[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Кога не е Вучиќ е Евровизија, кога не е Евровизија е раке пуке, кога не е раке пуке е Кико, кога не е Кико е Саше Политико. Згора на се што се изначитав, го вклучив телевизорот и ги гледам оние Бекстејџ (кои се приказна за себе зашто земаат плата од национален сервис за да промовираат бљувотини) како посветуваат особено внимание на колумната на дебелиот и ништо чудно што сместачки го исклучив и што поголем дел од времето е таков... исклучен. Нека престанат МТВ да глумат дека се држат до квалитетот и вистинските вредности. Веќе земаат наши пари, не мора уште и да лажат.
     
    На eliesaab и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  2. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.621
    Пол:
    Женски
    Колку и да се трудам џабе е. Време е да свртам нов лист. Само после да не им фалам на некои луѓе што ми беа важни, кога ги почитував и сакав тие не беа тука. Епа сега ни јас нема да сум за нив тука.
     
    На ljubovche и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Многу грд ден, тоа невидено нешто.
    Ми умре најсаканото ѕверче... го преплакав денес.
    Не ми се гледа прст пред очи, ме нервира се што мрда, дише, се движи, живее...
    Не се поднесувам ниту сама себе...
    Лошо е да се соочуваш со пмс а да не ни знаеш дали си во пмс неколку месеци по ред... онака, знаете... ЛАБАВО.
    Договарам нешо у 2 накај 3 саат, будна спијам и можеби нема ни да се сеќавам утре што сум зборувала... дури и постов го пишувам повеќе од пола саат со прекини.
    Оф, оф, оф... тринаесет пати оф.
    Глупав ден.

    А што значи кога некој ќе ти рече дека може да те направи среќна? За мене еден вид среќа е чоколадново млеко и переков од хром(Да, да, крофните на переков можат вода да му носат, ненормално е убав!), друга среќа е да ослабам без да држам диети, да отидам во Италија, Индија, Њу Јорк, Париз... да нема болести во светот, сите да сме здрави, прави, добродушни... значи да заклучам никој не може да ме направи вистински среќна. Освен самата јас, а моментално ја немам силата за тоа.

    Од прееска се мачам да си легнам... а пустото сон не ми доаѓа. Не можам да заспијам без пилето да ми претка во кафезот... Уф. уф. уф. 500 илјади пати уф!

    Ми се спие, ми се плаче... Ми треба... некој ... да ме гушне.
    Поправка... ми треба тој да ме гушне... се видов и со него денес, малку онака деловно, и колку што ме исполнува среќа во тие моменти, толку дупло поише болка си носам после тоа. Сам себе зае*ал работава... а како да му го кажам дека сакам да ме гушне и долго да ме држи стисната без да покажам слабост? м?
    Никако... затоа ќути си, трај си, трпи си и барај начин да се отплеткаш од ситуацијата во која сама си се заплеткала. Ах бреее ах.

    Ми се чини понекогаш мозоков ми е помал и до зрнце грашок.

    И сега, кој филм да го гледам? Некој за да се исплачам, или некој смешен кој ќе го изгледам само колку да пројде време без воопшто да се насмеам?

    Дилеми, одлуки... тежок живот.
     
    На Hipster, anuskaNESTLE, bittersweet и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    4.347
    Ми недостига мајка ми. Не е доволно што се слушаме еднаш дневно преку телефон.
    Сакам да ја бакнам, да седнеме и да пиеме кафе заедно... Да си муабетиме некои општи муабети, за ајварот дали ни се погодил годинава, за нејзината работа, како е со климаксот, со татко ми, па за мојот живот тука, како сум со факултетот, дечкото, другарките.... Сакам кога ќе ми зготви нешто, макар и обични пиперки со јајце да се од неа ми се најслатки. :inlove:
    Уфф мислам дека звучам како мало дете кое пека по мајка си, ама ужасно ми недостасуваат разговорите со неа, и нејзиниот другарски пристап кон мене. :(
     
    На SnowWhite8, Doozy, anggell и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.983
    Пол:
    Женски
    Животов е зафркнат.Не знаеш каде ќе те однесе. Но секогаш од се има по некоја лекција. Тоа не прави повнимателни во иднина,а и помудри. Тие што ги преживуваат тие падови и лекции излегуваат силни,оние кои не се доволно силни не ги преживуваат. А животот продолжува,не можиме да си дозволиме да застаниме во една точка. Секогаш има луѓе поради кои да живееме, надеж заради која да продолжиме, цел заради која да сме силни и работи што не прават среќни и заради кои ќе се стремиме и понатаму да се трудиме. Ќе дојдат и нашите 5 минути. Ако животот дава лимон,ќе правиме лимонада :) Па ќе правам потоа мене како што ќе ми одговара. А животот не дава џабе лимони,можи ќе е малце и кисело,но потоа ќе е весело. Пошто во животов и се се враќа,се се плаќа. Ако сме невини, ќе излезиме победници. Е ако сме зафркнале, ќе си сркаме од кашата. Барем гледајте од кашата да научите нешто :) Ама гледајте да не правите такви каши од кои ќе ве боли стомак и срце за цел живот. А кој не си признава дека е виновен,никогаш нема да си ја олесни душата. Грешете што помалку,кога грешите извинете се. Место тоа подобро да помагаме и да стоиме до вистината и искреноста. Колку и да е тешко да живеете така,полесно ќе ви е барем кога со чиста совест ќе си легнете да спиете. Затоа јас кога спијам,спијам како бебе :lol: Додуша,некои немаат совест,ама некој ден ќе им се удри тоа од глава,па нема да спијат цел живот убаво,пошто ќе бидат до гуша со проблеми.
    Ех...филозофии ми дојдоа во 5 сабајле :lol: Ај да си легнам и јас, ќе се средам и јас пополека. Животов не е живот ако не става сопки :D Ама падни стани,мора така.
    Поздравче од ноќната птица :hai:
     
    На Neytiri, Izaabella, ilipili и 9 други им се допаѓа ова.
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Денес со едно око ке спијам на работа. Леле после коа ке му ја легнаммм домаааа. До утре не станувам :D Вулканска ерупција не ме буди бре ! :D
     
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    102.278
    Пол:
    Женски
    Има денови кога дури ни креветите не сакам да ги наместам!
    Има денови кога кујната ми е во таков хаос што дури ме мрзи да влезам во неа!
    Има денови кога и лупењето на компири ми е потешко од рударска работа!
    Има денови кога сакам да изедам цела тепсија колачи.И горда сум што сум истрајна!
    Има денови кога не сакам да излезам од дома,или ако веќе излезам не сакам никого да видам.Посакувам да нема струја цел ден.Не не сум нервозна и депресивна ...само сум малку онака...мрзлива!
    Има денови кога цел ден би спиела и би им забранила на мисливе да ме гњават!
    Има денови кога не можам ,ма колку и да сакам да ги сфатам некои луѓе!
    Има денови кога некој треба да ми каже дека не боледувам од некоја сериозна душевна болест.И дека тоа што ми се случува не е страшно.И дека на сите им се случува ова!Нели не е така страшно!Нели???
    Денов не ни почнал а едвај чекам да помине.Можеби утре ќе е поарно.Во стил на Скарлет О Хара!
     
    На Anonymous996, Trnche, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    17.814
    Пол:
    Женски
    Си правев некои груби пресметки, колку јас сум изгубила во овие години волонтирање а колку лапнала државата, се запрепастив од резултат- тоа се 1.000.000 денари, да да милионче.
    Сега ќе требаше да ми пеете милионерче давај давај бркни си во џебот. :(
    А ова е со една заокружена бројка за месечна плата, што мислам дека е некаде 1-2 илјади повисока. Значи над милион може да се искачи збирот.
    А тука мора да се додаде и психичкото оптеретување и изгубените нерви кои се непроценливи и не можат да се измерат во пари.
    Најмалку три пати бев на граница на "нервен слом"
    Сето ова дава слика колку мене ме оштетила државата на која и плаќаме данок и за чии водачи гласаме.
    Ме уништија уште пред да ми дадат шанса да одработам барем еден саат стаж.
    Лошо е што не сум единствена, има такви како мене кои работат и подолго а некои и пократко време.
    Тоа се многу милионски суми, страв ми е да помислам на конечното салдо, а што е најтрагично тоа е бројка за плата, а на тоа да додадеме и придонеси за здравствено и пензиско осигурување, е дури тогаш боли глава.
    Ама ми тргна денот накурчено вака по сабајлечки, без волја, без ништо позитивно во мене :^)
     
    На anuskaNESTLE, bittersweet, lunicka и 7 други им се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.809
    Допаѓања:
    52.996
    Баклава деј, втора сезона, трета епизода :drunk: а јас сеа најдов да се разболам, ни залче немам пробано :(
    Да ви кажам искрено, не сакам да бидам лицемер, Тоше никогаш го немам слушано, не слушав македонска поп музика (бев ха це во тоа време :rofl: демек), ама во сплет на околности му се најдов баш на последниот концерт. Друштвото беше такво, влезот беше гратис и ете ме мене на тревникот. И да ви кажам, онака искрено, не ми беше до музиката, беше до атмосферата. Кога сите таму горе си светкавте со мобилните и запалките и се пееше во еден глас... стварно беше магично. По тоа се сеќавам, по тоа го паметам. И пред два дена, во сплет на околности, пуштив една песна, па друга па трета... и не ни знаев дека тој е денот, искрено не знаев. Чудно...

    Сакам да кажам, јас сум ви зелена, озбилно. Никако да ми прегоре оптимистичката жичка. И доаѓам дома, болна, цел ден го сонувам креветот, а не можам во соба да влезам. Краток е се повеќе денот, а таа се мази премногу, и ме бакнува на носот и си ја гура главата во мојот скут. Ја сакам, да знаете само колку многу ја сакам. И си се гледаме и се разбираме, и да превртувајте очи колку сакате, ми зборува, ни зборува. И е бескрајно многу заљубена во брат ми. И сега сакам да одам дома и моја мецана да си ја гушнам најсилно на свет, а таа да мрчи и да бега, затоа што ја нервира мојата коса...

    Со овие мои промени на расположение, ви посакувам (што би рекол ИксМен) да си дојдете на зеленава ми ливада. Горе има снег, ама овде сеуште сонце грее :sun:
     
    На sweet-cherry, Trnche, anuskaNESTLE и 11 други им се допаѓа ова.
  10. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Го знаете она се трудиш постојано, си скратуваш лични задоволства, ти останува малку слободно време, тешко ти е, но ти сепак продолжуваш понатаму. Но, на крајот кога гледаш дека сето тоа не било залудно, кога ќе го почувствуваш постигнатиот успех, чувството е неописливо, среќата е неизмерна. :)
     
    На Anonymous996, ljubovche и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Кога отидов денес на училиште, И.С ме „пречека“ и ме праша дали сум го научила текстот од драматизацијата.
    А вчера ме излажа дека е болна само за да не учествува. И реков дека јас не правам драматизација со неа. Потоа престанавме да зборуваме. Подоцна, на големиот одмор ме прашува дали се лутам. И реков дека се лутам. Ми рече дека таа (госпоѓицата) требало да се лути, а не јас. Да, секако...Идиоти насекаде...

    Таа требало да се лути... Ме мачи со таа драматизација десет дена и очекува да не реагирам...да ја пуштам да драматизира со мене после се...Секоја акција има реакција, зар не? Тоа што не учествуваа во мојата драматизација е само реакција на нивната постапка.
     
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.995
    Пол:
    Женски
    Знаете кои луѓе се проблематични? Тие што немаат поим од ништо, врска што си немаат, а мислат дека се паметни и уствари не знаат да ти постават прашање а мислат дека знаат и ти си се заебал а они не.Знаете тоа како се вика? Фрустрации. Знаете што треба да биде предиспозиција за некој да работи со луѓе? Да не биде исфрустриран.Знаете ли зошто се дешаваат фрустрации? Оти мислите дека не сте доволно добри, и најлошиот дел, оти мислите дека сите се подобри од вас а вие треба да сте најдобри. Не знам, не знам кај почнува и завршува овој чаробен круг, и не знам со кое право ги вовлекуваат сите околу нив во него, ама нејќу да се вртам.
    Одам да учам!
     
    На Lov3, Barbie20 и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.756
    СДК ПРЕКРАСНО УТРО СО САКАНИОТ !
    Толку волшебно и нежно и прекрасно што неможам да опишам...
    Уште мислам дека до него лежам и го гушкам.
    Ви посакувам на сите да го имате ова прекрасно чувство незаменливо е !
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    44.026
    Напишав цел пост и исчезна.

    Просто исчезна.

    И сега меракот, јабана :( Сигурно Хармс станал на лева нога.

    Нејсе... Турбаните од излози во сон со Јасна беа причина да доцниме на лет. Сонце и Месечина во едно! Ама пак јас нешто извоЉевам. Го презирам зборов, но што има врска.
    Тој, ме смее како да знае дека сум неарна.
    Си се дружиме со космосов, поволно. Како на локум и кафе. Со ѓезвенце со апликации од дворски шутови.
    Кога ќе запознаеш па драги луѓе, што само виртуелно сте се познавале, срцето ти е раат. Онака, сирово, сјајно. Ко јамболија! Тоа е таа компарација. Нешто не ти е јасно, разлики, ова она, ама па греат бе. Паднаа и фотки. Профи. Ме сакал апаратот. И јас го сакам него, молим лепо.
    За 26 години имам напишано отприлика 100тина посвети на книгата. Дејгиди луди млади години. Врв на деликатесот денес - рендана дуња и морков во комбинација со мед. Живеј здраво, а подочњакот сам ќе ти ги издава годините, уморот и хуморот.
    Сакав да кажам, дека си зборував со себе деновиве. Пациент. Класика инаетење. Многу плачење. Па верба. Не е за пробување, ама кој знае како и си најде начин - олеснува бре.
    Ко добро какање после лут ајвар.
    Се извинувам што некогаш сум прегласна, знаеш, ќе си речам. Па после си викам - е што да се извинувам, чуму сето тоа правдање кога си таков, несовршено грд?
    Па си легнувам и во сон берам портокали и тиква. И будењето денес се пролонгираше. Ко маче. Едно око отворив. Па другото. Па наизменично. Во кујна клокоти компот.
    Мене ми клокотат јајниците.
    Фалус ни за лек - аман дојди ноември, да ја запотиме собичката од соништата!
    И дузина искрености...

    Џеф сака да ми каже нешто. Треперливо слушам. Ако умрен човек не послушаш, за жив да не почнувам.
    http://www.youtube.com/watch?v=isYhMK3tP0c
     
    На Trnche, Mayyya, lunicka и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.277
    Порано имаше леб. Тазе леб. И другиот ден беше бајат и се продаваше поефтино.

    И уживавме во денешниот тазе леб. А, сега... 10 дена ќе дадеш иста цена за еден ист леб, зошто имал рок на траење.
    Имал подобрувачи. Е, стварно веќе не отруја. И едно лепче нормално не можеш да си касниш.
    Лебот не е леб.
    Ќе си месиме домашен понекогаш...

    Имајте убав ден. :)
     
    На sweet-star, SparkyAngel и Abeja им се допаѓа ова.
  16. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Не сакам никој да се преправа пред мене велејки:" да многу фина,добра личност",а всушност органски не ме поднесува :^) па што јас нема да ти се налутам тоа е твое право,научи да се почитуваш
    но јас никогаш никому не му се лигавам,ниту се преправам,ниту некој го поткупувам за да ме цени,почитува...ете тоа е разликата меѓу нас Р****о,ти што и да направиш се е вештачко,со маски зошто?
    Биди едноставна,смирена,умна,биди своја....ти сакаш да бидеш копија но ни тоа не ти успева бидејки нема да станеш подобар човек со
    ....брука
     
  17. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    И толку. Крај. Заврши нашето пријатлество.Заврши таму каде што почна.На третата клупа која се наоѓа во паркот спроти учлиштето.Исто како минатата година кога почна,со лажна љубезност и храна во замрзнатите раце. Лани беше кроасана, сега кашкавалка.
    Облаци во сите нијански на сиво, ветер кој носи прашина и пожолтени лисја од проклетата есен (сум кажала дека не ја сакам есента)...Корпата за отпадоци која одбивавме да ја користиме за да развиеме еколошка свест...Кал на улиците, шишиња, телевизори, чевли и секакви видови на ѓубре кои доаѓаат од ромското маало над училиштето, како последица на дождот вчера...Расипаната чешма која никогаш нема да биде поправена...И луѓе.
    Се сеќавам, лани кога бев незадоволна од мизерното друштво во кое бев, сакав да излезам од таму. И затоа излегов со нив на одморот. Беше есен, оваа време од годината. Никогаш не помислив дека влегов во уште помизерно друштво.
    Пресериозна бубалица која, како и другите бубалици нема многу логика и го мрази училиштето и учењето од дното на душата. Тврдоглавост која само што премина во злоба...или, само што јас забележав дека всушност е злоба. Или, можеби завист. Не можност да се помири со тоа дека едно несериозно детиште кое учи по 15 минути како мене е подобро од неа, која учи 24/7...
    Несамоуверената, просечна, срамежлива и површна дебилка која само мисли на тоа колку е дебела, висока и глупава. За она последното и не греши. Не можеше повеќе да издржи без да ја покаже својата идиотска жица. Верниот потрчко на веќе спомнатата бубалица, нејзин извршител. Џин кој се дави во својата површност, просечност и умерена глупост...
    Идната локална ороспија која носи претесна облека и се претставува постара отколку што е. Онаа која е во студена војна со бубалицата. Онаа која ја користи секоја прилика за да покаже колку е убава...која наводно ги мрази „популарните“ а всушост сака да биде како нив. Поранешна најдобра другарка, а сегашен заколнат непријател на бубалицата...
    И на крај, се се врти околу бубалицата...
    А колку убаво се забавувавме...но тоа беше само илузија, лага. Бубалицата почна да се дружи со мене бидејќи уште тогаш, кога седевме на клупата и јадевме кроасана, беше во лоши односи со идната локална ороспија. Не помисли дека и оваа детиште не е за фрлање...
    Знам дека никој не е идеален, но...ова е премногу. Десет дена ми прави мучки и ми работи зад грб, онаа пресериозна бубалица...
    ...се разведрува небото...гледам бескрајно синило зад сивите облаци...Сонцето се појавува...Но, ладно е...мириса на зима...и на ѓубре од ромското маало...
    Како последниот ден со старото мизерно друштво, облачен, но сончев, лош, но полн со надеж за нешто подобро...
    Дали имам втора шанса...да се вратам во мизерното, но не злобно друштво...или да пронјадам ново?...
    Ајде, за крај, една поема која ја слушнав пред неколку месеци, овде на Фемина, во чест на бубалицата, џинот и локалната ороспија:

    Roses are red,
    violets are blue.
    I have five fingers,
    the middle one's for you. :*

    Помина и оваа година...заврши претставата напишана од И.С, сериозната бубалица, а изведена од К.Р, потрчкото. За жал, П.В, локалната ороспија имаше само споредна улога...Можам да го замислам изразот на твоето лице додека го читаш ова, И.С, бидејќи и ти си феминка...Инаку, ти се допаѓа ли песната која ја рецитирав во твоја чест и во чест на останатите две...

    ...проклета старудија од кола минува низ нашата улица...премногу е гласна, ме нервира... :@
     
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.921
    Допаѓања:
    16.323
    Пол:
    Женски
    Добредојде :*

    *********
    Прекрасен ден :) Супер поминав на училиште ја предадов презентацијата информатика и + неколку прашања и 5 во дневник :$ Секој ден на училиште по една петка :wasntme:
    Може сега си мислите што нарцис е, но трудот конечно ми се исплати
    , и најпосле конечно од ова школово да ни организираат еднодневна прошетка :lol:
    Си заслуживме послее долгооо испрашување,тестови,и родителско дефинитивно презаслужено (барем за мене) :angel:
    ужасно ми е потребна една мала промена
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.864
    Допаѓања:
    32.489
    Пол:
    Женски
    Чувството кога си лежиш дома на топло со книга во раката и топло чајче.
    Конечно после бурен период, некоја топлина во душава. Мир.
    Се задлабочив во книгата и не видов дека веке дошло време за на работа. Ах.
    Толку беше прекрасно чувството.
    Ајде вечер повторно.

    Имајте убав ден !
     
    На Someonespecial, Barbie20, DigY и 3 други им се допаѓа ова.
  20. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Сакам мир и тишина. Уствари сакам да се опуштам, да успеам да се опуштам... ама тоа прибидејќи не сум доволно успешна да го сторам-ке си легнам и ке си се наспијам. Бар кога спијам сум опуштена..
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.