[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    Ќе се колнат во тебе, ќе им веруваш па ке те изневерат.
    Ќе ти подадат рака, па ке ја повлечат.
    Ќе те натераат да сонуваш во подобро, па ќе те разбудат.
    Повторно и повторно. :'(
     
  2. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    1.860
    сдк вчера додека гледавме слики со сопругот дојдовме до една слика од забавиште и тогаш дознавме дека сме биле школски :lol: и вчера цело време школски си се викаме
     
    На Espadrila, Barbie20, LittleChili и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Утре ми е роденден. :)
    Никогаш не сум сакала родендени. Тоа за мене бил само еден обичен ден, ништо повеќе, навистина незнам зошто така. :D
    Мајка ми ме изненади ќе ми прави торта со знакчето на Баерн. 8) Отиде сега да купи црвена пренхранбена боја :geek: . Со татко ми ми кажаа дека ми купиле нешто што одамна сум го посакувала :?: или е дрес или нови копачи, друго нема :D . Туку ај дур не е вратена да ја разронам куќава,да прочепкам нешто.. можеби ќе го најдам подарокот, ако не го најдам, ќе неможам да заспијам до утре. :rofl:
    Ојдох ја. :*
     
    На Barbie20, LittleChili, Elennaa и 15 други им се допаѓа ова.
  4. ohana

    ohana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    268
    Кога имаш девојка која те сака, која е убава, паметна, добра и искрена, сите ти зборат дека те заебава и дека си папучар, а ти уствари само ја сакаш. Тогаш, за да испаднеш фаца, се променуваш и почнуваш да се понашаш како кретен иако знаеш дека таа не го заслужува тоа. И на крај, кога ќе те остави, плачеш само затоа што си ги слушал љубоморните луѓе.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.945
    Допаѓања:
    164.099
    Знак дека созревам е тоа што повеќе имам самодоверба без шминка, него ли кога ќе се нашлапам и се осеќам глупо, едвај чекам да дојдам дома и да се измијам до дното на душата.
    А и рака на срце, подобро изгледам без шминка, него ли со неа, шо знам...
    Па тука некаде не го сфаќам овие со нацртаните усти до нос.
     
    На cigarce, Trnche, richgirl998 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    660
    Се разбудив со повик од мајка ми |-) сонлива не ја разбрав што зборува.Првиот поглед го упатив кон белата рамка чија слика беше со мене и тој, тоа мое најмило мое. Доручкував мусли.Потоа ги зедов слушалките и трчав.Добро, супер...трчав.Изминав неколку луѓе кои ме поздравија но јас не ги поздравив.Не знам што ми се случува мене.Добро овај период тебе те запознав, супер е периодов...листовите во жолта боја ме асоцираат на лани овај период но што е со мене ? Што ми прави есента ? :?: Трчав и паднав.Добро ништо страшно само бев занесена од песната.Појдов дома и татко ми и и мајка ми ми се јавувале но телефонот ми цркна, немав батерија.Јадев риба.Повторно критика кон се.Не сакав баш риба.И не сакав компири.Зошто ?! Што ли е со мене ? Мора ли на се да дадам негативна критика ?! сакам да те гушнам ? знам дека сме така оладени, но зошто ? Ние сме двајца заљубени кои ќивееат за љубов.Ти си тој кој ме прави среќна и не се сомневај каде сум.Знам дека си ме барал додека тел ми бил исклучен.И не ти се јавив, но добро сум.Сакам да знаеш дека сум одлично.Уствари не :!: нешто недостасува, нешто фали во целава моја приказна.Недостасуваат твојте бакнежи, бакнежи по целото мое тело.Ќе ти се јавам на поноќ....точно на поноќ.Кога повеќето ќе си легнуваат, сакам да те слушнам...сакам само 2 зборчиња да ти кажам.Те сакам и да се надополнам со ми недостасуваш.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Еден ден ќе жалам за времето што сум го изгубила на интернет.
     
    На LittleChili, richgirl998, Nymeria и 5 други им се допаѓа ова.
  8. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    А јас нема да жалам, дека на фб еден другар ме уче турски.. И после викајте компјутерот не е корисен, јас тука како некој шеф си учам јазици 8) :rofl: :rofl:
     
  9. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    има денови кога се чуствувам отфрлено и несакано од целиот свет, освен само од една личност.
     
  10. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    СДК дека оваа банда тука не е ништо поразлична од останатите банди. Јадни нереализирани перничиња за пудра... зошто ли мислев дека тука може да владее поинаков дух? :fubar:
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Абе од нереализирани шовинисти преку.. ;)
     
  12. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Преубав ден поминат со свекрвами , золвами, зетот и душичето наше малецко ми го разбуави денот, по прв пат рече ВУЈНА :inlove: :inlove: :inlove: Да ни е живо и здраво сонце најубаво, уште и љубовта моја да беше тука се ке беше совршено само тој ни фалеше но тугина јабана тоа е тоа.Околу мене само прекрасни луѓе беа денеска се надевам цел живот ке бидеме така среќни сите заедно :inlove:
     
  13. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Убав мирен ден. Лајк ит! Би можела да се навикнам :D
     
    На Barbie20, zhap4e, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Не се разочарувај дечко. Сатурдеј најт е, не дреми со нас тука што ќе си легнеме уште малку, само да го испиеме какаото, и со децата што немаат дозвола за излез( ако има други кои не спаѓаат во овие две категории,што сте седнале дома млади и убави и вие?). Излезете, издискајте се :D шејк ит шејк ит, изгорете малку енергија, нека ви затупка срцето по некоја појава, па вратете се дома касно( unless you get lucky ), и со насмевка да си легнете. Не бидете толку озбилни, рано ви е, најозбилно.
     
    На Barbie20, Doozy, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    644
    :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • o.jpg
      o.jpg
      Големина на фајлот:
      77,7 KB
      Прегледи:
      351
    На Barca-Gril му/ѝ се допаѓа ова.
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    shot through the heart

    Дечко ми сакаше да го гледаме. Немав претчувство за што ќе биде.

    Вчера плачев тивко. Плачев за нив, плачам и за нас. За сите кои сум ги видела а имале злоба во очите. Каде е љубовта?

    И жалам што некој ги воспитал така. Жалам за секој кој се обидува да зафркне некого.

    Пред се сите сме луѓе.

     
    На Barbie20, Mama25 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  17. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Јас не сум таа што се извинува и кога не е виновна. Јас не сум таа која ќе плаче затоа што некој имал лош филм во главата. Не сум таа која прва ќе започне разговор со некого кој сам си нашол причина да не разговара со мене. Не, не сум таа. Знам што сакам, колку сакам и зошто сакам , умеам да проценам кога грешам а кога сум во право. За крај, не ми треба никој на кого не му требам.

    Мене тинејџерството одамна ме одмина. Сега знам дека секој може без секого и дека од љубов никој не умрел. И деца мои, љубовта доаѓа од мозокот а не од срцето. Срцето само си пумпа крв. Без паники ;)
     
    На Barbie20, Trnche, richgirl998 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. senorina

    senorina Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    16
    она коа чекаш нешо да се деси, да се јави, пише, седиш ко будала на сите можни социјални мрежи.. вибери-мибери,скајп,фејсбук..... гледаш дека е онлајн сакаш да пишеш да прашаш за причината за тоа кај си згрешила, зашо те однеле у 300 п.м.... ти се крши срцето но шо ќе праиш со таа пуста гордост... ах далечино проклета!
    а да беше тука се‘ ќе беше подруго... :doh:

    пс. мртва-уморна. :yawn: |-)
     
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.863
    Допаѓања:
    101.713
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ми било јасно како некој може да го заболи некој орган а го „нема“.На пример срце!
     
    На Barbie20, Mishela, Lov3 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Јас прееска дојдев за сосема друга причина. Мислам, дојдев од причина да одморам главата од денеска, причината си остана, ама не дојдев да кажам тоа што дојдев да кажам. Збунувам? И јас сум збунета. Збунета и ненаспиена од прошлата ноќ.
    Не знаев дека има нови техники во медицина а да не ги знам, или да не сум наидела да прочитам, ако се земе во предвид дека сум била прв контакт на работа за прва помош неколку години и тренирана до степен, ако морам да користам оние машини, незнам како се викаат на македонски, не е битно тоа. Што сакав да кажам?

    Страшно е кога човек ти се слогави на сред улица. Вчера, пред мене. И знаеш, си трениран, знаеш што треба да правиш, не само што имаш тренинг, туку секоја година одиш на рефреш. И стоиш и гледаш во хорор, не мрдаш, додека некој друг сосем случајно зазема контрола, и додека прави масажа на срце на тотален непознат пее на цел глас стејинг алајф, за да држи добар ритам, луѓе веќе викаат на телефони по помош, некој паметен вика `нели да елефант` римата е прав за тој ритам, таа пеј ја, додека женава уште на сет глас се дере а а а а стаинг алајф и му буквално крши ребра на човеков. Цела вечност помина додека помош стигна, јас уште не мрдам.

    Оваа вечер ја најдев рекламата на Бритиш Харт Фондејшн, со Вини Џонс, од каде женава научила како да дава масажа на срце и со кој ритам. Јас години пракса, не мрднав од шок.
     
    На Peppermint, Doozy, Mama25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.