[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    Веке неможам се да чувам во мене, ми доаѓа да отидам на некое место и да се извикам и да се ианаплачам дека во овој свет никој не те сваќа. Mногу ретко кога некој ке каже ‘Те сваќам!‘ ама не всушност само ти знаеш како се чуствуваш. Зошто секогаш јас? Зошто е така? Дали јас сум проблемот или живеам во околина што луѓето секогаш гледаат на секаков начин да те исмеат на некој нивен начин.. До кога ке трае ова? Зошто секогаш јас сум им на мета на исмевање? Сакам само еден да ми каже, ЗОШТО?!? ;(
     
    На LittlePinky и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Шетањето по кејот на нашиот Вардар може да не доведе до одредено ниво на спокој. Притоа да се ослониме повеќе на нашето сетило за слух, а да ги затвориме очите и да си го затнеме носот на одредени места.


    Не сакам да ми бидат во близина мажи кои за животни партнерки земаат жени-украс, уште и за кои сметаат дека се глупи и на кои не им даваат право на глас.

    Иритирачки е фактот што постојат луѓе кои влегуваат во брак со партнер кој не ги исполнува.
     
  3. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.264
    И Скопје како Париз има мост на Љубовтa

    http://republika.mk/?p=139231

    Според она што ми го имаат кажано паровите ,пријателите, ...за да биде љубовта помегу нив двајца вечна се запишуваат имињата на катанец и катанецот се заклучува на мостот а клучот се фрла во водата.Со тоа љубовта помеѓу нив двајцата ке биде засекогаш.

    [​IMG]
    [​IMG]

    ако некој подобро знае за оваа традиција нека каже...
     
    На hermosa, LittlePinky и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Кондоми? :^)
     
    На Trendafilka, bittersweet, Someonespecial и 35 други им се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Петоков си го резервирав за себеси. За мали ситни, неважни ѓоамити нешта, ама ете така. Спокој што ми фали, ми треба, ми дава одмор како ѕиркање низа калеидоскопски двоглед, во сите бои, ама и од далечина сум си Дома.
    Стар џемпер, какао, некои нови музики, сурфање, цртани филмчиња и скајп со Него. Лакирање ножни прстиња и прередување џемпери. Со жениве вчера се разбиртијашивме во најконфузната меана во живот во која сум била - ИнВино. Дискобол, Нотрдам, телевизор, црвени светла, коњопои, подрум во кој не се гледа кој пие кој плаче, и сето тоа залиено со шприцер. Главава ми знаеше денес како се одржав. А и на работа богами не беше баш прибрано. Затоа и сега се оддадов вака, на една скрибоманска терапија. Утре сум на Матка да истражувам нови хоризонти од старо место, а во недела планот е да се пее но да не се пие! Ај и тоа да видиме!
    Но, некако сета мирнотија на деновиве си ја апсорбирам како со сунѓер. Во сите делови, и од телото и од главата.
    Се истрошив емотивно и полудено деновиве. Со моја пичола бевме на шетање во Чаршија и додека ручавме петка со кромид во Турист, ни седна едно деде на маса, нарача "црна кава" и на староскУпски ни го развлече денот како лента од старо кино.

    Доктор по професија, со три деца разбегани низ светот. Со речник кој мислам дека со диктафон требаше да го снимам за да ловам зборчиња и цели кованици што никогаш претходно не сум ги слушнала. Тага и носталгија, но и надеж во зборовите. Што би рекла една моја колешка - абе остај тоа, пациентажа! Можеби и така изгледа, кога ќе ви дојде се’ одеднаш. И лекции, и тага, и докторска дисертација, и вредоносен систем граден за време на војна и постземјотресно, и тоа се’ така фино распослано на коцкаст чаршаф низ две голтки кафе/ракија и мирис на зажарени ќебапи. Скопје во отсечок на две генерации. Ние од еден распаднат систем кој остави долгови, тој од седум системи кој оставил не само долгови, ами и мртви идеологии.
    Се’ е идеологија, би рекол Жижек. И нашите потиснати стравови и ставови што некогаш успешно ги зашиваме во длабокото, но секако испаруваат. Дали низ мисла, гнев, песна, статус, игра, бол заради некое сеќавање, се’ е некаква идеологија. И не можеш а да не си помислиш каков старец би бил. Старица еве. Ко кај Хармс? Crazy cat lady? Со кошница полна книги или прототип на баба што ќе ги носи внуците на театар и ќе се надева дека нема да ја ограби некој додека парадира со шешири по улици?
    Појма неам. Пијам какао и си го мислам носот на Адријан Броди. И мачорските сини очи на мојон. Како ме шета низ париски уличиња и пиеме кафе во Café des 2 Moulins, а јас си купувам чадорче со апликации од Амели. Срцево ми се растреперува. Не знам што ме чека во животов, ама знам што јас чекам. И што ќе добијам.
    Се потресов за вестите денес. И истовремено ме фати благ напад на паника дека животот е краток а јас работам администрација. Па се плеснав во чело. Жива сум и имам надежи. Имам планови.
    Ама... И нели, тука завршува се’. Ако продолжам, ќе почнам да јадам муви.
    Петок. Време за себе. Онака, како кога се самогушкаш, зошто освен Ти, никој друг не може да си го подобри, а богами и зезне животот.
    И мекици. Еее, мекици! Како сум ја прекршила диетата денес...

    Брусници, ореви, леќа за ручек, и ооооп, две мекици со сирење прееска. Еднаш се живее. Еднаш се мекнее.
    Се’ друго ќе биде прашина.
     
    На L-enna, Trendafilka, ana-girl и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    СДК....ви текнува на муабетов :lol: епа julie77 дефинитивно си пророк
    АМА....нека ви текни и на ова
     
    На LittlePinky и Someonespecial им се допаѓа ова.
  7. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Абе неможе баш секој проблем да се реши со разговор. И пре пре ПРЕмногу ме нервира кога за било кој проблем решението ќе им е - па разговарај, само така ќе се реши.
    Не, бе, некои мочковци сериозно заслужуваат некој да им мавне добар ќотек па никогаш повеќе да не му текне ниту да те погледне а не пак да те малтретира психички или физички. Нема секој доволно памет за да седне и еден разговор да му ја смени точката на гледање на работите.
    Или пак пријавување во полиција. ако чекаме нашата ни државичка и полицијата да ни ги реши проблемите, тешко дека некад ќе се извлечете од срањето во кое сте западнати. Неможеш да пријавиш татко во полиција бе затоа што те удира, и да го пријавиш верувајте ми ништо нема да се реши. Не живееме во шпанска сапуница, освестете се!
    Некои проблеми едноставно немаат решение освен ако не одлучите да не им придавате важност или пак да се најдете на потполно различна страна од онаа на која е дотичниот кој што ве малтретира и така вашите животни патеки нема да се повржуваат веќе.

    Многу сум благодарна што сум опкружена со нормални луѓе, благослов е.
     
    На nikiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    ...досаден денн :^)
     
  9. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    :!: памет
     
    На Madonna, Thallia, sofijanoka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Δ
    Паметот кај чавките веќе отишол и така и така |(

    Ќотек? :^) :P
     
    На bittersweet, Thallia, lolyta777 и 13 други им се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.863
    Допаѓања:
    101.713
    Пол:
    Женски
    Не помага,ја истепал татко и ...
    Можеби некој со сликовница да и објасни дека има само 15 години?
     
    На bittersweet, Lepaaa, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  12. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Најлошо од се' е кога на некој близок му е „тешко“ да направи некоја работа која вам ви е многу битна.. А вие длабоко во себе знаете дека би го направиле тоа и 10 пати за него ако е потребно.
    И баш тогаш кога ќе поверувам во вистинско пријателство, ете ова се случува. Секој за себе си гледа. Се разочарав.
     
    На Elennaa, Someonespecial, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  13. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Oва со јавните запросувања ми стана толку претерано.
    Разбирам љубов, ама секој втор пар веќе јавно си даваат прстени. Не знам стварно дали така бракот повеќе ќе им функционира или дечкото не е сигурен дали ќе прифати, па сакала-не сакала, јавно срамота е да одбие.
    Па, сето тоа проследено со видеа, екипа од луѓе, плачки, лигавења...
    Интимен чин е... Баба ми и дедо ми, не се венчале во црква, па ете педесет години живеат заедно во слога.
    Изгледа јас сум демоде и старомодна. Извинете :wasntme:
     
    На eliesaab, 1209, LittlePinky и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Сонував сон.Се исплашив.Го молев.Зошто?
    Сонував сон.Го губев.

    На мојот ангел му се закануваат од небото.Ќе ми го земат.О боже,те молам.Имав соништа знаете.Сонував за насмевки.За прегратка пред спиење.Сонував за спомени.За љубов.Имав.Имаше и тој.Сонувавме заедно,се губевме во нив.Нашата љубов беше тажна како есента.

    Но сега знам дека ништо не боли како заканата од смртта.
    Ме боли секое вдишување,ми се кине душава,срце немам,не ми работи не знае за ништо освен тага,болка,страв и солзи.Многу.Животот го исплачев.

    Денес,мојот свет се урна.Јас сакав само среќа.Јас сакав само живот.
    Немам сила.

    Ќе си заминам, ќе бидам твојот ангел чувар засекогаш.

    Само сакам да ми вети.Вети ми дека нема да ме оставиш сама.

    Не можам.Погледни горе,небото.Дојдов да се збогувам.Ова е збогум.

    Од оваа ноќ јас повеќе нема да сум истата.
    Ги потрошиваме деновите.
    Болеста го убива.
    Некои нешта ќе останат недовршени.
    Неколку месеци...Остануваат месеци.Живот?Умирање?
    Јас само знам дека времето поминато со него, за мене беше единствено среќно време.
    Дојдов да ви кажувам за моите соништа.Ноќва ви кажувам за нивното умирање.
    За моето.За изброојаните денови.За тешките денови кои ме чекаат.За надежта која умира.
    Каде погрешивме јас и тој?Го гушнав најсилно.Не ме испушти ни тој.Колку цврсто треба,кога знаеш дека е последен пат?
    Доцниме. Многу доцниме.
    Јас ќе си заминам од тука.Не можам да живеам вака.

    Ве молам,живејте го секој момент.

    Запомнете ништо не е повредно од животот.
    Сеќавајте се на мене како девојка со соништа.Не ме паметете по тага.

    Ако тој си замине на небото и ме остави сама,од мене нема да остане ништо.

    Чувајте се.


    Сакам да им кажам на моите девојки Ariela09 ,Anonymous996 ,Francais,vw girl,Umbrella22.


    И сите девојки...знаете дека сите сте ми мили.

    Секогаш,ќе мислам на вас.Чувајте си го видот од солзи.Душата од тага.

    Каде стигна мојата тага?
    Ви испраќам возови со среќа.Ќе дојдат, чекајте ги.
    Еден ден.

    На месечината ќе и недостигаат моите погледи.Мене вие.
    Цел еден свет. Цел еден живот.Ме боли се.

    Сето ова празно требаше да биде полно. А празно е. Толку многу празно.
    Секогаш се плашев од смртта.Од заминувања,тишина и осаменост.

    Со последни сили ви пишувам.Ми ги читате последните умирања.
    Господ да ве чува.
    Бидете среќни.

    Со љубов и неизмерна тага вашата

    Кетрин

    ...со солзи се потпишувам.

    Ако никогаш не се вратам...ве чувам во срцето.Сите.

    Ми заспиваат сништата.
     
    На Tajnaotrovna, MSkorpionka, ludoto19 и 23 други им се допаѓа ова.
  15. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    583
    Утрво и небото плачеше. Не верував дека навистина се случила толкава трагедија кога поминав и видов лента стоп полиција и огромен број на полиција.....Заминав на пат, денот помина прекрасно. Но, само што влегов слушнав за трагедијата...Бев преморена и мислев дека ќе кегнам и одма ќе заспијам, но еве уште се тресам. ;( ;( ;(
     
  16. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    Кетрин нозеве ми ги поткина. Солзи ми предизвика. СТРАВ!
    Да речам ке бидеш подобро се ке се среди, вака така - нема - затоа што свесна сум дека таквите коментари ке предизвикаат повеќе болка.
     
    На Ketrin.Moon, sanjaeva и Dog-lover им се допаѓа ова.
  17. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Ја гледам Фармава на алфа и се потсмевам..... Шо напрај бе брат??? Со сторе со мешање ова Србинкиве...?? Па и камерата дирек в газ....него каде на она мешање :lol: Они су луди мајке ми :rofl:
    Ма само нека се забављат ;)
     
  18. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    ранобудец до даске, па и кучево со мене стана (што е чудно) :D
     
    На sofijanoka, LittlePinky и CoverGirl10 им се допаѓа ова.
  19. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Добро утро! Убав ќе биде денов,предосеќам! :dance: :party:
    И еве денес супер ми започна денов,се разбудив во 7,ја нахранив лепотицата моја (почнав повеќе сува храна да и давам,не ја одбива) и си седнав да читкам. :)
    Појадував,еве малце на нет,ја гледам и утринскава на Сител и така...
    Пак ќе читам,па ќе учам малце...После планирам и да ја шетам срцката моја. :inlove:
    Па и времево за мерак,сонце,мх мх мх. :D
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    Ај гледајте си го животот ваш,живејте за себе.Прости луѓе.Што ви е гајле за другите?Џабе сте го трошеле времето на мене со глупави коментари. ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.