[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    СДК И ФОРУМОВ СТАНА СТАНИЦА ЗА ЉУБОМОРА.
    ТАМН КЕ СЕ ПОФАЛИШ ДЕКА НЕШТО ДОБРО ТИ ОДИ ДЕКА НЕШТО СИ СРЕЌЕН 100 ДУШИ ВЕДНАШ ТИ КОМЕНТИРААТ КАКО НЕ СЕ СЕКИРАЈ КЕ ПОМИНЕ, МАЛА СИ КЕ НАУЧИШ, КЕ СЕ ПРОМЕНИ И ТОА !!!!
    АМАН БЕ, БАРЕМ ЕДЕН ДА РЕЧЕШЕ МИЛО МИЕ ЗА ТЕБЕ АМА НЕ БРЕ СВАШТА
     
    На aaaaa, eliesaab, ku4ence и 3 други им се допаѓа ова.
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Убавини...петок, небото е ведро, си седам овде, на Фемина, си гледам аниме...
    И така.
     
  3. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    [​IMG]



    [​IMG]
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  4. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Лудо немој така, можеби луѓето за тие пари ќе си купат телефон од ВИП. :D
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Колку е убаво да имаш само 3 часа во петок, да се вратиш дома во 11, да се наспиеш ко човек и после да си спремна за шетање,полна со енергија 8)
    Ќе биде убава вечерва осеќам :)
    убаво да си поминете феминки, кај и да шетате :*
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Да ви кажам, периодов гледам сите околу мене си поткаснуваат, си поткаснувам и јас... И убаво ми е. Едноставно се помирив, јас никогаш нема да имам 60 идеални кила за женскиот род и тоа е тоа. Не знам, гурмани, јас, дома, околу мене, сите, како сум издржувала диети со овошни денови да ме прашаш, не знам. Знам дека ќе почнам да гличам оти сум дебела за отприлика месец дена, ама ај, како аждаја пуштена од ланец сум.

    Е убаво ми е, кога си седам со едно флафи трењерче, едни кожни топлинчиња, поклон за добредојде из Њемачку од бака и дека, косичето ќе си го врзам во пунџиче, насекаде имам бебешки влакненца. Претходно сум се истуширала, мирисам на помада и на чисто, ќе си симнам филм, ќе си се покријам со ќебенце... Греалче може, ама не ни мора... Нешто благичко, нешто тестесто, нешто топло и мрсно за да залие атмосфера :D , ако ми е дечкото до мене, бонус, што повеќе да побарам. И ќе вклучам нешто, филм, серија, додуша пробувам да не заспијам додека ги гледам, ама така убавко и топличко ми е, стокава до мене ако не е заспан уште :D , не ме клоца, ме гушка, и спремна сум за минутка да заспијам. Како човек кој има бааги проблем со заспивање и се разбудува од секакви звуци, му оддавам признание дека чим можам да заспијам во вакви флафи моменти до него, можам да се опуштам до него и дека му верувам. :D

    Толку сум мрза станата за спремања, излегувања, па ова да сум го носела, па косата ваква, таква... |( Надвор ладно, врне, па трчај такси, трчај маси, ао, ао, ао, туго моја... Нели пропагирав текили едно време, ми фали некое пиење периодов, ама само некое, остарев бре за повеќе, немам сила. :rofl: Викендов ми стана денови за одмарање, ама стварно денови за одмарање, кога можам да си ја прчам на сите кревети, да се тркалам со дечкото, да си мацкам по дома нешто со другаркиве, да се видам со домашните, на раат де.

    Повеќе почнав да поштувам добра вечера, добро кафе, пријатна музика и муабет, неголи некои басови и дупси дупси ритами (кои никогаш не сум можела да ги трпам, да бидам искрена), ама така ќеифски и лезетски да си го поминам викендот, со мерак бре, е така.

    Почнав нешто, пориви да добивам ]:) , да извадам некои пари од банка, да се распичам на некој салам шопинг, ама кога ќе видам дека едни фармерки поасални се 30 еура, чизми 60, а тоа џемперчето што ми се бендисува е 20, си викам, ааај почекај си попусти, ја си знам како си ги заработив па туку така да ги дадам... А убави парички си дадов откако си дојдов, ај ова, ај она, книги, некои школарини, ништо посебно што вака ќе ми остане, некои глупости, за да не барам од дома, и опп, отишле третина бе. Ај, налет, како се печалат така и се трошат и во круг... Само живи и здрави и (не)дебели за прво да ги спечалиме, а потоа да не собере тоа што ќе си го купиме. :D :D
     
    На sweet-cherry, Mishela, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
  7. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    едноставно обожавам кога некоја другарка ќе ме извиси за нешто кое сме се договарале претходно.
    :swear: :swear: :swear: |(
     
  8. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    644
    :D :up:
     

    Прикачени фајлови:

    • _n.jpg
      _n.jpg
      Големина на фајлот:
      14 KB
      Прегледи:
      243
    На eliesaab, Elennaa, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Сега во моментов падна човек на улица,добил срцев удар додека дојде амбулнтната кола мислев дека помина цела вечност,толку се вознемирив....
    Секојдневно ова се случува,наародов ни е изморен од немаштија,нервози...до кога ќе биде вака...
    Искрено не сум во никоја партија,но многу ни е напнат животов многу,а никако некој да се обиде,да направи нешто...што би направил се е отидено во вода....
    Ова беше нечиј татко кој сигурно ќе го чекаат на вечера,нажалост нема да дојде немаше во себе лична карта ништо освен,палто и панталони...
    Дај боже да се спаси човеков....
    Оф а толку имав спротивно од ова да напишам но ете...
    Ептен се потресов
    Феминки и феминци многу е краток животот затоа на нервозите бар во мала рака да им кажеме стоп ако можеме не смеам да напишам мора бидејки во животот само едно нешто што се мора!
     
    На eliesaab, Barbie20, anggell и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    СДК сите од главата си патиме...
     
    На Trnche и GirlLove им се допаѓа ова.
  11. warmkiss

    warmkiss Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Како бел бисер пронајден во длабочините,
    и повторно изгубен во морето полно надежи,
    ги чував твоите зборови,
    како последен сончев зрак кој ќе ме грее во студените ноќи.

    Обвиена во копнежи,
    за да бидам твој копнеж повторно,
    те сокрив онаму каде што никој нема да може да те погледне,
    и за момент,во мисли да те украде.
    те сокрив себично во срцево,
    за да не може никој да ја види твојата убавина.

    Сега не си со мене,
    но верувај,блескаш во мене,
    ме љубиш без бакнежи,
    ме сакаш без зборови,
    ме топлиш без да ме допреш.

    А јас?
    Јас те гледам,без да те погледнам.
    Твојот лик е засекогаш нацртан на солзите кои ми се кријат во очи.
    Твоите усни се ветрот кој ги милува моите усни.
    Твоите раце се есенското сонце кое се пробива низ облаците и посегнува по мене.
    Твојот глас ме довикува кога шепотат лисјата.
    Твоите очи се ѕвездите кои ме следат и кога е најмрачно.
     
    На Mama25 и tessi им се допаѓа ова.
  12. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    Зашо секогаш кога ке бидеш среќен, секогаш ке се најде некој што ке те натаже? Зошто луѓето се толку сурови? Зошто секогаш мора да ми прават така? Зошто секогаш сум и мета на исмевање? зарем тие немаат совест? Незнаат како ке му е на другиот? Зошто баш на мојот роденден, мора да се прасплакам, кога треба тој ден да ми биде најсреќен? ;(
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Од денес решив и јас да пишувам “Оригинали“ ;) :

    Синоќа ми звони татко ми и ме прашува за некои клучеви да не се кај мене.
    Му одговарам дека јас поима немам за тие клучеви.

    - Ако, ако сине ама побарај :D .(иначе татко ми многу сакал да си има ќерка што ќе си ја вика сине :lol: )
    - Добро ќе побарам, добро. А ти тате да не си настинат, нешто на нос ми збориш?
    - А даа, да, земам антибиотици ( а во позадина ја слушам мајка ми вели абе, ќути не и кажувај ќе се нервира)
    - Што ма па и ти, ќе и кажам - и одговара татко ми. Да, да сине, нешто мокрачата не ми е добра, седиментацијата ми е висока, земам антибиотици,...
    - Леле тате, е што ти е :o ? Да дојдам :yawn: ?
    - Е не,не сине, ништо не ми е. :rofl:
     
    На imelda и LittlePinky им се допаѓа ова.
  14. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    едвај чекам да излезам од дома :|
     
  15. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    XXI век, со зборови: дваесет и први век.
    Човеците го достигна својот најголем техничко-технолошки и информатички подем, забрзано се гради, се воспоставуваат интерпланетарни комуникации.Меѓутоа кај нас, се одвиваат надворешно несвојствени појави од типот на херојолошки девијации, поблаго речено јуначки будалаштини...
    За среќа, или жалост, кај нас постојат полу луѓе, полу мутанти или луѓе-мутанти, што да беа каде било родени освен тука, ќе ги нарекуваа суперхерои...Ова е приказната за еден од нив:
    Име кое е познат во светот: СУПЕРМЕН
    Име по кое е познат во Македонија: СУПЕРСИНХРОНИЗАТОР
    Како што сите знаеме од пред неколку години македонските телевизии почнаа се повеќе и повеќе да работат на синхронизација на сериите и филмовите кои ги емитуваат.Суперсинхронизаторот на литературен средномакедонски дијалект, ги синхронизира сите ненаши филмови, серии, натписи на детергенти,хигенски сретства за во WC, лични документи, упатства за готвење, партиски програми, порно трилери и останатите кои ќе ме извинат што не ги набројав.
    Најпрепознатлива негова моќ: Граматички неточните и фонолошко неизговорливите зборови ги претвора во индијански серии од MDCC епизоди-со зборови: илјада и деветстотини епизоди, прва сезона…
    Вели дека неговиот животен сон и најголема желба е да го надсинхронизира Латас, наместо Латас да јаде смоки, фино лепо еден порниќ за крај само како ќе биде времето...аххх аххх времето денеска: Сончево со повремени врнежи од сперма, ова де дожд...И запаметете никој не е сигурен довидување.
     
    На Mama25 и lunicka им се допаѓа ова.
  16. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Не може човек да се здебели? Не лажам. Ама океј ако така мислиш.
     
  17. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    7.344
    денес едноставно не ми е денот.рано станав.полагав па на пракса и мртва уморна сум.
    и некоја слабост чувствувам.немам енергија.понекогаш не ми се станува од кревет ама пусти обврски уште да има кој да ми ги заврши.и да,слаба сум,ранлива,попуслива,се борам за љубов и кога требе и кога не треба.да се плукнам во карактерот што го имам.и јас не сакам, но таква сум.сакам да бидам појака,поцврста,да научам полесно да ги преболувам некои работи.душата ме боли.ми се плаче.сакам да се извикам на глас,па да ми помине.
    и мајка ми ми фали.ми фали многу.секогаш кога некој ќе ме повредеше ја прашував што нечини,кај мене ли е проблемот.
    осамена сум.многу.посакувам некој да има до мене.
    бивша моја љубави ветив дека повеќе нема да пишувам за тебе.но морам да се искажам.те мразам што ме остави кога највеќе ми требаш.тоа никогаш нема да ти го простам.но во исто време ми фалиш.тешко ми е сега и ми фали твојата подршка.да беше човек па да можеше да разбереш.колку само посакувам да имаше тронка човечност во тебе.пусти мои желби,далеку сте од реалноста.
     
    На Mama25 и richgirl998 им се допаѓа ова.
  18. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Една од повеќето причини поради кои често навраќам на форумот е да го слушнам (прочитам) размислувањето на младите. И тоа најмногу на оние под 18 години. Во последниов период често наидувам на дефиниции за т.н бубалици. Наводно, тоа се деца кои учат многу или поминиваат доста време над книгата затоа што не се доволно интелигентни или немаат логика, па им треба многу време да научат или набубаат на памет материјал кој не го разбираат. Тоа е интерпретација на спротивнава страна кои наводно се многу интелигентни или логичари па учат за 15 минути.
    Искрено ме интересира што може да се научи за 15 минити па и интелигенција на генијалец да имате. 15 минути е едно читање на лекција од три стани. И потоа...
    Дали сте помислиле или сте слушнале за поимот темелност. Токму тоа е она што го поседуваат оние кои вие ги нарекувате бубалици. Поврзување на новонаученото со нешто старо, градење асоцијации. Повторување на наученото, бидејќи невронауката докажала дека со повторување се продлабиочуваат трагите во мозокот. Иако уште многу векови порано некој рекол Repetitio est mater studiorum. И затоа т.н бубалици минуваат подолго време врз книга. 15 минути се доволни за краткотрајната меморија, но не и за долгорачно помнење. Ако тие се бубалици, вие сте површни манипулатори, и не учите, туку импровизирате.
    Всушност туѓите деца не се моја грижа. Но проблем е што таа површноста, таа потреба на полесниот и побрзиот начин да се стигне до целта веќе е правило, а не исклучок во општествово.
    На страна учениците. Знам и студенти кои го читаат материјалот ноќ пред испит, па што влезе во глава влезе, за 6-7 е доволно, а за понатаму...
    И потоа стигнуваме на работа. Повторно оние темелните (бивши бубалици) се досадни, многу бараат, а всушност си ја работат работата како што треба. Оние другине, бившите логичари, сега без работни навики и работна етика, се побрзи, поитри, снаодливи. Да ви кажам само со логика и интелигенција, а без работа, не се минува во животот. Можеби ќе дотуркате и далеку, но кога-тогаш површноста ќе излезе на виделина. Во некоја професија на пример, тоа чини човечки живот....
     
    На sweet-cherry, Mishela, Annath и 16 други им се допаѓа ова.
  19. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Се поише младинава ни оди во надолна линија..На многу погрешен начин се “воспитани“ денешните деца.И по незнам кој пат ќе го земам за пример фејзбук.Па каква е таа полова дискриминација?Девојчињата биле такви,машките такви?И ние после сакаме да има љубов,почит..ма дај ти се молам.Само жал ми е за генерациите што доаѓаат,што ли ќе биде тогаш кога луѓето се исполнети со голема злоба во нивните ситни души.
     
  20. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Каква месечина вечерва мммммммммммм :inlove: :inlove:
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.