[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
  2. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    фил ја бро :?:
    Али донт в'ри,деј ар ол сејм. :hug:
     
  3. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    уморна сум од се...накаде да трчам попрво? :@ има ли некој од професориве милост или толеранција? Па еден професор не предава се, кај еден ученик да научи се?
    А ти па, ај малку смири срамот, викни ме да излезиме, би те гушнала силно, ама ми е страв да не заплачам...
    Животот е тежок....
     
    На fatamorgana123 и Dark-Lady им се допаѓа ова.
  4. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Има денови како денеска и вчера, денови во кои ги проколнувам моите Крајници и се каам што не сум ги извадила(да, со големо К пошто се замислиле дека се најбитни!). Значи доволно е само малку да се смене времето, или само еден да каже има вирус, и ете ја Ана напрчена со гној на крајниците, температура, затнат нос и болки во дробовите од кашлање... |(
    Ајде трчи по аптека која е отворена во ниедно време за да си купе доктор Офболи аугментин од 1 грам, па нормално дека знам сама да си дијагностирам што терапија да примам - кој антибиотик, само ми требаше мала консултација со матичниот преку мобилен колку да ми потврде дали тоа или цефаклор капсули.

    Еееее на прадедо ми кога му кажувам дека сум ја згрешила струката, требало за еким да учам, а он ми се смее и ми вика не си ногу погрешена, може како Бучко ќе бидиш некогаш (демек да ме утеше?! :^)) , Господе дедо, не ни сакам!
    Опседнат е со Шеќеринска, Бране и Бучко. Најдобри биле. Ќе му простиме ајде, 1921 е роден, не дослушал и не догледал што и како се случува моментално.

    И така дедо ми крајник цели 30 години го немало фатено, а мене од март некаде само, кога пак си пие аугментинче.
    Јас мито им нудам на сестрите да ми мавнат инекции 2 у 1, и некоја фреши инфузија да ме поткрене, они не па не, тебе докторот тоа ти забрани!
    Не сум јас крива шо имам фобија од огромни апчиња како овие шо сега ги пијам! :tmi:

    Дали е можно да сум издрогирана од Парацетамол? Ако е можно, значи сега дефинитивно сум. Од сабајле цела лента си ја мавнав, еве уше еден има останато, а носот уште тече, дробот фуче.
     
    На Mishela, AnaKarenina, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  5. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    све нешто служам само како рамо за плачење |(
     
  6. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Нема поискрен разговор од тишина исполнета со бакнежи...
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... сосема нов свет. Искрено, поубав и многу посреден ... Би можела еден ден да живеам тука.
     
    На Anonymous996, ozbilnazena, machhe и 7 други им се допаѓа ова.
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Како само ми се поткршени ноктиве... па ова е уметничко дело, несекојдневно нешто... Сакате слика? Ај не.
    :D
    Сега откако ја извадив оваа длабока тајна на виделина, можам слободно да си легнам.
     
  9. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    755
    За К.


    Исусе, Кетрин!
    Те читам и срцево ми се заледи.
    Солзата во окото се заледи.
    Не искапа.
    Ја оставив да тежи во мене.

    Мила моја, К.
    Ми предизвика немир во душата.
    Ја чувствувам твојата болка,
    што ја носиш во градите.
    Пушти ја, К.
    Нека замине.
    Велат, така требало да биде.
    Ако треба-нека биде.

    Не очајувај К.
    Не би сакала да се споредувам со тебе,
    неизмерна е твојата тага.
    Погледни на небото К.
    Погледни, и сети се на мене.
    Сети се на сите мои драги персони(веќе претпоставуваш на Кого мислам) се таму горе.
    Дел од ѕвезденото небо.
    Тие ги сакале ѕвездите.
    Некогаш мечтаеле за нив.
    Да станат дел од нив.
    И постанале.

    Сега, мила моја К.,
    тие се тие кои ни даваат светлина во било каков мрак.
    Тие се тие ситни, мали, сјајно блескави точки,
    кои ни го покажуваат патот.

    Со тебе сум К.
     
    На Ketrin.Moon, Dog-lover, leighton23 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    34.144
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се сетам на една епизода од српската серија ’’Непобедиво срце’’ ќе да се викаше....ми доаѓа таква смеа....Слугинката заљубена во професорот и пустата од шо не знај шо да кажи од срам му вели:У купатило имате и воду....
    Ахахахха колку се имам насмеано за ова...ако во купатило нема вода каде ааххахах
    :lol:
     
  11. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490
    На Maya3112, Mama25 и cheetah.girl им се допаѓа ова.
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Погрешив на почетокот на годината кога земав џебен календар, една недела на две страни. Во моментов ми фали место и би ми фалило во ден на една страна календар, ама пола запишувам пола пробам да запомнам каде кога треба да бидам, кога возам, развозувам, земам, оставам, кога сум таму да тешам, ваму да слушам, на трето да сум само бројка, на осмо...четврто петто шесто и седмо помнам.. на осмо да направам лазања и да ја однесам таму или ваму. Во ниедно време кога треба да си легнам јас сум полна кафеин и не можам да заспијам. Вака ли е да си возрасен? Оти ја би порадо никогаш да не пораснам во глава.
    Измеѓу ова имам пајаци. Не од овие осмоножните од кои се жалам секоја есен, туку онакви пајаци, кога им кажеш со арно што се ти се дешава во животот, и не те заушат, туку ти се наканат и поканат дома, оти не плаќаат спортски канали на кабелска а корист, сакаат да гледаат што ги интересира а ти го имаш на чешма, и гајле им е што ти им викаш уморна сум, сети се снао работа, сепак ти се дотресат во тој термин од два саата одмор што си го планирал а не го извадиш за себе.

    Утре ќе се акнам во оние темните ќелии со топла солена вода еден саат, лебдиш, викаат дека од се живо се оддалечиш, ега не ме лажат, оти ако не е така ќе им бидам муштерија од пекол. Барем на нив можам. Не можам луѓе, овие две недели не можам вака веќе, и пмс ме дрма моментално на топ од се и не помага на оганот...
     
    На bittersweet, anuskaNESTLE, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  13. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    Он ко демек ме сакал, а јас ко демек му верувам.. :lol: Иначе стварно неможам да ги сватам машките бе? Денеска се запознаваме, а утре НА ФБ ми изјавува љубов.. Абе бегај таму што подалеку од мене! |( Ја така поверував, уживај ;)
     
  14. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Тропатала,тралалајки,тикви и трупови!!!
     
  15. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    12.042
    Не крадам туѓи сонови,тоа никако!
    Но тврдоглаво ги реализирам моите :D
    Нема цена кога ќе ти се исполни долгоочекуваниот сон,н е м а.Свесна сум дека не е коплетен дека ова е само првиот чекор.Но не ми е гајле,да не ми е гајле свесно потенцирам, комплетен или не овој пат не е сон туку реалност бејби. :D
    За среќа интуицијата никогаш не ме издадела , така да и овој пат.
    Осеќам дека еден ден нема да се трпам од фалби, ќе биде еден ден гарантирам т.е потпишувам со двете нозе.
    Зато сонувајте го тоа по што мечтеете,тоа што мислете дека е невозможо,летајте со паметот :D оти никогаш не се знае, никогаш не вели никогаш,просто и едноставо не ја ширете многу :D мислата де :lol:
    И не крадете туѓи сни :!: ,оти ќе има клоци :D
    И то, му се познава на човек кога е среќен нели?
     
    На Someonespecial, Barbie20 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  16. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Изгубив многу борби и не ми е жал...
    И поразот е дел од животот...
    Секоја победа ја прославував, секој пораз со солзи го испраќав, но животот е таков... Кога се ќе соберам и на парче хартија го напишам, не сум ништо посреќна или попаметна од тоа што бев вчера!!!
    Само станав имуна на сите навреди и удари... Се полесно поднесувам, се полесно заборавам...
    Животот ми покажа, но животот и ме научи...
    А јас и понатаму низ животот чекорам со насмевка - да ги нервирам непријателите, а да ги радувам пријателите
     
    На hermosa, cheetah.girl и Gordana10 им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Сакам само да го гушнам, да го гушкам најсилно на цел свет, и да му кажувам, да му зборувам кога ќе дојде неговото време, баш точно такво како што си го замислува. Дека ова е период, период кога едноставно, животот решава да го тестира колку може да издржи, дека сака само да го исклоца и ојача за во иднина. Да го галам за косата, да го сеќавам до мене, физички и психички, кога го помирисувам во спиење знам дека е до мене... Затоа што искрено, ама најискрено почнав да се гасам, од сите, и од него дури. Срам ми е само и што го напишав ова. :(

    Ама ми требаше некоја ваква шлаканица да ме потсети дека во животот има и вистински проблеми, и дека луѓето се расправаат со вистински проблеми, проблеми што ќе натераат возрасен човек да седи и да плаче како мало дете. Душата ми се скрши мене, можам да замислам тек па него. И само седам, беспомошно, и се надевам дека утре ќе слушнам малку подобри вести од овие денес. Неубав ден, посран, од сабајле, од пеколното сонце и после откако ме исплуска дожд, неубав, неубав, неубав ден!

    Ако ништо друго, само да се насмееме, барем еднаш..
    :doh:
     
    На ludoto19, ilipili, bittersweet и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.948
    Допаѓања:
    164.142
    Плачат од дрски, отсечни и отворени,ги оговараат како биле безобразни, а на такви најлесно им се клањаат и ги почитуваат, пошто другите биле мекуши глупи.
    Стварно не разбирам некои луѓе што сакаат од животот. Сигурно мислат дека се принцези.
     
    На sweet-star, anuskaNESTLE, Gocaa и 2 други им се допаѓа ова.
  19. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    утре треба рано да станам а мене сон никако да ме фати.
    изгледа ќе треба да плашам луѓе од рано наутро :lol:
     
  20. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    Боже Боже се остајв на компјутер!!! мрш на спиење! :lol:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.