[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.538
    Допаѓања:
    184.397
    Пол:
    Женски
    Сум станала експерт за печени костени.
    И за печење и за јадење :D :D
    А само колку добро одат во комбинација со Шира.... мх мх мх :inlove:

    Денов симпатичен. Еден од поубавите, од оние поопуштените и поспокојните.
    Еден од оние денови, кога ништо не бара посебен ефорт...и се се случува спонтано...никој не напиња, никој не праи ништо, всушност, никој не ни превзема нешто...
    Овие денови, скоро секогаш недостигаат...зошто и скоро секогаш ги нема...се губат во брзите секојдневија.

    Утре е нов ден. Нови бури.... нови врвови за искачување :)
     
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Утре на часовите по клавир ќе почнам да го учам Турскиот Марш. Се надевам дека утре денот ќе ми биде подобар од овој денешниот. Ќе се потрудам да го направам подобар
    За драматизацијата, И.С наводно е болна и не можеше да дојде. Затоа направив нова драматизација со С.Г. А таа старата ќе ја правам некој друг ден со С.Г и некое друго девојче (кое нема да биде И.С или К.Р) и се ќе биде прекрасно.
    Имајте пријатна вечер.
     
  3. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.357
    Пол:
    Женски
    Здраво нова сум на форумот :hai:
    Доаѓам од скопје 8мо деветолетка сум имам 12 ипол години во февруари 13 :)
    Се надевам на дружба :$
    Сајтот е одличен се надевам и форумот исто така :D
     
  4. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    Го најдов текстот што на 8 години сум го напишала за мојот омилен пејач, нормално за Тоше сум пишувала.
    ....за неговата иднина, колку ќе се радувам за неговите успеси, за песните, за неговите концерти на кои што ќе идам, за неговата светска слава....

    Прочитав и статус: Криво ми е што со девојчето никогаш нема заедно да идеме на концерт на Тоше...

    Убива ова.
    Ја памтам секоја минута од денов пред 6 години.
    Памтам кога сестра ми дојде и ми рече само: Зошто баш он?
    Зошто, зошто, зошто?
    Единствена утеха е дека светов не беше доволно добар за таков совршен човек во секоја смисла. Се надевам дека таму некаде ја нашол љубовта што ја бараше, зошто овој свет одамна не е таков...


    Проклет нека е денов.

    Поздрав женички со една од најубавите песни негови, за сите нас :)
    http://www.youtube.com/watch?v=sB-9qBdYi1Q

    Една жена тажна е,
    ова Балкан, Балкан е.
    Една жена тажна е,
    една силна жена!

    Барам сјај во тие очи,
    само тага таму чува,
    еден живот, многу тајни,
    а на образ солза сува.

    Толку многу љубов дава,
    топли зборој за да слушне,
    а на срце камен става
    кога нема да ја гушне.

    ....

    Ќе постои ли пак Македонец за кого пола жени од Балканов ќе вриштат?!
    Ќе ечи ли песна на македонски во сред Белград, Сараево?!

    Почивај го мир, единствен засекогаш.
     
    На Espadrila, lunicka и Barbie20 им се допаѓа ова.
  5. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На M.a.r.i.l.y.n му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    има една членка на форумов што сегде пишува дека е невина и има 30 год и не сваќам со кое право ми пишува совети за здравствени прашања и за дали би дозволила да ми прават анализа овде на форумов... ме иритира... :|
     
  7. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Заљубен? Тоа ти е наjлошото и најубавото чуство истовремено...Онака одеднаш ти текнува на неа.Еднаш двапати трипати и сфаќаш дека цел ден размислуваш за неа.И се смешкаш...онака, без причина.Ти викаат другарите што ти е бе брат, што се случило што се смешкаш?
    А ти само кратко одговараш ништо и се приземјуваш.Кога ке ја видиш сакаш да и се приближиш, но таа машка гордост не ти дозволува секако и така таа си седи до тебе, ти се правиш дека не ја приметуваш. А таа, таа чека само еден мал знак од тебе.Но не го добива, не се уште.Ајде што не ја приметуваш демек, а срцлакот ти чука 100 на саат, го менуваш однесувањето.Знаеш дека едноставно не можеш нормално да зборуваш со неа, и не ја гледаш во очи, а таа толку многу се нервира.И како да не се нервира?
    Но таа не те чекаше повеќе.И се смачи од твојата игра, твојата горделивост, од твоето его.Не можеше веќе ни да зборува со тебе како некогаш.Стана помолчалив од било кога, потаинствен од секогаш. И таа едноставно не сакаше да го трпи тоа и погоди што, си замина. А ти?
    Хаха, ти будало една остана сам, сам со својата горделивост и осамено срце кое сè уште чува љубов за неа...
     
    На machhe, Monna.Monna, Heartbeat и 7 други им се допаѓа ова.
  8. warmkiss

    warmkiss Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Ќе дојде и тој ден.
    Безволно ќе ти отвориш очите чиви капаци ќе бидат толку тешки што ќе чувствуваш како ти пропаѓа лицето. Ќе се разбудиш,и ќе го проколнеш светот што мораш да поминеш уште еден неподнослив ден вплеткан во неговата безмилосна игра. Ќе ја проколнеш судбината затоа што сеуште живееш,а всушност си мртов. На градите ќе те притиска толкав товар и најголема желба ќе ти биде да се откажеш од се. Ќе одиш по улиците подолги и посиви од било кога,без цели,желби и мечти,без идентитет, како фантом. Па дури и кога насмевката ќе завладее со твоето избледено и заборавено лице,ќе се сетиш колку многу би сакал да му ја раскажеш случката која те насмеала на некого. Па ќе се сетиш дека немаш кому. И повторно,се ќе биде тажно. Сонцето повторно ќе зајде во твоето срце и со твоите чувства ќе завладее бескрајна темнина. Најтешко ќе биде кога нема да можеш ни да заплачеш. Ќе се сетиш,да плачеш,да се каеш и да жалиш значи дека си жив. Но,ти си мртов. Можеби живееш на овој свет,но не живееш во ничиво срце. Од толку многу желби,нема да остане ниту една. Нема да имаш ниту една причина да продолжиш да дишеш. Од толкав спектар на бои,ќе остане само тмурното сивило. Ќе ти недостасува и среќата и тагата. Ќе ти недостасува секоја пролет која си ја поминал плачејќи,секое лето во кое ти се случувале само лоши работи,секоја есен во која си ја исчекувал зимата,и секоја зима во која си се смеел вистински,од срце. Ќе ти недостасуваат недостатоците на среќата и убавината на тагата. Ќе ти недостасува чувството дека имаш срце и дека си жив.
     
    На Barbie20 и Anonymous996 им се допаѓа ова.
  9. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.906
    Допаѓања:
    24.182
    Пол:
    Женски
    Многу, премногу злобни личности кои не би се двоумеле ни минутка доколку имаат можност да ви наштетат. За арно - само сонувај !

    Можеби клише од муабет, ама згрозена сум навистина. :o :puke:
     
    На Lepaaa, tinkerbelll, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Quentin Tarantino – IQ 160. No real surprise here. :D

    Гледам дека интуицијата не ме лаже. И дека пак е така како што јас си замислив. Само да го имав истиот тој успех и кога станува збор за вработување. Сега ќе уживав.

    Поттикнав некој за да земе и научи нешто. Може ако прокопа длабоко ќе сфати дека за да е задоволна од самата себе треба да престане да лаже.

    Повторувај до сто и први пат - нема да лажам, нема да лажамм, не нема да лажам.

    Лагите кои се кажуваат на крај ќе те убедат дека ти си некој друг и леле каков превртен свет ќе здогледаш околу себе. А и колку фрустрации.
     
  11. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.546
    Ако некој беше на Виноскоп да ми пише ЛП да го прашам нешто. Фала однапред.
     
  12. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    18.000
    Ќе се трудиш за некој, ќе го примаш секојдневно во својот дом, ќе му се најдеш во најтешките моменти, ќе поминеш многу ноќи правејќи муабет, се додека устата не ти фати пена за да и објасниш како не е во ред тоа што го прави, и на крај баш таа личност ќе се обиде да ти забие нож во грбот.
    Незнам уште колку пати треба да си ги повторам грешките за да конечно и научам нешто од нив.
    И без врска е што дознаваш од други луѓе и си без факти и докази за да докажеш нешто, само дигаш раце едноставно.
    А криво ми е, и тоа многу. Никогаш не и помислив ништо лошо. А и помогнав, многу!
    И после пак ќе ми кажува некој бајки како постоело вистинско другарство. Можеби, ама речиси секогаш е еднострано.
     
    На sweet-cherry, Trnche, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  13. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Јавно камшикување за лицемерните кучки, ЈАВНО! Оф бре вие плитки души, вие со тие проѕирни и црни насмевки со кои мислете дека изгледате наивно и нежно, а имате рѓа меѓу заби и од таа скапана уста испаѓа се само вистина не!
    Патетични сте, мизерни, смрдени и злобни, секаде ве има, се почесто! Што се случи со луѓето и искреноста, како стигнавме до овој превртен степен на злоба. Владее чумата лицемерство... Шпиуни и кловнови дишат меѓу нас... Гасна комора е за овие треба, што можат цел казан со злоба да го наполнат!
    Како заспивате навечер незнам...кога не сте искрени сами со себе, а тоа најмногу боле. Која е вашата цел и кои сте вие, сте се запрашале ли некогаш.... Да е до мене, сите вакви нека ги истребат!
     
    На SparkyAngel и Sweetheart87 им се допаѓа ова.
  14. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Јас луѓенца мои денес тажна. Одамна немам пишано на темава. Цел ден ми е некако таков. Можда на ситее ни е таков. И покрај сите срекни моменти, сите радости, насмевки, убави моменти, успеси кои ми се случија годинава, некогаш сум многу тажна, ама стварно тажна. Некогаш и покрај сите луѓе околу мене некогаш немам со кој да разговарам. Па сама со себе си зборам, полесно ми е.
    Нејсе, било вака, па поминало. И сега е, па ке помине. Туку луѓенца, нешто шо ме растажи денес, вечерва, зар не мислите дека никаква чест не му се оддава на Тоше од пошироката јавност, од налуѓе што баш Тоше ги направи "луѓе"? Баш тие истите ги гледам денес на големо расправаат за нашата ни иднина без ни на една секунда да го спомнат ангелот наш. Жал ми е. Многу ми е жал. Некои луѓе кои заради него станаа некој и нешто во нашата ни трула државичка не го ни спомнуваат, не му оддаваат никаква почит. Зар заслужи такво нешто? А Тоше, се трудеше да го оствари секој сон. Наоѓаше време за секој, никогаш неможеше да одбие никој ако го замолеше за добрина. Ангел беше, навистина. Жал ми е што мораше да не напушти. Мене ангеот наш ми фали, не само денес, 365 денови во годината ми фали. Ме научи баш тој на вистинските вредности во животот. Имав среќа да го запознаам, да се дружам со него уште мала, малку пати во годината, но гледајќи го него, секогаш мислев дека е посебен, човек кој е подобар од сите, човек кој е поразичен од другите. Гледајќи го него и благодарение на него јас ги научив вистинските вредности во животот, и ќе се обидам тие вредности да му ги пренесам и кажам на сите мои најблиски и најсакани. Жал ми е жто баш тие што треба, не го спомнуваат Тоше, бар на големите и болните датуми за цел Балкан. Англеот наш никогаш нема да умре за мене. Тој и неговите дела се вечни!
     
    На lunicka и Barbie20 им се допаѓа ова.
  15. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    612
    Пол:
    Женски
    Некако многу ме демотивира коа ќе видам дека трудна жена е позатегната и послаба од мене,т.е дека ја иам поголемо меше од неа! Епа не може...
    Колку ме демотивира толку и ме инспирира да сменам нешто,да почнам малце да се грижам за себе и да си го намалам мешево! Само тоа ми штрчи :D
    Нема никакво оправдување,секој ден е совршен да си посветиме барем 30 мин.на себе си,за вежбање,или било каква активност!!! Нема ме мрзи,врнело,топло е..нема! Само упорноста дава резултати за било што во животот,сведок сум за ова за многу ситуации!
    Денес денов ок,ништо посебно,цел ден се мокрам,отидов на базен се напраив утоп,влегов испливав јак тренинг,се ипукав максимално,искочив пак се напраив утоп...
    Неизбежна туга у срцево за Тоше цел ден,ама си ќутам...
    Сфатив дека оваа тага сама најдобро си ја тагувам...
    Добра нок! ;)
     
    На Beaty му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.948
    Допаѓања:
    164.157
    http://www.novini.mk/read/404224/skapi- ... a-200-evra

    Добро утро.
    А вие до тогаш јадосувајте се како онаа купила кола од плата, а вие работите иста работа и не го можете истото. А и од тома најчесто ги знаат, простите родители си велат, не е битно се снашла, зошто толку понудиле од воспитание и сигурност, како и чест. Битно парите ги купува сите и чао, пријатно.
    Познавам неколку што изгледаат екстремно искрено и поштено, ама кога одат на службени патувања се прават растур со локални таму за пари,па дури и со колегите. Кажуваат другите колеги после тоа...
    Девојки, каде ви е честта?
     
    На Hipster, Monna.Monna, Idonea и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    ... знаете... моментот кога сте на крстопат и се туфкате, носите одлука за која знаете дека можно е да зажалите и некој ви вели - што и да се случи, јас сум тука...

    Тоа се случува еднаш во животот и не се купува со пари. Тоа е Љубов, тоа се вистински другари, тоа се личности кои ми се јавија 5 пати во денот, тоа е таа личност која ми вели дека сум посилна одошто мислам дека сум. Тоа е ТОЈ.

    И не знам како го заслужив. Сериозно не знам. Еве ви кажувам искрено и од срце. Бев вистински изгубена, лоша, одмаздољубиво и огорчено детиште додека не се вљубив во дечко ми. Тој е причината поради која сум она што сум. И никогаш не сум се чувствувала пореална и повистинска и посвоја. И посилна и поранлива истовремено.
    И не знам како го заслужив. Мора да сум направила нешто прекрасно во претходниот живот...

    :inlove:
     
    На sanja.burgundy, sweet-cherry, Bozica1980 и 39 други им се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.869
    Пол:
    Женски
    Толку ! :inlove:
    [​IMG]
     
    На crazylady, sweet-cherry, Buttterfly и 20 други им се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Многу ги мразам тие настинки, или вируси, или не знам што се, кога не ти е нешто посериозно, ама така фино-лепо добиваш рандом температура, ти се повраќа, ти тежи главата, ти се лежи, поткашлуваш. Во глобала не ти е ништо де, ама не можеш да функционираш, и можеш само како некој паразит да се влечеш по кревети.

    По отспани 18 часа, (како ме успа и ме остави дечкото вчера поручекта, да не речам, ама ќе морам да речам, така и ме најде денес попладне :D ), во кои телефонот ѕвонеше милион пати, трипати се препотив од температура, ми студеше, ми беше топло, неколку пати подремев на вц школката, и прегладнета, решив дека најпаметно е да признаам пораз, да ги откажам сите планови, и да се повлечам во дувлото такозвано дома. Германците викаат - цу хаузе, ес ист ам шоунстен, или, дома си е најубаво, и донекаде е така.

    И така сега, некако како да ми се соспа, многу ќе да ми дојде, и само лежам, лежам и лежам, оти секакви активности од друг вид би биле премногу захтевни за мојата состојба. Морам како пижлаче да признаам, дуплиот рак да ѕирне одоздола, дека ми фали дечкото во вакви моменти кога ми е никакво, многу ме смирува кога е до мене. Ако му бегам некогаш во спиењето.. Некна ми фана еден таков склет, ми верглаше на увце, ме клоцаше и се ширеше морскава ѕвезда, се подраздени, уште не бев заспана :devil: и му избегав од кревет, па и ќебето му го земав, и вратата отворена му ја оставив. Одамна му се заканував, ама немав кревети други на располање :D ... ме бараше човекот по собите наредниот ден, мислел сум си отишла. :rofl: Ама ми фали бе, чисто да ме проверува дали имам температура, што би рекла Анушка со нестлето. :hai:

    Енивеј, како минат годиниве на студирање се прашувам што мајка барам меѓу такви будали. Не се знае кој јаде, кој пие, се знае кој плаќа де (ние), ама тоа ти е брате дива лига. Да се учиме да пишуваме и читаме во трета година на факултет, мислам, сите нерви ми ги истанчија, не можам, ме уназадија. Не сум ништо попаметна од другите, ама брате, жчката ќе ти ја подујат во некои денови од неписменоќа бре. Баш некна со Оксиморон (вечерен поздрав ) правевме муабет како цел живот знаеме што сакаме да студираме, и пак не се пронајдовме... А такви улетани падобранци и будали, кои викаа дека сакаат да бидат од доктор па преку пилот па преку адвокат до директор и назад, супер им е, со мерак си учат. Јас од кревет не можам да станам кога ќе ми текне дека уште еден ден ќе го минам во прозевање и слушање глупости.

    Од друга страна па, си има и бетер од мене и мојата, хм, ај да кажеме, отепаност... Моментално, среда вечер, среда ќе да сме додуша, многу спиење ми се собра, слушам во позадина нешто српско и дубоко и трагично, со тој балкански мелос и призвук на меланхоничност во мелодијата, слушам како се наздравува на евтина ракија и уште поевтино вино со газоза или синалко, евентуално замешано со некоја киселка зелка и мевливи ќебапчиња, и си викам па и не си толку промашена инвестиција ти девојко, има и полошо. :D Без навреда, поштувам добри журки во секое време, ама не знам, јас и некои работи не одиме заедно.

    Така полека дојдовме до заклучокот дека планот од пред некој ден треба да почне да се реализира во најскоро време.. За добро ментално и психичко здравје на мене и луѓето во мојата околина. :D А и да, се' е добро кога добро ќе се заврши. Некогаш имам чувство дека ако напишам овде, инстантно ми олеснува, ако не целосно, барем упола, и речиси секогаш работите имаат добра разврска. Добро, ако не баш добра, барем изводлива и возможна варијанта.

    Денеска баш во автобус, веќе кога сме на тешки теми, :D зад мене седеа постар брачен пар, маж и жена, кои се враќаа од лекар. Ме потсетија на мене и на дечко ми, во некои моменти сега, и за некои 30 години потоа. :rofl: Нешто човекот не беше добар, требало да му прават операција, имаа луѓето некои проблеми дома и мажот, не знам, не можам да опишам, единствено девојките и жените со такви мажи ќе сфатат - како да му се решаваа сите проблеми кога и зборуваше тивко и со поднаведната глава за нив на жена му, барем јас така го замислував. Женава така попргава беше, погласна, така и ги слушав де, ама цело време му викаше да не се секира, да не си става грижи на срце, дека се' ќе биде добро на крај... После па таа почна да му кажува за ова и за она, па тој почна да ја теши и пак се вртеа во круг. Искрено, секоја им чест, некако гледав дека си беа потпора еден на друг. Некогаш, јас сум прва да признаам, многу ми е тешко да се искажам кога ми е тешко, полесно ми е да утешам некого отколку да се испразнам... Доблест мислам дека е да земеш, да отвориш уста и да си кажеш што ти лежи на душичката.

    А гледајќи по големинава на постов, многу ми лежело, неповрзано, небитно, битно, како и да е... се изнапишав.
     
    На sweet-cherry, Ariel, bittersweet и 14 други им се допаѓа ова.
  20. 41319

    41319 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Од утре станариве во зградава ќе собираме пари за секој ден да им плаќаме соба на паров над мене, на местоположба по нивни избор, по можност подалеку одовде.. :tmi:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.