1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Чекајќи го својот Годо, сфатив една работа: дека не треба да го чекам!
    И така премногу работи чекаме во животот. Барем она што е за грабање, да го зграбаме. Направете еден вестерн поглед, замавнете со јажето и оп околу вратот. Нема кај да бега, е нема...

    Време глупо, притисок ми паѓа. Енергија нула, па јас никогаш не сум била волку кротка :?:

    Него, имав еден бивши (пред новиот бивши) кој сакаше да ми се заканува дека ќе ме фрли од тераса. А јас знаев дека по тие празни закани, следува секс... овај, нашите хормони сакаа да се плескат. Гонење низ стан, те мразам, плакање, колнење, трескање врати, па ќе ме бутне на ѕидот да ме „помилува“ малку... Ах тоа беа денови... Мислам дека сакам да му се вратам :whew:


    СКД2 Само луѓето ја имат способноста да се удават во сопствената плунка :puke:
     
    На Neytiri, zhap4e, Divinebutterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  2. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк добив новогодишно пакетче :dance: :rock: :rock: од мама и тато.

    Ова беше за насмевка во овој напорен,стресен ден.




    Ајде на чоколада,сокче,лижавчиња,карамелки сакам да го споделам со вас пакетчето :D

    Сите сме деца во душите.
    Децата во нас никогаш не умираат!
     
    На zhap4e, Divinebutterfly, Hopeful и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    79
    СДК дека одвај чекам да дојде 5и за да испадне новата епизода од the vampire diaries :@
     
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Скоро еден час се изначитав убави мисли во темава.
    Ех, какво чувство е само со чаша Нес 2/1 и СДК пред мене, и уживам.

    Влегувам во вашите мислења исто како да се нурнувам во вашите приказни преточени со слика, но без тон и ги впивам сите зборови, и точките сосе нив, и уживам.

    Да, такво ми е чувството кога ја отворам темава.
    И покрај убавото расположение кое го побудија во мене вашите мислења, ова мое мислење го посветувам на безрбетниците, оние кои се јавуваат по потреба, односно кога имаат своја сопствена потреба.


    Тие безрбетници се јавуваат пред важни настани. Матура, испрашување, полагање колкоквиум, испит, и сл. потреби. Тогаш се забораваат претходните 4-5 недели поминати без да се крене слушалка да се праша како е некој, што има во животот, како тера, има ли нешто ново.
    Сите овие прашања се поставуваат откако ќе се те исцрпат максимално, и ќе ја постигнат својата зададена цел. НЕКОЈ се мачел, не излегувал со недели за викенд, пишувал страници и страници, тетратки и тетратки, затоа што полесно го совладува материјалот така, додека ДРУГИОТ излегувал, се ду*ел со партнерот, јадел, серел, идел на концерти, и на готово ќе ти го побара твојот труд во кој си вложувал многу ноќи и денови, ноќи и денови во кои си се скичмил на тетратка, те боли грб, рака, нозе. А тој ДРУГИОТ на готово ќе го ископира твојот труд, или ќе го земе да си го научи.
    А тој НЕКОЈ е глуп, тој НЕКОЈ сака да помогне и е добар, тој НЕКОЈ сум ЈАС, за жал...
     
    На Artemission, Hopeful и Doozy им се допаѓа ова.
  5. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Убав ми е денов, убаво време, убави личности околу мене, убави работи се случуваа денес, многу насмевки и смеа. Сакам повеќе вакви денови, сакам кога сум среќна, сакам кога и оние кои ми значат се среќни, тоа ме исполнува.

    Приметив дека почнав да се радувам на се и сешто, посебно им се израдував на дечињата кои со голема радост добија пакетчиња, па насмеани трчаа наоколу за да се фотографираат со омилениот лик од цртаните филмови. Душички мали, ми оди да ги изедам сите од што се слатки. :wasntme: А јас стојам некаде во позадина и на сите им се смешкам. А до мене, тој, „посебниот“. И како гром од ведро небо ми ја фати раката да прочита што ми пишува на неа, не да бев изненадена, едноставно не можам да опишам, изразот на лицето ми беше :o дали е тоа можно? Никогаш не сме направиле муабет, освен контакт со очите, никаков друг вид на контакт не сме имале. А потоа и другата рака, нели, да прочита што пишува и таму. Е тука веќе изразот друг ми беше, веќе бев насмеана од едното до другото уво. :rofl: Барем нешто да прокоментираше, туку не, тој само се насмеа и климна со главата, ама ајде не се жалам и тоа е нешто.

    Туку, доста со љубовниве јадови. Веќе не се препознавам себе си, досадна сум си самата на себе секојдневно зборувајќи за љубовта. За жал или среќа, има некои кои мораат, а други кои не мораат да ме слушаат/читаат што кажувам. Сега друштво ќе ми прават Нес кафето и книгата историја, омилените мои.

    П.с. Фемина ме зезна, таман си напишав се што ми лежи на душа, ми го избриша постот, а потоа нема враќање назад. А новиов пост не беше тоа што сакав да го кажам, нешто друго сакав да кажам, ама па веќе не ми ни текнува што сакав да речам, ми отидоа мислите, а и зборовите повеќе нема да се исти. :(
     
  6. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Осамена сум, тажна сум ..
    Тука е, а исто како да не е.
    Тој може во еден миг да ме насмевне, веќе во другиот да ме направи тажна.
    Имам потреба од него, имам потреба да слушнам ТЕ САКАМ, но не, го нема да ми каже те сакам. Ми треба, а го нема.
    Нашата приказна постојано се повторува. Постојано сум јас таа која е повредена, а тој не може да го види тоа. Одсекогаш сум сакал некој што ќе ме сака искрено и што ќе ми посветува внимание и кој што за мене ќе се бори, против судвината и против се друго.Toj се однесува како се да е во ред, како да ја имаме најубава врска на светот. И повторно за да не се лутам, ме обвива од лажна среќа, лажна надеж. Ми треба нешто повеќе, тоа што ми го дава е зрно. Тоа што ми го дава е малку ..
    Ми треба да ме насмевне.. Само тој знае како..а него го нема.
    Вчера бев среќна..
    Денес сум тажна ..
    Кој знае утре што следува. :)
     
  7. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.562
    Допаѓања:
    9.640
    Убаво е да си дома.
    Да те разгалуваат баба и дедо, да ти ги готват омилените јадења и да ти кажуваат колку си им недостигала.
    Да заспиеш во прегратките на мама после толку многу години спиење во сопствен кревет.
    Да ги обиколуваш продавниците со пријателките, да пиеш чај со рум во студените вечери под новогодишните светилки во омиленото кафуле.
    Да договараш собиранки со луѓе кои ги немаш видено со месеци.
    Да заборавиш на милионите обврски кои те очекуваат по празниците.

    Мене дома ми е најтопло.
     
    На TeddyGrey, Hopeful, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Го добив моето прво новогодишно пакетче!
    Mini toblerone ме пречекаа под елката :wasntme:
    [​IMG]
     
    На Crixus, PrinceOfPersia, Buttterfly и 10 други им се допаѓа ова.
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Во шок и како потресена 15 минути скокав по дома и на моите. Мојот есеј е еден од победниците на еден натпревар. Ахам, да од цел Балкан моето бебе е едно од десетте бебиња победници. И не, нема парична награда (првото прашање на брат ми), ама има објавување во книгичка и радост која не прекинува.

    Откако си се пофалив себе, да ги пофалам и пензионерите изненадувачки пристојни беа денес, дал пензија примиле, дал новогодишна еуфорија ги дрма нешто мора да биде.

    Наместо да учам прееска слатко си заспав со една мачка од едната и друга од другата страна. Чувството кога на брачен кревет спиеш стуткана за да има место за мачката....непроценливо.

    и во 22.22 поздрави праќам до Лапонија и назад.
     
    На bittersweet, caroline.costa, Buttterfly и 26 други им се допаѓа ова.
  10. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Колку е интересно кога се враќаш дома и елката е падната а виновникот за тоа е твоето кученце, кое дотрчува од другата соба со трака заплеткана околу него, лампион по некоја случајност закачен на огрлицата и лампион-ѕвонче во уста.

    Се бев припремила на викотници од страна на мајка ми и татко ми, кога тие фатија да се смеат како ненормални некои добри пет минути. Ја накитија елката и си легнаа.
    Не, не е тоа што го барам. Сеуште ја нема онаа семејна атмосфера. Нема ни да ја има, помирена сум со тоа. Колку што бев блиска со тато ми толку сега ни е разладена врската. Опсесија му станаа парите, кои сега за сега ги нема. Постојано е нервозен, туфка, маршира низ куќа.. Не ми обрнува внимание. Незнаев дека толку ќе ме погоди тоа. Кисне по цел ден на работа, кога ќе се врати оди во спортска обложувалница се враќа касно и си легнува. Ќе ми фрли пари само, како на свињите кога им фрлаат помија и то је то народе. А со мајка ми пак колку што ни беше разладена врската, толку сега се загреаа работите и сме уште поблиски.

    Не е ова уште една од жалопојките од кои се жалите на форумов!
    Нема ниту да се самосожалувам, ниту да кенкам и да се трескам од земја. И на форумов ти се скратува правото на искажување, се некој ќе се најде да ти мрчи затоашто ти мрчиш или ќе мрчи за некој пост во кој се мрчи за друг мрчаторски пост, сака да се кара и тако даље. Туку, муабетот ми беше дека ќе ги издржам уште овие три дена и после нурнувам во водите на 2012 и ќе пливам многу побрзо, ќе одржувам рамнотежа и ќе бидам појака.

    Фак јеа.
     
    На MandyLane и enca.69 им се допаѓа ова.
  11. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    СДК дека сакам да си го фанам Пеџа од Прељубници за дечко 8)
    Колку ми е само секси кога ќе ги стави тоа наочарите на глава...мх мх :P

    :rofl: :rofl: :rofl:
     
  12. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    моментот кога ти доаѓа другар на другар да ти го направи компјутерот, а бетер ти го расипува. |(
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    СДК .... Насмевнете се, свето е поубав кога ти се смееш :D
     
    На Hipica и feferona им се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Малце поише го отупев.. НОО!
    Уште 3 дена и распуст! Oла ла, ола ла ли, ла ла ла ла ла ла.
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На Doozy, zhap4e, Rozich и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    СДК дека обожавам да ја читам темава. :) :) :)
     
  16. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    трагично е. |(
    Елката не ми е накитена - сеуште.
    Ми се чини дека нема ни да ја накитам.

    сакам елкаааааа! :@


    се ќе беше ок, ако не ме мрзеше да си ја накитам.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Сакам да беше вистина кога ќе речам - E од утре веќе не се замарам за тоа и тоа! :|
     
  18. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Сум кажала и пак ќе кажам: Музиката е чудо. Нешто најпрекрасно.
    Една песна што ја слушнав случајно ме врати неколку години наназад. Ми разбуди некои чувства што сум заборавила дека ги имам. Ме растопи беее. Затоа вечерва се враќам 5 години назад. Така ми одговара и така сакам. Ако ме бара некој, не сум тука :D
     
    На Peperutka90, L-enna, Hopeful и 4 други им се допаѓа ова.
  19. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Сдк јас најлоша ќе излезам во темата за модни критики :tmi:
     
  20. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.468
    Жена во ПМС е полоша и од самиот ѓавол во живо :!:
    Барем јас бев таква денеска.
    Едно време се смеев ко зелена, па бев расположена ептен, па го кренав носов до таван и се намуртив, па пецкав и му забележував на дечко ми за се, па бев налутена и молчев ко намќор, па се карав, па плачев, па се однесував како идиотско бебе, па се смирив и на крајот завршив како мирна како јагне.
    И ај не пиј сега! :tmi:
    Од една страна блазе им а од друга тешко на мажите. Тие не ги доживуваат овие и слични работи наеднаш за многу кратко време, ама пак не` трпат нас во вакво издание.
    И дечко ми денес така. Кутриот, може уште има флешови од моите испади. Да ми беше некој друг ќе ме тупнеше од земја. Извини злато, што да правам, и јас не сакам!
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.