :)
    Декември само, ми ја разубави цела година! Со нетрпение чекам да дојде следната година, и имам доста високи очекувања од неа. :wasntme: ^_^
    Оваа година ми помина најбрзо досега, како вчера да беше кога се запишав во средно.. :^)
    Морам да кажам дека ова школово ми го промени животот за 360 степени(иако малце учењето ме збудале ама нема врска) на подобро! Не ми се верува колку среќа имав што работите ептен ми се погодија. Класот, професорите, останатите деца, буквално се...
    Ее вака кога ќе си размислам убаво за се сфаќам колку уствари е убав животот, и колку знам да пекам за глупости понекогаш. |(
    Ама сега сум свесна за се, за се што ми се случува и што имамм а и сум многу благодарна за сето тоа...
    Посакувам да е секогаш вака, и ќе пробам секогаш да останам позитивно и да гледам на добрата страна од животот(што мислам дека нема да ми биде толку тешко)..
    Уживајте во остатоков од годинава, искористете го месецов максимално...
    Смејте се и сакајте. :l:
    I'm sending you hugs!:))
    п.с. Си го поправив двојчето физика! :rock:
    [​IMG]
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк

    не не неубав ден !
    :| :|
     
  9. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Толку многу работи се случуваат, се изгубив тоталка и не знам главата кај ми е, ниту пак нервите. Среќа, извадив газ во школо, по последен пат се вадам на стара слава, ама од второ полугодие ќе мора поозбилно.
    Не знам дали сум единствената која што не ја чувствува новогодишната "магија", а толку ја сакам и секогаш и се радувам. Сега немам со кого. Со тато уште не сме ни украсиле по дома, ама па, за кого?! За јас и он да си гледаме колку ни е убаво? Овие денови ме боли разделеното семејство, сакам мама да ми направи руска салатичка.
    А иде Бадник, па роденден, па слава. Со кого? Сама.

    И уште нешто.
    Сакам планирање. Тоа ме дига деновиве. Следнава година ќе ми биде(да се надеваме) турбо, матури, Швајцарија, Миконос, факултет.
    Здравје Боже!
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ми се поклопија картите, ѕвездите или планетите во чија моќ изрично не верувам, ама последниве неколку дена ги прогласувам за повеќе од успешни. Едноставно коцките се наместија, некои работите дојдоа во својот ред, а јас спокојно можам да ја испратам старата година.

    Грицкам кисели моркови и краставички за да ја симнам насмевката од моето лице, постојано потсетувајќи се на онаа старата: Многу арно, не е на арно.
    Ама нека трае. Барем за момент да го погледнам светот преку розови очила.
     
    На PrinceOfPersia, Divinebutterfly, mims-89 и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Cherry picking, suppressing evidence, or the fallacy of incomplete evidence is the act of pointing to individual cases or data that seem to confirm a particular position, while ignoring a significant portion of related cases or data that may contradict that position.

    Поука - црешоберачи, дури заморно е колку сте очигледни |( .
     
    На julie77, sesilija и Doozy им се допаѓа ова.
  12. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Многу убав ден денес. :wasntme:

    Сонценце, мајка ми и сестра ми во пакет, прошетка низ Скопје... ^_^ Па топличко вака да ти дојде на душичката, малку да видиш и ти раат. Продавници, луѓе, раздвиженост. Се возеа двете на вовчето на Плоштад, јас седев на една клупа и им мафтав, се отепав од смеење. Сакаше сестра ми да се слика со еден Дедо Мраз, многу убава слика добивме. Ги шетав наоколу, ме шетаа, сестра ми како и секое мало дете, збесна и не знаеше што попрво сака и не сака. Ова го сакам, не не не, не тоа, ова... Ама прво тоа, па ова, а може двете наеднаш?? :rofl: После преморени се бапнавме на фотелјите во станчево, не мрзеше и да зборуваме. Ги испратив сега, здравје во новата година ќе се видиме.

    Јас утре полагам, после знаете како одат плановите. Мислам, надежно така ќе одат плановите, ако не одат, џабе се нервирам, затоа што не можам ништо да сменам.

    Ху, ху, ху. 8)
     
    На bittersweet, zhap4e, Hiii и 7 други им се допаѓа ова.
  14. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Денот кога ќе се почувствуваш со многу друштво, сите се околу тебе , а ти си толку осамен...

    На лицето ти сјае прекрасна насмевка, а капки црвена крв капат од твоето срце...

    Денот кога ќе се почувствуваш толку високо, а веднаш потоа и толку ниско....

    Денот кога ќе мораш да криеш зошто си тажен и принуден си да и кажеш на личност која си сигурен дека ќе те разбере...

    Денот кога доаѓаш дома од на училиште и слушаш таква потресна вест што ти доаѓа да вриштиш на целиот глас , а ти и покрај таа тежина не го правиш тоа.

    Тоа е ден кога ќе сватиш дека си созреал...

    Денот кога ќе разбереш колку всушност значи твојата мајка, и всушност разбираш дека можеби и ќе ја нема ...
    Денот кога ќе ја слушнеш како тивко плаче и ја прегрнеш зошто всушност мислиш дали вистински си ја сакал неа како таа тебе ....

    И срцето ти се кине како лист хартија и посакува да престане да чука ...

    Разбираш дека горенаведените проблеми се ништо за нејзиниот...
    Извинете за оф топиков ама морав да напишам некаде , зошто навистина ќе полудам од болка
     
  15. MysteriousG

    MysteriousG Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    28
    Овоа ми беше врв да се расплакам .. така цел ден ми беше ужас а и јас го имам тука некаде слична приказна ептен допре до мене ;( ;( ;( биди силна што и да е ке помине... :(
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    НЕ, НЕ, НЕ! НЕ Е ФЕР!
    Во какво школо учам јас, по ѓаволите, во какво. Абе, само кај нас се стават 4ки за НЕодење на ниедно испрашување. Какво е тоа оценување кога дотичната на ниедно единствено проклето испрашување не е присуствувала, а има 4. Има оцена иста како мојата, а јас на сите испрашувања се тресам од страв, а знам многу повеќе од неа. Плукам на образовниот систем. После државата им е крива на професорите што од овде излегуваат пропалици и слаби ученици. Да, има се’ послаби ученици, но за тоа сте вие криви,не некој друг, вие ставате оцени на некои што појма немаат што учат, а важно со просек 5,00 излегуваат од школите. Го мразам овој период од школската година, кога има највеќе неправда. Си учам за себе,ама ми се одмилува и школо и се’ кога гледам што се’ постои, едноставно се’ ова ме демотивира. А, медицина е, ние утре ќе ги лечеме луѓето.
     
    На sweet-cherry, Hopeful, Lov3 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Ако полоа септември и цел октомври надвор мирисаше на ајвар, цел ноември на печена ракија и костени, цел декември мириса на БАРУТ (читај петарди) :@ . Е стварно ми се смачија децава од моето маало, и јас и брат ми сме биле малечки ама повеќе сме им се радувале на жижиците одколку на петардите. Не го гледам задоволството во истите. Ја фрлаш и пука, јака м*да, за џабе си фрлил пари само |( .
    Полагам за 2 дена, а за 5 дена е нова година, мене искрено сеедно ми е, никаква возбуда не чувствувам, битно мило ми е што си останав на зборот дека годинава нема да фрлам пари за фустанче, нови чизмички, шминки, нокти, пари за резервација во некој кафич. Епа браво за мене :clap: . Ке си бидеме со љубениот заедно во викендица кај него и ништо друго не ми треба :inlove: :inlove: .
     
    На Tinker-Bell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.240
    Допаѓања:
    67.756
    Пол:
    Женски
    Помислата на тоа што треба да се направи е всушност потешка од самиот чин.
    Затоа многу работи остануваат ненаправени.
     
    На TeddyGrey, Hopeful, Bright и 4 други им се допаѓа ова.
  19. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Новогодишнотооо е тукаа!
    Во Веро одам и што да видам цела Македонија се собрала, апла мислиш гратис се даваат.
    Во Џамбо треба да си супермен да прелеташ преку рафтовите. Патиките ми се лом од што ми испогазија теткици кои сега им текнало купуваат поклончиња.
    Не ме сваќајте погрешно, не сум хејтер ама кога ќе ја видам проклетата гужва косата ми се крева! Во Аксесорајз фамилијарно почнале да идат и сите се раштркале, па ништо не може да видиш!
    Сите купуваат, но еуфоријата од порано ја нема, сега купуваме утре ќе жалиме за парите што сме ги дале. Се расфрламе со парите што ги немаме и жално е што цел јануари ќе ги оплакуваме парите. Не викам да не купуваме туку малку со усул(не ми текнува по адекватен израз за ова) има дана за мегдана што би рекла баба ми. Не е крај на светот па мора се да се купи.
    Е јас треба да бидам министерка за финансии! ХАХАХАХ
    Бидете ми поздравени и уживајте во празниците :) :*
     
  20. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    Сакам да кажам... дека градот е преубав, волшебен и светски, но новогодишна еуфорија не се чувствува, гужва има но не како минатите години кога не си можел да се разминеш, плоштадот празен, Дедо Мразовците висат... и така поминувајќи низ ГТЦ налетав на нешто што позитивно ме изненади, а тоа е ЧИТАЛНА! http://1000knigi.com.mk/ под МОН, најубав потег досега, па би сакала низ цело Скопје да се отвораат вакви работи, во секоја населба да има, наместо овие споменици и кичераја по градот ова е полн погодок, плииисс МОН ај уште по една во секоја населба. Читалната е светска, ми ја зголеми желбата за учење. :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.